Пратеникот Џеват Адеми вчера по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повлече обвинувањата дека нивните „скопски“ министри Муса Џафери и Бујар Османи рекетирале сопартијци и се грижеле само за огласи и за лично богатење. Ахмети ги смири бранувањата и порача дека се залага за борба против криминалот и корупцијата, иако не ги гледа во својата партија.
Во ДУИ не се случува ништо посериозно што би ја вознемирило јавноста, а партијата е секогаш отворена за дебати и за слободни мисли, изјави вчера Али Ахмети, лидерот на партијата. - Јас немам намера никого да ограничувам во тој процес. Ние не се занимаваме со хемиски чистки. За слободни мислења во ДУИ никој не плаќа никаква цена.
Ако мислите дека во ДУИ се случил хаос поради изнесување на демократски мислења, се лажете. ДУИ не е како другите партии. Вака Џеват Адеми ги отфрли мислењата за расколот во партијата. „Еден пратеник од партија на власт, на централното претседателство настапи со свои лични ставови, лични убедувања, лични перцепции, за евентуални појави кои можат да и штетат на демократијата внатре во партијата, ...
По јавно изнесените критики дека министри од ДУИ барале пари за вработувања на нивни членови Џеват Адеми го смири тонот. Има проблеми во практикувањето на демократијата, но нема потреба од смена и чистки рече Адеми:. - Тврдам дека во ДУИ ситуацијата не е толку алармантна за да лета некој. Наша позиција е дека сме на почеток.
Недоразбирањата меѓу ДУИ. Претседателот на ДУИ али Ахмети ја смирил ситуацијата. Ахмети рече дека нема незадоволство во ДУИ и оти тоа е внатрешна дебата. „Не се случува ништо сериозно во ДУИ, што би ја загрижело јавноста и вас. За слободно мислење никој во ДУИ не платил харач и никој нема да плати харач.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера побара отчет за работата од министрите и од пратениците по обвинувањата од Џевад Адеми дека нивните владини функционери повеќе се заинтересирани за тендери отколку за партијата. Адеми како најпроблематични ги посочи министрите за локална самоуправа и за здравство, Муса Џафери и Бујар Османи, и ги обвини дека „се богатат со рекет и тоа на грбот на пратениците“.
Можен е раскол во ДУИ откако пратеникот Џевад Адеми завчера јавно обвини дека во партијата има рекетари и бандити. Извори од ДУИ неофицијално тврдат дека раководството на партијата ја разгледува можноста да го исклучи Адеми од партијата, но нагласуваат дека се мали шансите да се реши за таков чекор, оти тоа можело да доведе до нови внатрепартиски конфликти.
ДУИ демонстрира единство. Министрите на гости кај пратениците. По вчерашните обвинувања дека нема соработка меѓу функционерите, денеска во пратеничката група на ДУИ официјално заедно ги разгледувале законите кои треба допрва да се донесат во собранието.
Ахмети побарал време за размислување по жестоките обвинувања на Адеми дека во ДУИ има и лично профитерство и партиски рекет. Не си одам од партијата, туку им отворам војна на бандитите и рекетарите од ДУИ, ни изјави вчера пратеникот Џеват Адеми, по неофицијалните информации дека тој ќе ја напушти партијата и ќе дејствува како независен пратеник.
Потпретседателот на ДУИ Теута Арифи и покрај ставот на пратеникот Џеват Адеми дека не е задоволен од досегашната работа на министрите и високите партиски функционери, вели дека тие добро си ја вршат работата. “Сметам дека сите функционери на ДУИ се одговорни пред институциите и пред партијата и сметам дека ќе се однесуваат со висока одговорност и кон партијата која ги назначи на овие ...
Ден по излегувањето на површина на несогласувањата во ДУИ и тврдењата на Џевад Адеми дека има проблеми во комуникацијата меѓу пратеници и министри, Ахмети ги седна на маса функционерите за да се обидат да ги надминат недоразбирањата. Партијата и по состанокот уверува дека криза во ДУИ нема. На состанокот не присуствуваше Џевад Адеми. Тој денеска одби да коментира.
Состанокот меѓу пратениците и министрите од ДУИ, што попладнево се одржа во просториите на пратеничката група, бил редовна координација за законските проекти. Ова е објаснувањето за јавноста на пратениците од оваа партија, кои не признаваат дека министрите биле итно повикани на разговор по вчерашните обвинувања на пратеникот Џевад Адеми, дека се повеќе заинтересирани за тендери отколку за ...
Ќе се бара одговорност од пратеникот Џеват Адеми, а не се исклучува дел од Централното претседателство да побара да биде исклучен од ДУИ поради обвинувањата дека „некои скопски министри рекетирале сопартијци“, велат негови сопартијци. Адеми вчера одби да ги коментира таквите најави, бидејќи бил во Приштина и рече дека „денеска се' ќе биде појасно“.
Во ДУИ повторно несогласувања. „Некој многу посакува да си одам, но јас нема да исполнувам нечии желби“, вака вчера Џеват Адеми ги демантираше информациите дека ја напушта матичната ДУИ и заминува во новата партија на Имер Селмани. Во обид да ја смири заострената ситуација, вчера излезе и портпаролката на интегративците, Ермира Мехмети, која рече дека во партијата немало криза, ниту ...
Пратениците на ДУИ заедно со министрите од оваа партија моментално се на итно свикан состанок во канцелариите на пратеничката група во Собранието на кој лидерот Али Ахмети ќе побара оттчет за работата не неговите претставници во извршната власт, но и за состојбата во партијата.
Министерот за здравство Бујар Османи кој беше споменуван како еден од "скопските" министри од кои Адеми не е задоволен, вчера за ВЕЧЕР потврди дека постоеле несогласувања на релација пратеници-министри, но смета дека тие се надминати. Теута Арифи, пак, вели дека постои поделеност на идеи. Кулминира поделеноста во ДУИ.
Високи партиски функционери на ДУИ во меѓусебна пресметка за градоначалнички позиции. Екс министри и пратеници, но и актуелни партиски кадровици се местат за градоначалници во Западна Македонија. Неофицијално, Азис Положани сака да стане прв човек на Струга, на местото на Мерку. Апетитите и на останатите не биле мали.
Џеват Адеми член на претседателството и пратеник на ДУИ е незадоволен од досегашната работа на некои министри од неговата партија како и околу процесирањето на хашките случаи. Недоразбирањата се појавиле на последната седница на врвот на партијата. Во телефонски разговор Адеми ни потврди дека е незадоволен од некои состојби.
Бранувања во владејачката ДУИ – Џевад Адеми и група околу него како што се тврди бараат од Ахмети дисциплинирање на некои нивни министри, дури и нивна смена – во спротивно се закануваат дека јавно ќе проговорат за состојбите во партијата, а има и најави за можни заминувања.
Џеват Адеми ќе ја напушти ДУИ и во прво време ќе дејствува како независен пратеник, дознаваме неофицијално. Во Собранието вчера се шпекулираше за неговото заминување од ДУИ, но тој беше недостапен за да потврди, иако претпладнето на новинарите им најави дека ќе соопштел „нешто многу интересно“.
Продолжението на собраниската седница, денеска беше одложено за еден час, поради координација на пратениците на ДПА, по гласините дека некои членови на ДУИ сакаат да преминат во други партии. Ермира Мехмети од ДУИ, рече дека најавите дека пратеникот Џеват Адеми сака да ја напушти партијата се обични шпекулации. “Никој од ДУИ нема да си оди.
,,Немам намера да си одам од ДУИ, иако некои посакуваат да заминам, напротив сакам да останам за да ги поправам работите,, изјави за Сител потпретседателот на ДУИ Џевад Адеми. Тој рече оти во партијата има проблеми, а за тоа го информирал и лидерот Ахмети.
На средба со лидерот на партијата Али Ахмети, Адеми отворено ги кажал забелешките за "скопските" министри. Неофицијално Ахмети го пишманил во одлуката да ја напушти партијата со образложение да има трпение одреден период додека работите не се стабилизираат. Ќе жртвува ли Али Ахмети некој од петтемина министри од ДУИ во Владата за да ги задоволи барањата на Џеват Адеми и да го задржи во партијата ...
Џеват Адеми ја напушта ДУИ. Пратеникот Џеват Адеми веројатно ја напушти ДУИ и ќе премине во Нова демократија на Имер Селмани, неофицијално дознава ВЕЧЕР. Како што дознаваме несогласувањата на Адеми со лидерот на партијата Али Ахмети траат уште од формирањето на Владата.