До крајот на месецов, ВМРО ДПМНЕ ќе предложи ребаланс на буџетот по протестите на тутунарите изминативе денови. Во партијата на Груевски велат дека ќе побараат да се намали ддв од 18 на 5 отсто за репрометеријалите во земјоделството, да се зголемат субвенциите и закупнината на земјиштето да се ...
Откако им отидоа тутунарите во Скопје, се растрчаа денеска инспекторите по откупните пунктови, заедно, и од земјоделскиот и од пазаришниот инспекторат. Почнаа од „Струмица табак“. Според првиот човек на инспекторатот за земјоделство и во изминатиот период инспекторите биле на терен, но сега, ова е ...
Поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците ВМРО-ДПМНЕ вчера ги поддржа барањата на земјоделците од Прилепско и од Струмичко и побара од Владата да најде начин да го стимулира производството на тутунот и да им даде на земјоделците парична стимулација од најмалку 80 денари за килограм тутун.
ПРОТЕСТИТЕ НА ТУТУНАРИТЕ ДАДОА КОНКРЕТЕН РЕЗУЛТАТ Велика Атанасова Под притисок на двонеделните протести, кои кулминираа вчера со собир на неколку илјади тутунари пред Владата, кабинетот на премиерот Владо Бучковски, по неколкучасовни разговори со нивни претставници, ги прифати повеќето од барањата ...
МАСОВЕН ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА Политичкото влијание го подгреа револтот на 2.000 тутунари од повеќе градови во земјава, кои вчера се собраа пред Владата, на еден од најмасовните протести во изминатите неколку години. На протестот, кој почна точно на пладне, тутунарите прво го изразија своето ...
Врв на протестите на производителите на тутун незадоволни од откупната цена на нивниот производ Трите денари од секоја продадена кутија цигари ќе бидат наменети целосно за тутунопроизводителите, се договорија вчера претставниците на тутунарите и премиерот Владо Бучковски по речиси целодневните ...
ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ИЗМАНИПУЛИРАНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД ВЛАДАТА Тројцата лидери на политички партии Велија Рамковски, Марјан Ѓорчев и Аднан Кахил речиси и ќе се испотепаа кој да ја води масата од над 1.500 производители на тутун кои со своите малолетни деца од Битола, Прилеп и Струмица допатуваа во ...
ВМРО-НП ја критикува власта ВМРО-Народна партија вчера ја критикуваше Владата дека покрај зголемувањето на давачките и цената на цигарите не донела и одлука за стимулација на тутунопроизводителите.“Таквата одлука се применуваше до 2003 година.
"Пристојна цена, а не мајтап", "скапи цигари, профитот за кого", "бараме пари заработени со мотика" беа само дел од паролите што можеа да се видат на протестот на илјада тутунопроизводители од повеќе региони од земјава, кои своето незадоволство од откупот на минатогодишната реколта го изразија ...
Масовни протести пред Владата и паралелни преговори во Владата. Тутунарите од Радовиш, Струмица, Прилеп, Битола и Крушево, веќе се на три-часовна средба со мини премиерскиот кабинет. Како никогаш до сега, под притисок на тутунарите дојде до голема средба на 30-ина претставници на тутунарите со ...
Одговор за клучното барање на тутунарите за премија од 60 денари ни по преговорите нема. Бучковски на тутунарите само им вети засилени инспекции по монополите за реална проценка на тутунот. И нова средба следната недела. Ова ветување дојде по масовните протести во Скопје кој почна напладне со ...
Околу 30 автобуси со тутунопроизводители од Прилеп, Долнени и Кривогаштани утрово заминаа за Скопје. Тие пред владата уште еднаш ќе побараат повисока откупна цена и субвенција од 30 денари за килограм тутун. Според Пецо Димоски, организатор на овој протест, автобусите не биле доволни да го соберат ...
Започна протестот на тутунарите пред владата. Илјадници тутунари во огромни колони пристигнаа утрово во Скопје. Само мал дел од тутунарите се на блокадите на патиштата, а најголемиот дел, организирано, со автобуси, дојдоа во Скопје, да го искажат својот револт од игнорантскиот однос на владата кон ...
ТУТУНСКИ КОМБИНАТ Откупот на тутунот во Прилеп е можно да почне в понеделник, изјави вчера Бучковски најавувајќи и други мерки за средување на состојбите во прилепскиот тутунски комбинат. - Не зависи од Владата, но не е исклучено да има промени на првиот човек на Тутунскиот комбинат од Прилеп.
ПРИЛЕП - Идната недела прилепскиот Тутунски комбинат ќе ги отвори вратите за откуп за приближно 3.000 тони тутун од ланската реколта. Финансиската конструкција од околу 5 милиони евра за исплата на реколтата е заокружена, информира Бранко Арсовски, извршен директор за финансии, истакнувајќи дека ...
ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Тутунопроизводителите од Прилеп и од струмичко-радовишкиот регион денеска ќе протестираат пред владината зграда во Скопје поради ниските откупни цени на тутунот. - Принудени сме на ваков потег бидејќи од премиерот и од министрите за финансии и за земјоделство не добивме позитивен ...
По повеќедневните блокади на патиштата низ земјава, кулминира револтот Александрија Стевковска За денеска во 12 часот е закажан протестот на тутунарите пред Владата. Сојузот на земјоделци, кој е организатор на протестот, очекува масовен одѕив на земјоделците, поради, како што велат, игнорантскиот ...
ПРОТЕСТИТЕ СЕ СЕЛАТ ВО СКОПЈЕ Прилепските тутунари денеска ќе протестираат пред Владата. Тие утрово во 8 часот со 30 автобуси ќе тргнат кон Скопје за да го искажат својот револт поради ниските откупни цени на тутунот и поради незаинтересираноста на Владата да се вклучи во решавање на нивните ...
Гореше македонскиот тутун пред владините врати. Откуп се уште нема, тутунарите не го даваат за помалку од 150 денари. Сакаат и помал рок за негова исплата. Гореше македонскиот тутун пред владините врати. Откуп се уште нема, тутунарите не го даваат за помалку од 150 денари.
Скопје Гаранција за откуп на годинешната реколта во Прилеп, инспекции при откупот на тутунот, како и „можни“ повисоки цени, се ветувањата што ги добија тутунопроизводителите од страна на премиерот Владо Бучковски по денешниот масовен протест пред Владата во Скопје, јавува репортерот на Макфакс.
Скопје Производители на тутун од Прилеп, Кавадарци, Росоман и од други општини во Македонија денеска во Скопје го започнаа најавениот протест пред Владата. Повеќе стотици учесници на протестот пред зградата на владата во знак на протест запалија бали со тутун.
Скопје Неколку стотини тутунари, не само од Прилеп, туку и од Кавадарци, Росоман и од други општини во Македонија денеска го започнаа протестот пред Владата. Бараат исплата на тутунот, додавајќи дека ако ова не помогне ќе ги блокираат и граничните премини и возовите.
Скопје Тутунарите од повеќе краишта во Македонија, кои незадоволни од откупната цена со денови ги блокираат патиштата, одбија денеска да се сретнат со премиерот Владо Бучковски, најавувајќи за напладне масовни протести пред Владата.
Скопје Премиерот на Македонија Владо Бучковски денеска ќе престојува во Прилеп за да се запознае со текот на откупот на тутунот. Бучковски, како што е соопштено, ќе ги посети пунктовите за откуп на тутун во прилепските села Мажучиште, Пешталево, Црнилиште, Лажани и Житоше, а ќе разговара и со ...
64-годишниот тутунопроизводител Крсто Василев од селото Сушица, врз чии плеќи натежнала со години собраната земјоделска мака, две недели е на блокадата кај Ново Село, а од пред два дена и ноќите ги минува таму. „Многу студено е, ќе изумреме тука.
ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Ако до денеска, до пладне, прилепските тутунари не добијат одговор од Владата за барањата за откупна цена од 150 денари и премија од 30 денари за килограм, можно е утре да го блокираат Скопје. Струмичките тутунопроизводители чекаат повик од претседателот на Сојузот на ...
БЛОКАДИТЕ ОКОЛУ ПРИЛЕП НЕ ПОПУШТААТ Ако до денес до 15 часот владата не им ги исполни барањата на прилепските производители на тутун, тие в петок ќе го блокираат Собарнието на Македонија Прилепските тутунари вчера се заканија дека в петок ќе го блокираат Собранието на Македонија ако власта денес ...
НА ПЛЕТВАР Младоженецот Сашко Колев од Неготино во неделата играл оро за да ги одоброволи тутунарите што го блокираа Плетвар за да ги пуштат сватовите да стигнат навреме кај невестата во Прилеп. Кога сватовите стигнале на блокадата, тутунарите им рекле дека не веруваат оти ќе одат по невеста, а тие ...
АКЦИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Земјоделците, тутунарите и тие што работат во странство ќе се бришат од списокот со невработени, најавуваат од Агенцијата за вработување. Таму велат дека според законот, во случај на невработеност, земјоделците, тутунарите, но и сите други што заработуваат од ...
Селаните од раводишкото село тврдат дека власта сака да им се реваншира Од радовишката ,,Електродистрибуција" велат дека нивните екипи не биле пуштени да ги поминат блокадите за да го отстранат дефектот Иван Бојаџиски РАДОВИШ - Од општинскиот центар Конче, кое има илјада жители кои главната ...
ПРИЛЕПСКИТЕ ТУТУНАРИ КАТЕГОРИЧНИ Незадоволните тутунопроизводители од прилепскиот регион утре ќе одат на масовен протест пред Владата ако до тогаш не остварат средба со министрите за земјоделство и за финансии. - Ако Владата не ги прифати нашите барања за минимална откупна цена од 150 денари за ...
Земјоделска народна партија Законската одредба среднолисниот тутун да се префрли од трета во втора класа, што би значело дополнителни 30 денари за килограм предаден тутун не е испочитувана. Поради тоа, инспекторите мора да направат контрола и да обезбедат вистинско класирање на тутунот, смета ...
Земјоделската партија ги поддржува тутунарските блокади и бара од Владата да им помогне на тутунарите. „Земјоделската народна партија ги поддржува протестите на тутунопроизводителите организирани ширум цела Македонија од причини што протестот има своја економска, социјална и хумана оправданост, ...
Прилепските тутунопроизводители продолжуваат преку жестоки протести и блокади на патиштата да бараат фер цена и реално вреднување на класите на тутунот при откупот. Тутунарите особено се лути по изјавите од Министерството за земјоделство дека откупните цени биле дури и повисоки од ланските.
Не попуштаат струмичките тутунари. Револтирани од откупувачите и Владата, кои не превземаат ништо за исполнување на нивните барања, ја продолжија блокадата на 24 часа. Празните џебови не натераа на оваа мака и ќе истраеме до крај, велат тутунарите, кои изминатата ноќ, наместо во своите домови кај ...
Се изјалови најавата дека од секоја кутија цигари три денари ќе одат за тутунарите Незадоволните производители на тутун и вчера блокираа повеќе патиштата во Прилепско и во Струмичко Трите денари што ќе се собираат од продажба на секоја кутија цигари и десет денари од парче увезена пура нема да ...
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО Тутунарите не може да очекуваат тутунот да им биде откупен одеднаш и по цена од 150 до 180 денари за килограм бидејќи тоа е спротивно на Законот. Овој став на Министерството за земјоделство вчера го пренесе Ристо Чивчиев, директор на Државниот инспекторат за ...
СпасиЈка Јованова Политичарите ги нанижаа тутунарите. Тие толку ја злоупотребуваат нивната мака и си играат мајтап со нив што сега ги користат и за дневнополитички цели. Претставниците на партиите во наредниот период се погласно ќе ветуваат дека ќе обезбедат цена од по 2-3 евра за килограм тутун ...
БЛОКАДИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Светлана Ристеска Тутунопроизводителите не попуштаат во барањата за интервентно зголемување на цените и за интензивирање на откупот на тутунот. Поддршка на нивните барања вчера изразија советниците на Прилеп, на вонредна седница.
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО НЕ СЕ МЕША ВО ФОРМИРАЊЕТО НА ЦЕНАТА НА ТУТУНОТ Директорот на земјоделската инспекција Ристо Чивчиев цената на тутунот ја формираат откупните претпријатија и секој денар повеќе е нивна добра волја Нема пари за тутунарите кои со блокади на патиштата во Македонија повеќе ...
ПРОТЕСТИ Тутунарите од Општината Ново Село, Струмичко, вчера изутрината најавија деноноќни блокади поради ниските откупни цени на тутунот во тој регион. Новата блокада е поставена на излезот од селото Ново Коњарево, стотина метри пред граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница.
Тутунарите нема да ги добиваат сите пари што според новиот закон за тутун ќе се собираат со наплаќање три денари од секоја продадена кутија цигари и 10 денари од парче увезена пура, соопшти вчера Алириза Елези, советник во Министерството за земјоделство.
Скопје Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 122-та седница на чиј дневен ред ќе се најде расправата за состојбата со откупот на тутунот. Вчерашната расправа помина во меѓусебни обвинувања меѓу позицијата и опозицијата за тоа во чие владеење тутунарите имале подобри услови за работа.
Тутунарите треба да ги предадат договорените количини за да го зачуваат квалитетот на тутунот од што всушност и зависи откупната цена, им порача вчера на тутунопроизводителите во земјава, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ристо Чивчиев.
По вообичаените осумдневни блокирања на магистралниот пат Радовиш-Скопје, тутунарите од општината Конче го преселија протестот во Шума. Оттаму порачаа: „Ние сме послушни и, како што гледате, тука има шуми и штрајкуваме во шуми.
Наместо во комбинати, тутунот се уште виси по селските тавани. И жителите на прилепско Дебреште, чија основна егзистенција е тутунот, се во голема неизвесност: денови си одат а откупот никако да почне. „Ако тутунот не се откупи за две недели, 50% од него ќе скапе и ќе треба да го исфрлиме во реката.
Наместо седум, како што беше во изминатите 11 дена, незадоволните тутунопроизводители од населените места во струмичко кои гравитираат кон македонско-бугарската граница, а кои први го кренаа гласот за реална наплата на нивниот труд, од денеска блокадата ја продолжуваат на 24 часа.
ТУТУНАРИТЕ БАРААТ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ Сите излези од Прилеп и вчера беа блокирани од тутунопроизводителите кои незадоволни од ниските откупни цени револтот гоизразуваат со протести . Прилеп Градско беШе блокиран од 6 до 18 , а кон Кичево, КруШево и Битола блокадите трае од 8 до 15 ...
Просечните цени за килограм откупен тутун се исти како ланските, се јави во одбрана на комбинатите Министерството за земјоделство. Просечните цени за килограм откупен тутун се исти како ланските, се јави во одбрана на комбинатите Министерството за земјоделство.
РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ПОД ПЛЕТВАР Со 24-часовни блокади на патиштата, на училиштата и на институциите, се закануваат тутунопроизводителите, кои и вчера протестираа на пунктовите под Плетвар, Тополчани, Мажучиште, Дебреште и Кривогаштани од 6 до 18 часот.Тие тврдат дека нема да се тргнат од ...
Тополчани е пелагониско село на осиромашени тутунари. Бранко Манчески со своето петчлено семејство живее само од тутунот и вели дека им е тешко да го закрпат мачното секојдневие. „Имаме уште 5.000 денари од пензијата на татко ми. Тој е болен човек, во години, жена ми е болна од астма, јас сум болен.
И на прилепските тутунари им зовре. Никогаш не се случило толку да доцни откупот во прилепскиот Тутунски комбинат, а производителите да не знаат дали воопшто ќе земат пари за тутунот. „Како не и е срам на државата? Нозете ни капнаа од протести. Од тутунот живеевме и тоа ни го зедоа.
Бојкотирана посетата на блокадите на лидерот на Партијата за економска обнова За разлика од петокот кога на блокадите кај Радовиш имало над 400 тутунопроизводители, во саботата, кога ги посетил Рамковски, само 40-50 лица Иван Бојаџиски ШТИП - Кога во саботата напладне новиот играч во македонската ...
тутунарски маки Тутунарите од Злетово се принудени да го предаваат тутунот на откупни пунктови во Кочани или во Виница. Првпат во повеќедецениската традиција на тутунопроизводството во овој крај, откупниот пункт во селото годинава не проработи.
ЗЕМЈАТА непроодна поради БРАНот ПРОТЕСТИ Македонија денеска ќе биде парализирана поради бранот работничко и граѓанско незадоволство. Во Скопје протест против продажбата на ЕСМ, тутунарите ги блокираат Прилеп, Битола и Струмица, лозарите Кавадарци и Неготино, а социјалците и стечајците од Тетово и ...
ТУТУНАРИТЕ ВО СТРУМИЧКО И ВО РАДОВИШКО ЗАСТАНАА ЗАД ПРЕДЛОЗИТЕ НА РАМКОВСКИ Владата веднаш да го откупи тутунот за стоковните резерви и да им го плати на производителите по 150 денари за килограм. Зад овој предлог на Велија Рамковски, лидерот на Партијата за економска обнова, застанаа струмичките и ...
Прилеп. Прилепските тутунари трет ден по шест часа го блокираат патот Прилеп - Градско кај пунктот на "Македонија пат", незадоволни зошто Тутунскиот комбинат се уште не почнал со откуп на тутунот од ланската реколта. Тие бараат Владата да го помогне откупот во Монополот по просечна цена не пониска ...