TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Петковски бара извештајот за Кондово да го види јавноста

А1 - 12.12.2004

Министерот за внатрешни работи Сиљан Аврамовски се уште не знае дали утре ќе се појави пред собраниската комисија за одбрана и безбедност на која ќе се расправа за Кондово. Додека јавноста од Аврамовски очекува отчет за Кондово, МВР предложи доверливиот извештај за Кондово да се разгледува зад ...

ВООРУЖЕНИТЕ ЛИЦА ВО КОНДОВО ЗА ВМРО-НАРОДНА СЕ ТЕРОРИСТИ

Канал5 - 12.12.2004

ВМРО-Народна смета дека вооружените лица во Кондово не се банда или група незадоволници, како што ги нарекува власта, туку “двестотини терористи кои преговараат со неа за остварување интереси кои немаат никаква врска со конфликтот од 2001 година”.

Мехмети: „Кондово е остаток од 2001-ва“

А1 - 11.12.2004

Во Македонија речиси без исклучок проблемите се решаваат кога тие ќе зголемат, наместо претходно превентивно да се делува констатира аналитичарот Ибрахим Мехмети. Според него Кондово е остаток од конфликтот во 2001-та година кој нема да ја загрози безбедноста во државава.

Неизвесно дали Тачи ќе сноси одговорност за посетата на Кондово

А1 - 11.12.2004

Се уште седницата на Централното собрание на ДПА е во тек, а на самиот почеток заменик претседателот на ДПА Мендух Тачи изјави дека ако не се поддржи неговото одење и разговорите во Кондово тој ќе поднесе оставка на партиската функција бидејќи се работи за политички курс, а тој не е спремен за ...

ДУИ дава милион евра откупнина за Кондово?

Време - 11.12.2004

ПАРАВОЈСКАТА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ДУИ најверојатно ќе им плати 1,5 милион евра на паравоените формации во Кондово за тие да се повлечат од селото, дознава „Време“ од високи извори во ДУИ. Дознаваме дека „зделката“ била договорена завчера во кафеана во Кондово, а преговорите со водачите на паравојската ги ...

Силјан не оди во акција без потпис од премиерот

Вест - 11.12.2004

МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НЕ САКА САМ ДА Е ОДГОВОРЕН ЗА КОНДОВО Во дипломатските мисии во земјава се оперира со список на 75 лица кои се дел од групата што го држи Кондово, истиот список со имиња го имале и во МВР, каде ги имаат и досиејата на овие луѓе, па дури и регистарските т Министерот за ...

МВР и обвинителството треба да реагираат

Време - 11.12.2004

НИКОЛА ГРУЕВСКИ ВО ПРИЛЕП Новата влада ќе биде послаба од претходната, а ситуацијата во Кондово е мошне сериозна, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски завчеравечер во Прилеп. - Се уште има време работите да се решат и да профункционираат МВР и Обвинителството.

Калашников, калашников...

Вест - 11.12.2004

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Од мала траума - на преговори во Њујорк 1 Случајот Кондово е психички проблем. Бандитите бараат амнестија за нивните другари што се во затвор. Правеле зулуми оти биле истрауматизирани од војната. Паднале во депресија, па зеле пушки и морале да крадат.

Џафери: Или повеќенационално општество, или ќе има немири

Време - 11.12.2004

„ШЕКУЛИ“ ПРЕНЕСУВА Македонската влада треба да направи повеќенационално општество, инаку ќе има немири, рече Арбен Џафери на самитот во Тирана, пишува дневниот албански весник „Шекули“. На самитот учествуваат претседателите на балканските држави, меѓу кои и Бранко Црвенковски.

Косовски генерал ќе го смирува Кондово

Утрински - 11.12.2004

ДУИ и ДПА донесоа "олеснувач" од Косово за смирување на состојбата во скопското село Малиќи Ндрецај е косовски генерал кој се наоѓа на црната листа на американскиот претседател Џорџ Буш Борис Георгиевски Генералот на ОВК од Косово, Малиќи Ндрецај, од четвртокот е во земјава со цел да се обиде ја ...

Колапс на државата

Дневник - 11.12.2004

Павле ТраЈанов Мандатарот Бучковски, по почетниот ентузијазам, заглави со Буџаку, но и со Кондово (во меѓувреме, Ахмети и Тачи му подготвуваат нова сметка, која ќе ја плаќаме сите) На Балканот ништо ново. Се е веќе видено, препознатливо, проценливо и крајно апсурдно.

Кондово верижна последица на Танушевци

Дневник - 11.12.2004

Слободан Чашуле Кондово се заканува да стане прва алка во веригата политички промени инаугурирани со окупацијата на Танушевци со која почна кризата во 2001 година. Имено, во општество во кое државата и владеењето на правото капитулираа пред силите што применија терор за постигнување на политички ...

Немилосрдно ќе се борам против корупцијата

Дневник - 11.12.2004

ИнтервЈу: ВЛАДО БУЧКОВСКИ, МАНДАТАР НА НОВАТА ВЛАДА Не е точно дека ДУИ се грижи само за правичната застапеност и би било некоректно да не се признае дека и ДУИ во изминатите две години многу придонесе за безбедносното стабилизирање на Македонија и во решавањето на проблеми како рецидив од ...

Кондово ќе го решава командант Ндрецај од Косово?

Дневник - 11.12.2004

АЛИ АХМЕТИ ПОБАРАЛ ПОМОШ Кондово ќе го решава Косовецот Малич Ндрецај, поранешен командант на липковската бригада на ОНА и еден од најмоќните фактори во конфликтот од 2001 година, дознаваме неофицијално. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, побарал помош од својот поранешен соборец.

Потемкинова држава

Дневник - 11.12.2004

Милан Банов Во вистински и нормални држави проблеми слични на овие од трауматичното Кондово (ако воопшто дојде до нив), се решаваат за еден до два часа по добиеното сознание за постоењето вооружени лица на кој било дел од територијата на земјата Ако досега, евентуално, и постоеше извесно сомневање ...

Веќе шести ден од блокадата на Кондово, екипата на „Канал 5“ повторно вратена од вооружени лица

Канал5 - 11.12.2004

Во меѓувреме јавниот сообраќај и возилата на кондовчани нормално се движат во и од Кондово. И полицијата, односно вообичаената полициска патрола кон изворот Рашче, без проблем минуваат низ селото. Нашата екипа, пак, како што споменавме, повторно в Во меѓувреме јавниот сообраќај и возилата на ...

АХМЕТИ БАРА ПОМОШ ОД БИВШИ ГЕНЕРАЛИ НА ОНА?!

Вечер Прес - 11.12.2004

Малич Ндрецај, висок генерал на ОНА од воениот конфликт во 2001 година во Македонија, ќе посредува за решавање на проблемот во Кондово. Ова го тврдат кругови од албанските политички партии, според кои е многу чудно што овој генерал на ОНА се појавува во Македонија за првпат по три години.

МВР се согласува дека во Македонија се промовира радикален ислам

А1 - 10.12.2004

МВР го дели мислењето на европскиот експерт дека има поединци, кои го промовираат радикалниот ислам во Македонија, финансиран од фундаменталисти од Саудиска Арабија, но велат дека вооружената група во Кондово нема таква позадина.

МВР со доверлива информација до Собранието за Кондово

А1 - 10.12.2004

Во Македонија во 2004-та нема индиции за терористичко-екстремистички структури, кои би имале капацитет да ја нарушат безбедносната состојба. Во Кондово се собрани припадници на поранешни вооружени формации од Косово, Јужна Србија и припадници на ОНА од Македонија.

НАТО бара решавање на проблемот со Кондово на било кој начин

А1 - 10.12.2004

Решете го веќе еднаш проблемот со Кондово, на било кој начин. Ова е пораката, која ја носи до македонските власти Роберт Сери, првиот човек за план и операции во НАТО. Тој доаѓа во вторник во Скопје и, како што за А1 изјавуваат дипломатски извори од НАТО, причината за неговата посета е повеќе од ...

Претседателот преживеа, а за државата ќе видиме!

Време - 10.12.2004

ПОЕНТА Зоран Андоновски Нацијата може да здивне! Бугарската полиција во содејство со нашите разузнавачки служби го уапсила момчето Ташко Ташев, кое по електронска пошта му се заканувало со атентат на македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

Институциите се крстат во нова влада

Време - 10.12.2004

КОНДОВО ПОД ОПСАДА Александра М. Митевска Советот за безбедност за наредните денови не планира седница за случајот „Кондово“. Вчера до доцна попладне остана неизвесно дали денеска итно ќе заседава собраниската комисија за одбрана и безбедност. Таа ја чека информацијата од МВР.

Полицијата е виновна за состојбата во Кондово

Време - 10.12.2004

СПОРЕД ДУИ Состојбата во Кондово најверојатно е последица на полициските акции во селото спроведени пред неколку месеци, вели Рафиз Алити, пратеник и потпретседател на ДУИ. Во МВР не сакаат да ја коментираат изјавата на Алити, но нагласуваат дека полицијата дејствувала според законските надлежности.

Новата амнестија е работа на политичка процена

Време - 10.12.2004

ИЏЕТ МЕМЕТИ Донесувањето нов закон за постконфликтна амнестија е работа на политичка процена и зависи од волјата на Собранието, изјави вчера министерот за правда во оставка Иџет Мемети, но одби да каже дали е потребен таков закон.

ДПА го обвини Тачи дека шурува со Ахмети

Време - 10.12.2004

ПО МИРОВНАТА МИСИЈА ВО КОНДОВО Потпретседателот на ДПА Мендух Тачи им помагал на владејачките партии да ја решат ситуацијата што самите ја креирале во Кондово, обвинија прексиноќа членови на претседателството на оваа партија.

Сопартијци го критикуваат Тачи за посетата на Кондово

Утрински - 10.12.2004

Забелешки во ДПА ТЕТОВО - Одењето на заменик- претседателот Мендух Тачи на разговори во Кондово заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од некои членови на Централното претседателство на ДПА било оценето како "инструментализирање на туѓи луѓе и потпаѓање под влијание на претставниците на ...

И момчиња од 14 години меѓу кондовските криминалци

Утрински - 10.12.2004

Во обид да ги остварат своите барања, криминалците во Кондово вооружуваат кого ќе стигнат Извори од селото, но и од безбедносните сили, тврдат дека во пресрет на посетата на првите луѓе на ДУИ и ДПА била направена вистинска мини-мобилизација Борис Георгиевски Криминалците кои го сочинуваат јадрото ...

За нова амнестија треба политички консензус

Утрински - 10.12.2004

Изјава "Законите ги носи парламентот", изјави вчера министерот за правда во оставка, Иџет Мемети, на прашањето дали има основа за донесување закон за постконфликтна амнестија. Тој додаде дека не може да изнесе политички став по ова прашање, бидејќи нема информации и политичка процена.

Оџата повикувал на џихад против албански шпиони!?

Утрински - 10.12.2004

Според тврдењата на исламските верници од Кондово За време на петочната молитва, кога и посетата и молкот во џамијата се најголеми, оџата од Кондово, на изненадување на верниците, излегол со некаков си наводен список од 40 Албанци, кои според "духовникот" биле шпиони на државата и требало да бидат ...

Јадица што не смее да се проголта

Дневник - 10.12.2004

КОментар - Бранко Героски Во минатото лето во црквата "Света Софија" во Охрид гостуваше познатиот виолинист Стефан Миленковиќ. По настапот, човекот отседна во кафеаната што со црквата ја делат и улицата и името. Разгален од пријатната охридска вечер и од љубезните домаќини, некаде пред полноќ, ...

Бучковски ќе најде чаре за Кондово

Дневник - 10.12.2004

идниот премиер ОПТИМИСТ Од кондовскиот случај ќе зависат и рејтингот и кредибилитетот на владата, вели Владо Бучковски во утрешното интервју за "Дневник" Случајот "Кондово" може да се реши ако селото Кондово биде демилитаризирано.

Држава без државен капацитет

Дневник - 10.12.2004

Колумна - Никола Груевски Тоа ќе биде сигнал и за меѓународната заедница дека оваа држава не може да опстане, односно да се одржи. И тие постепено ќе почнат да креваат раце од нас, и да прават план "Б" За почеток, тој план "Б" ќе биде создавање класичен протекторат, исто како Косово Политичката и ...

Мировникот Тачи пред партиски суд

Дневник - 10.12.2004

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДПА ОБВИНЕТ ЗА КОНДОВО Ситуацијата е премногу сериозна за да може да се мисли на ситнопартиски интереси, вели Мендух Тачи Дали Мендух Тачи ќе остане втор човек во Демократската партија на Албанците ќе реши утре највисокиот партиски орган, Централното собрание.

Веќе петти ден скопското Кондово е под опсада на бандите на Красниќи

Канал5 - 10.12.2004

Денешниот обид на екипата на „Канал 5“ да влезе во селото, беше повторно спречен на самиот влез на селото... Овојпат за промена, наместо ,,младите незадоволни бунтовници“ како што ги нарече заманик министерот Хазби Лика, со калашњиков со селотејп прев Денешниот обид на екипата на „Канал 5“ да влезе ...

Членови на ДПА лути на посетата на Тачи во Кондово

А1 - 09.12.2004

Членови на ДПА се револтирани од посетата на Тачи во Кондово кога тој се обидел да преговара со вооружените групи. Тие бараат негова одговорност. Итна седница на централното собрание на ДПА е закажана за сабота со единствена точка дали партијата да го поддржи посредувањето на Тачи во Кондово.

Петковски се уште чека извештај од МВР за Кондово

А1 - 09.12.2004

Претседателот на собраниската комисија за одбрана и безбедност Тито Петковски се уште го чека извештајот од МВР за да закаже расправа за Конодово. Тој добил уверување од МВР дека извештајот ќе го добие до крајот на денот. „Еве баш пред малку добив информација од кабинетот на министерот дека до крај ...

Мемети: „Партиите може да донесат постконфликтна амнестија“

А1 - 09.12.2004

Амнестијата за 2001-ва е речиси целосно спроведена и покрај истрагите за неколку случаји од конфликтот покренати од обвинителството, спротивно на законот за амнестија, вели министерот за правда Иџет Мемети. За барањата од Кондово смета дека таква постконфликтна амнестија може да се донесе со одлука ...

Бандитите бараат вработување во агенција за обезбедување

Вест - 09.12.2004

"ИЗМАНИПУЛИРАНИТЕ" ОД КОНДОВО ЈА МЕНУВААТ АГЕНДАТА Во Собранието, ДУИ го официјализираше барањето државата институционално да ги земе под своја заштита семејствата на оние што се убиени за време на војната, но и на воените инвалиди И покрај тоа што вооружената група во Кондово пред јавноста ...

Кондово не може да ја загрози безбедноста на земјава

Време - 09.12.2004

СПОРЕД МВР Министерството за внатрешни работи смета дека јавноста не треба да се вознемирува со Кондово бидејќи немало опасност да се загрози општата безбедност во земјава. Според Горан Павловски, портпарол на МВР, полицијата ја следи состојбата и ги презема сите активности.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата со Кондово дозволува враќање на 2001

Вест - 09.12.2004

ВМРО-ДПМНЕ побара вчера од Владата да ги преземе сите правни и институционални мерки за да ги елиминира проблемите во Кондово. "Состојбата во Кондово е исклучително алармантна, а Владата со ваквиот индолентен однос ризикува полека, но сигурно, да ни се случи повторување на сите настани кои следеа ...

„Не може секоја бараба да бара амнестија“

Време - 09.12.2004

ПАРАМИЛИТАНТИТЕ ОД КОНДОВО ЛОВАТ ВО МАТНО Александра М. Митевска Не може секоја бараба кога ќе му текне да бара амнестија. Исклучокот што се случи во 2001 година не смее да се повторува до бескрај, оцени категорично Ѓорѓи Марјановиќ, пензионираниот професор по кривично право.

Кондово мора да се реши итно

Утрински - 09.12.2004

Што велат меѓународните претставници за напнатите случувања во скопското село „Решавањето на проблемот со Кондово мора да се случи поскоро за целиот проблем да не излезе од контрола и да не ги засили позициите на криминалните структури кои го зазедоа селото.

На Македонија и се заканува криза како во 2001 година

Утрински - 09.12.2004

Политичките партии за случувањата во Кондово На Македонија повторно и се заканува реприза на конфликтот од 2001 година, гласеа реакциите на политичките партии, кои едногласно ги осудија настаните во Кондово, повикувајќи на итно реагирање на власта во врска со овој случај.

За Кондово треба итно да расправа и Собранието

Утрински - 09.12.2004

Според Јордановски и претседателот на Комисијата за одбрана, Петковски За случајот во Кондово најверојатно ќе расправа и Собранието, откако тоа претходно ќе го стори собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Ваквата можност не ја исклучуваат спикерот Љупчо Јордановски и претседателот на ...

Кондовските "бунтовници" бараат амнестија за обиди за убиство, кражби и грабнувања

Утрински - 09.12.2004

Законот за амнестија е целосно спроведен и нема простор за нов, тврдат во Министерството за правда Во правда велат дека во однос на амнестијата се затворени речиси сите случаи, а ако Обвинителството смета дека има отворени, по сила на закон треба да ги затвори Борис Георгиевски "Младите бунтовници" ...

Кондово - Европа или буре барут

Дневник - 09.12.2004

Копментар - Тодор Пендаров Вооружените формации на чело со Агим Красниќи од скопско Кондово, преку Ахмети и Тачи, ги соопштија своите политички барања: нов закон за амнестија, вработување за "борците", спроведување на рамковниот.

Амнестијата е завршена работа

Дневник - 09.12.2004

ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ Ако власта им даде нова амнестија на вооружените групи од Кондово, директно ќе се прекрши рамковниот договор, предупредува Ѓорѓи Марјановиќ, професор по кривично право. Според него, нема никакво оправдување да се бара и размислува за амнестијата.

Пензии против "калашникови"

Дневник - 09.12.2004

дуи со РЕШЕНИЕ ЗА ВООРУЖЕНИТЕ ГРУПИ во кондово Семејствата на загинатите припадници на ОНА треба да имаат исти права како и семејствата на бранителите, вели Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ ДУИ ќе бара институционално да се згрижат семејствата на загинатите и инвалидите од воениот конфликт во ...

Владата да го реши Кондово

Дневник - 09.12.2004

БРИСЕЛ Светлана Јовановска Наша дописничка од Брисел Македонската влада и МВР се институциите што треба да се фатат во костец со проблемот во Кондово и да го решат. ЕУ има доверба во Македонија и верува дека проблемот наскоро ќе биде решен на вистинскиот начин, смета висок европски дипломат во ...

Малото е убаво

Дневник - 09.12.2004

Колумна - Радмила Шеќеринска Некои сакаат да ја покажат потентноста на државата во Кондово, некои велат ќе го решиме, но мирно без дополнително бранување. Применливи се и двата метода, но важно е тоа да биде во најбрз можен рок Ова мото на Леополд Кор, малку занемарен мислител чии идеи сепак се дел ...

Несогласување во Дпа. Се бара одговорност од Мендух Тачи за посетата на Кондово

Канал5 - 09.12.2004

За ова в сабота ќе расправа централното собрание на ДПА.. Предлогот е утврден на вчерашното претседателство на партијата каде што се појавиле спротивставени мислења за посетата на Тачи во скопското село.. Вчера, некои сопратијци го прекориле Тачи За ова в сабота ќе расправа централното собрание на ...

Во Косово не може да се врати, во Македонија не може да остане

Вечер Прес - 09.12.2004

По Агим Красниќи, водачот на вооружената група во Кондово, Косово има распишано потерница, дознава “Вечер”. Тој не може да се врати таму, но не смее да остане ниту во Македонија, освен ако не биде амнестиран или ако меѓународните институции не му помогнат да премине во Албанија.

Срамна уцена

Вечер Прес - 09.12.2004

Најавата за донесување нов закон, овојпат за постконфликтна амнестија, со кој, како што тврдат извори од албанскиот политички блок, ќе се бара мирно решавање на "случајот Кондово", за најголемиот дел од македонската стручна јавност е нереално и неприфатливо.

Кондово и понатаму не е под контрола на државата

А1 - 08.12.2004

Поширока закана за безбедноста нема. Вака повторуваат од МВР за Кондово кое и натаму останува под контрола на вооружените групи. Во селото и денеска беше забранет влезот за новинарите, со објаснување дека ќе бидат повикани кога оние што ја имаат контролата таму, ќе оценат дека е потребно.

И Јордановски сака расправа за Кондово

А1 - 08.12.2004

Откако власта и пред се Ахмети најпрвин ги демантираа новинарските согледувања сега Кондово станува тема и за парламентарна дебата. Иако беше одбиен опозициониот предлог завчера деновиве премислувања и кај спикерот на собранието, и тој е за таква дебата.

Опозицијата бара итно решавање на Кондово

А1 - 08.12.2004

Речиси сите опозициските партии денеска едногласно побараа од власта под итно да преземе мерки за неутрализирање на вооружените групи во Кондово, затоа што ваквото одолговлекување не води во нов конфликт. Според овие партии, состојбата во Кондово наликува на таа во Танушевци во 2001 година, додека ...

На нишан се држат Владата, Собранието и Генералштабот

Време - 08.12.2004

ПАРАВОЈСКАТА ОД КОНДОВО СЕ ЗАКАНУВА Водачите на паравоените формации завчера им рекле на Али Ахмети и на Мендух Тачи дека ќе ги гранатираат Владата, Собранието и Генералштабот на АРМ доколку полицијата преземе акција во Кондово, тврдат за „Време“ извори од селото.

Ахмети и Тачи не се замена за институциите на државата

Вест - 08.12.2004

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ЈА КАРА ВЛАДАТА ВЕСТ, на 4 ноември, неколку дена пред референдумот, преку кабинетот на претседателот на државата Бранко Црвенковски, во својство на претседател на Советотот за безбедност, му постави неколку прашања за состојбата во Кондово.

Хазби Лика во Кондово не видел вооружени лица

Вест - 08.12.2004

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ИМА ПРОБЛЕМИ СО ВИДОТ "Станува збор за неколкумина млади луѓе кои се изманипулирани. Проблемот ќе го решиме на многу повисоко ниво, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Хазби Лика Заменик-министерот за внатрешни работи Хазби Лика, исто како и неговиот ...

Танушевци влезе во Скопје

Вест - 08.12.2004

КОНДОВО ЈА ВРАЌА МАКЕДОНИЈА ВО 2001 ГОДИНА Во 2001 година тогашниот премиер Љубчо Георгиевски не преземаше ништо за да не му се налутат коалиционите партнери од ДПА се додека не се случи Танушевци по што следеше војната. Бандитите од Кондово бараат а Скопското село Кондово деновиве се позасилено ја ...

МВР гледа и чека

Вест - 08.12.2004

"Независно од политичкиот дијалог МВР ја следи состојбата и кога ќе се процени ќе преземе потребни мерки", изјави вчера портпаролот на Министерството за внатрешни работи Горан Павловски на прашањето што ќе преземе полицијата против вооружените групи во скопското село Кондово.

Со дипломатија тешко ќе се реши проблемот во Кондово

Време - 08.12.2004

СЕ ЧЕКА ИТНА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА Собраниската комисија за одбрана наскоро ќе одржи вонредна седница за случајот „Кондово“. Четири члена на комисијата од опозициските партии побарале да се одржи седница на чиј дневен ред би се нашла информација од МВР за случувањата во Кондово.

Груевски побара од Салин да помогне за Кондово

Утрински - 08.12.2004

Средба ВМРО-ДПМНЕ вчера побара од специјалниот претставник на Европската унија, Микаел Салин, да влијае врз Владата колку што е можно поскоро таа да се справи со ситуацијата во скопското село Кондово. Претседателот на партијата, Никола Груевски, во придружба на Ганка Самоиловска-Цветанова, Сашко ...

"Проксима" изброи 310 вооружени лица во Кондово

Утрински - 08.12.2004

Лидерите на вооружените групи во Кондово изнесоа политички барања пред Ахмети и Тачи Движењето во селото и понатаму е под контрола на вооружените лица, кои завчера првпат излегоа и со политички барања за решавање на проблемот.

Итна седница на комисијата за безбедност за Кондово

Утрински - 08.12.2004

Опозицијата побара Собранието да отвори расправа за случувањата во скопското село ОЛИВЕРА ВОЈНОВСКА Утре или задутре собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе одржи итна седница посветена на актуелните случувања во скопското село Кондово.

Комисијата за безбедност подготвува расправа за Кондово

Дневник - 08.12.2004

СОБРАНИЕ За случувањата во Кондово ќе расправа собраниската Комисија за одбрана и безбедност на итна седница, по барање на пратениците Коце Трајановски, Ѓорѓи Трендафилов, Слободан Даневски и Иван Стоиљковиќ. Претседателот на комисијата Тито Петковски изјави дека седницата ќе се одржи веднаш откако ...

Резилот Кондово

Дневник - 08.12.2004

Коментар - Игор К. Илиевски Некои незадоволни млади луѓе од Кондово, кои со месеци парадираа со униформи и оружје, од вчера се толку незадоволни, што не дозволуваат пристап во селото. Патем, вооружените поединци, како што власта милува да ги нарече за да си го смали срамот, за неколку минути станаа ...

Или амнестија или гранати врз Скопје!

Дневник - 08.12.2004

уцена од вооруЖените во кондово Барањето за амнестија на борци на УЧК јас на некој начин го оправдувам, изјави лидерот на ДУИ Вооружените групи од скопското село Кондово бараат нов закон за амнестија, посебни права за семејствата на загинатите и ранетите припадници на ОНА и слобода на движење, ...

Кондово закана за евроинтеграциите

Дневник - 08.12.2004

ГРУЕВСКИ-САЛИН Ситуацијата со Кондово е исклучително сериозна и ако не се најде соодветно и брзо решение, ќе стане закана за процесите за евроинтеграција - му соопштило на вчерашната средба раководството на ВМРО-ДПМНЕ на специјалниот претставник на ЕУ, Мајкл Салин.

Скопско Кондово сеуште недостапно за новинарите

Канал5 - 08.12.2004

Скопско Кондово сеуште недостапно за новинарите. И денеска при нашиот обид да влеземе во селото нашата екипа беше вратена со образложение дека не се подготвени да дозволат снимање во селото. Кондово сеуште е под контрола на вооружената група која изминати Скопско Кондово сеуште недостапно за ...

Реакции за Кондово

Канал5 - 08.12.2004

ВМРО ДПМНЕ и порачува на владата да ги преземе сите правни и институционални мерки со цел да ги елеминира состојбите во Кондово, бидејќи според оваа партија ситуацијата наликува на онаа во Танушевци 2001 година Лидерот на Либералната партија Стојан Ан ВМРО ДПМНЕ и порачува на владата да ги преземе ...

ОТВОРЕН дијалог

Вечер Прес - 08.12.2004

Дали мислите дека има потреба од понатамошни политички договарања за Кондово? Андреј Жерновски, ЛДП: Ние ја поддржуваме акцијата на Владата, на мирен начин да се реши мошне деликатната ситуација во Кондово, но доаѓа период кога веќе треба да се размисли дали дипломатскиот пристап е единствен што во ...

Амнестија? Па, кој ве казнил?

Вечер Прес - 08.12.2004

ПИШУВА: Далиборка ДЕМЈАНСКА Додека ситуацијата во Кондово тлее, пратениците вчера неколку часови расправаа за насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Дури се случи и своевиден преседан во собраниската сала. Предлог - законот беше едногласно усвоен!!. Амин.

Лика: „Нема информации дека во Кондово има вооружени групи“

А1 - 07.12.2004

Неколку вооружени луѓе во црни и зелени униформи не дозволуваат да се влезе во Кондово. Тоа е денешната слика на скопското предградие. Момче, со неполни 20 години и со автоматска пушка во раката, е задолжено да објасни дека неговите надредени му кажале во селото да не пушта ниту полицајци, ниту ...

Опозицијата бара итна седница на Комисијата за безбедност за Кондово

А1 - 07.12.2004

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска од претставникот на Унијата во Скопје, Мајкл Салин, побарал тој да влијае врз Владата, колку е можно поскоро, таа да се справи со состојбата во Кондово, која, вели Груевски, може да ескалира.

„Медиумскиот балон“ готов да пукне

Време - 07.12.2004

ДОСИЕ: КОНДОВО Емил Зафировски Веќе неколку месеци скопското село Кондово е под контрола на албанска паравојска. Стотици униформирани и вооружени лица се распоредени во подрачјето на селата Кондово, Рашче и Свиларе. Контролираат, патролираат и легитимираат граѓани.

Кондово сардисано од учки

Време - 07.12.2004

ОРУЖЈЕТО ЅВЕЧКА НЕДАЛЕКУ ОД СКОПЈЕ Александар Божиновски Стотина млади во маскирни униформи вчера парадираа низ центарот на Кондово, непосредно пред најавената посета на Али Ахмети и Мендух Тачи. Екипа на „Време“ беше во селото, но никој од селаните не сакаше да каже на што се должи големата ...

Воена состојба во Кондово!

Дневник - 07.12.2004

ЕСКАЛИРА прикриваната КРИЗА ВО СКОПСКОТО СЕЛО Најмалку стотина вооружени со "калашникови" и заштитени со панцири го контролираат целото село Вооружените групи ја презедоа контролата во Кондово и почнаа мобилизација. Околу стотина припадници на овие групи, вооружени со автоматско оружје ...

Власта дигна раце од Кондово

Дневник - 07.12.2004

Коментар - Мариела Трајковска Се додека друг ги решава проблемите што се во надлежност на државата, тие нема да бидат решени. Напротив, ќе стануваат уште поголеми, уште покомплицирани, ќе се селат од едно во друго место... Проблемот наречен Кондово, ете, ќе го решаваат лидерот на владејачката ...

Пасоши, вработувања, амнестија...

Дневник - 07.12.2004

Дознаваме дека вооружените групи во Кондово на средбата со Ахмети и со Тачи ќе побараат гаранции дека ќе бидат вработени според рамковниот договор, нова амнестија и слободно движење во Кондово бидејќи сега стравувале да не бидат уапсени оти не биле опфатени со Законот за амнестија.

Партиски реакции за Кондово

Канал5 - 07.12.2004

По два неуспешни обида на опозицијата да издејствува парламентарна расправа за случувањата во Kондово, најновото барање е – итно свикување седница на собраниската комисија за одбрана и безбедност, на истата тема.. Коце Tрајановски, Ѓорѓи Трендафилов, С ДУИ не знае која е вооружената група што во ...

ЗА АМНЕСТИЈА ЕВЕНТУАЛНО УШТЕ 12 ПРИПАДНИЦИ НА ,,ОНА,,

Канал5 - 07.12.2004

Законот за амнестија е спроведен во 99 проценти. И затоа не може одредени структури со криминална заднина да бараат амнестијата да се однесува и за нив. Законот беше со одреден рок и поднесените пријави,акти и други правни мерки се повлечени, велат за Кан Законот за амнестија е спроведен во 99 ...

Скопско Кондово и денеска е под контрола на вооружената група која изминатиот период оперира во тој крај..

Канал5 - 07.12.2004

Лица со автоматско оружје облечени во униформи патролираат во селото.. На новинарските екипи им е забранет пристап.. Снимање не е дозволено.. Денеска на два наврати се обидовме да влеземе, и на два пати не успеваме.. На влезот во Кондово не застанаа унифо Лица со автоматско оружје облечени во ...

Соборците министри - Красниќи на улица

Вечер Прес - 07.12.2004

На Агим Красниќи и на неговиот најблизок соработник, со прекар Фато, им било ветено дека, ако се предадат, ќе лежат затвор еден до два месеци, а потоа ќе бидат пуштени на слобода. Но, ова не го прифатил Красниќи, зашто тој не сакал слобода и амнестија само за себе, туку и за неговите другари.

Вооружените групи од Кондово бараат амнестија

А1 - 06.12.2004

Почитување на законот за амнестија и ресоцијализација на поранешните членови на ОНА. Тоа се барањата на вооружените групи во Кондово кои денеска речиси 3 часа разговараа со лидерот на ДУИ и потпретседателот на ДПА Мендух Тачи.

Тачи и Ахмети ќе го посетат Кондово

Време - 06.12.2004

СРЕДБА БУЧКОВСКИ-ЏАФЕРИ Мандатарот Владо Бучковски на вчерашната средба со Арбен Џафери и Мендух Тачи се убедил оти не биле точни шпекулациите дека ДПА стои зад случајот „Кондово“. -Тоа се објаснува со определбата на Тачи заедно со Ахмети да замине за Кондово и да разговара со луѓето таму - ...

Не киднапираа кај пазарчето во Ѓорче Петров и не одведоа во Кондово

Време - 06.12.2004

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ ТВРДАТ Двајца скопјани завчера и пријавиле на полицијата дека биле киднапирани од униформирани и вооружени лица во скопската населба Ѓорче Петров и биле одведени во Кондово, каде што биле ограбени. Станува збор за лицата С.К.(37) и Г.Т.

Рафали од Кондово

Вест - 06.12.2004

Полицијата не сака да соопшто детали за пукањето меѓу Кондово и Волково во петокот ноќта, а во селата викендов имаше постојано засилена полициска контрола По петочната вооружена пресметка меѓу специјалната полиција и албанските банди од Кондово, низ скопските села кои гравитираат кон тоа село ...

Расте тензијата во Кондово

Дневник - 06.12.2004

ПРЕД МОЖНИ БАРАЊА ОД ВООРУЖЕНИТЕ ГРУПИ Според разузнавачки извори, селскиот кмет и еден од оџите од Кондово побарале средба со МВР, ДУИ, ДПА и со претставници на меѓународната заедница Посредници од Кондово бараат преговори, а состојбата се затега со серија инциденти на западната периферија на ...

Али Ахмети и Мендух Тачи: Жителите на Кондово бараат амнестија за поранешните ,,борци на учк,,

Канал5 - 06.12.2004

По два и пол часа преговори, со жителите на Кондово и вооружената банда на Агим Красниќи , лидерот на ДУИ Али Ахмети, и заменик претседателот на ДПА Мендух Тачи со изјави: жителите на Кондово имаат право, тие бараат амнестија за сите борци на поранешната По два и пол часа преговори, со жителите на ...

Случајот евидентиран како разбојништво

Вечер Прес - 06.12.2004

По наводното киднапирање на две лице од скопската населба Ѓорче Петров, кои биле однесени во село Кондово, од полицијата информираат дека случајот е регистриран како разбојништво. Според полицијата, настанот се случил во петокот, околу 16 часот, на улицата "Панајот Гиновски".