TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

БИХ - "балканско гето"!

Вечер Прес - 19.02.2005

Ценејќи според бројот на земји кои не можат да ги посетат без виза, граѓаните на БиХ спаѓаат во категоријата најнепожелни странци во светот, а нивната татковина се повеќе личи на балканско гето. Дури 164 држави нема да ви дозволат влегување во земјата без виза, ако имате босанскохерцеговски пасош.

Интернационални диџеи во клубот "Процес"

Вечер Прес - 19.02.2005

“Кока Кола фјузж” фестивал првпат беше организиран минатата година и покажа што значи да се организира успешен музички фестивал. Поттикнати од извонредното искуство минатата сезона овозможено од Кока кола, организаторите (дискотеката "Процес”" се подготвени да го повторат истото и тоа на повисоко ...

"Далеку од мене" на шесто место

Вечер Прес - 19.02.2005

Нашиот минатогодишен евровизиски претставник, Тоше Проески со песната "Далеку од мене" го освои шестото место на неодамна одржаниот ОГАЕ Second Chance Contest ( www.sechuk.com ). На тој начин евровизиските фанови низ Европа им се придружија на оние што минатата година тврдеа дека Тоше имаше шанси ...

Бугарија "на продажба" по 2014 година!

Вечер Прес - 19.02.2005

СОФИЈА, 19 ФЕВРУАРИ (МАКФАКС). - Странците добија право да купуваат земја во Бугарија, откако Парламентот во Софија со огромно мнозинство изгласа промени во Уставот на земјата. Уставните измени, поврзани со членството на Бугарија во Европската унија (ЕУ), ги поддржаа 225 пратеници, а против гласаа ...

"Златна плоча" за Теди Лион селекшн

Вечер Прес - 19.02.2005

Деновиве од Пореч, Хрватска, пристигна пријатна вест за признанието што го доби групата Teddy lion selection. Според информацијата што ја добивме од водачот на групата, Тодор Василев, кој е инаку по потекло од Виница, станува збор за добиено признание "Златна плоча" за продадени над 15.000 аудио ...

"Легнати полицајци" уште на дестина улици

Вечер Прес - 19.02.2005

Општина Карпош ја проддолжува големата кампања што ја почна пред две години, за поставување т.н. "легнати полицајци" на повеќе улици насловена како "Не побрзо од животот". Деновиве две нови сообраќајни препреки беа поставени на улицата "Есперанто", пред училиштето "Димо Хаџи Димов" во Влае, а еден ...

"Зегин" фатен во "цунами дубара"

Вечер Прес - 19.02.2005

Веледрогеријата "Зегин" влетала во невиден скандал со хуманитарната помош за Јужна Азија, тврдат компетентни владини извори. Министерството за внатрешни работи, експерти од Бирото за лекови и од Царината вчера цел ден го расветлуваа случајот со пратката лекови за настраданите од цунами, а целото ...

Почина Италијанец од "косовски синдром"

Вечер Прес - 19.02.2005

Популарно наречениот "косовски синдром"(облик на малигни заболувања од осиромашен ураниум), зеде уште една жртва. Овојпат станува збор за Италијанецот Џовани Казели, професор на Универзитетот од Фиренца, кој како специјален пратеник престојуваше во Косово по бомбардирањето на НАТО, и директно бил ...

Лажна тревога за бомба во ЕМУЦ "Ѓорѓи Наумов"

Вечер Прес - 18.02.2005

Вчераутро околу 9.05 часот непознат маж се јавил во УВР Битола и рекол дека во ЕМУЦ "Ѓорѓи Наумов" има подметнато бомба што требало секој момент да експлодира. Се заканил дека експлозивната направа ќе убие многу ученици. За мошне кус временски период овој средноучилишен образовен центар бил ...

Мажите повеќе сакаат "Ферари" отколку викенд со Памела Андерсон!

Вечер Прес - 18.02.2005

Пред десетина дена во Италија е направена анкета, која навистина донела спектакуларни и фрапантни резултати, откако мажите требале да одговорат на прашањето: Како би го поминале идеалниот викенд - возејќи го моделот на Ферари, "Теста Роса", или во друштво со американската старлета Памела Андерсон? ...

Се избира песна за "Песна на Евровизија"

Вечер Прес - 18.02.2005

Вечерва од 21 часот во Универзална сала ќе се случува генералната проба за домашниот избор на песна за "Евровизија 2005", чие официјално издание ќе се случи на истото место утревечер. Во игра се двајца пејачи Александра Пилева и Мартин Вучиќ.

Македонија се препуши од бугарските "фалц" цигари

Вечер Прес - 18.02.2005

Бугарските власти не ја симнуваат тензијата околу откривањето на тутунскиот шверцерски канал, во кој главна дестинација е Македонија. По апсењето на главниот шверцерски ”бос” Иван Тодоров-Докторот, кој бил во наводно блиски релации со тамошниот министер за финансии Милан Влчев, Македонија упорно се ...

Рекламата за супи ги "скара" Бугарија и Турција!

Вечер Прес - 18.02.2005

АНКАРА, 18 ФЕВРУАРИ (МИА). - Бугарија вложи официјална протесна нота до Турција, поради рекламниот спот за супи на турско-германската прехранбена индустрија "Бактат", објавува во вчерашниот број турскиот весник "Хуриет". Спотот што се емитува на турските телевизии, прикажува полицаец на "еден" ...

На избори "со љубов и верба"

Вечер Прес - 18.02.2005

"Со љубов и верба" гласи мотото со кое што на претстојните локални избори ќе настапи Демократско-републиканската унија на Македонија. Како свој единствен кандидат за градоначалник, оваа партија го промовира Аце Миленковски кој е кандидиран во Општина Бутел.

Не го даваме името "Македонија"

Вечер Прес - 18.02.2005

Панмакедонската асоцијација во Соединетите Американски Држави, која го претставува грчкото лоби побарала од грчкиот амбасадор во Обединетите нации, Адамантиос Василакис, да не попушта во преговорите за разликата за името меѓу Скопје и Атина.

Во "ладата" било пукано од насока на убиените

Вечер Прес - 17.02.2005

Вештите лица од Министерството за внатрешни работи, коишто извршиле балистичко и хемиско вештачење, Горан Милошоски и Весна Антиќ, вчера дадоа изјави за случајот "Раштански лозја". Милошоски е балистичар и бил присутен на увидот што е извршен утрото по убиството на седумтемина Азијци.

"Пунто" ќе се монтира во Крагуевац?

Вечер Прес - 17.02.2005

Во тек се договори меѓу "Фиат" и "Застава" за можноста италијанскиот модел "пунто" да се монтира во Крагуевац. Сите потребни делови за овој автомобил би се носеле од Италија, а готовите возила би излегувале од производствените ленти на "Застава" - изјави Зоран Михајловиќ, претседател на ...

"Жешката Американка"- поуспешна спортска верзија на Ана Курникова

Вечер Прес - 17.02.2005

Веќе стана мода, светските спортистки да бидат споредувани со ненадминатата поранешна руска тенисерка Ана Курникова, која отсекогаш повеќе се снаоѓала во маркетингот и шоу-бизнисот, отколку во спортот. Нормално, најпрво се компарира убавината, потоа спортските способности, а, секако, на крајот и ...

"Камионџиска војна" Словенија - Хрватска!

Вечер Прес - 17.02.2005

Словенија и Хрватска најдоа нова тема за конфронтации. Овојпат станува збор за "камионџиска војна" што почна пред една недела, а кулминира вчера со противмерката на хрватското Министерство за сообраќај. Тие ја известија Царинската управа на Словенија дека сега и словенечките автопревозници кои ...

Тоше со шампањско стави печат на "мисијата"

Вечер Прес - 17.02.2005

Со отвореното шампањско во авионот заврши македонската мисија- носење на Европрашалникот во Брисел. Тоше Проески го отвори шишето шампањско, подарок од МАТ за добро завршената работа. Се почестија сите по малку, колку за среќа.

"Да не дозволиме да се случи нов "Лумикс"!"

Вечер Прес - 17.02.2005

На Центарот на Скопје може да му се случи нов случај "Лумикс". Според актуелниот Детален план за месноста Мал ринг, што не е изменет од 1996 година, на местото спроти палатата "Македонија", на аголот спроти кино "Култура" и улицата "Луј Пастер" има маркица за изградба на објект со станбено деловна ...

"Курцшлус" на релација Влада - експертски тим

Вечер Прес - 17.02.2005

Како што се интензивираат преговорите меѓу Владата и Меѓународниот монетарен фонд така се засилува конфронтацијата меѓу Владиниот експертски тим и потесниот круг на домашните водечки преговарачи. Ракавицата први ја фрлија трилингот Поповски-Гошев и премиерот Бучковски, односно според изјавата на ...

За Реј Чарлс осум "Греми"

Вечер Прес - 16.02.2005

На 47. доделување на американските музички награди "Греми", што во неделата се одржа во Лос Анџелес, на легендарниот Реј Чарлс, кој почина во јуни минатата година, постхумно му беа доделени осум "Греми" награди. Меѓу другото, награда е доделена и за албумот "Гениус Ловес Цомпанѕ" снимен неколку ...

"Топчиите" со 16 странци во тимот

Вечер Прес - 16.02.2005

Актуелниот шампион Арсенал влезе во историјата на англискиот фудбал како прв тим, кој не вклучи ниеден Англичанец меѓу првотимците за натпреварот од националното првенство. Во завчерашното лондонско дерби против месниот ривал Кристал Палас (5:1), менаџерот Арсен Венгер во тимот стави само "странци".

"СИНТЕЗИС" НА ФЕСТИВАЛ ВО ШПАНИЈА

Вечер Прес - 16.02.2005

В петок "Синтезис" заминуваат во Шпанија на светски познатиот етно-фестивал во Бургос, град што е оддалечен 200 км од Мадрид. Фестивалот во Бургос е од ревијален карактер и на него се појавуваат најдобрите светски етно-бендови и пејачи.

Тројцата "рекетари" меѓусебно се напаѓаат?!

Вечер Прес - 16.02.2005

Во Основниот суд Скопје 1 продолжи истрагата за обидот за изнуда на 60.000 евра од актуелниот пратеник во Собранието и кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. Неофицијално, судски извори велат дека во изјавите на сега притворените Наташа Петровска, Зоран Петковски и Роберт Алексовски ...

Офицерките со коса до "крагња"

Вечер Прес - 16.02.2005

Кутри македонски жени?! Таман ќе помислат дека конечно се избориле за рамноправност со своите колеги, а веќе добиваат "по нос" со некое бесмислено правило или закон што, секако, е креиран без нивна консултација и тоа од кого се знае - од мажите.

Со "калашњиков" пукал во полицајци

Вечер Прес - 16.02.2005

Дваесет и осумгодишниот Х.А. од Кондово е приведен во полициска станица поради тоа што во неделата попладнето, во Долно Свиларе, пукал во полицајци. Против него е поднесена кривична пријава за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, а истражниот судија со решение му определил мерка ...

Бугарија "се пере" преку Македонија

Вечер Прес - 16.02.2005

Најновата тутунска афера која речиси едногласно ја пренесоа бугарските медуми каде што Македонија се лоцира како главна "перална" на пари од шверц на цигари, предизвика вистинска бура во јавноста како и во надлежните институции.

На Слобо ќе му ја "сечат" струјата!

Вечер Прес - 16.02.2005

Слободан Милошевиќ и Мирјана Марковиќ должат околу 400 000 динари (околу 5 000 евра) за струја потрошена во семејната куќа во Пожаревац, потврдуваат за "Курир" од "Електроморава". И покрај тоа што на обичните смртници им се "сече струја" за долгувања повисоки од 20 000 динари, луксузниот комплекс ...

"Овде се студира на македонски јазик"

Вечер Прес - 16.02.2005

Околу педесетина тетовски студенти по медицина и стоматологија поднеле документи за трансфер на факултетите на скопскиот универзитет "Св.Кирил и Методиј". Но, уште во стартот се појавија практични проблеми од јазична природа.

Нема услови за "ново Кондово"

Вечер Прес - 15.02.2005

Нападите на изборните штабови на СДСМ и на ДРУМ не можат да го нарушат процесот за избор на новата локална самоуправа, е заедничкиот став на партиите од власта и опозицијата. Демолирањето на партиските штабови се маркетиншки обид на владеачките партии за подигнување на тензијата пред изборите, ...

"Златните птички" вежбаа голи во Јапонија

Вечер Прес - 15.02.2005

Не е лошо да се потсетиме на случката од почетокот на 2002 година, кога три романски гимнастичарки, Корина Унгуреану, Лавиниа Милошовичи и Клаудија Пресечан направија преседан во спортот. Имено, тие во Јапонија снимија ДВД со наслов "Златни птици", во кое ги изведуваа гимнастичките вежби наполно ...

"Родителите не сакаа да дојдат"

Вечер Прес - 15.02.2005

ШТИП.- Не само во средното текстилно училиште, каде се исклучени 11 ученици, туку и во ЕМУЦ "Никола Нахтенин" и Средното медицинско училиште "Јане Сандански" има исклучувања. Во ЕМУЦ се исклучени 18, а во медицинското двајца ученици. И сите поради поголемо отсуства од наставата.

На Трифун му барале "рекет" од 60.000 евра

Вечер Прес - 15.02.2005

Сопственик на агенција за обезбедување имот и лица, четириесет и двегодишниот З.П. и двајца новинари, Н.П. (28) и Р.А. (37), се уапсени при обид од Трифун Костовски да изнудат 60.000 евра. Обидот останал нереализиран откако тројцата во саботата попладнето се уапсени во пицерија во Лептокарија. З.П.

"Петката и "12-ката" продадени по осум илјадарки

Вечер Прес - 15.02.2005

Два од четирите најатрактивни локали на надвозникот "Влајко", беа продадени по почетната цена од 1.000 евра по квадрат, на усно јавно наддавање што се одржа вчера, во просториите на Општина Карпош. На лицитацијата, со уплатен депозит за право на учество беа пријавени четворица заинтересирани, но ...

Илиевски ги "отепа" соиграчите со топки

Вечер Прес - 15.02.2005

Настапот во дресот на Барселона, дома, во првенството на Шпанија, на мечот од 21. коло против Форум Ваљадолид (82:65) долго ќе остане во сеќавање на нашиот кошаркар интернационалец Владо Илиевски. Во улога на стартер Владо мина на паркетот 29,17 минути и притоа ги "отепа" соиграчите со топки.

Грипозни се "прегледуваат" по телефон!

Вечер Прес - 15.02.2005

Секое четврто боледување, што е издадено за грип, е лажно, тврдат матичните лекари во главниот град на Бугарија. Според тоа, 25 отсто од заболените, кои, секако, придонеле за прогласување на епидемијата, лежат дома и се одмораат од "напорната работа", без пред тоа да отидат на лекар.

"Покрај молитвите, потребни ни се и мотиките"

Вечер Прес - 15.02.2005

Со свечена литургија и традиционално закројување на лозјата, вчера во скопското село Кучково беше одбележан големиот христијански празник Свети Трифун. По повод празникот, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, ја освети неодамна реконструираната црква посветена на светецот - заштитник на лозарите и ...

Шиков ги стави "в џеб" Ривалдо и Џовани

Вечер Прес - 14.02.2005

"Ванче Шиков е новата македонска фудбалска ѕвезда", велат европските фудбалски стручњаци. Овој 19-годишен дефанзивен фудбалер на Ксанти, по вторпат сезонава, излегува на крај со Ривалдо, Џовани и останатите ѕвезди на лидерот на табелата во Грција, Олимпијакос.

Основан "Економски круг на Северозападна Македонија"

Вечер Прес - 14.02.2005

Вчера во хотелот "Македонија" во Тетово се одржа основачко собрание, на т.н., "Економски круг на Северозападна Македонија" со 280 претставници на фирми и бизнисмени од Тетово, Скопје, Гостивар, Дебар и други места. Привремениот претседател, Џемали Даути, ни изјави дека за наредните шесет месеци ќе ...

Битолскиот "Сју Рајдер", конечно, ги отвора вратите за пациентите

Вечер Прес - 14.02.2005

Битолскиот центар "Сју Рајдер" ќе ги отвори вратите за пациентите пред официјалниот старт на кампањата за локалните избори или најдоцна до крајот на месецов. Специјализираната установа за нега на пациентите во терминална фаза од болеста и за палијативна нега не работеше, иако во мандатот на ...

"Ветено - сторено...и повеќе од тоа"

Вечер Прес - 14.02.2005

Со новите ингеренции, јас на овие избори од граѓаните, всушност, барам прв мандат, рече градоначалникот Ристо Пенов на вчерашната промоција на изборниот штаб, што на некој начин беше и отчет за сработеното во претходните два мандати.

"Бјело дугме" во Скопје?!

Вечер Прес - 14.02.2005

Горан Бреговиќ и повторно собраната група "Бјело Дугме" можно е да гостуваат во Скопје. Нивното евентуално пристигнување и голем концерт во нашата метропола би се случил во јуни, за време на нивната турнеја каде покрај Македонија, ќе ја посетат и Хрватска, Босна.

Балерината на Бекер со секси-фотографии во "Плејбој"

Вечер Прес - 14.02.2005

Поранешниот тенисер и трикратен освојувач на Вимблдон, Германецот Борис Бекер, откако престана да игра тенис, се чини, уште повеќе е во фокусот на јавноста. Повеќе по скандалите и по многубројните љубовни врски, отколку по нешто друго.

Македонија- перална на тутунските "профити"

Вечер Прес - 14.02.2005

Цигари во вредност од стотици милиони долари се прошверцувани од Бугарија во Македонија во периодот од 1997 до 2003 година, јавија бугарските медиуми. Според софискиот обвинител Бојко Најденов, аферата почнала во 1997 година, кога започнал транзитот на цигарите.

"Домашната" готова, ја чекаме оценката

Вечер Прес - 14.02.2005

Кутиите со 14 илјади страници со одговори на Европрашалникот денеска ќе се предадат на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Токму од денеска започнува периодот на чекање, а и одмор за македонските институции по неколкумесечните одговарања на обемниот материјал.

"Геј именик" кружи на интернет!

Вечер Прес - 14.02.2005

На интернет веќе неколку дена кружи "геј именик", база на податоци со телефонски броеви и описи на стотина хомосексуалци, составена без нивно знаење. Во именикот, кој очигледно го составиле упатени лица од геј-сцената, детаљно се опишани лицата хомосексуалци од Хрватска, а можат да се прочитаат и ...