TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Обвинувањата за мито „темпирана бомба“ за професорите

А1 - 28.06.2003

„Темпирана бомба се удира против Универзитетот во целина“, е реакцијата на деканот на Правниот факултет Димитар Бајалџиев, откако професорите на овој факултет беа посочени како едни од најкорумпираните во деновиве објавената анкета на Институтот Отворено општество, која се однесува на корупцијата ...

Студентскиот индекс со поткуп чини од 250 до 1.000 евра

Дневник - 26.06.2003

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНСТИТУТОТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО Над 1.000 евра чини поткупот за упис во прва година на Педагошкиот факултет во Штип и на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Фармацевтскиот факултет во Скопје. На скопскиот Економски факултет поткупот е од 250 до 500 евра, а на Педагошкиот факултет се ...

Најмногу кандидати на Правниот, Економскиот и на Медицинскиот факултет

Дневник - 26.06.2003

ЗАВРШИЈА УПИСИТЕ НА СКОПСКИОТ И НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Во трката по индекс која заврши вчера на факултетите на скопскиот универзитет "Св. Кирил и Методиј" и на битолскиот "Св. Климент Охридски" се пријавиле повеќе од 10.000 ученици.

Факултетите паднаа на првата лекција

Дневник - 26.06.2003

Коментар - Соња казиовска Анкетата направена меѓу студентите од трите универзитети во земјава покажа дека имиџот на факултетите сериозно и загрижувачки заглибил во кал. Анкетата што со околу 2.000 студенти ја направи Институтот отворено општество покажува дека корупцијата и митото на факултетите ...

Интересирањето за студирање на државните факултети се намалува

Утрински - 26.06.2003

Заврши првиот уписен рок на високообразовните институции во државава Правниот, Филолошкиот, Филозофскиот факултет до вчера имаа помал број кандидати за студенти во споредба со лани, а според нашите неофицијални информации расте интересирањето за Штуловиот и за Факултетот за општествени науки.

Охриѓани бараат корумпираните професори да се изведат пред суд

Утрински - 26.06.2003

Охридски реакции по обелоденувањето на корупцијата на Факултетот за туризам и угостителство Симон Илиевски ОХРИД - Објавувањето на резултатите од истражувањето за корупцијата во високото образование во Македонија, според кое Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е една од најкорумпираните ...

Анонимни професори тврдат дека студентите им се одмаздуваат

Утрински - 26.06.2003

По информацијата дека на Економскиот факултет во Прилеп царува поткупот ДАНЧО ТРАЈКОВСКИ ПРИЛЕП - Ја открија Америка, повеќе во шега ги прокоментира еден студент на Економскиот факултет во Прилеп резултатите од истражувањата на Институтот Отворено општество за степенот на корумпираноста на ...

Правниот, Економскиот и Педагошкиот во Скопје и Факултетот за туризам во Охрид најкорумпирани

Вест - 25.06.2003

АНКЕТА - КОРУПЦИЈАТА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ Факултетот за медицински науки во Скопје се смета за институција во која е најзастапен непотизмот, но и "познанствата и врските" Фондацијата Институт отворено општество Македонија вчера ги објави резултатите од анкетата спроведена од шести до 13 мај ...

Идните бруцоши ја почнаа трката за индекс

Дневник - 25.06.2003

ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ Најголем интерес вчера имаше на Правниот, Економскиот, Филолошкиот и на Медицинскиот факултет во Скопје Уписите во прва година на факултетите на двата државни универзитети почнаа вчера. Најголем интерес имаше на Правниот, Економскиот, Филолошкиот и на Медицинскиот факултет во ...

Факултетот за туризам води на листата корумпирани

Дневник - 25.06.2003

истражување на фондациЈата на сорос Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е најкорумпирана високообразовна институција во државата, а на корупција најмалку се жалат студентите на Архитектонскиот, Градежниот и на техничките факултети, покажало истражувањето што го спроведе фондацијата ...

Голема корупција во високото образование

А1 - 24.06.2003

Спроведената анкета на трите универзитети во джавава, во Скопје, Битола и Тетово покажува дека митото и корупцијата егзистираат во овие институции. Како најкорумпирани факултети посочени се Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Педагошкиот и Економскиот во Скопје, а најмалку корумпирани ...

Почнува пријавувањето за упис на факултетите

Дневник - 24.06.2003

ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ Денеска ќе почне пријавувањето за упис во прва година на факултетите на двата државни универзитети. На скопскиот "Св. Кирил и Методиј" има вкупно 8.113 места - 4.475 за бруцоши во државната квота, а 3.092 во квотата за самофинансирање и 546 места за вонредни студенти.