Врховен суд Терористичкиот бомбашки напад врз зградата на Основниот суд во Струга е напад врз уставниот поредок на земјата, а овој настан е насочен кон независноста и самостојноста на судската власт како еден од столбовите на Македонија, како самостојна и суверена држава, е заклучокот што произлезе ...
Став Скопје - Амбасадата на Украина во земјава изрази загриженост поради подметнатата експлозија во зградата на Основниот суд во Струга, а ваквиот чин го оцени како терористички.Ова се нагласува во изјавата на украинската амбасада упатена до македонското Министерство за надворешни ...
Нападот на судот во Струга е напад врз уставниот поредок на Македонија, настан кој е насочен кон независноста и самостојноста на судската власт како еден од столбовите на Македонија како самостојна и суверена држава, е оценката на Врховниот суд, кој расправаше за терористичкиот напад на Основниот ...
по нападот на струшкиот суд Полицајците од приведените заплениле експлозив доволен да урне зграда голема колку македонското Собрание, а нивната терористичка намера и пиротехничка стручност ја докажуваат четири импровизирани бомби скриени во мобилни телефони На македонската полиција се уште не и е ...
СЕ РАСВЕТЛУВА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВРЗ СУДОТ ВО СТРУГА Директен изврширител на терористичкиот напад врз струшкиот суд е Р.А. од струшкото село Долна Белица, уапсено е уште едно лице, а полицијата е влезена во трагата и на трет извршител Р.А.
По силната експлозија во Основниот суд во Струга СТРУГА - Експлозијата на моќната направа поставена на еден столб од Основниот суд видно ги вознемири стружани, но го отвори и прашањето кој се крие зад овој терористички напад.
РЕАКЦИЈА Нападот врз зградата на Основниот суд во Струга е терористички чин, обид да се заплашат граѓаните и да се отежне процесот на стабилизација во Македонија, се наведува во вчерашното соопштение на амбасада на Руската Федерација во Скопје.
Нема докази за постоење на Албанската национална армија на теренот. Станува збор само за вооружени криминални групи што се појавуваат облечени во униформи. Министерството за внатрешни работи располага со сознанија за овие групи, кои дејствуваат во Кумановско, Тетовско, Гостиварско и во Струшко.
Основното јавно обвинителство од Струга денеска поднесе кривична пријава против едно лице од струшкото село Долна Белица за сторено кривично дело тероризам, во подготовка е уште една, за соучество во извршен терористички акт, против лице од селото Велешта, трето лице се уште се испитува, а две лица ...
Коалициските партнери во Владата го окарактеризираа нападот во Струга за терористички акт Бомбашкиот напад врз зградата на Основниот суд во Струга е класичен терористички чин и претставува атака врз уставниот поредок на земјата, е оцена на сите коалициски партнери во Владата дадена по вчерашната ...
Владата вчера најостро го осуди минирањето на Основниот суд во Струга и го окарактеризира како класичен терористички чин. Според владиниот портпарол Сашо Чолаковски, во нападот на струшкиот суд учествувала "мрежа од пет учесници".
Искршените прозорци на Основниот суд во Струга се заменети со нови стакла, извршена е санација на оштетениот дел од зградата, а судските служби речиси нормално ги вршат своите редовни активности, ни потврдија од Струшкиот суд, кој беше мета на терористички напад во петокот навечер кога зградата во ...
Пет лица се уапсени вчера во раните утрински часови кога полицијата извршила неколку претреси во Струга и струшките села. Кај едно од лицата се пронајдени делови од пластичен експлозив, апарати за мобилни телефони, броеви и записи кои, според истражните органи, го поврзуваат директно со ...
Голема материјална штета од активирана експлозивна направа поставена до носечкиот столб на струшкиот суд СИМОН ИЛИЕВСКИ СТРУГА - Во Струга во текот на викендот централна тема за разговор и видна загриженост беше терористичкиот напад врз зградата на Основниот суд.
СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА РАЗНЕСЕ ДЕЛОВИ ОД ОСНОВНИОТ СУД ВО СТРУГА МВР нема сознанија за видот на екплозивот и за начинот на кој бил активиран, а уште помалку за извршителите и нарачателите. Неофицијално експлозијата се поврзува со неодамнешното лишување од слобода...
СООПШТЕНИЕ Скопје - Одговорноста за експлозијата во Основниот суд во Струга ја презеде т.н. Албанска национална армија (АНА), се вели во соопштение објавено на Интернет-страницата на таа организација. "Штабот на дивизијата 'Скендербег' на АНА соопштува дека во раните утрински часови на 15 февруари ...
ПО експлозиЈата во судот "Албанската национална армија" вчера ја презеде одговорноста за подметнатата бомба која експлодира во Основниот суд во Струга во петокот пред полноќ. Со вчерашното "соопштение број 21" штабот на "дивизијата Скендербег" побара "славомакедонските колонизатори" да не апсат ...