TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тирана вели дека одлуката за визите била „парадоксална“

Утрински - 12.01.2008

Албанија притиска на сите начини Македонија да ја смени одлуката за визите Албанскиот претседател Бамир Топи ја нарече „избрзана и парадоксална“ одлуката на нашата земја вадењето визи за албанските државјани да го пресели од границата во македонската амбасада во Тирана.

Груевски и Тачи разговараа за визите

Време - 12.01.2008

СРЕДБА ВО ВЛАДАТА Премиерот Груевски и претседателот на ДПА, Тачи, завчера вечер се сретнале во Владата да разговараат за можноста Македонија да го одложи издавањето визи за албанските граѓани во македонската амбасада во Тирана, најавено за од 1 февруари.

Албанија бара ист визен аршин како и за Србија

Дневник - 12.01.2008

Македонија кон албанските граѓани треба да го применува истиот режим што го применува кон граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина и кон Хрватска, за кои воопшто не бара визи, побара вчера во Скопје албанскиот министер за економија, трговија и енергетика Генц Рули.

Албанците добија уште еден месец

Вечер Прес - 12.01.2008

Неофицијално, Владата се одлучила на овој чекор и за да остави простор за решение за ова прашање на средбата меѓу премиерите на двете земји, Груевски и Бериша во Тирана идниот месец Албанските граѓани уште еден месец ќе можат да вадат визи за влез во земјава на македонско-албанската граница, ...

Албанија ќе биде изземена од новата процедура за визи

А1 - 11.01.2008

Владата ја преиспитува одлуката базирана на законот за престој на странци, со која албанските граѓани за влез во земјава наместо на граница, виза ќе треба да бараат во македонската амбасада во Тирана. По реакциите на албанската јавност и средбата на коалиционите партнери, на која лидерот на ДПА ...

Незадоволство од новата процедура за визи

А1 - 11.01.2008

Остри несогласувања, неприфатливост и барање или визите да се вадат на граница, како досега, или тие да се укинат. Вака и денеска реагираа албанските државјани, кои со патнички и товарни возила ја минуваа македонско-албанската граница низ преминот Ќафасан кај Струга.

Албанија ја нарече Македонија „ПЈРМ“

А1 - 11.01.2008

Албанската национална телевизија синоќа ја нарече Македонија со референцата „ПЈРМ“, како револт на одлуката визите наместо на граница да се издаваат во Тирана. Како што јави дописникот на Макфакс, Албанската национална телевизија синоќа имаше коментар за најновата одлука на македонското ...

Македонија заслужува укинување на визите

Време - 11.01.2008

ОЦЕНА НА РОБЕРТО РИКО ОД ИТАЛИЈАНСКАТА АМБАСАДА Елизабета С. Илиевска Македонија е на добар пат да добие и целосно укинување на визите, оценува Роберто Рико, заменик-шеф на мисијата во италијанската амбасада во Скопје, по договорот за олеснување на визниот режим што се применува од почетокот на ...

Груевски и Тачи се договараат за визите

Канал5 - 11.01.2008

Најавите од македонското МНР дека од 1 ви февруари граѓаните на Албанија за влез во Македонија визи ќе мора да вадат од нашата амбасада во Тирана но не и на граничниот премин создаде нервоза меѓу Албанците во Македонија. Реакции и од политичките партии на Албанците владејачката ДПА и опозициската ...

Визниот режим кон Албанија го воведе Собранието

Време - 11.01.2008

РЕАКЦИЈА НА МНР Министерството за надворешни работи реагира на изнесените дезинформации и изјави на пратеници во однос на визниот режим кон Албанија. Оттаму велат дека не се воспоставува нов визен режим меѓу Македонија и Албанија и дека пратениците требало да го искористат периодот од 7 месеци да ...

Реакции по најавите за воведување визи

А1 - 10.01.2008

По најавите за укинување на издавањето на визите на граница за албанските државјани од 1 февруари, освен реакции од албанските власти стигнуваат реакции и од општините Дебар, Струга, Охрид, кои најмногу ќе бидат погодени со намалениот број на туристи и бизнис соработка со Албанија.

Владата згреши со визите за албанските државјани

Време - 10.01.2008

РЕАКЦИИ НА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Македонија згреши што го смени визниот режим со Албанија, реагираат албанските партии откако Владата завчера објави дека албанските државјани мора да вадат визи во амбасадата во Тирана, а не на граница, како што беше досега.

Визи за соседот

Дневник - 10.01.2008

Императив на Европа е да се урнат визните бариери. Ова особено се однесува за две, во голема мера, изолирани земји - Македонија и Албанија . Но, и за ова прашање има строги правила на игра, односно почитување на меѓународните стандарди и закони.

Дебар и Струга ќе протестираат против одлуката на Скопје

Дневник - 10.01.2008

Наместо либерализација на визниот режим, донесена е одлука што не е во духот на добрососедството, смета градоначалникот на Дебар Македонските Албанци од Дебар и од Струга подготвуваат демонстрации против одлуката на македонската влада со која е предвидено визи за албанските граѓани да се вадат само ...

Македонија не воведува нов визен режим, се менува само прoцедурата

Утрински - 10.01.2008

Визниот режим што и го имаше Македонија засега кон 150 земји, вклучувајќи ја и Албанија, останува ист ТАМАРА ГРНЧАРОСКА Македонија не воведува нов визен режим кон Албанија и другите 146 држави во светот за чии граѓани и досега била потребна виза за влез во земјава.

МНР: Визи мора да се вадат во македонските амбасади

Вест - 10.01.2008

Иако измените на Законот за странци кои стапија во сила на први јануари предизвикаа остри реакции, оваа одлука не може да се смени и странските граѓани кои сакаат да ја посетат Македонија виза ќе мора да вадат во амбасадите. Ова најмногу ќе ги погоди албанските граѓани, кои до први февруари ќе ...

Македонија не воведува нови визи!

Вечер Прес - 10.01.2008

Одлуката албанските граѓани да вадат виза во Македонската амбасада во Тирана, наместо на граница, за македонските политичари е економски неоправдана Македонското МНР до крајот на овој месец ќе и понуди на Албанија Спогодба за олеснување на визното олеснување за да се амортизираат последиците од ...

Тирана лута поради визниот режим

Време - 09.01.2008

ПО НОВИТЕ ВИЗНИ ПРАВИЛА Тирана не е задоволна од потегот на македонската Влада, од февруари визите за влез во земјава за албанските државјани повторно да се издаваат во македонската амбасада во Тирана, а не како досега на самата граница.

Албанците незадоволни од новиот визен режим

Дневник - 09.01.2008

Издавање визи за албанските граѓани во амбасадите наместо на границата е според Законот за престојот на странци, кој е усогласен со Брисел,изјавија од македонското Министерство за надворешни работи Одлуката на Македонија да ја врати процедурата за добивање визи за граѓаните на Албанија во ...

Бројот на грчки туристи намален за 80 проценти

Вест - 09.01.2008

СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИ Со стапувањето во сила на измените на Законот за престој на странци во Република Македонија на први јануари годинава, бројот на грчки туристи кои ја посетуваат земјава се намалил дури за 80 проценти.

Албанско МНР: Нема официјален став на Скопје

Макфакс - 09.01.2008

Тирана Албанското Министерство за надворешни работи синоќа соопшти дека за визите во Македонија се уште се водат преговори, јавува дописникот на Макфакс. “Република Албанија поддржува регион ослободен од бариери и пречки на просторите во Југоисточна Европа и е за гранични олеснувања“, се наведува ...

Дебар реагира за новиот визен режим кон Албанија

Макфакс - 09.01.2008

Дебар Градоначалникот на Дебар, Аргетим Фида денеска остро реагираше на одлуката на македонските власти, со која албанските државјани, наместо на граница, визите ќе ги вадат во Тирана. Како што јави дописникот на Макфакс,Фида упати отворено писмо до премиерот, Никола Груевски и шефот на ...

Македонски визи за над 140 држави

А1 - 08.01.2008

Македонска виза ќе се става во пасоши на странски државјани од февруари оваа година. Како земја кандидат за ЕУ, Македонија воведе визи за државјани на над 140 држави. Странците кои сакаат да влезат во Македонија ќе треба да ги исполнуваат сите услови потребни за издавање на шенген виза за ...

Визи за Албанците во Тирана

Канал5 - 08.01.2008

Државјаните на Албанија од први февруари виза за влез во Македонија ќе мора да вадат во македонската амбасада во Тирана, наместо на граничните премини. Од македонското МНР велат дека изменетиот начин на вадење визи е утврден со новиот закон за престој на странци во земјава кој стапи во сила од први ...

Албанија реагира на новото издавање македонски визи

Макфакс - 08.01.2008

Тирана Одлуката на Македонија за враќање на процедурата за добивање на визи во амбасадите, а не на границата како што беше досега, е регрес и враќање на еден стар режим. Ова го изјави претседателот на комисија за надворешна политика на Собранието на Албанија Прец Зогај, јави дописникот на Макфакс.