TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ал Каеда ја презеде одговрноста за нападите во Мадрид

А1 - 14.03.2004

Шпанската Влада соопшти синоќа дека судејќи според содржината на видео касетата која пристигнала во полицијата, меѓународната терористичка организација Ал Каеда ги предизвикала експлозиите на железничките станици во Мадрид во четвртокот, во кои загинаа 200 лица а околу 1.500 се ранети.

ЕТА демантира дека е одговорна за нападите во Мдрид

А1 - 13.03.2004

ЕТА уште еднаш демантираше дека е одговорна за крвавите атентати во Мадрид, во кои загинаа 199 луѓе, а над 1400 се повредени јавуваат агенциите. Во анонимен телефонски повик до редакцијата на баскискиот весник „Гара“, лице кое се претставило како припадник на ЕТА, рекол дека вооружената ...

Нема јасни индикации кој стои зад нападите во Мадрид

А1 - 13.03.2004

Се уште нема јасни индикации кој стои зад бомбашките напади на четирите патнички воза во Мадрид. Шпанскиот министер за внатрешни работи Анхел Асебес денеска повторно ја посочи ЕТА како главен осомничен за смртта на двеста и ранувањето на околу 1.500 лица.

Шпанија жали по својот 11 септември

Утрински - 13.03.2004

По стравотните терористички напади во Мадрид кои однесоа 200 животи Се зголемуваат сомневањата за вмешаност на Ал Каеда МАДРИД - Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар вчера изјави дека ќе се следат сите траги за да се фатат напаѓачите на возот во Мадрид, додека иследниците се обидуваат да утврдат ...

Експлозиите ги "разнесоа" и неделните избори

Утрински - 13.03.2004

Масакрот во Мадрид ќе има големо влијание врз изборите в недела, но никој со сигурност не може да предвиди какво ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Шпанија е во хаос. Тридневната жалост за речиси 200 мртви и над 1.400 повредени во симултаните бомбашки напади во Мадрид се совпадна со последните три дена од изборната ...

Мадридскиот масакр ги нема белезите на ЕТА

Утрински - 13.03.2004

Дали е можна инволвираност на Ал Каеда во завчерашните напади во Шпанија Димитар Чулев Постои само еден линк кој можеби претставува врска меѓу инкриминираната баскиска ЕТА и озлогласената терористичка мрежа Ал Каеда: континуираното апсење членови на баскиската сепаратистичка организација доведе до ...

И Ал каеда и ЕТА со крвави раце?

Дневник - 13.03.2004

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА МАСАКРОТ ВО МАДРИД? Ал каеда, во писмо до арапскиот весник „Ал кудс ал Араби“ објави дека нападот го извршиле озлогласените бригади Абу Хафс ал Масри Терористичката група Ал каеда вчера презеде одговорност за бомбашките напади врз Мадрид, за кои шпанската Влада ја префрли вината ...

Шпанија се прашува: ЕТА или Ал каеда?

Време - 13.03.2004

ШПАНИЈА ГИ БАРА ВИНОВНИЦИТЕ Билансот на крвавите терористички напади во шпанскиот главен град Мадрид се искачи на речиси 200 загинати и повеќе од 1.400 повредени. Од повредените околу 300 се задржани во болница, а лекарите се борат за животите на 45 од нив.

Франција во шок по атентатите во Мадрид

Утрински - 13.03.2004

Французите жалат за трагедијата на Шпанците Од нашиот дописник Тони Гламчевски НАНСИ - Знамињата се на половина копје насекаде во Франција, во знак на сочувство и солидарност, сў додека трае жалоста во соседна Шпанија. Многумина од највисоките француски раководители, кои одлучно ги осудија ...

Покрај ЕТА и Ал Каеда осомничена за масакрот во Мадрид

Вест - 13.03.2004

МАДРИД, 13 март, (Ројтерс) - Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар вчера изјави дека ќе се следат сите траги за да се фатат бомбашите што ја нападнаа железницата во Мадрид додека иследниците се обидуваат да утврда МАДРИД, 13 март, (Ројтерс) - Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар вчера изјави дека ќе ...

Ал Каеда ја презеде одговорноста со сомнително писмо

Утрински - 13.03.2004

Со електронска порака до еден арапски весник со седиште во Лондон, терористичката мрежа се вмешува во Шпанија ДУБАИ - Во едно писмо за кое се претпоставува дека е испратено од страна на Ал Каеда се презема одговорноста за бомбашките напади што се случија во четвртокот во Шпанија, и се наведува дека ...

Советот за безбедност ја осуди ЕТА

Утрински - 13.03.2004

Под притисок на Шпанија ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Советот за безбедност на ОН, во четвртокот ја осуди баскиската сепаратистичка група ЕТА, како извршител на смртоносните бомбашки напади во Шпанија, иако членовите не беа во можност да ја утврдат валидноста на ова обвинение.

Ал Каида одговорна за нападите во Мадрид

А1 - 12.03.2004

Писмото со кое Ал Каида ја презема одговорноста за вчерашните напади во Мадрид, е автентично, изјави денеска исламистичкиот лидер шеик Омар Бакри за италијанскиот весник „Република“. Во интервјуто кое го даде од Лондон каде што живее, Бакри истакна дека Италија може да е следната цел на Ал Каида.

Азнар не ја исклучува поврзаноста на исламски милитанти во нападите

А1 - 12.03.2004

Шпанскиот премиер Азнар не ја исклучува можноста исламски милитанти да се поврзани со вчерашните напади во Мадрид во кои загинаа 198 лица а околу 1500 се повредени. Азнар истакна дека сомневањата за баскиската организација ЕТА како организатор на нападите биле сосема логични пред наоѓање на ...

ЕТА и најзините напади

Утрински - 12.03.2004

Хронологија Во борбата за независност на Баскија ЕТА од 1968 година уби околу 850 лица 1959: Еускади Та Аскатасуна (ЕТА) или Баскиска татковина и слобода е основана за време на диктаторството на генерал Франциско Франко, со цел борба за самоопределување на Баскија.

ЕТА го нападна Мадрид, над 170 мртви

Вест - 12.03.2004

МАДРИД, 12 март, (АП) - Во 13 силни експлозии на три железнички станици во Мадрид, вчера изутрината, само три дена пред општите избори во Шпанија, загинаа 173, а 600 души се повредени во она што власта го нарече најкр МАДРИД, 12 март, (АП) - Во 13 силни експлозии на три железнички станици во ...

Масакр врз невини луѓе во Мадрид

Утрински - 12.03.2004

Стравотните експлозии во Мадрид се случија само три дена пред закажаните избори Од десет експлозии на три железнички станици загинаа 186 лица МАДРИД - Силни терористички бомби вчера погодија три железнички станици во Мадрид во екот на утринскиот сообраќаен метеж, при што загинаа 186 лица, а ...

НАЈКРВАВ МАСАКР ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕУ

Дневник - 12.03.2004

НАЈКРВАВ МАСАКР ВО ИСТОРИЈАТА НА ЕУ Десетте експлозии убиле 173 луѓе и раниле повеќе од 600 на три железнички станици во главниот град на Шпанија Најмалку 173 луѓе загинаа, а повеќе од 600 се ранети при десет симултани бомбашки напади врз преполни возови на железничката станица во Мадрид вчера ...

ЕТА убила 850 луѓе за 35 години

Вест - 12.03.2004

МАДРИД, 12 март, (АП) - Вооружената баскиска група ЕТА којашто шпанската влада ја обвинува за вчерашниот напад врз возовите во Мадрид, досега убила околу 850 луѓе од 1968 година во борбата за независност на Баскија. Групата од 1960-тите години се бори за независност на баскиските региони во северна ...

Мадрид прашува: Зошто?

Време - 12.03.2004

ГРОЗОМОРНИ НАПАДИ ВО ШПАНСКИОТ ГЛАВЕН ГРАД Најмалку 170 Шпанци се убиени, а повеќе од 400 се ранети во вчерашните грозоморни терористички напади во главниот град Мадрид. Тринаесет бомби биле детонирани речиси истовремено на три железнички станици преполни со патници, кои брзале да стигнат на работа.

Азнар вети казна за напаѓачите

Утрински - 12.03.2004

Обраќање МАДРИД - Шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар вети дека одговорните за ужасните експлозии што се случија вчера во Мадрид, на три железнички станици, ќе бидат уапсени. Во телевизиското обраќање Азнар изјави дека во овие напади загинале 186 лица "едноставно поради тоа што биле Шпанци".

Терористички напади на ЕТА

А1 - 11.03.2004

Терористички напади на сепаратистичката организација Баскиска татковина и слобода (ЕТА): - 17 декември 2002 година - Припадници на ЕТА од автомобил во движење убија еден полицаец во близина на Мадрид. Во автомобилот подоцна е откриено поголемо количество експлозив за кое се претпоставува дека ...

186 загинати, 1.000 повредни во терористички напад во Мадрид

А1 - 11.03.2004

186 лица загинаа а над 1000 се повредени по четирите бомбашки напади во што се случија утрово во главниот град на Шпанија. Со временска разлика од неколку минути бомбите експлодирале во 4 воза на три железнички станици во предградијата на Мадрид.

СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО МАДРИД, НАЈМАЛКУ 173 ЗАГИНАТИ И ПОВЕЌЕ СТОТИНИ ПОВРЕДЕНИ

Канал5 - 11.03.2004

- Најмалку 173 лица загинаа, а речиси 600 се повредени во четири експлозии што се случија денеска на железнички станици во Мадрид, соопштија денеска претставници на шпанското Министерството за внатрешни работи. Шпанската Влада оцени дека денешн - Најмалку 173 лица загинаа, а речиси 600 се повредени ...