TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Власта го попречува собирањето потписи

Вест - 24.07.2004

ДОСЕГА 90 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ СЕ ИЗЈАСНИЛЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Иницијативата за распишување референдум досега има собрано над 90 илјади потписи во 34 подрачни одделенија и 91 месна канцеларија на Министерството за правда, информираше претседателот на СМК, Тодор Петров, кој е оптимист дека ќе се соберат ...

За референдум се потпишале 90.000 граѓани

Дневник - 24.07.2004

СЕМАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Во градовите поради масовниот одѕив на граѓаните, се отвораат по две-три книги со обрасци за собирање потписи, вели Тодор Петров Граѓаните масовно се потпишуваат на барањето за референдум и досега се собрани околу 90.000 потписи, тврдат во Семакедонскиот конгрес, кој е ...

Собрани над 90.000 потписи за референдум

А1 - 23.07.2004

Иницијативата за распишување референдум на Светскиот македонски конгрес (СМК) што ја поддржуваат и сите политички партии од опозицијата, досега има собрано над 90 илјади потписи во 34 подрачни одделенија и 91 месна канцеларија на Министерството за правда.

Груевски: На Албанците не им треба референдум, тие го имаат СДСМ

Вест - 23.07.2004

НИКОЛА ГРУЕВСКИ СЕ ПОТПИША Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имал конструктивни разговори со странците, и оти тие ги разбирале Македонците кои бараат референдум Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера во подрачната единица на Министерството за правда во Општина Центар, се потпиша за поддршка на иницијативата за ...

Граѓаните треба да и кажат „не“ на Владата

Време - 23.07.2004

ГЕОРГИЕВСКИ И ГРУЕВСКИ НА ИСТА ЛИНИЈА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ Лидерите на двете спротивставени страни во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Љубчо Георгиевски, вчера застанаа на иста линија за иницијативата за референдум против новата територијална поделба.

Груевски вели дека иницијативата ќе успее

Утрински - 23.07.2004

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја потпиша иницијативата за распишување референдум ?Независно дали референдумот има големи или мали шанси да успее, сметам дека е добро да се соберат овие 150 илјади потписи од граѓаните, што ќе биде дополнителен притисок врз власта да се откаже од идејата да прави етнички ...

Опозицијата отвора два фронта

Дневник - 23.07.2004

подготовки за протестот В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ Обединетата опозиција се подготвува за големиот народен митинг што треба да се одржи в понеделник пред Собранието, но истовремено ја форсира акцијата за собирање потписи за референдум.

Ако има потписи, мора да има референдум

Вест - 22.07.2004

Доколку се соберат 150 илјади потписи Собранието мора да распише референдум. Во уставот пишува:"Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

СМК бара Мемети да си ги дисциплинира службениците

Дневник - 22.07.2004

ПРОБЛЕМИ ВО СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Семакедонскиот конгрес бара Министерството за правда да ја дисциплинира работата на своите месни канцеларии и да им наложи да работат според прописите за граѓаните да не "удираат" во затворени врати кога ќе дојдат да се потпишат за референдумот за ...

Продолжува акцијата за 150.000 потписи за референдум

А1 - 21.07.2004

Акцијата за собирање на потребните 150.000 потписи за распишување на референдум продолжува. Дел од граѓаните кои ги даваат своите потписи со изјави дека во некои подрачните единици бил оневозможен процесот на потпишување: „Уште пред 2 месеца го дадов својот потпис така да не ги чекав овие критични ...

Досега собрани 70 илјади потписи за референдум

Утрински - 21.07.2004

ПЕТРОВ Според првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, досега се собрани околу 70 илјади потписи на граѓаните во рамките на иницијативата за собирање 150 илјади потписи за свикување референдум против предложената територијална поделба.

Затворени канцеларии за потписи

Дневник - 21.07.2004

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС Затворени се голем број канцеларии во кои се собираат потписи на барањето за референдум, по иницијатива на Светскиот македонски конгрес. Во Министерството за правда велат дека канцелариите се затворени од технички причини.

Тодор Петров очекува да ги собере потребните 150.000 потписи

А1 - 20.07.2004

По поддршката од опозицискиот блок на граѓанската иницијатива за референдум, Тодор Петров очекува наскоро да ги собере потребните 150.000 потписи, кои го обврзуваат Собранието да распише референдум за неменување на општинските граници.

Расте интересот за потписи за референдум

Време - 20.07.2004

ПРИЛЕП Интересот кај прилепчани за собирање потписи за поднесување предлог за распишување референдум по иницијативата на Светскиот македонски конгрес деновиве е зголемен. Само вчера од 8 до 11 часот во подрачната единица на Министерството во Прилеп се потпишале 25 граѓани.

Референдум може да се распише само со 150.000 потписи

Утрински - 20.07.2004

Според претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски Собранието може да распише референдум само доколку се соберат 150.000 потписи, друга законска можност за една ваква граѓанска иницијатива не постои. Ова е одговорот на претседателот на парламентот, Љупчо Јордановски, во врска со најавата на ...

На Тодор Петров му требаат уште 90.000 потписи

Дневник - 20.07.2004

РЕФЕРЕНДУМ Собранието е должно да распише референдум кога предлог за тоа ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи, вели професорот Саво Климовски Светскиот македонски конгрес (СМК) очекува граѓаните масовно да се потпишат за иницијативата за распишување референдум за непроменливост на општинските ...

Со референдум против етничката поделба

Време - 19.07.2004

ТОДОР ПЕТРОВ ЈА ЗАСИЛУВА АКЦИЈАТА ЗА ПОТПИСИ Емил Зафировски Тодор Петров ги повика граѓаните масовно да ја поддржат иницијативата за референдум против новата територијална организација оти само така ќе се спречи етничката поделба на Македонија.

За референдум, со или без потписите

Време - 19.07.2004

ВМРО-МАКЕДОНСКА ВМРО-македонска побара Собранието да распише референдум на кој граѓаните би се изјасниле за владиниот предлог за нова територијална организација на локалната самоуправа, независно од иницијативата на Светскиот македонски конгрес за собирање на потребните 150.000 потписи.