TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Црвенковски капитулирал прв!

Дневник - 15.06.2002

ПАРТИИТЕ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА ИЗБОРНИТЕ ЗАКОНИ Лидерот на СДСМ го потпишал документот уште пред партискиот портпарол да изјави дека партиите се далеку од договор Лидерите на четирите партии-потписнички на охридскиот договор со помош на меѓународните претставници ги надминаа несогласувањата околу ...

За Холмс Спогодбата за граничната линија е конечна

Утрински - 15.06.2002

Изјава на амбасадорот во Приштина Спогодбата меѓу Македонија и СР Југославија во делот од границата кон Косово е полноважна и за неа повеќе нема да се расправа, изјави во Приштина специјалниот американски советник за Југоисточна Европа, амбасадорот Џејмс Холмс.

Лидерите го парафираа компромисот за изборните закони

Вест - 15.06.2002

СОБРАНИЕТО ДЕБЛОКИРАНО Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, СДСМ Бранко Црвенковски, ПДП Абдурахман Халити и на ДПА Арбен Џафери, вчера, под притисок на меѓународната заедница, ги ставија своите потписи на спорните прашања од законот за избор на пратеници.

Проблемите со границата треба да се решат на локално ниво

Утрински - 15.06.2002

Средба Чашуле-Холмс Скопје - Текот на разговорите меѓу четирите најголеми политички партии за приближување на ставовите во врска со изборното законодавство беше една од темите за кои се разговараше на вчерашната средба на министерот за надворешни работи, Слободан Чашуле, со специјалниот американски ...

Холмс и Ле Роа и честитаа на лидерската четворка за компромисот

А1 - 14.06.2002

Специјалните пратеници на САД и на Европската Унија, Џејмс Холмс и Ален ле Роа, со чие посредништво беше постигнат политички договор за изборните закони, им честитаат на лидерите на четирите партии за компромисот кој го постигнаа за неколкуте спорни точки.

Холмс: „Спогодбата за граничната линија е конечна“

А1 - 14.06.2002

Спогодбата меѓу Македонија и СР Југославија во делот од границата кон Косово е полноважна и за неа повеќе нема да се расправа, изјави во приштина специјалниот американски советник за југоисточна Европа, амбасадорот Џејмс Холмс.

Ливчето безимено, ама двојазично

Вест - 14.06.2002

РАЗГОВОРИТЕ ЗА ИЗБОРНИТЕ ЗАКОНИ ФИНИШИРААТ ИДНАТА НЕДЕЛА На гласачкото ливче ќе стои само римскиот број на изборната единица и знамето на Македонија, во изборните единици каде претставниците на етничките заедници имаат листа на кандидати имињата на нивните партии Разговорите на партиските лидери со ...

СДСМ и ПДП ќе попуштат за изборното законодавство?

Дневник - 14.06.2002

ПАРТИИТЕ НАЈАВУВААТ ДЕБЛОКАДА Договорот предвидува регионалните и општинските изборни комисии да се избираат со просто мнозинство, а ДИК би имала право да ги назначува првите луѓе на општинските изборни комисии СДСМ и ПДП се спремни да попуштат за начинот на конституирање на изборните комисии и ...

Холмс и Лероа не преговарале со Лека

Утрински - 14.06.2002

ДЕМАНТ Американската амбасада во Скопје ја негираше веста дека командантот Лека, кој од неодамна има висока функција во ДПА, бил во тимот на Арбен Џафери што завчера преговараше со европратеникот Ален Лероа и американскиот дипломат Џејмс Холмс.

Лероа: Немам дополнителни информации за киднапираните!

Утрински - 14.06.2002

Тетовци се сретнаа со пратеникот на ЕУ Немам дополнителни информации за киднапираните, изјави претставникот на ЕУ во Македонија, Ален Лероа пред вчерашната средба со роднините на киднапираните тетовци.Тој информираше дека на средбата ќе присуствува и македонскиот министер за внатрешни работи, Љубе ...

Ле Роа вели има напредок, рано е за детали

Вест - 14.06.2002

Има напредок во разговорите околу пакетот изборни закони, но не можам да соопштам детали", изјави вчера попладне специјалниот претставник на Европската унија во Република Македонија, Ален Ле Роа. Тој рече дека продолжуваат консултациите, меѓутоа оти нема да се соопштуваат детали се додека не биде ...

Северната граница испеглана на 360 места

Утрински - 14.06.2002

Трајковски и Холмс за Спогодбата меѓу СРЈ и Македонија Американскиот пратеник Џејмс Холмс на средбата со претседателот Борис Трајковски ја оквалификувал Спогодбата за границата меѓу СРЈ и Македонија како многу професионална и најавил дека ќе договори своја средба со претставниците на УНМИК за да се ...

Средба на роднините на киднапираните со Ален ле Роа

А1 - 13.06.2002

„Немам нови, ниту дополнителни информации за 12-те киднапирани Македонци“, изјави денеска специјалниот европски претставник за Македонија Ален ле Роа. Тој се сретна со роднините на киднапираните и им рекол дека треба да почекаат додека не се врати во земјава претседателот на Европската комисија за ...

Постигнат договор за спорните прашања во изборниот пакет

А1 - 13.06.2002

Четирите партии потписнички на рамковната спогодба вечерва, со меѓународно посредништво, постигнаа договор за спорните прашања во законот за избор на пратеници, со што би требало да се деблокира и собранието. По усогласувањето на ставовите меѓу ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП, благодарејќи на ...

Ле Роа ја зафркнал работата

Вест - 13.06.2002

ЉУБЧО И ЏАФЕРИ ВО СВОИТЕ ИНТРИГИ ГО ЗАПЛЕТКАА И ЕВРОДИПЛОМАТОТ Европратеникот Ле Роа, во желба да покаже дека може да го деблокира процесот за изгласување на законите од Рамковниот договор и без својот американски колега Холмс, побрзал да им понуди компромисно решение на Европратеникот Ален Ле Роа ...

Холмс оди на симултанка со четворицата

Дневник - 13.06.2002

КОЛАПС НА ПРЕКСИНОЌЕШНАТА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Прексиноќешната седум и полчасовна средба на лидерите на четирите партии-потписнички на охридскиот договор со олеснувачите завршила неуспешно и без изгледи дека ќе биде постигната каква било согласност, информираат партиски извори.

Нема уставни промени без вистината за киднапираните

Дневник - 13.06.2002

ТЕТОВЦИ ВЧЕРА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД СОБРАНИЕТО Ова го ветиле Андов и Ле Роа на разговорите со лидерот на Блокот македонски партии Околу 200 тетовци вчера ја блокираа улицата пред Собранието и се заканија дека нема да дозволат пратениците да ги изгласаат законите од охридскиот договор се додека не се ...

Холмс и Ле Роа растрчани по партиските штабови

А1 - 12.06.2002

По неуспешната синоќешна повеќечасовна лидерска средба, меѓународните посредници Џејмс Холмс и Ален ле Роа денеска одржуваат одделни состаноци со четирите партиски тима, во обид да се премостат разликите за спорните точки од изборното законодавство. Договор засега нема.

Холмс и Лероа во нова сеанса за убедување на лидерската четворка

Утрински - 12.06.2002

Уште една дипломатска офанзива за откочување на блокираниот собраниски процес за рамковната регулатива СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА, ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА "Германците се супер, ама и Камерун не се лоши, иако играат со десет играчи", му рекол премиерот Љупчо Георгиевски во самиот почеток на средбата на ...

Договорот треба да се исполни пред да се испразни шишето шампањ

Дневник - 12.06.2002

СДСМ НЕ ВЕРУВА ВО ОЖИВУВАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР Ако не притиснат, можеби нешто и ќе се договориме - вели висок извор од владејачката ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ги обвини власта и меѓународната заедница за неуспехот на преговорите во спроведувањето на охридскиот договор.

ЕУ предлага гласачки ливчиња без наслов

Вест - 12.06.2002

НОВА ИДЕЈА НА СТРАНЦИТЕ ЗА ДЕБЛОКАДА НА СОБРАНИСКАТА РАСПРАВА ЗА ИЗБОРНИТЕ ЗАКОНИ Алан Ле Роа информираше дека на партиите им предложил гласачкото ливче за претстојните избори да нема заглавие, туку на него да стои само бројот на изборната единица во која се гласа Специјалниот претставник на ЕУ, ...

Холмс последна надеж за деблокада на изборното законодавство

А1 - 11.06.2002

Џејмс Холмс, пратеникот на американскиот претседател Џорџ Буш за Балканот доцна попладнево пристигна во Скопје за да го потурка донесувањето на изборните закони. Вечерва, Холмс ќе има средби со лидерите на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП, кои со негово посредство треба да ги надминат разликите околу ...

Сега сите се крстат во Холмс

Дневник - 11.06.2002

ПО НЕУСПЕХОТ НА МЕЃУПАРТИСКИТЕ СРЕДБИ Партиите досега ги доближија само ставовите за изборот на претседателот на ДИК Специјалниот американски пратеник Џејмс Холмс и европратеникот Ален ле Роа денеска попладне повторно ќе се обидат да помогнат да се надминат различните толкувања на веќе договореното ...

Холмс повторно ќе ги седне партиските лидери на заедничка маса

А1 - 10.06.2002

Специјалниот пратеник на САД за Балканот, Џејмс Холмс, кој утре повторно пристигнува во Скопје, ќе се обиде на заедничка маса да ги седне партиските лидери за да се договорат за спорните точки во изборното законодавство, а со тоа да го деблокираат и собранието.

Џејмс Холмс ќе ги пегла разликите за изборните закони

Вест - 10.06.2002

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК НА АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ УТРЕ ПОВТОРНО ВО СКОПЈЕ На петочната средба со помошник-државниот секретар на САД Џафери не се појавил зашто бил на лекување во Париз, а Георгиевски отсуствувал без никакво образложение, па Елизабет Џонс била видно разочарана од од По неуспехот на ...

Холмс ќе го откочува донесувањето на "охридските закони"

Утрински - 10.06.2002

По состанокот во американската амбасада за деблокирање на законодавниот процес СОЊА КРАМАРСКА Американската дипломатија не доживеа успех на петочната вечера што ја приредија амбасадорот Лоренс Батлер и помошник-државен секретар на САД, Елизабет Џонс, за македонските лидери.