Скопје Собранието денеска треба да гласа за Предлог законот за полиција, откако спикерот Љубиша Георгиевски на крајот од минатата недела ја заклучи едномесечната расправа по законскиот текст. За усвојување на Предлог законот за полиција потребно е да гласаат најмалку 61 пратеници.
Скопје Либерално демократската партија (ЛДП) нема да учествува во натамошната расправа за предлог законот за полиција во Собранието на Македонија. Одлуката на ЛДП е донесена попладнево, откако парламентарното мнозинство одби да расправа за нивните пет амандмани на предлог законот, со образложение ...
Скопје Македонското Собрание денеска треба да ја продолжи дебатата по амандманите на Предлог законот за полиција. Најдолга дебата вчера предизвика амандманот на член 97 став 2 поднесен од пратеничката Роза Топузовска Каровска за бришење на делот во кој се посочува дека по исклучок може да се ...
Скопје Собранието денеска го изгласа Законот за полиција, со 71 гласови за, 12 воздржани и ниту еден против. Опозиционата коалиција од албанскиот блок ДУИ-ПДП не присуствуваше на гласањето. Според пратеникот од оваа коалиција, Џевад Адеми тие го бојкотираа гласањето на законот, бидејќи не е ...
Денеска се огласи ДУИ, со оценка дека со предложениот закон за полиција се узурпираат надлежностите на локалната власт, во делот на именување на полициските началници. На ваков начин, сметаат од оваа партија, Владата го прекршува Охридскиот договор и законот за локална ...
Прв тест за односите меѓу партнерите во владината коалиција. Груевски ги изигра и ДПА и НСДП. Првите за законот за полиција. Не им ја даде Струга како посебна полициска единица, ниту го намали на шест години условот за именување на началници. На ист начин постапи и со НСДП.
Дознаваме дека Договорот со Бучковски бил постигнат откако претходно министерката за внатрешни работии по два и полчасовни преговори со Муса Џафери не успеала да ја обезбеди поддршката од ДУИ За СДСМ веќе не е проблематично во полицијата да се напредува со помалку стаж отколку што беше предвидено ...
БУЧКОВСКИ И ГРУЕВСКИ ПОСТИГНАА КОМПРОМИС СДСМ ќе го поддржи Законот за полиција, бидејќи партискиот лидер Владо Бучковски добил ветување од премиерот Никола Груевски дека нема да се отвора нов сектор на полицијата во Струга. Бучковски и Груевски постигнале компромис, со тоа што СДСМ ќе прифати мало ...
КОМИТЕТОТ ЗА ОДНОСИ МЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ ОДЛУЧИ Ваква одлука Комитетот донесе на инсистирање на ДУИ спикерот Љубиша Георгиевски да објасни по која процедура ќе се донесе законот за полиција Комитетот за односи со заедниците вчера одлучи дека законот за полиција не треба да се донесе со бадинтерово ...
Премиерот вчера го уверил Бучковски дека нема да има нов полициски сектор во Струга Оливера Војновска Премиерот Никола Груевски вчера буквално во пет до 12 успеа да го спаси консензусот за законот за полиција и да ја разубеди опозицијата, сепак, да го поддржи овој проект откако на лидерот на СДСМ, ...
Опозициската коалиција предводена од СДСМ одлучи да го поддржи законот за полиција, откако претходно премиерот Никола Груевски лично му соопштил на првиот социјалдемократ Владо Бучковски дека Владата нема да поднесе амандмани кои суштински го менуваат текстот на предлог-законот.
Нема „Бадинтер“ за законот за полиција, одлучи комитетот за односи меѓу заедниците. Очекувана победа на власта. Од 19, на седницата беа присутни само 10 члена на комитетот, сите од мнозинството и сите гласаа против примена на „Бадинтер“.
ДОВЕДЕНО ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА Лидерот на опозицијата Владо Бучковски ќе ја откаже поддршката на законот за полиција ако Владата го менува со амандмани Донесувањето на законот за полиција и следење на комуникациите е доведено под прашалник, откако опозицијата вчера ...
Ако законот за полиција биде изменет пред денешната собраниска седница, СДСМ и ЛДП нема да гласаат за него. Лидерот на СДСМ Владо Бучковски обвини дека Владата го менува законот под притисок на ДПА. Коалицијата ДУИ и ПДП се закани дека не гарантираат за стабилноста на земјава ако законот се донесе ...
ПОЛИЦИСКИОТ ЗАКОН ОТВОРИ ФРОНТ ВО СОБРАНИЕТО Александра М. Митевска ДУИ предупредува дека е можна политичка дестабилизација, а СДСМ бара нова лидерска средба, по најавите за корекции во предлог - законот за полиција и по изборот на комитетот за односи меѓу заедниците, чиј состав е спорен за ...
Поради интервенциите во законите за полиција и за прислушување, Бучковски ќе бара нова средба Оливера Војновска Премиерот Никола Груевски веќе не може да смета на консензусот за законите за полиција и за легализирање на прислушувањето, кој го обезбеди пред две недели непосредно пред разговорите во ...
Парламентарното мнозинство, преку пратеничката Кипаризова, го стави под своја контрола комитетот за односи меѓу заедниците. Со тоа го обезбеди и правото да одлучи за кои закони ќе биде потребно да се примени Бадинтеровото правило на гласање.
Бучковски во ходник со своите, мини состанок на владеачките пратеници во комисиска сала, претставници на МВР не знаеја, има ли владини амандмани на законот за полиција. Но, тие останаа тајна. Бучковски најави дека поради владините измени во последен момент СДСМ ќе размисли дали да го поддржи ...
ВМРО-ДПМНЕ И ДПА ГИ ИСПЕГЛАА РАЗЛИКИТЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ и ДПА постигнале согласност во Владата за ублажување на критериумите во предложениот закон за полиција за избор на раководните кадри. Место 12 години работен стаж потребни за вршење на функциите началник на централнитре ...
Премиерот Никола Груевски најверојатно утре во Собранието лично ќе ги образложи предлозите на ДПА кои ќе станат амандмани на Владата Владината коалиција се договорила во законот за полиција да влезат и барањата на ДПА за нов сектор во Струга и за напредување во полицијата со помал работен стаж.
СДСМ ја доведува во прашање првично дадената поддршка за законот за полиција. Бучковски инсистираше ВМРО-ДПМНЕ и ДПА да кажат какви амандмани подготвува владата за промени во текстот. СДСМ ја доведува во прашање првично дадената поддршка за законот за полиција.
ПРЕСВРТ ВО ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА Владата со амандмани ќе го коригира првичниот текст на законот за полиција, кој беше испратен во Собранието во истата верзија што ја подготви претходната влада. Првичните најави се дека ќе се интервенира во делот во кој се регулираат условите под кои се назначува ...
Најавата дека Владата ќе интервенира во законот за полиција, според СДСМ, е знак дека Груевски попушта на притисоците на Џафери Оливера Војновска СДСМ ја преиспитува поддршката на законот за полиција по најавата дека Владата ги прифатила барањата на ДПА за намалување на неопходните години стаж за ...
ДУИ нема да го поддржи законот за полиција бидејќи измените што ги издејствувала ДПА биле само дел од нивните барања. Во СДСМ, пак, ќе ги чекаат владините амандмани, по што ќе одлучат дали ќе го поддржат законот на седницата в петок Во ВМРО-ДПМНЕ вчера потврдија дека е постигната начелна согласност ...
Нов сектор за внатрешни работи со седиште во Струга и намалување на полицискиот стаж за две години за сите началнички и командирски места во полицијата, тоа се амандманите на владата за предлог-законот за полиција. Ги договорија ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, во последен момент само два дена пред законот да се ...
ПРАТЕНИЦИТЕ БАРААТ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА ПОЛИЦИЈА Пратеникот Гарип Каба завчера тврдеше дека законот за полиција е перфектен, а вчера ги повтори скоро сите забелешки на ДУИ Пратениците се погласно го критикуваат законот за полиција, кој е на комисиска раправа во Собранието.
Владата одлучи да интервенира во законот за полиција. Ќе предложи два амандмана на текстот што го испрати во собранието. Нивна содржина се утврдува е официјалната информација од денешната владина седница. Се додава дека има политичка волја да се прифатат некои од забелешките на пратениците.
Каба за „Дневник“ изјави дека ДПА го сменила ставот бидејќи со предлог-законот не ќе може да се спроведе правичната застапеност ДПА за 24 часа го смени ставот за предложениот закон за полиција иако завчера му даде поддршка. Партијата вчера на собраниската Законодавно-правна комисија со амандмани ...
Партијата на Џафери сега вели дека критериумите за началници во полицијата се престроги Само еден ден откако искажа блескави оцени, ДПА го смени мислењето за законот за полиција, па вчера излезе со став дека со предложеното решение се предвидуваат строги критериуми за добивање раководна функција во ...
ДПА бара измени во Предлог-законот за полиција што в петок треба да се најде на собраниска седница. Собраниската Законодавно-правна комисија вчера едногласно го поддржа Предлог-законот, но дел од членовите имаа забелешки, кои побараа Владата преку амандмани да ги вметне во Законот.
За една ноќ ДПА се предомисли за предлог-законот за полиција. Сега од партијата на Џафери бараат измени во текстот. Да се намали полицискиот стаж предвиден при избор на командири, да се воведе уште еден сектор за внатрешни работи во Струга бидејќи територијата на СВР Охрид била голема и за подобра ...
ДПА се предомисли за Законот за полиција. Со забелешките кои пред собраниската законодавно- правна комисија ги кажа пратеникот Гариб Каба, ДПА се доближува до ставовите на ДУИ. ДПА се предомисли за Законот за полиција. Со забелешките кои пред собраниската законодавно- правна комисија ги кажа ...
ДУИ ја игнорираше седницата на Комисијата за одбрана, а ДПА смета дека текстот е перфектен Оливера ВоЈновска Законот за полиција има поддршка кај сите парламентарни партии и од власта и од опозицијата, освен од ДУИ. Законот вчера едногласно беше поддржан во собраниската Комисија за одбрана и ...
Сите партии, освен ДУИ, вчера дадоа начелна поддршка за предложениот закон за полиција Употреба на албанскиот јазик во усна и писмена комуникација на граѓаните со полицијата, правична застапеност на сите нивоа, контрола на полицијата од надворешни институции како што се Собранието и Народниот ...
КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА ГО ПОДДРЖА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА Павле Трајанов предупреди дека повикувањето на граѓаните на информативен разговор може да ги загрози нивните човекови права и слободи Во Македонија ќе остане праксата полицијата да повикува граѓани на информативен разговор, и покрај навестувањата ...
Двата предлог закона од МВР, за полиција и за следење комуникации мазно го минаа првиот собраниски филтер, матичната комисија за безбедност и одбрана. Сите гласаа „за“, пратеници од ДУИ немаше иако тие се најгласни противници на предлог-законот за полиција.
Принципот на недискриминација е слабо истакнат во целиот текст на Законот, а секако дека заслужува повеќе внимание, имајќи го предвид фактот дека идентификувањето на полицијата како институција што поседува сила, може да се рефлектира негативно ако таа сила не е кохерентна , со јасно искажани ...
ДУИ нема да поднесе амандмани, туку на собраниска седница ќе образложи зошто се против Предлог-законот Партиите на владејачкото мнозинство најверојатно ќе немаат забелешки на Предлог-законот за полицијата, иако тој е подготвен од претходната влада на Владо Бучковски, а сегашната опозиција ќе го ...
Опозицијата го поддржа предлог-законот за полиција–помина на комисијата за одбрана и безбедност, пред собраниската седница в петок. Опозицијата го поддржа предлог-законот за полиција помина на комисијата за одбрана и безбедност, пред собраниската седница в петок. Сепак, имаат амандмани.