TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски се сретна со Муратовски

Вечер Прес - 05.05.2007

Премиерот Никола Груевски вчера се сретна со синдикалниот лидер Ванчо Муратовски, при што се разговарало за колективните договори за јавниот сектор и актуелната владина политика. Средбата следува по низа укажувања на евроамбасадорот во земјава Ерван Фуере дека функционирањето на социјалниот дијалог ...

Муратовски се сретна со Груевски

А1 - 04.05.2007

По осум месеци, првиот синдикалец Муратовски се сретна со Груевски. Клучните работнички проблеми оставени за некоја наредна средба. „Кога ќе почнеме да разговараме на ниво на претседателство и Влада, тогаш ќе можеме да кажеме дека социјалниот дијалог напредува“, изјави Ванчо Муратовски, претседател ...

ССМ тврди дека државата го заборави 1 Мај

Утрински - 03.05.2007

Сојузот на синдикатите на Македонија тврди дека прославата на 1 Мај годинава беше „срам за државата и срам за политичарите“. Портпаролот на ССМ, Пеце Груевски, вели дека за време на првомајскиот протест членовите на синдикалните организации не биле примени ниту од еден политичар.

Разнебитен празникот на трудот

Утрински - 03.05.2007

ЕДИТОРИЈАЛ МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Некогаш беше вистински народен празник. И старо и младо, работници и нивните претпоставени, државни службеници и функционери, ги користеа првомајските празнични денови да излезат во природа, да свртат скара, да проговорат за проблемите што ги тиштат.

Маскарада

Дневник - 03.05.2007

Маскарада може да се нарече прославата што синдикатите во земјава ја организираа за Денот на трудот. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Ванчо Муратовски со грст свои поданици, меѓу кои деца и пензионери, со стихови од „Ленка“ на Рацин, којзнае којпат побара Владата повеќе да го ...

Раздвоени и анемични

Дневник - 03.05.2007

Со таквите синдикати работата им е олеснета на работодавците. Нивните проблеми со работниците се лесно решливи. Тие зад себе имаат економска моќ, принуда, како и делови од корумпираната власт и судство , а на вработените со слаби синдикати им останува стравот и зависноста од висината и редовноста ...

Срамен однос на власта кон Први мај

Вечер Прес - 03.05.2007

Одбележувањето на празникот на трудот - Први мај беше вистински срам за државата, сметаат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Тие реагираат на односот на власта кон овој празник поради неистакнувањето на национални знамиња низ градовите и поради изјавите за воздржување од протест.

Владата сака повеќе синдикати

Дневник - 02.05.2007

Владата ќе го продолжи социјалниот дијалог со сите социјални партнери и ја поздравува плурализацијата на синдикалното организирање во земјата, се наведува во честитката до граѓаните по повод празникот на трудот. - Во социјалниот дијалог сите легитимни претставници на синдикалното движење ќе имаат ...

Моќта и капиталот ги уништија работниците

Дневник - 02.05.2007

Највиновни се тие што ја правеа приватизацијата, а во таа поврзана мрежа се' е премногу испартизирано , така што олигарсите ги држат политичарите, а тие жонглираат со синдикалците Долгата транзиција, незаконската приватизација на државниот капитал и пасивноста на синдикатот ги донесоа работниците ...

Синдикалците бараат социјален дијалог

Време - 02.05.2007

ПРВОМАЈСКИ СИНДИКАЛЕН ПРОТЕСТ ВО МАКЕДОНИЈА „Сите сложно напред, нема сила што ќе не запре!” Ова беше мотото на првомајските протести што ги организираше Сојузот на синдикатите на Македонија, кои и годинава минаа речиси незабележано, со стотина учесници.

ССМ повика на поголем почит на Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај

Канал5 - 02.05.2007

Сојузот на синдикатите на Македонија е незадоволен од вчерашното одбележување на Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај и го оценува како пораз за политичарите и показател за создадениот пасивниот однос кон правата од трудот. Скопје, 2 мај (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија е незадоволен од ...

Синдикатот на Дојчиновски се всели во Транспортниот центар

Вест - 02.05.2007

Конфедерацијата на слободни синдикати - КСС и Самостојниот синдикат за образование и наука, кој е дел од Конфедерацијата, го одбележаа 1 Мај со отворање нови канцеларии во новиот транспортен центар на Македонска пошта. На свеченоста присуствуваа вицепремиерот Живко Јанкулоски и државниот секретар ...

Ударнички само на зборови

Дневник - 02.05.2007

Не ми дошло да го славам празникот на трудот кога сум стечаец со невработени деца, кои не знам како да ги нахранам, вели Цане Тренковски Поделени синдикални прослави, понекој свиреж, говори и пароли, полупразни излетнички места, неукрасени градови и црковна кујна за стечајците што протестираат пред ...

Муратовски, Тито и Рацин за работниците

Вест - 02.05.2007

ПРВОМАЈСКА ПАРАДА Со народни македонски песни и поезија од Кочо Рацин синдикалците од ССМ, на чело со претседателот Ванчо Муратовски, вчера во центарот на Скопје го одбележаа 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. Околу 500 синдикалци тргнаа од пред зградата на ССМ, од каде што накитени со пароли, ...

Синдикатот спасува фирми од стечај

Дневник - 02.05.2007

Регионалната синдикална организација во Куманово бара стратегиски партнери за да спаси од стечај над десет фирми. Претседателот на синдикатот Слободан Радевски вели дека некој го користи незадоволството на работниците и ги убедува дека излез од тешката финансиска состојба во фирмите е стечајот.

Синдикатите поделени го одбележаа 1 Мај

Утрински - 02.05.2007

ССМ со протест, а КСС со свечено отворање работни простории. Стечајците и натаму чекаат решение за своите барања МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Поделени и неединствени. Вака синдикатите во Македонија вчера го одбележаа Меѓународниот празник на трудот, 1 Мај.

КСС и СОНК го одбележаа 1 Мај со отворање нови работни простории

А1 - 01.05.2007

Конфедерацијата на слободни синдикати - КСС и Самостојниот синдикат за образование и наука кој е дел од Конфедерацијата го одбележаа 1 Мај -Меѓународниот ден на труд со отворање нови работни простории. На свеченоста присуствуваа вицепремиерот за образование и наука Живко Јанкулоски и државниот ...

Синдикален марш и меѓусебни обвинувања - и овој први мај синдикатите се раскарани

Канал5 - 01.05.2007

Разединети и во кавга двата синдикати и стечајците го прославија правникот на трудот. ССМ протестираше. Членството и се закани на власта дека ќе има штрајкови и демонстрации ако со нив не почне социјален дијалог. Синдикалниот лидер Муратовски и дава последна шанса на владата.

Првомајски протест на синдикатите во Албанија

Макфакс - 01.05.2007

Тирана Невработеноста да се намали и да престане владината практика на отпуштање на администрацијата по партиска линија, побара денеска Унијата на независни синдикати во Албанија. Барањата, како што јавува дописникот на Макфакс, беа искажани на централниот протест што по повод Меѓународниот ден на ...

ССМ со протестен марш пред Собранието и Владата

Макфакс - 01.05.2007

Скопје Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) денеска ќе го организира традиционалниот работнички марш, во чест на 1 Мај-Денот на трудот. Како што најавуваат од ССМ, денешниот протестен марш ќе се одвива пред зградите на републичкото Собрание и Владата.

Синдикатите поделено на празникот на трудот

Макфакс - 01.05.2007

Скопје Македонските синдикати денеска поделени, на одвоени манифестации го одбележаа Меѓународниот ден на труд, додека стечајните работници пред Собранието побараа решавање на нивниот статус. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) под мотото Без социјален дијалог - нема социјален мир, го ...

Синдикатот десна рака на политиката

Дневник - 30.04.2007

Во ССМ и во некои независни синдикати има структури од 20, 30, 50 луѓе, кои многу лесно ги врзуваат конците и се занимаваат со политика од најлош тип, велат социолозите Имаме 14 синдикати, а нема кој да организира работнички марш на Денот на трудот - 1 Мај, да ги извлече работниците од социјалното ...

Први мај дочекан со 370.000 невработени и без социјален дијалог

Утрински - 30.04.2007

Работниците за празникот побрзо би отишле на скара отколку да протестираат МАЈА ТОМИЌ Месо на скара и зелена салата, ладно пивце и одбрано друштво, некаде во природа на излет, пожелно е тоа да биде покрај вода. И уште времето да е убаво и сончево...