TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Жито Прилеп“ отпушта работници

Дневник - 13.09.2006

Седумдесетина работници од мелничко-прехранбената фирма „Жито Прилеп“ се прогласени за технолошки вишок. Тие бараат помош од Регионалниот синдикат во Прилеп бидејќи раководството им издало решенија за технолошки вишок и на работници што биле на боледување или се прогласени за инвалиди на трудот.

Во „Жито Прилеп" 70 работници прогласени за технолошки вишок

Утрински - 12.09.2006

Работниците обвинуваат дека тоа се прави од субјективни мотиви, а не од деловни ПРИЛЕП - Приближно 70 работници од мелничкиот капацитет „Жито Прилеп", сопственост на македонскиот бизнисмен Џорџ Атанасовски, кој живее и работи на Флорида, од менаџерите се прогласени за технолошки вишок.

За технолошки вишок прогласени 70 работници

Време - 12.09.2006

„ЖИТО ПРИЛЕП“ Повеќе од 70 работници на мелничко-преработувачкото претпријатие „Жито Прилеп“, кои деновиве биле прогласени за технолошки вишок, вчера побараа помош од Регионалниот синдикат од Прилеп и се закануваат дека доколку не бидат вратени на работа ќе ја блокираат работата на фирмата.

Џорџ Атанасовски го уништи „Жито Прилеп“

А1 - 11.09.2006

Македонскиот бизнисмен Џорџ Атанасовски го уништи „Жито Прилеп“, не вложи ниту денар во фирмата која ја купи бадијала, а 70 работници ги остави на улица. Ова се обвинувањата на дел вработени кој денеска протестираа барајќи си ги платите, хранарините и патарините, но и надоместокот од по 5.000 евра ...

Прогласите за технолошки вишок од Жито Прилеп бараат исплата да обврските- се закануваат со блокади

Канал5 - 11.09.2006

Осумдесеттина работници ново прогласени за технолошки вишок и отпуштени пред еден месец од „Жито Прилеп“ побараа регионалниот синдикален совет да се вклучи во решавањето на финансискиот спор тежок милион евра. Осумдесеттина работници ново прогласени за технолошки вишок и отпуштени пред еден месец ...