TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ало, јавноста чека објаснување!

Време - 24.07.2004

ПО ТЕЛЕФОНСКИОТ ПРЕСТАП НА ВЛАСТА Министерството за одбрана формирало комисија што ќе ги истражи обвинувањата дека од негови телефони е гласано за предлогот на Владата за новата територијална организација во анкетата на емисијата „Чуму“ на телевизијата А1.

И анкетите ги местат со наши пари

Вест - 23.07.2004

СКАНДАЛ - ГЛУПАВО ТРОШЕЊЕ НА БУЏЕТОТ По информацијата дека телефонските повици на анкетата на А1 телевизија доаѓале од владини телефони, министерот Бучковски ни изјави дека немало организирано телефонирање оти поважна била расправата За 5.000 јавувања од владини телефони на анкетата во емисијата ...

Од владини институции се гласало во анкетата на "Чуму"

Утрински - 23.07.2004

Прес на ВМРО-ДПМНЕ поради "наместената" телефонска анкета на А1 Манипулацијата со гласовите од телефонската анкета за децентрализацијата за време на емисијата "Чуму" отвори нов фронт меѓу власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ по повод овој скандал вчера свика и прес-конференција на која изјави дека е ...

Власта фатена во телефонски престап

Време - 23.07.2004

АНКЕТАТА НА „ЧУМУ“ ЛАЖИРАНА Владимир Николоски Два телефонски броја што се водат на името „Локална самоуправа општина Центар“ и повеќе од пет телефонски броја на Агенцијата за млади и спорт биле масовно употребени за да се лажира тричасовната телефонска анкета на емисијата „Чуму“ на А1-телевизија.

На Бучковски и на Костов им ѕвонат за оставки

Дневник - 23.07.2004

МАНИПУЛАЦИИ СО ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА Премиерот Хари Костов и министерот за одбрана Владо Бучковски мора да поднесат оставки поради злоупотребата на државните телефони при гласањето во анкетата за децентрализација во телевизиската емисија "Чуму" на телевизија А1, побараа вчера опозициските ВМРО-ДПМНЕ и ...

Уа, шнајдери!

Време - 23.07.2004

Елена Ристеска Власта е фатена со рацете во грнето. Не се мие лесно медот од рацете на тие што гласаа за владиниот предлог за новата територијална организација во телефонската анкета на „Чуму“ на А1-телевизија. Пет илјади телефонски јавувања со поддршка на владиниот предлог дојдоа од телефони на ...

ДПМНЕ: „50% од гласовите во Чуму потекнуваат од МО, ГШ и Агенцијата за млади“

А1 - 22.07.2004

Според ВМРО-ДПМНЕ, 50 отсто од гласовите дадени завчера во телефонската анкета на емисијата „Чуму“ на А1 Телевизија за поддршка на владиниот предлог за територијална организација, потекнуваат од телефони на Министерството за одбрана, Генералштабот и од Агенцијата за млади и спорт.

КОЈ Е ПРЕМИЕР?

Утрински - 22.07.2004

МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Кој е премиер на Владата на Македонија? Иако одговорот на навидум непристојното прашање е сосема јасен, барем од формално правен аспект, завчерашната емисија "Чуму", на А1 телевизија, многумина гледачи ги остави целосно збунети.

Oд владини телефони гласано во анкетата на „Чуму“

А1 - 21.07.2004

Во синоќешното вонредно издание на „Чуму“ посветено на владиниот пакет за општинско разграничување беше реализирана и 3 часовна телефонска анкета на прашањето „Дали се согласувате со владиниот предлог за општините?“. Беа регистрирани над 12.800 гласови.