TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шпанките се стар должник на Кометал

Време - 22.02.2006

РАКОМЕТ По успешниот настап во групата Д и освоеното прво место, пред ракометарките на Кометал ЃП претстои нов предизвик во четврт-финалето од Лигата на шампионките. Првата пречка во нокаут-фазата (11/12 и 18/19 март) е шпанскиот тим Астрок Сагунто, поранешна Мар Валенсија, со кој македонскиот ...

Астрок Сагунто стар должник

Утрински - 21.02.2006

Кометал ЃП во четврт-финалето од Лигата на шампионите против поранешниот европски првак Ѓорчепетровки елиминирани по сите три дуели со тимот од Валенсија РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Некогашниот европски првак Астрок Сагунто (поранешна МАР Валенсија) е противникот на Кометал Ѓорче Петров во четвр-финалето ...

По четврти пат Астрок, за среќа, без Морскова

Вест - 21.02.2006

НЕОЧЕКУВАН ПРОТИВНИК ЗА КОМЕТАЛ ЃП ВО 1/4-ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Изненадувачкиот пораз на норвешкиот Бјасен на домашен терен од Будуќност (22:25) им донесе на ѓорчепетровки стар познајник за противник во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Трета среќа со Валенсија

Дневник - 21.02.2006

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ПЕТТИ ПАТ ВО ШПАНИЈА На управата на Кометал ЃП не и се исполни желбата во четврт-финалето на Лигата да игра со норвешки Бјасен, па ќе мора по петти пат да патува во Шпанија, каде што ги очекува Астрок Сагунто.

Време е да се наплатат долговите

Вечер Прес - 21.02.2006

Откако го освоија првото место во "Д" групата и покрај поразот во Волгоград од рускиот Динамо, македонскиот женски ракометен првак Кометал Ѓ.Петров во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе игра со шпанскиот шампион Астрок Сагунто, кој во последното коло, иако дома загуби од ХИПО (26:27), сепак, ...

Први, и покрај поразот од Динамо

Дневник - 20.02.2006

РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ Ракометарките на Кометал ЃП го освоија првото место во групата Д од Лигата на шампионките, иако во саботата беа поразени со 26-22 на гостувањето против Динамо во Волгоград, Русија. Ѓер со 31-29 на домашен терен го совлада данскиот Олборг, кој поради полош меѓусебен ...

Први во групата, а послаби од последниот

Утрински - 20.02.2006

Кометал Ѓорче Петров загуби во Волгоград со 22:26, но Ѓер му ја заврши работата со победата над Олборг од 31:29 Во четврт-финалето од ЛШ против Астрок Сагунто или Бјасен Кометал Ѓорче Петров го освои првото место во Д-групата од Лигата на шампионите и покрај послабиот меѓусебен скор со ...

Како први во групата во четвртфиналето

Вест - 20.02.2006

РАКОМЕТ - И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ НА КОМЕТАЛ ЃП ВО ВОЛГОГРАД ДИНАМО - КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 26:22 (11:11) ВОЛГОГРАД. - Сала на Динамо. Гледачи: 500. Судии: Хашчик и Отапка (Словачка). ДИНАМО: Седојкина (13+2), Карпова, Хмирова 2, Мочалина 3, Белаја, Иљухина 1, Кочетова 7, Рвачева 1, Савелева 1, Левина 5, ...

Пораз што не боли, но предупредува

Време - 20.02.2006

РАКОМЕТ Костадин Буревски, наш специјален известувач од Волгоград Кометал ЃП претрпе пораз на гостувањето во Волгоград од Динамо со 22-26 (11-11) во последното коло од групата Д во ракометната Лига на шампионките, но и покрај тоа остана на првото место и за противник ќе ја добие второпласираната ...

Нова лекција од Русинките

Вечер Прес - 20.02.2006

ВОЛГОГРАД.- "Балон" сала. Гледачи 250. Судии: Хашчик и Отапка од Словачка. Седмерци: Динамо 5 (3), Кометал Ѓ.П. 4 (2). Исклучувања: Динамо 10 мин., Кометал Ѓ.П. 12 мин. ДИНАМО: Седојкина (13 одбрани и 2 пенали), Карпова, Хмирова 2, Мочалина 3, Белаја, Иљушина 1, Кочетова 7, Рвачева 1, Савелова 1, ...