TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема пари за плати во МРТВ

Дневник - 12.08.2006

Управниот одбор на МРТВ побара од Владата 5,4 милиони евра за дофинансирање на ненаплатената радиодифузна такса од декември лани до мај годинава Штрајкот во Македонската радио-телевизија продолжува со емитување телоп на сите програмски сервиси пред главните информативни емисии, во кој се изложени ...

Владата да го плати долгот од 7 милиони евра

Време - 12.08.2006

ШТРАЈК ВО МРТ Управниот одбор на јавното претпријатие Македонска радио-телевизија ќе побара од Владата да ги исполни обврските од Законот за радиодифузна дејност за финансирање на јавниот радиодифузен сервис и да и исплати околу 7 милиони евра на сметката на МРТ, соопштија од УО по вчерашната ...

МРТВ бара 400 милиони денари од Владата

Вест - 12.08.2006

Управниот одбор на Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија одлучи да се обрати до Владата со барање да се исполнат обврските од член 178 од Законот за радиодифузна дејност во делот за финансирање на јавниот радиодифузен сервис, соопшти УО по вчерашната седница.

Управниот одбор бара Владата да ги исполни обврските

Вечер Прес - 12.08.2006

Новиот Управен одбор на Македонската радиотелевизија ја повикува Владата на сметката на јавниот сервис веднаш да уплати околу 430 милиони денари. УО ја потсетува Владата да ги исполни обврските од член 178 од Законот за радиодифузна дејност во делот за финансирање на јавниот радиодифузен сервис.

Ветена исплата на три хранарини

Дневник - 11.08.2006

Штрајкот на вработените во МРТВ продолжува и по постигнатата спогодба за исплата на хранарина за последните три месеци Штрајкот на вработените во Македонската радио-телевизија продолжува и по постигнатата спогодба меѓу Штрајкувачкиот одбор и Управниот одбор до идниот петок да им се исплати ...

Управниот одбор вети исплата на долгот кон работниците

Време - 11.08.2006

ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ ВО МРТ Македонската радио-телевизија до крајот на идната недела треба да им исплати надомест за хранарина за изминативе три месеци на вработените во националната куќа, а дополнително ќе се одреди динамиката со која на работниците ќе им се исплатат четирите заостанати плати.

Владата и должи повеќе од 7 милиони евра на Македонската радио-телевизија

Канал5 - 11.08.2006

Владата и должи повеќе од 7 милиони евра на Македонската радио-телевизија, пресметал управниот одбор на куќата. Одборот од владата побарува да ги исполни обврските од член 178 од законот за радиодифузна дејност во делот за финансирање на јавниот радиодифузен сервис.

Вработените во МРТ ќе добијат три хранарини, за платите се преговара

Утрински - 11.08.2006

Директорот и главен и одговорен уредник на Македонското радио, Глигорие Поповски, вчера поднесе оставка Вработените во Македонската радиотелевизија најдоцна до 18 август ќе добијат три хранарини - за мај, јуни и за јули. Ова е договорено на завчерашната средба меѓу Штрајкувачкиот одбор, Управниот ...

Директорката се спаси, МРТВ пропаѓа

Дневник - 11.08.2006

Правниот вакуум ја спасил директорската фотелја на Гордана Стошиќ, констатира заменик- претседателот на Управниот одбор на МРТВ Правниот вакуум ја спасил директорската фотелја на Гордана Стошиќ, констатира заменик- претседателот на Управниот одбор на МРТВ.

Три хранарини и оставка на директорот на радиото

Вечер Прес - 11.08.2006

Штрајкувачкиот одбор и преговарачкиот тим на МРТ се спогодија најдоцна до 18 август на вработените да им биде исплатен надомест за храна за месеците мај, јуни и јули. За динамиката на исплата на четирите заостанати плати и надоместоци се уште се преговара.

Владата ќе застане на страна на вработените во МРТ

А1 - 10.08.2006

Владата ќе застане на страна на вработените во Македонската радио телевизија. Проблемот со финансирањето на јавното претпријатие ќе биде на дневен ред уште на првата седница на Владата. Ова денеска на штрајкувачите им го вети претседателот на Собранието на Македонија, Љубиша Георгиевски.

Штрајкувачите од МРТ на средба со спикерот Георгиевски

Канал5 - 10.08.2006

Претставници на Штрајкувачкиот одбор при МРТВ во моментов се на најавената средба со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски. Претставници на Штрајкувачкиот одбор при МРТВ во моментов се на најавената средба со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски.

Стошиќ остана директорка на МРТВ

Вест - 10.08.2006

Управниот одбор на МРТВ не донесе конечен став за оставката на генералната директорка Гордана Стошиќ. Тие вчера не се договориле зашто оставката ја прифатил само еден член, против се изјасниле двајца, а воздржани биле четворица.

Правен вакуум ја спаси Стошиќ

Дневник - 10.08.2006

Членовите на Управен одбор ја искористија законската недореченост за да не пресечат за понудената оставка на директорката Правниот вакуум ја спаси директорската фотелја на Гордана Стошиќ во Македонската радио-телевизија. Управниот одбор на јавниот радиодифузен сервис не усвоил став за оставката на ...

Стошиќ останува на чело на МРТ, во меѓувреме дели откази

Утрински - 10.08.2006

Заменик-претседателот на УО, Ванчо Костурски, тврди дека Стошиќ требало да поднесе оставка до Собранието ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Гордана Стошиќ и натаму останува на чело на Македонската радио-телевизија. Иако во понеделникот поднесе оставка под притисокот на вработените кои штрајкуваат веќе четврти ден , ...

Управниот одбор воздржан по оставката на Стошиќ

Време - 10.08.2006

ТРЕТ ДЕН ШТРАЈК ВО МРТ Управниот одбор на Македонската радио-телевизија на вчерашната седница не ја усвои оставката на Гордана Стошиќ, генералната директорка на МРТВ, информира Ванчо Костурски, заменик-претседател на УО на МРТВ, пренесува МИА.

Управниот одбор не ја прифати оставката на Стошиќ

А1 - 09.08.2006

Управниот одбор на Македонската радиотелевизија не ја прифати оставката на Гордана Стошиќ. Само еден член гласал за оставката, останатите не се согласиле за понудената оставка, правдајќи се дека тие не се надлежни да одлучуваат за ова прашање. Топката ја префрлаат во Парламентот.

За исплата на платите во МРТ се неопходни половина милион евра

Утрински - 09.08.2006

Управниот одбор на МРТ вчера до доцна попладне расправаше за оставката на Гордана Стошиќ Над половина милион евра се неопходни за исплата на заостанатите плати на вработените во Македонската радио-телевизија. Ова го тврдат членови на Штрајкувачкиот одбор во МРТ, од каде што велат дека долгот на ...

Управниот одбор на МРТВ без став за отказот на Гордана Стошиќ

Канал5 - 09.08.2006

Управниот одбор на МРТВ нема став за оставката што ја поднесе генералната директора Гордана Стошиќ. Тие сметаат дека Стошиќ треба да ја испрати на адреса на органот што ја избрал, во случајов Парламентот Управниот одбор на МРТВ нема став за оставката што ја поднесе генералната директора Гордана ...

Штрајкот на МРТВ и на телопШтрајкот на МРТВ и на телоп

Вест - 09.08.2006

Нема законска пречка вработените во Македонската радио-телевизија да го одбележат штрајкот со телоп кој ќе оди додека тече програмата на телевизија. Вака го протолкувале правниците Законот за штрајк во јавните претпријатија, но дури денес ќе се прецизира што ќе пишува на телопот, велат од ...

Продолжува штрајкот во МТВ

Дневник - 09.08.2006

Вработените ги повторија барањата, но се' уште нема најава дека ќе добијат плата Вработените во Македонската радио-телевизија го продолжија штрајкот што почна во понеделникот, незадоволни од состојбите во јавниот радиодифузен сервис, но не добија каква било најава дали ќе ги добијат заостанатите ...

Со итен ремонт до модерна информативна куќа

Време - 09.08.2006

ВТОР ДЕН ШТРАЈК ВО МРТ Итна трансформација на Македонската радио-телевизија од јавен сервис во модерна информативна куќа побараа вчера вработените во националната куќа на вториот ден од штрајкот за исплата на заостанатите плати и придонеси.

Педесет илјади фактури за радиодифузна такса можат да останат ненаплатени

Канал5 - 09.08.2006

Буџетот на Македонската радио-телевизија ќе остане покус за 50 илјади фактури кои треба да ја наплатат радиодифузната такса. Толку домаќинства не се лоцирани ниту пак заведени од службата на МРТВ, па нивните фактури се вратени бидејќи надлежните не знаат на која адреса да ја извршат доставата, ...

УО на МРТ нема став за оставката на Стошиќ

Макфакс - 09.08.2006

Скопје Управниот одбор (УО) нема став околу понудената оставка на генералниот директор на Македонската радио телевизија(МРТ) Гордана Стошиќ. Штрајкот во МРТ, во меѓувреме, продолжува. Заменик претседателот на Управниот одбор на МРТ, Ванчо Костурски, на денешната прес конференција изјави дека УО ...

Штрајкувачкиот одбор и МРТ постигнале првична спогодба

Макфакс - 09.08.2006

Скопје Штрајкувачкиот одбор на Македонската радио телевизија (МРТ) и преговарачкиот тим на МРТ и Управниот одбор (УО), постигнале првична спогодба и напредок во преговорите за исплата на платите. Преговарачкиот тим на МРТ се обврзал до петок да ги исплати хранарините за три месеца.

Втор ден од штрајкот во МРТВ

А1 - 08.08.2006

Продолжува штрајкот на вработените во Македонската радио телевизија. Иако една од целите е постигната уште првиот ден, Гордана Стошиќ даде оставка, вработените се уште на знаат како ќе си ги добијат своите четири плати. Од штрајкувачкиот одбор предупредуваат дека прекинот на програмата е се уште ...

Вработените во МРТВ бараат плати и оставки

Дневник - 08.08.2006

Штрајкувачите бараат оставка од директорката Гордана Стошиќ и од Управниот одбор, поради нарушеното реноме на МРТВ, загрозената социјална сигурност на вработените и лошиот квалитет на програмата Со барања за исплата на заостанатите четири плати и оставка на генералната директорка Гордана Стошиќ, ...

Гордана Стошиќ мора да си оди

Време - 08.08.2006

ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МРТ Стотина вработени во Македонската радио-телевизија вчера еден час штрајкуваа во холот на зградата на националната телевизија и побараа смена на генералната директорка Гордана Стошиќ. Тие неа ја обвинија за лошата финансиска и програмска состојба во МРТ.

МРТВ штрајкува работно

Вест - 08.08.2006

Дел од вработените во Македонската радио -телевизија вчера штрајкуваа со едночасовен собир во просториите на МРТ. Тие бараат исплата на заостанатите плати од април годинава, уплата на придонесите од плата за ноември и декември минатата година, како и уплата на придонесите од платите од оваа година ...

Стошиќ поднесe оставка

Дневник - 08.08.2006

Генералната директорка на МРТВ Гордана Стошиќ вчера поднесe оставка на функцијата, дознаваме од наши извори, таа за ваквиот чекор со писмо го известила Управниот одбор Генералната директорка на МРТВ Гордана Стошиќ вчера поднесe оставка на функцијата, дознаваме од наши извори.

Штрајк во МРТ, Стошиќ поднесе оставка

Утрински - 08.08.2006

Дел од вработените во МРТ вчера штрајкуваа со едночасовен собир во холот на куќата ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Генералниот директор на Македонската радио-телевизија, Гордана Стошиќ, вчера поднесе оставка до новиот Управен одбор. Оставката на функцијата прв човек на јавниот радиодифузен сервис ја поднесе само ...

Реформа или крах на јавниот сервис

Дневник - 08.08.2006

Состојбите во Македонската радио-телевизија со вчерашниот штрајк дојдоа до ниво што може да доведе до целосна парализа на јавниот радиодифузен сервис Состојбите во Македонската радио-телевизија со вчерашниот штрајк дојдоа до ниво што може да доведе до целосна парализа на јавниот радиодифузен сервис.

Веле Смилевски бара генералната директорка да поднесе, а не да нуди оставка

Макфакс - 08.08.2006

(Дневник) – среда, 16.08.2006 МАКЕДОНСКА РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА Тоа е единствениот начин да се покаже свест и да се даде прилог во надминувањето на незавидната состојба во МРТ, смета членот на Управниот одбор Госпоѓа Гордана Стошиќ, која веќе го изгуби легитимитетот на прв човек на Македонската ...

Штрајкот во МРТ продолжува, прием кај претседателот на Собранието

Макфакс - 08.08.2006

Скопје Вработените во Македонската радио телевизија (МРТ) денеска продолжуват со штрајкот, поради неисплатените плати. Штрајкувачкиот одбор на МРТ за денеска најави и средба со претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, пред кого ќе ги претстави проблемите на вработените.

Стошиќ каде се парите!?

Вечер Прес - 08.08.2006

"Стошиќ каде се парите?", "Оди си!!!" и "Ревизија" се дел од транспарентите што беа изложени вчера во холот на Македонската радиотелевизија, каде што околу стотина вработени одржаа едночасовен штрајк во знак на незадоволство од состојбите во информативната куќа.

Стошиќ замина од директорската позиција во МРТВ

А1 - 07.08.2006

Гордана Стошиќ замина од директорската позиција во МРТВ. Си даде оставка на првиот ден на генералниот штрајк на вработените. Ова следеше откако тие ги испорачаа своите барања. „Бараме под итно Гордана Стошиќ да си поднесе оставка за овие четири години деструкција“, изјави Вангел Божиновски, ...

Генералниот директор на МРТВ Гордана Стошич поднесе писмена оставка

Канал5 - 07.08.2006

На првиот ден од штрајкот во македонската телевизија, генералната директорка Гордана Стошиќ поднесе оставка. Канал 5 дознава дека во писмото што таа го упатила до новоизбраниот управен одбор наведува дека: На првиот ден од штрајкот во македонската телевизија, генералната директорка Гордана Стошиќ ...

ОБСЕ и Хелсиншки поканети на штрајк

Време - 07.08.2006

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕВИРАЊАТА ВО МРТ Владимир Николоски Штрајкувачкиот одбор на Македонската радио-телевизија ги повика претставниците на Канцеларијата на ОБСЕ и на Хелсиншкиот комитет да одат на протестот на вработените во МРТ, најавен за денеска, за да ги слушнат причините за штрајкот и нивните барања.

Протест на вработените во МРТ

Канал5 - 07.08.2006

Дел од вработените во јавниот радиодифузен сервис Македонска радио-телевизија претпладнево протестираат во холот на МРТВ во знак на револт од состојбите во оваа информативна куќа Скопје, 7 август (МИА) - Дел од вработените во јавниот радиодифузен сервис Македонска радио-телевизија претпладнево ...

Вработените во МРТ од денеска ќе штрајкуваат

Утрински - 07.08.2006

Прекин на програмата засега ќе нема, бидејќи се противела директорката на МРТ ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Вработените во Македонската радио-телевизија - МРТ од денеска дефинитивно стапуваат во штрајк. Штрајкот во јавниот радиодифузен сервис почнува откако во изминатиот месец Штрајкувачкиот одбор не постигна ...

Денеска штрајк во МРТВ

Дневник - 07.08.2006

На вработените 6 месеци не им се уплаќани придонеси за здравствено и пензиско осигурување и надомест за храна за 3 месеци Вработените во Македонската радио-телевизија денеска стапуваат во штрајк, потврди Александар Анѓеловски портпарол на Штрајкувачкиот одбор, по неуспешната средба со генералната ...

Оставка на генералниот директор на МРТ Гордан Стошиќ

Макфакс - 07.08.2006

Скопје Генералниот директор на Македонската радио телевизија (МРТ) Гордана Стошиќ, поднела, односно понудила оставка на функцијата до новиот состав на Управниот одбор. Од текстот на образложението не е најјасно дали станува збор за поднесена или понудена оставка, зашто се споменуваат и двата ...

Штрајк на вработените во МРТ

Макфакс - 07.08.2006

Скопје Вработените во Македонската радио телевизија (МРТ) денеска стапуваат во штрајк, поради неисплатени неколкумесечни плати. Одлуката ја донесе Штрајкувачкиот одбор во саботата, откако пропаднале последните состаноците што во петокот одборот ги имал со генералниот директор Горданa Стошиќ и со ...

Започна штрајкот во МРТ

Макфакс - 07.08.2006

Скопје Исплата на заостанатите плати од април годинава, надоместоците за храна, како и уплата на придонесите за ноември и декември 2005 г. се главните барања на вработените во Македонската Радио Телевизија (МРТ) кои денеска стапија во штрајк.

Стошиќ и натаму ги опструира работничките права

Вечер Прес - 07.08.2006

Вработените во МРТ денеска ќе протестираат пред холот на јавниот сервис. Одлуката на Штрајкувачкиот одбор следува по новиот неуспешен состанок со генералниот директор Гордана Стошиќ и со нејзиниот заменик Назив Буши, на кој не биле надминати различните ставови по суштинските точки од барањата за ...