TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опожарено училиштето во Јеловјане

Макфакс - 05.12.2007

Тетово Четири училници од старата зграда на централното основно училиште од Јеловјане изгореле изутрината во пожар што избувнал околу 7 часот и 30 минути, јавува дописникот на Макфакс. Според неофицијални првични информации, причините за пожарот се или неисправен оџак или дотраена инсталација.

Учениците од ОУ"11 Октомври" од среда на училиште

Вест - 04.12.2007

ВЛАДАТА ДАДЕ 50.000 ЕВРА ЗА САНАЦИЈА НА ШТЕТИТЕ ОД ПОЖАРОТ Во училиштето вчера се работеше на поправка на електричната мрежа која неофицијално била и причина за пожарот Наставата во Основното училиште "11 Октомври" во Центар, кое завчера се запали, ќе продолжи во среда.

Училиштата необезбедени од пожари

Дневник - 04.12.2007

Беспарицата е главната причина зошто образовните институции во Македонија најчесто не се осигурени од елементарна непогода Електрични инсталации стари половина век, неисправни хидранти, необезбедени и неосигурени згради, недостиг од противпожарни скали се само некои од проблемите со кои се ...

Владата донира 50 000 евра

Вечер Прес - 04.12.2007

Владата донесе одлука за помош на опожареното скопско ОУ "11 Октомври" во висина од 50 илајди евра. Откако завчера избувна пожарот, вчера учениците не беа на настава поради штетите на еден дел од училиштето. Тоа нема струја и парно, па затоа, како што вели директорот на училиштето Васко Лазаровски, ...

Пеплосани училници

Вест - 03.12.2007

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ОУ "11 ОКТОМВРИ" ВО СКОПЈЕ Три пеплосани училници, 13 уништени компјутери и поплава имаше вчера, во основното училиште "11 Октомври" во Скопје, по големиот пожар кој избувна изутрината. Во три часот, од кабинетот за германски јазик се пој Три пеплосани училници, 13 уништени ...

Пожар уништи шест училници во ОУ „11 Октомври“ во Скопје

Утрински - 03.12.2007

ЈУЛИЈАНА КИМОВСКА Пожар предизвикан од застарената електрична инсталација во неделата вечер го зафати ОУ „11 Октомври“ во Скопје. Пламените јазици кои се појавиле во 2,40 часот по полноќ, зафатиле шест училници и покривот на училиштето.

Пожарникари го спасија „11 Октомври“

Дневник - 03.12.2007

Чуварот забележал чудна миризба во холот и откако безуспешно се обидел да го изгасне пожарот, истрачал до блиската полициска станица и пријавил дека училиштето е во пламен Учениците во скопското училиште „11 Октомври“ во населбата Пролет денеска повторно се на настава благодарение на брзата ...

140 илјади евра државни пари за санација на опожареното училиште 11-ти Октомври

Канал5 - 03.12.2007

Основците од опожареното училиште 11-ти Октомври, денеска не учеа. Во училиштето ден по пожарот во кој целосно изгореа три училници и дел од покривот, мириса на чад. Десетина чистачки ги чистеа училниците. Основците од опожареното училиште 11-ти Октомври, денеска не учеа.

Уништени две училници

Вечер Прес - 03.12.2007

Пожарот избувнал околу 3 часот, по што брзо интервенирала противпожарната бригада. Со 15 возила и 36 пожарникари, пожарот е брзо локализиран. Првично материјалната штета е проценета на околу 350 илјади денари, а се претпоставува дека причината е електрична инсталација Две училници се тотално ...