TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Денко Малевски: „Иднината е европска федерација“

А1 - 12.01.2003

„Идејата за „балканска федерација“ е веќе минато. Целта на ЕУ не е да не затворат во некакво гето надвор од нејзините граници, туку што повеќе да не отворат и интегрираат во Европа. Иднината е европска федерација“, изјави во интервјуто за А1 професорот по меѓународно право Денко Малевски.

Папандреу утре во Скопје

А1 - 12.01.2003

Откако Грција стана претседавач на ЕУ, шефот на грчката дипломатија Јоргос Папандреу екпспресно прави турнеја низ Балканот да го промовира документот со кој балканските држави амбициозно ќе го започнат проектот „влез во Унијата“. Тој утре доаѓа во Скопје.

Трајковски ја отфрла идејата на Папандреу

Утрински - 10.01.2003

По објавувањето на идејата за балканска федерација на грчкиот шеф на дипломатијата Слободанка Јовановска Идејата за креирање балканска федерација е неприфатлива и штетна за националните интереси - е реакцијата на претседателот Борис Трајковски околу наводниот предлог на грчкиот шеф на ...

Папандреу идната недела во Македонија

Утрински - 10.01.2003

Балканска турнеја Атина - Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Папандреу, во наредната недела ќе оствари мини-балканска турнеја, при што ќе ги посети Македонија, СРЈ, Албанија, Босна и Херцеговина и Хрватска, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Атинска стапица

Дневник - 10.01.2003

Коментар - Христо Ивановски Мирната политичка атмосфера по божикните празници ја разбранува изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу, во која тој ја обнови старата идеја за создавање федерација на балканските држави.

Европска иднина и за нашиот северен сосед

Дневник - 10.01.2003

ПАПАНДРЕУ ЗА МАКЕДОНСКАТА СЕКЦИЈА НА БИ-БИ-СИ Еден од приоритетите на Грција при претседавањето во ЕУ ќе биде развој на врските на Унијата со Балканот и помош на земјите од регионот во постигнувањето на европските стандарди, за да се подготват за полноправно членство во ЕУ, изјави грчкиот министер ...

Идејата за балканска федерација е штетна за националните интереси

Дневник - 10.01.2003

СПОРЕД ПОРТПАРОЛОТ НА ТРАЈКОВСКИ До крајот на месецов ќе се одржи нова лидерска средба, а претседателот посакува на неа да се појави и Георгиевски Претседателот Борис Трајковски ги отфрла идеите за формирање некаква балканска федерација, но и за нова "Дејтонска конференција" за менување на ...

Балканска федерација - неприфатлива идеја за Претседателот

А1 - 09.01.2003

Претседателот смета дека идеите за формирање некаква нова Балканска федерација се неприфатливи и штетни, соопшти денеска портпаролот на шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Претседателот за одделни иницијативи за формирање Балканска федерација.

Грција се оградува од изјавата на Папандреу за „балканска федерација“

А1 - 09.01.2003

Грција категорично се оградува од интерпретацијата на интервјуто на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“, според кое Атина се залага за воспоставување единствен државен ентитет на Балканот.

Идејата за балканска федерација го избезуми Загреб

Утрински - 09.01.2003

Страв Загреб - Хрватската дипломатија упатила барање до грчката Влада да ги објасни изјавите на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу, дека во Грција и ЕУ сў повеќе се зборува за идејата за создавање "федерација на балканските држави", пишува вчерашен "Вјесник".

Приоритет на Грција е Балканот да се поврзе со ЕУ

Утрински - 09.01.2003

Интервју на Јоргос Папандреу за Би-Би-Си Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Папандреу, чија земја е претседавач со Европската унија до крајот на месец јуни, во интервју за Би-Би-Си изјави дека еден од приоритетите на Грција ќе биде развој на врските на Европската унија со Балканот и ...

Трајковски против балканска федерација

Дневник - 09.01.2003

ПО ИЗЈАВАТА НА ПАПАНДРЕУ ЗА ГЕРМАНСКИ ВЕСНИК Европа сугерира да се бара објаснување од Папандреу, а македонското МНР "не коментира изјави на министер" Претседателот Борис Трајковски е против каква било идеја за федерација во регионот, Атина ги оквалификува како погрешни толкувањата на интервјуто на ...

Хрватска во паника поради предлогот за „Балканска федерација“

А1 - 08.01.2003

Хрватската дипломатија упатила барање до грчката влада да ги објасни изјавите на шефот на дипломатијата Јоргос Папандреу, дека во Грција и ЕУ се повеќе се зборува за идејата за создавање „федерација на балканските држави“, пишува денешен „Вјесник“.

Оживува идејата за "балканска федерација"!

Утрински - 06.01.2003

Според Јоргос Папандреу Брисел - Во Грција и во ЕУ се повеќе се зборува за старата идеја за создавање "федерација на балканските држави", нагласува грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу во интервјуто за германскиот весник "Зидојче цајтунг".

Грција ја заживува идејата за балканска федерација

Дневник - 06.01.2003

ИНТЕРВЈУ НА ПАПАНДРЕУ Во Грција и во Европската Унија се повеќе се зборува за старата идеја за создавање федерација на балканските држави, изјави грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Папандреу во интервју за германскиот весник "Зидојче цајтунг", јави МИА.