TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тица е префрлен во арестантското одделение

А1 - 24.04.2004

Арестантското одделение на клиничкиот центар е местото каде по наредба на истражниот судија е префрлен Јане Павловски-Тица обвинет за убиството на Ромео Живиќ. Него по седумдневното бегство го лекуваат лекарите од невро-хирургија, кои планираат и операција на левата парализирана нога.

Јане-Тица слета во апс

Време - 24.04.2004

ПО ДЕСЕТИНА ДЕНА БЕГСТВО Скопската полиција вчераутро го уапсила Јане Павловски-Тица, осомничен за убиство на кумановецот Ромео Живиќ минатиот месец во центарот на Скопје, соопшти МВР. Роднините на Павловски, пак, велат дека полицијата воопшто не го апсела, туку дека тој самиот се пријавил во ...

Тица долета во болница

Вест - 24.04.2004

ПО НЕКОЛКУ ДНЕВНА ПОЛИЦИСКО-СУДСКА ФРКА Една недела по бегството од Градската општа болница, Јане Павловски Тица бил уапсен вчера во неговиот дом во скопската населба Ново Лисиче Јане Павловски Тица, осомничен за убиството на кумановскиот криминалец Ромео Живиќ, една недела по бегството од ...

Тица се лекува во Државна

Дневник - 24.04.2004

МВР Јане Павловски-Тица (37), осомничен за убиство на Ромео Живиќ, по четиринаесетдневно бегство вчера претпладнето бил уапсен во својот дом во скопската населба Лисиче, информира МВР. Неофицијално, Тица вчера сам дошол во Градската болница од каде бил префрлен во Клинички центар.

Полицијата го уапси Јане Павловски - Тица

А1 - 23.04.2004

По апсењето Јане Павловски-Тица се наоѓа на неврохирургија во Скопје под засилена полициска при смотра, зад затворени врати. Пристапот до Тица не е дозволен, до него може да стасаат само адвокатот, истражниот судија, обвинителот и лекарот задолжен за неговото здравје.

Никој веќе не пие нафта!

Време - 23.04.2004

Емил Зафировски Македонското судство уште еднаш потфрли. По којзнае кој пат. Заринка толку длабоко во калта, што тешко дека ќе може да се измие. Почисто не остана ниту Јавното обвинителство, а истиот проблем го има и Министерството за внатрешни работи.

ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ ЈАНЕ ПАВЛОВСКИ - ТИЦА

Канал5 - 23.04.2004

Припадниците на Министерството за внатрешни работи изутрината околу 09:00 часот го приведоа Јане Павловски -Тица, против кого е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека извршил кривично дело “убиство” на Ромео Живиќ во престрелката што Припадниците на Министерството за внатрешни ...

Наместо затвор по притвор, Тица слободен како птица

Време - 23.04.2004

КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА БЕГСТВОТО НА УБИЕЦОТ ТИЦА Емил Зафировски Одговорноста за бегството на Јане Павловски-Тица поради неизречената мерка притвор еднакво ја сносат истражната судијка задолжена за случајот, МВР и Јавното обвинителство, изјави вчера за „Време“ Стерјо Зиков, скопски јавен обвинител.

Додека надлежните размислувале, Тица побегнал

Утрински - 23.04.2004

Петти ден откако Јане Павловски е одметнат и не му се знае трагата, а сў уште не е јасно кој е директниот виновник за овој скандал Обвинителите не бегаат од одговорноста, бидејќи ако МВР не поднело кривична пријава, тоа можело со исти ингеренции да го направат тие или истражниот судија ГОРАН ...

Јачев: „Правосудниот систем треба итно да се реформира“

А1 - 22.04.2004

Во Македонија не е реткост, осомничениот да биде уапсен, но да биде пуштен на слобода, затоа што судот нема да му одреди мерка притвор. Во МВР наведуваат десетици вакви случаи, на пример ист истражен судија од Скопје во период од две години не им одредил притвор на 4-ца скопски криминалци, обвинети ...

Судијка пушти убиец да избега

Вест - 22.04.2004

НОВ СКАНДАЛ ВО СУДСТВОТО МВР ќе поднесе претставка до Републичкиот судски совет за да се преиспита целиот случај и да се утврди дали станува збор за несовесно работење на истражната судијка Катица Јовановска Полицијата и натаму презема засилени мерки за пронаоѓање и фаќање на Јане Павловски Тица, ...

Тица избега пред очите на полицијата, обвинителот и истражниот судија

Утрински - 22.04.2004

Осомничен за убиство разоткри непрофесионалност во три институции Распишана меѓународна потерница одметнатиот Јане Павловски да се врати дома КОСТА ПОПОВСКИ Бегството на Јане Павловски-Тица, осомничен за убиство на Ромео Живиќ, два дена е топ-тема во јавноста.

Државните органи меѓу себе ја префрлаат вината за бегството на Тица

А1 - 21.04.2004

Полицијата, судството и обвинителството и денеска си ја префрлаат вината за бегството на тешко ранетиот Јане Павловски Тица, обвинет за убиство во центарот на Скопје. Тица избега затоа што беше побрз од судската одлука за негов притвор.

Тица прелетал во Грција

Дневник - 21.04.2004

СПОРЕД "МАКФАКС" Јане Павловски -Тица (37), осомничениот за убиство на Ромео Живиќ, е во бегство и се наоѓа во Грција. Тој во минатата недела по наредба на истражен судија бил пуштен на домашно лекување од Градска болница во Скопје, соопшти вчера Макфакс.

Осомничениот за убиството на Живиќ избегал надвор од земјава

А1 - 20.04.2004

Јане Павловски-Тица, обвинет за убиство на Ромео Живиќ веќе 5 дена успешно и се крие на македонската полиција. Беше побрз и од македонското судство, избега, пред истражниот судија да му одреди притвор и пред обвинителот да ја потпише неговата кривична пријава.

Јане Павловски Тица, осомничен за убиството на Ромео Живиќ, избегал во Грција, тврдат за Макфакс полициски извори

Канал5 - 20.04.2004

Јане Павловски Тица, осомничен за убиството на Ромео Живиќ, избегал во Грција, тврдат за Макфакс полициски извори. Веднаш по одлуката на судијката Катерина Јовановска со која Тица е ослободен од притвор, тој заедно со уште едно лице заминал од државав Јане Павловски Тица, осомничен за убиството на ...

Јане-Тица им одлетал на органите за прогонот

Време - 20.04.2004

ПО КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ЗА УБИСТВО Јане Павловски-Тица, осомничен за убиството на Ромео Живиќ, бил пуштен минатата недела од скопскиот Клинички центар на домашно лекување по наредба на истражен судија, но неколку дена потоа, кога полицијата го побарала на домашната адреса, него го немало.