TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија се уште во "шума"

Вечер Прес - 26.02.2005

"Иако Македонија го предаде Прашалникот во Брисел на Денот на љубовта и врската со ЕУ доби во длабочина, тие се уште се далеку од својата свадба", го почнува својот најнов извештај за Македонија, Меѓународната кризна група што излезе вчера.

Актерките од "Забранета љубов" разголени

Вечер Прес - 26.02.2005

Четирите млади актерки Петра Куртела, Марија Кобиќ, Антонија Шола и Анита Бериша од хрватската сапуница "Забранета љубов" се разголија за новиот број на магазинот "Клин". Фотографиите на убавите актерки се дело на Томислав Доленац, а се направени во студиото во кое се снима сапуницата, додека за ...

Странци купуваат ракети на "црно"!

Вечер Прес - 26.02.2005

Некои претставниците на меѓународната заедница во БиХ преку свои посредници веќе подолго време од граѓаните откупуваат лесни преносни ракетни системи за противвоздушна одбрана. Тоа нелегално купување има за цел, опасното оружје да не дојде во рацете на бунтовниците во Ирак или во некое друго кризно ...

За пратеници како за "бездомници"!

Вечер Прес - 26.02.2005

И покрај тоа што на последните седници пратениците во Народното собрание во Белград почнаа да се "јадат", тие не се гладни. Но, не затоа што сами си изгласаа плати во просек од 120 000 динари (помалку од 1 500 евра), туку затоа што секојдневно, на име на топол оброк добиваат 1 028 динари (12,5 ...

Тетово "поцрвене" со знамиња

Вечер Прес - 26.02.2005

Како што одминува времето и се вжештува предизборната кампања, така се менува и уличниот декор во градот под Шара. Покрај споредните и периферните, од вчера и главните улици и булевари, како што е и најфреквентниот и највпечатливиот од влезот од Скопје до самиот плоштад, булеварот "Маршал Тито", ...

Во поход "Ангели и демони"

Вечер Прес - 26.02.2005

Издавачкиот центар "Три" ја отпечати и за две години "постарата" книга на авторот на "Кодот на Да Винчи", Ден Браун - "Ангели и демони". Станува збор за експлозивен интернационален трилер, што кривули од просветлувачки откровенија до мрачни вистини, додека битката меѓу науката и религијата се ...

Флоренс Артман: "Дневни аваз" пласира гласини и шпекулации

Вечер Прес - 26.02.2005

Портпаролот на Обвинителството на Хашкиот трибунал Флоренс Артман го оцени како "гласина и шпекулација" пишувањето на сараевскиот весник "Дневни аваз" за наводните обвиненија против повеќе лица. "Сакам да ги посоветувам граѓаните да не читаат весници што се занимаваат со гласини и шпекулации", ...

Лизгалиштето се "разлизга"

Вечер Прес - 26.02.2005

Мини лизгалиштето на плоштадот "Македонија" очигледно е "полн погодок" на организаторите и Градот. Ова катче, што деновиве предизвикува големо интересирање кај скопјани, за помладите претставува вистинска атракција. Тоа го докажува и присутноста на оние кои секојдневно на ова место ги испробуваат ...

Се тепале за жена - повреден "мировникот"

Вечер Прес - 26.02.2005

Завчера напладне пред битолскиот Народен театар се случи инцидент. Во обид да раздвои две завојувани лица настрада Борче Секуловски. Беше прободен со нож во грбот по што итно со возило на случајни минувачи е пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола.

По "кодот" следи "декодирање" на Да Винчи

Вечер Прес - 25.02.2005

По контроверзите и светскиот "бум" што го предизвика "Кодот на Да Винчи" на Ден Браун, од Издавачката куќа "Феникс" најавуваат објавување на светско издание во кое ќе се декодира кодот на Да Винчи. "Ќе го објавиме делото 'Декодираниот код на Да Винчи' на американскиот автор Ричард Абанес.

Пливаме во "стрептоксазол", а лекот нема "виза" за ниту една држава

Вечер Прес - 25.02.2005

Веледрогеријата "Зегин" на македонскиот пазар продава "стрептоксазол", препарат против пролив, иако тој лек нема важечко регистрационо решение ниту во Хрватска, матичната земја на производителот "Плива". Лекот го има во малопродажбата, односно во аптеките низ земјава по цена од 148 денари за ...

"Милка" купува компјутери за основците

Вечер Прес - 25.02.2005

Швајцарскиот производител на познатите "Милка" чоколади , "Крафт фудс" ќе донира компјутери за учениците од 50 основни училишта во земјава.Од први идниот месец започнува акцијата "Компјутери за основците во Македонија" што ќе трае до 31 март, за чие времетраење по пет денари од секое продадено ...

"Лумикс" ги добива завршните контури

Вечер Прес - 25.02.2005

Објектот пред зградата на ЕСМ ги добива завршните контури. Деновиве почна поставувањето на металната кровна конструкција, по што ќе се изврши и застаклувањето на објектот. Според надлежните од фирмата "Лумикс", која е сопственик на земјиштето и инвеститор на овој деловно-трговскиот центар, кој се ...

Грците се "исплашија" од цените на зелените пазари

Вечер Прес - 25.02.2005

Дека од главата си патиме, покажува примерот со зелените пазаришта во Гевгелија и Богданци. Пред неколку месеци, поради квалитетните земјоделски производи, а посебно ниските цени мошне беше голем бројот на грчките граѓани од прекуграничните населени места, кои тука доаѓаа за купување на сите видови ...

"Тобако" Македонија

Вечер Прес - 25.02.2005

Пишува: Виолета ЦВЕТКОВСКА Најмалку три државни институции, почнувајќи од Владата, МВР се до Царина, симптоматично молчат околу една афера која бугарските медиуми упорно се обидуваат да ја разгорат во меѓународната јавност. Станува збор за обидот Македонија да се претстави како некој регионален ...

Бијонси и Џеј Ло го "претепаа" Бекам

Вечер Прес - 25.02.2005

Дејвид Бекам ги поднаучи тајните на јапонската вештина кендо. Две недели одеше на курс, но не за да се одбрани од ненадејните напаѓачи, туку за потребите на новата реклама за пијалакот "пепси". На часовите по кендо, Бекс не одеше сам, туку во друштво на двете американски суперѕвезди на поп-музиката ...

"Ангелите" дојдоа кај нас

Вечер Прес - 25.02.2005

Филмскиот хит на режисерот Срѓан Драгоевиќ "Ние не сме ангели 2", вчеравечер во киното "Култура" ја имаше својата македонска премиера. На првото прикажување публиката имаше можност да види и дел од актерската екипа и тоа Срѓан Тодоровиќ, Урош Ѓуриќ, Никола Којо и режисерот и сценарист Драгоевиќ.

Кривична пријава за пиштол на "црно"

Вечер Прес - 25.02.2005

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и двегодишниот Х.Ф., за сторено кривично дело - недозволено изработување и држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Кај гостиварчанецот, се наведува во пријавата, поточно во неговиот автомобил "мерцедес" бил најден пиштол ...

"Матав" го смени името во "Маѓар Телеком"

Вечер Прес - 25.02.2005

Собранието на акционерите на унгарската телекомуникациона компанија "Матав" одобри промена на името на компанијата во "Маѓар Телеком". Акционерите на вонредната собраниска седница ја прифатија промената на името по говорот на претседателот и генерален директор на "Матав" Елек Штрауб за стратегијата ...

"Нема што да не` изненади"

Вечер Прес - 25.02.2005

Финализирање на работите пред претстојната посета на тимот од НАТО беше единствената точка за која се разговараше на вчерашната седница на Работниот комитет за интеграција во Алијансата. Високите претставници од Алијансата, амбасадорот Гинтер Алтенбург, помошник генерален секретар за политички ...

"Технолошкиот" натпревар пред политичкиот!

Вечер Прес - 25.02.2005

Братислава, 25 февруари (МИА) - За време на средбата на претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џорџ Буш, што се одржа вчера попладне во Братислава, главни теми беа прашањата околу Иран, Сирија, Ирак и Косово, како и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно ...

Знамињата "братски едно до друго"

Вечер Прес - 25.02.2005

Со прес-конференцијата на шефот на Изборниот штаб, Гзим Острени, и портпаролот Ермира Мехмети одржана вчера во седиштето во Мала Речица, ДУИ го означи почетокот на изборната кампања под мотото "Заедно со вас во нови победи". Откако многу подробно со конкретни бројки беа презентирани досегашните ...

Отфрлени шпекулациите за "паричното уценување" на изведувачите

Вечер Прес - 24.02.2005

Редакцијата на босанскиот "Евросонг 2005" ја отфрли секоја шпекулација за наводното "парично условување" за учество на одделни изведувачи на домашниот натпревар и ги демантираше изнесените лични проценки за фаворизирањето на некои песни, автори и интерпретатори.

Со "Лунѕало" во светот на фантастичното

Вечер Прес - 24.02.2005

Прославениот автор на "Господарот на прстените", Џон Роналд Рејл Толкин, на македонската јавност за прв пат и е достапен со нешто невообичаено од неговото творештво - две нови книги за деца. "Ковачот од големиот Вутон" и "Лунѕало" се две од четирите најпознати книги за деца на овој светски познат ...

"Кафе", сепак ќе ја претставува Бугарија

Вечер Прес - 24.02.2005

Скандалот што се случи на бугарскиот избор за песна на Евровизија и јавното обвинување упатено од страна на познатиот шоумен Славеј Трифунов и неговата дует - партнерка Софи Маринова дека изборот е наместен, е отфрлен и како прв официјален претставник во Киев ќе патува групата "Кафе".

"Зегин" ќе присуствува на спалувањето на "донацијата"

Вечер Прес - 24.02.2005

Големата донација на "Зегин" за која се утврди дека е со изминат рок, ќе биде спалена во почетокот на наредната недела. Според извори од Царинската управа, од сопственикот на оваа веледрогерија е побарано лично да присуствува на уништувањето на неупотребливите лекови, кои тој се обиде да ги протури ...

Подгорица предложи "конфедерација"!

Вечер Прес - 24.02.2005

ПОДГОРИЦА, 24 ФЕВРУАРИ. - Црногорските власти завчера на највисоките институции во Србија и доставија официјален предлог за трансформација на сегашната државна заедница СЦГ во сојуз на независни држави. Според соопштението на Владата во Подгорица, промените ќе помогнат во надминувањето на ...

Најава за инвестиции или мисија на мирење со "Дојче телеком"?

Вечер Прес - 24.02.2005

Грчкиот бизнисмен Димитри Контоминас кој до лани беше еден од акционерите во "Македонски телекомуникации" завчеравечер со својот приватен авион пристигнал на неколкучасовна средба со премиерот Бучковски. Во Владата велат дека тој на премиерот му го најавил својот интерес да инвестира во Македонија ...

"Жестока" визита на Германија!

Вечер Прес - 24.02.2005

БОН, 24 ФЕВРУАРИ. - Повеќе илјади демонстранти вчера протестираа во цела Германија, во знак на револт поради посетата на американскиот претседател Џорџ Буш. Протести имаше и во Визбаден, каде што Буш вчера ја посети американската база, како и во Мајнц, каде што американскиот претседател имаше ...

Такси "Вулкан"

Вечер Прес - 24.02.2005

Возев во правец на дискотеката Вулкан. Имав повик и брзав да стасам на време. Кога пред локалот гледам една група на тинејџери кои почнаа да ми мавтаат. Се доближија до мене и тогаш едно машко дете ме праша: - Чиче ќе не возиш ли пет души до Црниче.

Пакет мерки за самопрочистување на црквата

Дневник - 23.02.2005

СЕДНИЦА НА СВЕТИОТ СИНОД НА ГПЦ Светиот синод на Грчката православна црква на седница ги одобри пакетот мерки за "самопрочистување на црквата", кои ги предложи атинскиот архиепископ Христодулос кон крајот на минатата недела, јави МИА.

"Направете разлика" - размислувајте приватно

Вечер Прес - 23.02.2005

Со често и силно скандирање на името на Љубчо Георгиевски, завчеравечер во Универзалната сала во Скопје, се одржа конвенцијата на ВМРО-Народна партија, на која беа претставени над 50 кандидати за градоначалници и носители на советнички листи.

"Корупцијата во судството треба да ја идентификуваме сами"

Вечер Прес - 23.02.2005

Претседателот на државата Бранко Црвенковски, од вчера презема и улога да ги координира и интензивира активностите во врска со реформите во сферата на судството. Со таквиот чекор, а користејќи ја својата уставна позиција, како што велат во Кабинетот, Црвенковски, практично, ќе се обиде да и ја ...

"Кока-Кола" ја купи "Роса" за 21,5 мил. евра

Вечер Прес - 23.02.2005

Фабриката за минерална вода "Власинка", производител на познатата "роса", минатиот викенд е продадена на гигантот "Кока- Кола" за 21,5 милиони евра. Договорот за продажба на 100 отсто од капиталот на фабриката, на 18 февруари го потпишаа директорот на компанијата "Симпо"(во чиј состав е ...

“Костовски” заврши, продолжува "Кметовска"

Вечер Прес - 23.02.2005

Во Основниот суд Скопје 1, заврши истрагата за изнудата на 60 илјади евра од актуелниот пратеник и кандидат за градоначалник Трифун Костовски. Целокупниот материјал со изјавите на осомничените Наташа Петровска, Зоран Патковски и Роберт Атанасовски, според неофицијални судски извори, е доставен до ...

"Безимениот" ги испушти конците

Вечер Прес - 23.02.2005

Кога зборот и дејството на страста, власта, крвожедноста и желбата за одмазда ќе бидат водени од некого кој е само нем сведок на она што како раскол се случува во менталниот склоп на смртникот, е сублимиран во драматиката на античкиот мајстор Софокле, тогаш со право се очекува жестокост, и ...

Зегин ги "заработи" првите пријави

Вечер Прес - 23.02.2005

Царинската управа на Македонија вчера ја поднесе првата прекршочна пријава против компанијата "Зегин" за лажна царинска декларација, односно неточно пријавено количество лекови, наменети за помош на настраданите од цунами во југоисточна Азија.

Жените останаа "дотерани - нецеливани"

Вечер Прес - 23.02.2005

Долгонајавуваната трибина за претставување на кандидатките за градоначалнички, што требаше да се одржи во просториите на Организацијата на жени на град Скопје, доживеа фијаско. Дваестина жени повеќе од еден час чекаа да пристигне барем актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за втор ...

"Самопрочистување" во ГПЦ?

Вечер Прес - 23.02.2005

АТИНА, 23 ФЕВРУАРИ (МИА). - Светиот синод на Грчката православна црква на последната седница го одобри пакетот мерки за "самопрочистување на црквата", предложени при крајот на минатата недела од архиепископот на Атина и цела Грција, Христодулос, соопштуваат грчките медиуми.

"Болеро" за победа

Вечер Прес - 23.02.2005

Победата на локалните избори Коалицијата "За Македонија заедно" ја најави со звуците на "Болеро" и ветување за создавање на европски општини. Победничкиот дух на предизборната конвенција, која завчера се одржа во МНТ, беше надополнета со присуството на Киро Глигоров, поранешниот претседател на ...

Трпчески замоли: "Кога свирам, не фотографирајте ме"

Вечер Прес - 23.02.2005

На последната средба со новинарите, маестро Симон Трпчески, најавувајќи го своето учество на спектакуларното отворање на годинешните "Денови на македонската музика", најљубезно ги замоли фоторепортерите да не го сликаат додека свири, бидејќи му го одвлекуваат вниманието.

"Тако се то ради у Београду"

Вечер Прес - 22.02.2005

Поранешниот амбасадор во Полска, Коста Стоименовски, на вчерашната прес-конференција оцени дека МНР го води неспособна група луѓе, кои се врзани со роднински и кумски врски, а немаат поим од дипломатија. МНР, според Стоименовски, не знае да ги искористи професионалните дипломати како него, па затоа ...

Во "лендровер" најдени пиштол, муниција и петарди

Вечер Прес - 22.02.2005

Пиштол "црвена застава" и рамка со муниција и стотина петарди, завчера се откриени во џип со скопски таблички. Возилото, според полицијата, било запрено на рагионалниот пат Велес-Штип. Против "сопственикот", по целосното расчистување на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

"Замрзнување" на имотот на Готовина

Вечер Прес - 22.02.2005

ЗАГРЕБ, 22 ФЕВРУАРИ (МИА). - Со цел да го пронајде и уапси генералот Анте Готовина, хрватската Влада одлучи да го замрзне сиот негов имот. Пописот на имотот на генералот во бегство веќе се на оѓа во Државното обвинителство, кое треба да побара спроведување на "замрзнувањето".

Уште децентрализацијата и евроинтеграциите и затворање на "фајлот"

Вечер Прес - 22.02.2005

Меѓународната кризна група доцни повеќе од месец и половина со објавувањето на документот за Македонија што требае да излезе во јануарскиот билтен на "Крајсисвоч". Не е објавен брифингот што МКГ го најавуваше за почетоков на неделава. Објавувањето, повтотно е поместено за наредната недела.

"Илузија" дел од "Белград Фест"

Вечер Прес - 22.02.2005

Филмот "Илузија" на режисерот Светозар Ристовски ја продолжува интернационалната презентација. По турнејата и успешните одгласи во Канада и Јапонија, следна дестинација за негово прикажување е Белградскиот филмски фестивал. "Илузија" на Беофест ќе биде прикажан на 4 и 5 март и тоа во термините од ...

Трпчески за почеток - "Танец" за крај

Вечер Прес - 22.02.2005

Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), на вчерашната прес-конференција на "Скопскиот саем", ја претстави програмата за годинашното, 29. издание на "Деновите на македонската музика", кои ќе се одржат од 30 март до 8 април. "Досега организациски бевме скромни.

Дојче банк ја пикира "Комерцијална"

Вечер Прес - 22.02.2005

"Дојче банк" е сериозно заинтересирана за купување на "Комерцијална банка". Ова се најновите шпекулации кои кружат во банкарските кругови, но кои се директно врзани и со пазарот на капитал, односно берзата. На пазарот на капитал, акциите на "Комерцијална банка" одат како алва, што финансиските ...

На Градските гробишта "Бутел" кал до коленици?!

Вечер Прес - 22.02.2005

Новиот дел од Градските гробишта "Бутел" во делот кон патот за Бањани, иако зафаќа прилично голема површина, се уште е партерно неуреден, а собирните улици се неасфалтирани. Ова предизвикува големо незадоволство кај граѓаните, кои по кал доаѓаат до споменикот каде што почиваат нивните блиски.

Петерсен со "полна уста" за Харадинај!

Вечер Прес - 22.02.2005

ВИЕНА, 22 ФЕВРУАРИ (МИА). - Во новиот извештај на Обединетите нации за состојбата во Косово посебно се нагласува позитивната улога на премиерот Рамуш Харадинај. "Премиерот во многуте јавни изјави зборуваше за косовските Срби и така им даде пример на функционерите и политичките фигури", се истакнува ...

Само "стрептоксазолот" исправен, но со напумпана цена

Вечер Прес - 22.02.2005

Во донацијата на "Зегин" за Шри Ланка сите лекови биле или со веќе изминати рокови или, пак, тие биле на истекување, а единствениот препарат со валиден датум за употреба, во декларираната палета од 128 ставки бил "стрептоксазолот" кој наспроти малопродажната цена од 146 денари бил позициониран по ...

Бучковски и Пенов се "поблиску до целта"

Вечер Прес - 22.02.2005

"Безбедна, стабилна и демократска Република Македонија, интегрирана во Европската унија" се главните цели во програма за локалните избори на Коалицијата "За Македонија заедно", што синоќа беше претставена на изборната конвенција во Македонскиот народен театар.

Американска вечер "за благостостојба"

Вечер Прес - 22.02.2005

ТЕТОВО.- Во организација на ПДП, завчера вечерта во угостителскиот објект "Ата", сопственост на лидерот Абдуљади Вејсели, коалицијата ДПА-ПДП свечено ја започна предизборната кампања под мотото "За благосостојба", со организирање "Американска вечер".

“Ајнштајновата чудесна 1905"

Вечер Прес - 22.02.2005

Светската научна јавност ја прогласи 2005 година за Светска година на физиката. Алберт Ајнштајн, човекот кој го промени класичното сфаќање за просторот и времето и ни откри една нова Вселена - е одбран да биде заштитно лице на Светската година на физиката.

Хрватска ќе го замрзне имотот на Готовина

А1 - 21.02.2005

Со цел да го пронајде и уапси генералот Анте Готовина кого Хашкиот трибунал го товари за воени злосторства, хрватската Влада одлучи да го замрзне сиот негов имот. Пописот на имотот на генералот во бегство веќе се наоѓа во Државното обвинителство, кое треба да побара спроведување на замрзнувањето.

"Штрковите" летаат и зиме

Вечер Прес - 21.02.2005

Малку кој можеше да претпостави дека осетно подмладениот состав на МЗТ Скопје 2000 од неодамна и без капитенот Војновиќ, кој стана генерален секретар на КФМ, ќе направи вистински подвиг среде Градскиот парк. По петгодишен пост совладан е лутиот спортски ривал Ф.

"Зегин" под царинска пломба, Механџиски тврди - "памфлет" од конкуренцијата

Вечер Прес - 21.02.2005

Магацините со лекови на "Зегин" во Сарај се запечатени со царинска пломба и такви ќе останат се до конечното расветлување на аферата за манипулацијата со помошта за настраданите од цунами. Ова вчера ни го изјавија високи извори од Царинската управа, кои енергично демантираа дека имаат каква било ...

Мадам Батерфлај" повторно на сцената

Вечер Прес - 21.02.2005

На 4 март, Македонската опера, по речиси две децении, на сцена повторно ќе ја постави "Мадам Батерфлај" од Ѓакомо Пучини. Како што објаснува уметничкиот раководител на Операта (во оставка) Славица Петровска - Галиќ, со финансиска поддршка од Министерство за култура, младата екипа, ќе им приреди ...

Пензија со "лекарско"

Вечер Прес - 21.02.2005

По 27-годишен престој во Шведска донесов одлука да се вратам во Македонија. Но, мојата одлука, која треба да биде до крај реализирана на почетокот на април годинава, не е тема на моето размислување, туку нешто сосема друго. Имено, откако се дозна за мојата одлука, делумно јас им ја соопштив на ...

Роналдиња" се скраси во Верона

Вечер Прес - 21.02.2005

Деновиве, кога на големо се пишува и се коментира претсвадбената журка на Роналдо и неговата свршеница Даниела Чикарели во Париз, во италијанските медиуми се појави и приказната за неговата прва љубов, Сузана Вернер. Оваа бразилска убавица, манекенка, глумица, ТВ-водителка, беше речиси пред ...

Макпетрол на чекор до "Фајнал фор"

Вечер Прес - 21.02.2005

Се исполнија предвидувањата на македонскиот државен шампион Макпетрол, дека големиот унгарски тим и актуелен победник во Евро-лигата Залаегерсег ќе биде убедливо победен на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите (мажи), во Скопје.

Андов:"Никој тоа не го побарал од нас"

Вечер Прес - 21.02.2005

Единствена опозициона партија која за локалните избори нема потпишано договор за соработка со независниот кандидат Трифун Костовски е Либералната партија. Според објаснувањата од двете страни, меѓу нив нема никаков судир, туку, едноставно, се работи за недоразбирање.

“Златната мечка" во Јужна Африка

Вечер Прес - 21.02.2005

Јужноафриканскиот филм “У-Цармен е Кхаеѕелитсха" на режисетот Марк Донфорд Меј, во конкуренција на 21 филм во официјалната програма, ја освои "Златната мечка " на престижниот 55. Филмски фестивал во Берлин кој заврши завчеравечер.

"Искра" веќе не е успешен пример за странска инвестиција

Вечер Прес - 21.02.2005

Куманово - Апелациониот суд го поништи решението на Основниот суд Куманово за продажба на кумановската фабрика за метални конструкции "Искра инженеринг" на грчкиот бизнисмен Димитриос Салепсис, сопственик на фирмата ДС Констракшн ДООЕЛ Куманово.