TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И покрај договорот со Владата, откупот на тутунот по старо

А1 - 11.02.2006

По инспекторите, и министерот Дураку за прв пат се симна меѓу тутунарите. Набрзина прошетал неколку откупни пунктови во струмичко-радиовишкиот регион, колку да се слика пред неколку одбрани медиуми за да види јавноста дека се грижел за земјоделците. Штом замина, повторно истата склика.

Законот за тутун побрзо да влезе во собраниска процедура

Утрински - 11.02.2006

СОБРАНИЕ Владата поскоро во собраниска процедура да го достави новиот закон за тутун, кој е во последна фаза, а со кој се предвидува трите денари од акцизата на тутунот да бидат наменети за премија за тутунопроизводството, е препораката во информацијата за состојбата со откупот на тутунот од ...

Тутунот се откупува за две евра, а се извезува за четири

Дневник - 11.02.2006

МАКАТА ЗА ТУТУНАРИТЕ, КАЈМАКОТ ЗА ОТКУПУВАЧИТЕ Откупувачите за килограм тутун плаќаат по околу две евра, а го извезуваат по цена од четири евра. Луѓе од оваа дејност велат дека разликата од две евра им носи солидна заработка на тутунските претпријатија бидејќи трошоците за обработка на тутунот пред ...

Собраниска расправа за состојбите со откупот на тутунот

А1 - 10.02.2006

Пратениците расправаа по информацијата за состојбите со откупот на тутунот. И повторно продолжија препукувањата меѓу власта и опозицијата. Не губеа време, веднаш по маратонските дискусии се фатија за врат. „Не можеме да кажеме дека нам ни е поважна главата од капата.

И приватните откупувачи си играат мајтап со тутунарите

Време - 10.02.2006

РЕВОЛТ ОД ПРОЦЕНАТА НА ТУТУНОТ ВО ПРИЛЕП Поради револтот на прилепските тутунари од процената на тутунот што ја вршат приватните претпријатија вчера откупот беше во прекин еден час. Најмногу незадоволни имаше на пунктовите на „Струмица табак“, „Алијанса 1“ од Кавадарци и „Сокомак“ Битола.

Прочитана демагогија на газда Велија

Утрински - 10.02.2006

Апетитот за политичка афирмација ги изеде интересите на земјоделските производители Со маката на тутунарите се сака да се купат гласови АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Трудот на земјоделците, колку што повеќе се обезвреднува во домашното пазарно стопанство, толку повеќе станува се поконкурентна стока меѓу ...

Ниските цени го запреа откупот на тутунот

Дневник - 10.02.2006

ПРИЛЕП Откупот на тутунот во прилепскиот тутунски комбинат е сопрен поради незадоволство на тутунарите од процената на родот. Миле Божиноски, раководител во ТКП, најави дека откупот ќе продолжи. - Проценителите се вратија на вагите.

Бучковски е непожелен на Плетвар

Време - 09.02.2006

ПРИЛЕПСКИТЕ ТУТУНАРИ МУ ПОРАЧУВААТ НА ПРЕМИЕРОТ Тутунот од вчера освен во прилепскиот Тутунски комбинат почна да се откупува на десет пункта во градот и во девет населени места. Тутунопроизводителите велат дека и покрај ветувањата сепак не се постигнува просечна откупна цена од 150 денари.

Само со притисок премија за тутунарите

Дневник - 09.02.2006

ЗНП Владата нема уши, ниту глава да ги реши состојбите во тутунското стопанство и само под притисок може да ги разбере маките на производителите. Штрајкот на тутунарите, покажа дека земјоделството не може да издржи без парична помош од државата, рече Марјан Ѓорчев, лидер на Земјоделската народна ...

Поповски порачува Дуракуда бара пари за тутунарите

Дневник - 09.02.2006

ветената ПРЕМИЈА ги помати буЏетските сметки Министерот за финансии Никола Поповски не дава пари за исплата на премија од 30 денари за килограм тутун и му порачува на својот колега Садула Дураку да обезбеди средства од буџетот на Министерството за земјоделство.

Koj е заслужен за исполнување на барањата на тутунарите?

А1 - 08.02.2006

Откако тутунарите ја извојуваа битката за подршка од државата, власта и опозицијата се скараа: кој бил заслужен за исполнувањето на барањата и во чие време власта давала повеќе парти за земјоделството. „Сегашната опозиција, тогаш кога беше на власт, не донесе нов закон за тутун, не направи измени ...

Прилепчани не веруваат во процената на Комбинатот

Време - 08.02.2006

ПОД ПЛЕТВАР ПОВТОРНО БЛОКАДИ Стотина тутунопроизводители од 6 до 12 часот вчера го блокираа патот под Плетвар кај Заполшки Мост бидејќи се незадоволни од процената на тутунот во Тутунскиот комбинат.Тие се закануваат дека ќе ги блокираат патиштата деноноќно ако Владата не ги прифати нивните барања - ...

Тутунарите бараа 60, добија 30 денари премија

Време - 08.02.2006

БУЧКОВСКИ ПОПУШТИ ПОД ПРИТИСОКОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Тутунопроизводителите ќе добијат по 30 денари за килограм откупен тутун, им вети премиерот Владо Бучковски вчера, на неколкучасовната дебата во Владата. На средбата покрај нив присуствуваа и откупувачите, вицепремиерот Минчо Јорданов и претставници ...

Пратениците се искараа за откупот

Време - 08.02.2006

ПРОТЕСТИТЕ ВЛЕГОА И ВО СОБРАНИЕТО Пратениците вчера едвај ја почнаа расправата за точките од новата седница, бидејќи потрошија речиси три часа за да се договорат на кое место на дневниот ред треба да се најде информацијата за откупот на тутунот.

Триесет денари премија за килограм тутун

Вест - 08.02.2006

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ Триесет денари премија за секој килограм откупен тутун ќе обезбеди владата за тутунопроизводителите. На вчерашната средба тутунарите, откупувачите на тутун и премиерот Владо Бучковски, се договорија премијата да почне да се исплаќа од мај или јуни годинава.

Да се брише трета Б класа

Вест - 08.02.2006

ТУТУНАРИТЕ ПАК ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ПРИЛЕП - ГРАДСКО Незадоволни тутунопроизводители од откупните цени вчера пак го блокираа патот Прилеп - Градско. Тие бараат да се почитува договорот постигнат на владината средба и просечната цена на тутунот да не биде пониска од 120 денари.

За тутунарите 30 денари премија за килограм тутун

Утрински - 08.02.2006

Конечно се постигна заеднички договор меѓу тутунарите и Владата ПРЕМИЈА Државата ќе обезбеди премија за секој килограм откупен тутун, но овие средства ќе се исплаќаат од крајот на мај или во почетокот на јуни годинава, односно откако ќе бидат собрани предвидените три денари од секоја продадена ...

Премијата пред избори

Дневник - 08.02.2006

ВЛАДАТА И ТУТУНАРИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА Премија од 30 денари за килограм тутун издејствуваа тутунарите на вчерашната средба кај премиерот Владо Бучковски. Парите ќе ги добијат кон крајот на мај или во почетокот на јуни, откако ќе се соберат предвидените три денари од секоја продадена кутија цигари.

Премија од 30 денари за килограм тутун

Вечер Прес - 08.02.2006

Владата и тутунопроизводителите постигнаа компромис. Владата ќе им додели премија во висина од 30 денари за секој откупен килограм од "жолтото злато", а ќе почне да им ја исплатува кон крајот на мај или почетокот на јуни. А за возврат, тутунарите иако незадоволни докрај од договореното со ...

Средба на тутунарите со Бучковски

А1 - 07.02.2006

Штотуку завршија преговорите меѓу премиерот Владо Бучковски и претставниците на тутунарите. По речиси 4 часа разговор, барањата на тутунарите не беа во целост задоволени. Главното барање на тутунарите, за премијата, ќе се одредува со новиот закон за тутун.

Тутунарите се договорија со Владата

А1 - 07.02.2006

Триесет денари стимулација, до 150 денари просечна откупна цена и исплата за седум дена. Ова е договорено меѓу Владата, тутунарите и откупните монополи. Тутунарите задоволни од извојуваната битка, ги прекинаа протестите. „Имавме исти став, да добиеме 60 денари.

Бучковски не изигра, се враќаме на блокадите

Време - 07.02.2006

ВО ПОЧЕТОКОТ НА ОТКУПОТ ПРИЛЕПЧАНИ СИ ГО ВРАТИЈА ТУТУНОТ Светлана Ристеска Бучковски не изигра, пак ќе излеземе на блокади, се заканија вчера прилепските тутунари, кои незадоволни од процената на тутунот го сопреа откупот уште во самиот почеток.

Откупната цена во прилепско никој не ја кажува

Вест - 07.02.2006

ИНСПЕКЦИЈАТА ЗАДОВОЛНА, ТУТУНАРИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПРОЦЕНКАТА НА ЖОЛТОТО ЗЛАТО Откупот на тутун во Прилеп вчера беше прекинат поради незадоволството од процената и класите, откако беа откупени првите 4 тони од десетина кооперанти.

Тутунарите и натаму сметаат дека откупната цена е ниска

Утрински - 07.02.2006

Ублажените критериуми на повеќето откупувачи не ги смирија духовите на тутунопроизводителите На некои откупни пунктови немаше претставници на земјоделските здруженија кои требаше да ги штитат интересите на тутунарите Откупот на тутунот во последните три дена во целата земја тече во порелаксирана ...

Тутунскиот комбинат не ја зголеми цената

Дневник - 07.02.2006

ПОВТОРНО БЛОКАДИ НА ТУТУНАРИТЕ ВО ПРИЛЕП Почетокот на откупот на тутун во Тутунскиот комбинат во Прилеп не ги зголеми цените и затоа тутунарите вчера продолжија со протести. Тие се заканија дека секој ден ќе ги блокираат патиштата од шест до 18 часот додека просечната откупна цена не дојде до 150 ...

Договорена премијата на тутунарите

Канал5 - 07.02.2006

Тутунарите се договорија за премијата. Ќе добиваат по 30 денари за килограм тутун. Средствата ќе се исплаќаат во мај или на почетокот на јуни годинава, откако ќе се соберат предвидените три денари од секоја продадена кутија цигари.

Маката се мери на 20 ваги

Вечер Прес - 07.02.2006

Вчера со прифаќањето на 18 тони тутун, означен е почетокот на годинашниот откуп на "жолтото злато" во Македонија. Тутунот во градскиот пункт се откупува на 10 ваги, а в среда на уште толку ваги ќе се откупува и тутунот од населените места. Во Прилеп велат маката на тутунарите се мери на 20 ваги.

Тутуни жолти отрови

Вечер Прес - 07.02.2006

Откупот на "жолтото злато" стана проблем број еден во земјава. Исто како што пролетоска беше млечната криза, како што летото беше откупот и цената на лебното жито, како што беше есента со грозјето. Во сите случаи почна со предупредување од производителите, па потоа со молекање до институциите да ...

Тутунарите го бојкотираа откупот незадоволни од проценките

А1 - 06.02.2006

Само што почна, во Прилеп прекинат откупот на тутунот. Незадоволни од проценките, тутунарите го бојкотираа откупот, обвинувајќи дека по парадата пред медиумите и инспекторите откупувачите продолжуваат да манипулираат со проценките, кратејќи ја откупната цена.

Кој ја дестабилизира државата?

Време - 06.02.2006

ГЕОРГИ БАРБАРОВСКИ Чадот од запалениот тутун сосема им го заматил умот на социјалдемократите. Замислете, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара од Владата да најде решенија за тутунот. СДСМ во Собранието бара од СДСМ во Владата да им помогне на тутунарите; Владо Бучковски, претседателот на ...

Надгледувачите на тутунарите ги плаќа откупувачот

Вест - 06.02.2006

МЕСТЕНКИ НА ОТКУПНИТЕ ПУНКТОВИ ВО СТРУМИЧКО Ова ќе биде главната забелешка во записникот што надлежните инспектори ќе го достават до премиерот Бучковски по надзорот на откупните пунктови за тутун што го извршија овој викенд Претставниците на тутунарите кои на откупните пунктовите во струмичко го ...

Владата сугерира да се смени директорот на прилепскиот монопол

Вест - 06.02.2006

Тутунскиот комбинат од Прилеп денеска официјално започнува со откупот на тутунот. Со банкарски кредити и државна гаранција заокружена е и финансиската конструкција од приближно пет милиони евра за исплатата на реколтата тешка околу 3.000 тони тутун.

Проценителите зауздени, цената на тутунот расте

Време - 06.02.2006

ПО ПРОТЕСТОТ НА ТУТУНАРИТЕ ПРЕД ВЛАДАТА ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА ОТКУП Доколку Владата направеше контрола на откупните пунктови пред две недели, воопшто немаше да дојде до протести и до блокади, велат струмички тутунопроизводители, кои во саботата искажаа задоволство од подобрените услови на откупот.

Во Прилеп ќе почне откупот на тутунот

Утрински - 06.02.2006

Од денеска по инструкции на Министерството за земјоделство Моника Талеска ПРИЛЕП - Прилепскиот Тутунски комбинат денеска ќе ги отвори вратите за откуп на тутунот од ланската реколта. Оваа одлука ја донесоа менаџерите по инструкции од ресорното министерство за земјоделство со цел да им се остварат ...

Тутунарски маки за политички профити

Утрински - 06.02.2006

Кој да најде решение за земјоделските проблеми? БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Во недостаток на курентни политички теми, тутунот деновиве стана главен извор за профитирање на новокомпонираните, неуспешните и на пропаднатите политичари во земјава. "Ние сме овде за нашата мака, а не за политика.

Тутунот викендов доби повисока цена

Дневник - 06.02.2006

ТУТУНАРИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА ОТКУПНИТЕ ПУНКТОВИ Ристо тасев Откупната цена на тутунот во Струмичко викендов достигна 135 денари за килограм. Откупувачите дадоа повисока цена поради присуството на пазарните и на земјоделските инспектори.

СДСМ предлага Владата да даде премија за тутунот

Дневник - 06.02.2006

БОРБА ЗА ТУТУНАРИТЕ СДСМ бара од Владата да најде законски решенија за исплата на премии по килограм тутун за тутунопроизводителите за реколтата за 2005 година, соопшти завчера на прес-конференција пратеникот од оваа партија, Драган Ѓеорѓиев.

Почнува откупот на тутунот

Вечер Прес - 06.02.2006

Денес ќе почне откупот на тутунот во Тутунски комбинат - Прилеп, соопштија од Комбинатот. Измената на одлуката доаѓа по инструкциите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се забрза откупот на тутунот, со цел да се остварат дел од барањата на тутунопроизводителите.