TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Чашуле ја негира неединственоста на надворешната политика на Македонија

А1 - 16.02.2002

Претседателот и шефот на дипломатијата ги пеглаа различните концепти околу динамиката и моделите за решавање на спорот со Грците. Чашуле, по неколкуте излети и вербални еквилибристики, се враќа кон формулата за двојно име и континуитетот на државната политика што е став на Трајковски, но ...

Брзи Гонзалес

Вест - 16.02.2002

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Летај, Слобо, летај 1 Сиромашкиот наш претседател Борче. Не само Тачи што му се заканува, не само што Љубчо мудро молчи, туку сега и пратениците му се налутија, па сакаат да го менуваат. Еве и Андов ултиматуми поставува, ако претседателот не го потпише законот за ...

Предлогот на МКГ е правна бесмислица

Утрински - 16.02.2002

Експертот по меѓународно право, Игор Јанев, за спорот околу името на Македонија СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Предлогот на Меѓународната кризна група за решавање на спорот околу името со Грција е правна бесмислица и нема да даде никаков резултат годинава - е оценка на Игор Јанев, експерт по меѓународно ...

Разговорите за името остануваат во ОН

Вест - 15.02.2002

СПЕЦИЈАЛНО ПАНАЈОТИС БЕГЛИТИС, ПОРТПАРОЛ НА ГРЧКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ЗА ВЕСТ Грција не смета дека формулата со "двојно име" е добро решение "Позицијата на Грција кон името на ФИРОМ останува иста: процесот на дијалог меѓу Грција и ФИРОМ под покровителство на Обединетите нации ...

Трајковски е за двојно име

Вест - 15.02.2002

Формулата со двојното име е и официјална државна политика во врска со овој спор, претседателот не знае за други инструкции и не поддржува други предлози, велат во кабинетот на шефот на државата Претседателот Борис Трајковски го поддржува само пристапот на двојна употреба на името на државава, како ...

Трајковски и Чашуле со различни платформи за името

Утрински - 15.02.2002

Заврши "медената фаза" меѓу претседателот на државата и министерот за надворешни работи Слободанка Јовановска Претседателот Борис Трајковски не знае и не поддржува други предлози за решавање на спорот околу името со Грција освен тој за двојната формула, зад кој застана и Меѓународната кризна група ...

Несинхронизирана политика околу спорот со името

А1 - 14.02.2002

Прашањето за името на Македонија и ставање крај на спорот наметнат од Грција создаде неверојатен раздор во државниот врв. Епилогот е несинхронизирана и паралелно водење на надворешната политика. Шефот на дипломатијата Слободан Чашуле наспроти претседателот Трајковски.

Чашуле форсира билатерален договор со Грција

Вест - 14.02.2002

Дури и ако со меѓусебен договор вербално се успее да се излезе од покровителството на генералниот секретар на светската организација, кое е утврдено со резолуции на ОН, тоа не ќе има никаков легитимитет, доде Шефот на дипломатијата Слободан Чашуле се нафатил самиот да го реши проблемот со името што ...

Името не го даваме, ама не го ни бараме?

Капитал - 14.02.2002

Македонско-грчки спор за иметоИмето не го даваме, ама не го ни бараме?Иако изгледа неверојатно, дипломатски извори тврдат дека проблемот со името ќе се реши тогаш кога македонските политичари ќе бидат сложни и решени да го сторат тоа.

Средба Чашуле - Aдам

А1 - 13.02.2002

Министерот за надворешни работи Слободан Чашуле го прими денеска во протоколарна средба амбасадорот на Кралството Белгија Мишел Адам. На средбата, како што е соопштено, било искажано заемно задоволство од добрите односи меѓу Македонија и Белгија, за што потврда е и утрешната посета на претседателот ...

Наместo во сјајот Чашуле потона во бедата на дипломатијата

А1 - 13.02.2002

„Ќе го вратам сјајот на македонската дипломатија“. Вака самоуверено на стартот на своето министерување изјави шефот на македонската дипломатија Слободан Чашуле. Бедата во дипломатијата, заминувањето на Филип Петровски во козулската канцеларија во Њујорк, протерувањето на Алајдин Демири од ...

Трајковски и Чашуле блефираат за името

Вест - 13.02.2002

ВО СЕДИШТЕТО НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗБУНЕТИ ОД ИЗЈАВИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И НА МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Дипломатски извори во ОН велат дека најавите на Трајковски и Чашуле се апсолутно шарлатанство, зашто согласно со Резолуцијата 817 на Обединетите нации ова прашање се решава токму во светската ...

Во игра фазно решавање на спорот за името

Утрински - 13.02.2002

Ја напушта ли министерот Чашуле двојната формула за името во преговорите со Грција? Слободанка Јовановска Предлогот на Меѓународната кризна група за решавање на спорот со Грција ги раздвижи македонската и грчката дипломатија, кои последниве недели интензивно работат на фаќање позиции околу ...

Чашуле го кочи предлогот на Американците за "Република Македонија"

Вест - 12.02.2002

НЕУСОГЛАСЕНОСТ МЕЃУ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ШЕФОТ НА ДИПЛОМАТИЈАТА Меѓународната кризна група ја алармира американската администрација за да ги притисне Грците да го прифати предлогот "Република Македонија", Трајковски од Вашингтон се врати како оптимист, а Чашуле вели де Претседателот Борис Трајковски и ...