TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опозицијата дискутираше „Демократија, диктатура или демократура”

Кирилица - 27.07.2008

Опозиција го отфрли вчерашниот јавен повик на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски и реши да не присуствува на изборот на новата влада, туку да организира трибина со работен наслов „Демократија, диктатура или демократура”.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став за избор на претседателот на државата во собранието

Канал5 - 27.07.2008

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат став дали претседателот на државата треба да се избира во собранието наместо на непосредни избори зашто не расправале за оваа можност. Идејата јавно ја поддржа лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во собранието додека траеше изборот на новата влада.

Македонското Собрание избира нова Влада

А1 - 26.07.2008

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница со единствена точка на дневен ред избор на Влада, која ќе се одвива според новиот собраниски Деловник.

Патот за ЕУ не е толку десно

Време - 26.07.2008

Наместо да се посвети на донесување реформски закони, што се потребни за интеграцијата на Македонија во Европската унија, парламентарното мнозинство експресно усвојува конзервативни, крајно десничарски закони кои немаат врска ниту со реформи, ниту со Европа, едногласни се повеќето македонски ...

Новата влада ќе се избира без опозиција

Време - 26.07.2008

Опозицијата нема да учествува на пленарната седница за избор на новата влада. Пратениците од коалицијата „Сонце“ ќе бидат во Собранието и на работните места, но ќе имаат свои активности и ќе ја игнорираат.

Спикерот Вељановски ја повика опозицијата да се врати

Вест - 26.07.2008

Спикерот на Собранието Трајко Вељановски вчера ја повика опозицијата да го смени ставот и да дојде на седницата в сабота кога треба да се избере новата Влада.

Опозицијата со паралелен парламент ќе го бојкотира изборот на владата

Утрински - 26.07.2008

Претседателот на Собранието Велјановски преку медиумите ја повика опозицијата да се врати во парламентот Светлана Унковска Денешната собраниска седница на која треба да се избере новата влада и дефинитивно ќе измине без присуство на опозицијата.

Парламентот ја изгласа новата Влада

Утрински - 26.07.2008

На седницата без присуство на опозицијата едногласно беше изгласан составот на новата извршна власт 22:30, 26.07.08 Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на осмата седница со 77 гласа „за“ и нуту еден против и воздржан ја избра новата Влада.

МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ИЗБИРА НОВА ВЛАДА

Сител - 26.07.2008

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница со единствена точка на дневен ред избор на влада, која ќе се одвива според новиот собраниски Деловник.

Опозицијата не дојде на координацијата кај претседателот на Собранието

Кирилица - 26.07.2008

Координаторите на пратеничките групи од опозициските партии денеска не присуствуваа на координативниот состанок закажан од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски , пред попладневната седница за избор на нова влада.

Македонското Собрание избира нова влада

Канал5 - 26.07.2008

Скопје, 26 јули (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница со единствена точка на дневен ред избор на влада, која ќе се одвива според новиот собраниски Деловник.

Опозицијата обвинува дека власта спроведува диктатура, бркајќи ги нив од парламентот

Канал5 - 26.07.2008

Опозицијата не го напушти македонскиот парламентот туку само пленарните седници, зашто не сакаше да биде декор на место каде што не се носат закони по процедура, туку се шверцуваат.

Во тек е изборот на новата Влада ...

Кирилица - 26.07.2008

Собранието на Република Македонија ја почна осмата седница на која единствена точка на дневен ред е избор на влада. На почетокот мандатарот за состав на новата влада Никола Груевски , во своето експозе, подвлече дека пред две години на истата оваа говорница порачал оти патот до подобриот живот и до ...

Собранието избира нова Влада

Нетпрес - 26.07.2008

Собранието на Република Македонија на денешната седница според новиот осбрансики Деловник ќе расправа за избор на новата Влада.

Опозицијата не дојде на координативниот состанок со претседателот на Собранието

Нетпрес - 26.07.2008

Опозицијата не дојде на координативниот состанок со претседателот на Собранието Опозицијата денеска ја исполни својата вчерашна најава и не присуствуваше на координативниот состанок со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Започна седницата за избор на новата влада

Макфакс - 26.07.2008

Започна седницата на македонското Собрание на која единствена точка на дневниот ред е избор на новата влада. Мандаторот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе ја претстави програмата за работа на новата македонска влада, што ја договори со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и нејзините ...

Велјановски ги повикува СДСМ на утрешната седница

А1 - 25.07.2008

Претседателот на Собранието, Велјановски ја повикува опозицијата утре да присуствува на седницата за избор на Владата. Спикерот посочува дека изборот на нова Влада во секоја држава, во која се почитуваат принципите на парламентаризмот не е само свечен чин, туку пред, се демократски принцип.

Критиките од ЕУ не допреа до ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 25.07.2008

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека забелешките од ЕУ се упатени до опозицијата, а не до нив Светлана Унковска Острите забелешки упатени од мисијата на Европската унија во нашава земја за начинот на усвојувањето на Деловникот во отсуство на опозицијата и сугестиите до сите политички партии да ги надминат ...

Претседателот без пратениците од СДСМ на изборот на новата влада

Н.Македонија - 25.07.2008

Бранко Црвенковски, претседателот на државата, ќе присуствува на утрешниот избор во Собранието на новата влада, но во собраниската сала најверојатно нема да се појават ниту пратениците од СДСМ ниту, пак, ...

Власта сама ќе избира - влада

Дневник - 25.07.2008

Во Собранието денеска попладне ќе биде избрана новата, шеста Влада на Македонија. Опозицијата ќе го бојкотира изборот, иако претседателот на Собранието се обидува да ги убеди СДСМ, ЛДП, НСДП и ДПА да се вратат во законодавниот дом.

Владата утре ќе се избира по новиот деловник

Кирилица - 25.07.2008

Утрешната собраниска седница со единствена точка на дневен ред Избор на Влада, ќе се одвива според новиот собраниски деловник. Расправата, како што најавуваат дел од пратениците веројатно ќе трае два дена.

ДПА НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВАТА ВЛАДА

Сител - 25.07.2008

ДПА НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВАТА ВЛАДА ДПА нема да присуствува на утрешната собраниска седница за избор на новата влада, изјави денеска во Тетово лидерот на партијата Мендух Тачи. - Се знаат нашите ставови. Нема да присуствуваме на работата на Собранието, рече Тачи.

Спикерот Вељаноски ја повика опозицијата да присуствува на седницата за избор на новата Влада

Кирилица - 25.07.2008

Изборот на нова Влада не е само свечен чин туку демократски принцип преку кој таа се претставува пред Законодавниот дом и од него добива легитимитет, стои во пораката од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски до опозицијата, во која ја повикува да присуствува на седницата закажана за утре ...

Денеска се гласа за новата Влада

Вечер Прес - 25.07.2008

Мандатарот Никола Груевски предлогот за избор на новата Влада, заедно со програмата за работа на неговиот кабинет го достави на 12 јули.

ЕУ – собраниски деловник со консензус и враќање на опозицијата

Макфакс - 25.07.2008

Европската унија (ЕУ) и сугерираше денеска на власта во Македонија да усвои собраниски деловник со консензус, а на опозицијата да се врати во парламентот..

Власта го одби барањето на опозицијата

Макфакс - 25.07.2008

Владеачката ВМРО – ДПМНЕ најави денеска дека нема да прифати донесување нов собраниски деловник, што опозицијата го постави како еден од условите да се врати во парламентот.

Вељановски ја повика опозицијата да се врати во парламентот

Макфакс - 25.07.2008

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ја повикува опозицијата, која најави бојкот на собраниските седници, да присуствува на утрешната седница за избор на новата македонска Влада.

ВМРО-ДПМНЕ ги одби барањата на опозицијата

А1 - 24.07.2008

ВМРО-ДПМНЕ ги одби барањата на опозицијата, биле противзаконски и противуставни, плус упатени на погрешна адреса. За власта местото на партиите е во Парламентот, а не на улица. Со ова најверојатно пропаѓа и последната шанса опозицијата да се врати во Собранието.

ЕУ бара усвојување на Деловник со консензус

А1 - 24.07.2008

Европската унија и сугерираше денеска на власта во Македонија да усвои собраниски Деловник со консензус, а на опозицијата да се врати во Парламентот.

СДСМ бара писмени гаранции за да го прекине бојкотот

А1 - 24.07.2008

И опозицијата испорача барања до Груевски, кој бара да бидат исполнети за да се вратат во собраниските клупи. Во писмениот договор три точки би биле приоритет. Прва, систем со кој во Собранието ќе биде почитувано мислењето на опозицијата.

Прво гласај, па ќе прочиташ!

Време - 24.07.2008

Пратениците од редовите на владејачкото мнозинство, иако експресно и во еден глас, креваат рака за законите кои се на дневен ред на собраниските седници, не ја познаваат нивната содржина, покажа телефонската анкета што ја спроведе редакција на „Време“.

Носиме закони за мерак!

Време - 24.07.2008

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да го потпише договорот што го бара СДСМ за да го прекине бојкотот на парламентот. Во тој договор двете страни би се обврзале да се утврди систем со кој би се почитувало поинакво мислење во парламентот и пресумпцијата на невиност.

Власта не прифаќа разговори за нов деловник

Вест - 24.07.2008

Власта не го прифаќа барањето на Коалицијата "Сонце" да се донесе нов деловник во кој ќе бидат вградени забелешките на опозицијата како услов за враќање во Парламентот. Пратеникот Илија Димовски вели дека не може да се спори донесениот нов Деловник.

Експресно донесените закони пред Уставниот суд

Вест - 24.07.2008

Опозицијата вчера реагираше на начинот како власта ги носи законите во Собрание. За нив е неприфатливо што тие се носат по итна постапка иако за нив немаат расправано собраниските комисии. Според нивни проценки, со денешната и утрешната седница, Собранието донело 100 закони.

Итните закони експресно на Уставен суд

Утрински - 24.07.2008

Меѓународните претставници во нашава земја сугерираат власта и опозицијата да најдат заеднички јазик Светлана Унковска Стотината експресно донесени закони заедно со оние од вчерашната седница на Собранието, кои владејачките партии ги изгласаа, ќе бидат оспорени пред Уставниот суд.

Црвенковски ќе присуствува на изборот на Владата

Утрински - 24.07.2008

Шефот на државата Бранко Црвенковски ќе присуствува на седницата за избор на новата влада, што е закажана за в сабота, потврдија од Кабинетот на претседателот.

Власта ги одби барањата на опозицијата

Дневник - 24.07.2008

Власта ги одби барањата на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ вчера експресно го одби барањето на опозицијата за писмен договор со власта како услов таа да се врати во Собранието.

ЕУ и САД: Деловникот да се донесе со консензус на власта и на опозицијата

Н.Македонија - 24.07.2008

Донесувањето на новиот деловник за работа на Собранието во отсуство на опозицијата наиде на реакции од дипломатите и од европските институции, кои оценуваат дека тоа е многу штетно за развојот на демократијата.

Власта прифаќа амандмани за Деловникот

Дневник - 24.07.2008

Власта прифаќа амандмани за Деловникот Нема потреба од договор со опозицијата, туку треба да се вратат во Собранието и да предложат измени на новиот деловник, порачаа вчера од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, сугестијата од ЕУ дека за деловникот е неопходен консензус не е упатена до мнозинството.

ЕУ ги повикува политичките партии на дијалог во Собранието

Кирилица - 24.07.2008

Мисијата на ЕУ сака да повтори дека еден од критериумите гласи: промовирање на конструктивен и сеопфатен дијалог, особено во области кои бараат консензус од сите политички партии, во рамките на демократските институции.

Експресното усвојување на законите во Парламентот продолжи и денеска

Канал5 - 24.07.2008

Половина од предвидените четириесетина закони за донесување на денешната седница беа изгласани до попладнево. Без присуство на опозицијата и речиси без расправа експресно се носат закони, за кои од владејачката коалиција тврдат дека се заостанати уште од почетокот на 2007.

ВМРО одби договор со СДСМ

BBC - 23.07.2008

По вчерашниот предлог на опозицијата за потпишување на „јулски договор" со власта, како услов за нивно враќање во Собранието, денеска владејачката ВМРО – ДПМНЕ го отфрли тој предлог. Со ова се уништија и најмалите шанси опозицијата да се врати за саботното гласање на новата влада.

СДСМ останува на улица

Време - 23.07.2008

Социјалдемократскиот сојуз нема да учествува во работата на Собранието на неопределено време и нема да присуствува на седницата в сабота кога ќе се гласа новата влада, одлучи завчера Извршниот одбор на партијата на седницата која се одржа во Струмица.

Опозицијата бара нов деловник

Вест - 23.07.2008

Опозицијата не се враќа во Собранието без договор со власта. Иницијативата е покрената од пратеникот на Либералната партија Стојан Андов, која е поддржана и од останатите партии на Коалицијата "Сонце".

Власта сака да владее без опозиција, тврди СДСМ

Утрински - 23.07.2008

Во понеделникот вечерта СДСМ одржа седница на Извршен одбор во хотелот „Сириус“ во Струмица како знак на најдиректна поддршка на својот сопартиец Зоран Заев Власта не покажува дека има намера да го смени политичкиот амбиент во државата, вели Макрадули Билјана Јовановска Опозиционите партии од ...

ДУИ тешко се снаоѓа во власта со ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 23.07.2008

Од ДУИ тврдат дека во нивните редови постои единството кое ќе го искажат со гласањето на новиот владин кабинет Светлана Унковска Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве имал средби и разговори со претставниците на меѓународниот фактор во земјава за да направи се' што е можно за поскорешно враќање на ...

ВМРО-ДПМНЕ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ОПОЗИЦИЈАТА

Телма - 23.07.2008

Во врска со реакцијата на опозицијата за спектакуларни апсење на нејзини членови, Димовски наведе дека власта не е компетентна да коментира случаи кои се во исклучива надлежност на судството и обвинителството.

Опозицијата бара „септемвриски“ договор за да се врати во Собранието

Н.Македонија - 23.07.2008

Писмени гаранции потпишани од ВМРО-ДПМНЕ побара вчера опозицијата, како услов да го прекине бојкотот на Собранието. Идејата е на либералот Стојан Андов кој предложи опозициските партии да подготват документ со барања, да и ги достават на власта и да бараат потпис како гаранција дека ќе ги исполни ...

СДСМ, НСДП И ЛДП НЕМА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА В САБОТА

Сител - 23.07.2008

ВМРО - ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПОЧИТУВА ОДЛУКА НА ОПОЗИЦИЈАТА СДСМ, НСДП И ЛДП НЕМА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА В САБОТА Улогата и задачата на пратениците е во Собранието на Република Македонија, тоа е местото каде демократијата најмногу се остварува.

ВМРО ДПМНЕ го одби барањето на опозицијата да го вратат деловникот во процедура

Канал5 - 23.07.2008

Владејачкото мнозинство одби да го преиспита донесувањето на деловникот, што опозицијата го постави како услов да се врати во Парламентот. Нема гаранции ниту за пресумпцијата на невиност зашто тоа не било во надлежност на ВМРО ДПМНЕ.

Мисијата на ЕУ во РМ ги повикува политичките партии на дијалог во Парламентот

Канал5 - 23.07.2008

Мисијата на Европската унија ги повикува политичките партии на дијалог во Собранието и го критикува начинот на усвојување на деловникот, без опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува одлуката на СДСМ, НСДП и ЛДП да не се враќаат во Собранието

Кирилица - 23.07.2008

Улогата и задачата на пратениците е во Собранието на Република Македонија, тоа е местото каде демократијата најмногу се остварува. Немаме намера да дозволиме повторна блокада во Собранието.

Нема писмен договор за враќање на опозицијата

Вечер Прес - 23.07.2008

Владеачкото мнозинство вчера одби договор за барањата кои опозицијата ги постави како услов за да се врати во Собранието.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Власта сака да владее без опозиција, тврди СДСМ

Нетпрес - 23.07.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Власта сака да владее без опозиција, тврди СДСМ Опозиционите партии од македонскиот политички блок немаат писмени барања со кои ќе го условат враќањето во Собранието, но јасно укажуваат дека главни приоритети во Македонија во вистинска смисла на зборот се да профункционира правната ...

Извршниот одбор решава за бојкотот

Време - 22.07.2008

Опозицискиот СДСМ синоќа требаше да донесе одлука дали нивната пратеничка група ќе се врати во Собранието или ќе го продолжи бојкотот на пленарните и на комисиските седници.

СДСМ решава за бојкотот на Собранието

Вест - 22.07.2008

Извршниот одбор на СДСМ вчера требаше да се состане во Струмица за да одлучи за бојкотот на Собранието. Раководството на партијата треба да реши дали опозициските пратеници ќе учествува на седницата за избор на новата влада, која е закажана за 29 јули.

И новата влада ќе биде изгласана без опозицијата?

Утрински - 22.07.2008

По Деловникот, голема веројатност владејачките партии сами да си ја изгласаат и новата влада Светлана Унковска Парламентарното мнозинство, најверојатно в сабота, за кога е закажана седницата на Собранието за изгласување на новата Влада, повторно ќе остане без гласовите на опозицијата.

Девалвирање на парламентот - закон за 35 секунди!

Утрински - 22.07.2008

Владата не може да предложи толку закони колку што може да усвои Собранието Билјана Јовановска Сакавте брзо и ефикасно Собрание - е, па, го добивте! Законот уште не' ни „легнал“ на собраниските клупи, а веќе е усвоен. На ред стасал друг.

Опозицијата ќе го бојкотира и изборот на владата

Дневник - 22.07.2008

Се' поизвесно е дека в сабота првпат на Македонија може да и' се случи да биде избрана влада без присуство на опозицијата. Во најголемите опозициски партии СДСМ и ДПА велат дека е речиси сигурно оти ќе ја бојкотираат седницата на која треба да биде избрана новата влада.

СДСМ во Струмица одлучуваше

Н.Македонија - 22.07.2008

СДСМ за синоќа свика седница на највисокото партиско тело - Извршниот одбор, на која требаше да одлучи дали ќе се врати во Собранието откако минатата недела објави бојкот поради апсењето на Зоран Заев, градоначалник на Струмица и потпретседател на СДСМ.

ДУИ не застана зад својата потпретседателка Теута Арифи

Н.Македонија - 22.07.2008

Ставот на Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ, дека премиерот Никола Груевски го злоупотребува парламентарното мнозинство за ги понижи Албанците и ДУИ, не е партиски туку нејзин личен, изјави вчера Тахир Хами, координатор на пратеничката група на ДУИ.

„Сонце“ само со договор се враќа во Собрание

Дневник - 22.07.2008

Социјалдемократите ќе бидат на кафе-муабет надвор од Собранието се' додека не постигнат цврст договор со власта Коалицијата „Сонце“ ќе бара писмен договор со власта како услов да се врати во Собранието,откако реши да го бојкотира законодавниот дом, како и по одлуката дека да нема да присуствува на ...

СДСМ нема да присуствува на изборот на владата в сабота

Канал5 - 22.07.2008

СДСМ нема да присуствува на изборот на владата в сабота. Опозицијата за да го прекине бојкотот на Парламентот бара писмен договор со власта – ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Груевски да се обврзат дека нема да спроведуваат спектакуларни апсења и дека ќе ја почитуваат пресумпцијата на невиност.

СДСМ бара писмена гаранција за да се врати во Собранието

Вечер Прес - 22.07.2008

Социјалдемократите бараат во Собранието повторно да се расправа за деловникот и тој да биде донесен со консензус со опозицијата.

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Девалвирање на парламентот - закон за 35 секунди!

Нетпрес - 22.07.2008

УТРИНСКИ ВЕСНИК: Девалвирање на парламентот - закон за 35 секунди! Сакавте брзо и ефикасно Собрание - е, па, го добивте! Законот уште не' ни „легнал“ на собраниските клупи, а веќе е усвоен. На ред стасал друг.

СДСМ одлучува за собранискиот бојкот

А1 - 21.07.2008

Опозициониот СДСМ денеска треба да донесе одлука дали пратеничката група на партијата ќе се врати во Собранието или ќе продолжи со бојкотот на пленарните и комисиските седници.

Стапува на сила новиот собраниски Деловник

А1 - 21.07.2008

Новиот Деловник на Собранието на Република Македонија, што беше донесен минатата недела, денеска стапува на сила. Деловникот, кој е резултат на повеќегодишно работење на домашни и странски експерти, твининг-програми, како и активно учество на домашни и меѓународни невладини организации, НДИ, Вилтон ...

Донесен нов собраниски Деловник

А1 - 21.07.2008

Во отсуство на опозицијата, владејачкото мнозинство воведе нови правила за функционирање на Собранието. По итна постапка, со 71 глас „за“ и ниту еден „против“ донесе нов собраниски деловник.

Деловникот го подели раководството на ДУИ

А1 - 21.07.2008

Разногласие или раскол во ДУИ. Потпретседателот на партија Теута Арифи во колумна остро реагираше за носењето на новиот собраниски Деловник. Јавно го праша Груевски зошто го донесе Деловникот на, како што вели, шверцерски начин без опозицијата.

Критики за „експресното“ Собрание

BBC - 21.07.2008

Отсуството на опозицијата од македонскиот парламент, собраниското мнозинство деновиве го искористи за носење на неколку закони по итна постапка.

СТАПУВА НА СИЛА НОВИОТ СОБРАНИСКИ ДЕЛОВНИК

Сител - 21.07.2008

Новиот Деловник на Собранието на Република Македонија, што беше донесен минатата недела, денеска стапува на сила. Деловникот, кој е резултат на повеќегодишно работење на домашни и странски експерти, твининг-програми, како и активно учество на домашни и меѓународни невладини организации, НДИ, Вилтон ...

Стапува на сила новиот собраниски Деловник

Канал5 - 21.07.2008

Скопје, 21 јули (МИА) -  Новиот Деловник на Собранието на Република Македонија, што беше донесен минатата недела, денеска стапува на сила.

Арифи: Со новиот собраниски деловник Груевски сака да ја понижи ДУИ

Канал5 - 21.07.2008

На шест дена до изборот на владата на Груевски и Ахмети збунувачки критики од висок функционер на ДУИ на сметка на мандатарот и неговата ВМРО ДПМНЕ – потпретседателката на ДУИ Теута Арифи во денешна колумна констатира дека ВМРО ДПМНЕ пред изборот на владата в сабота се обидува да ја понижи ДУИ.

Вељановски: Со новиот деловник ќе се зајакне самостојноста и ефикасноста на Собранието

Канал5 - 21.07.2008

По реакциите од партиите за начинот на кој беше донесен деловникот, со писмена реакција се огласи спикерот Трајко Вељановски.

Новиот собраниски Деловник стапува на сила

Кирилица - 21.07.2008

Новиот Деловник налага и јакнење на капацитетот на стручните служби на Собранието кои се во функција на сервисирање на работата на пратениците, односно во процесот на донесувањето на законите.

Власта нуди потпретседател, опозицијата се мисли дали да се врати

Вечер Прес - 21.07.2008

Власта нуди потпретседател, опозицијата се мисли дали да се врати Потпретседателката на ДУИ во колумна во дневниот весник "Дневник" оценува дека новиот собраниски деловник бил вметнат на дневниот ред како шверцувана стока на црн пазар Опозициската СДСМ вчера во Струмица на седница на Извршниот ...

Неизвесно е дали македонскиот парламент ќе продолжи да работи без опозиција

Нетпрес - 21.07.2008

Неизвесно е дали македонскиот парламент ќе продолжи да работи без опозиција СДСМ вечерва, на Извршен одбор ќе одлучува дали да се врати во Собранието, откако го напушти минатата недела поради приведувањето на нејзиниот потпретседател Зоран Заев, велат неофицијални извори од партијата.

СДСМ одлучува за собранискиот бојкот

Макфакс - 21.07.2008

Опозициониот СДСМ денеска треба да донесе одлука дали пратеничката група на партијата ќе се врати во Собранието или ќе продолжи со бојкотот на пленарните и комисиските седници.

Стапува во сила новиот собраниски Деловник

Макфакс - 21.07.2008

Новиот Деловник, што Собранието на Република Македонија го изгласа минатата недела, од денеска стапува на сила. Како што информираат од кабинетот на претседателот на Собранието, основна цел на новиот Деловник е јакнење на самостојноста и ефиксноста на Собранието во однос на донесувањето на законите.