TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бајрам Косуми - мандатар за новата косовска влада

Вест - 19.03.2005

Приштина, 18 март (МИА) - Косовскиот претседател Ибрахим Ругова вчера го предложи Бајрам Косуми за мандатар на новата косовска влада. Тој од косовскиот парламент побара веќе во текот на следната седница на дневен ред да се стави гласањето за избор на нов премиер.

"Ослободители" презедоа одговорност за атентатот врз Ругова

Дневник - 19.03.2005

ПРИШТИНА Групата Албанска ослободителна војска, во електронско писмо до медиумите изјави дека ја презема одговорноста за бомбашкиот напад врз косовскиот претседател Ибрахим Ругова, кој се извлече неповреден, јави МИА. Групата има и своја страница на Интернет, на која, исто така го објавила ...

Премиерски мандатза Бајрам Косуми

Дневник - 19.03.2005

ОТКАКО ХАРАДИНАЈ ЗАМИНА ВО ХАГ Косовскиот претседател Ибрахим Ругова вчера го предложи Бајрам Косуми за мандатар на новата косовската влада, јави МИА. Косуми е потпретседател на Алијансата за иднината на Косово и личен избор за наследник на поранешниот премиер Рамуш Харадинај.

Албанската ослободителна армија ќе го разнесела Ругова

Време - 19.03.2005

КОСОВО Меѓународната полиција на Косово соопшти дека и се познати лицата што подметнаа бомба на патот по кој минуваше конвојот на претседателот Ибрахим Ругова. Според извори во УНМИК, во нападот била вмешана Албанската ослободителна армија, која вчера и презеде одговорност за подметнувањето на ...

Бајрам Косуми мандатар на косовската влада

А1 - 18.03.2005

Косовскиот претседател Ибрахим Ругова денеска го предложи Бајрам Косуми за нов косовски премиер. Ругова побара од косовскиот Парламент на следната седница на дневен ред да биде ставен изборот на Косуми, кој е потпретседател на партијата на екс премиерот Рамуш Харадинај, Алијанса за иднината на ...

УНМИК ги идентификува осомничените за нападот врз Ругова

А1 - 18.03.2005

Полицијата на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) ги идентификува лицата вмешани во обидот за убиство на привремениот претседател на покраината Ибрахим Ругова и денеска започна потрага по нив. Полицијата не го објави идентитетот на осомничените, но според извори блиски на истрагата се ...

АНА ја презеде одговорноста за неуспешниот атентат врз Ругова

А1 - 18.03.2005

Т.Н. Албанска ослободителна војска ја презеде одговорноста за неуспешниот атентат врз косовскиот претседател Ибрахим Ругова. Оваа група во соопштението објавено во преку приштинските медиуми ја предупреди меѓународната заедница да не си игра со судбината на народот и со мапата на албанските области.

Полицијата на УНМИК идентификува неколку лица вмешани во обидот за атентат врз косовскиот претседател ругова

Канал5 - 18.03.2005

Полицијата на УНМИК идентификува неколку лица вмешани во обидот за атентат врз косовскиот претседател ругова и денеска почна да трага по нив.. Портпаролот на УНМИК, Дмитриј Приахин изјави дека истрагата дошла до фаза на идентификација на атентаторите и п Полицијата на УНМИК идентификува неколку ...

Атентатот покажува дека се силни екстремистите

Дневник - 17.03.2005

РЕАКЦИИ НА нападот врз Ругова Претседавачот со ОБСЕ и шеф на словенечката дипломатија Димитриј Рупел го осуди атентатот врз косовскиот претседателот Ибрахим Ругова, јави МИА. - Со жалење ја примив веста за инцидентот. Од името на ОБСЕ го осудувам намерниот напад на избраниот лидер на Косово, во ова ...

Ругова не беше цел - требаше само да пукне?!

Вечер Прес - 17.03.2005

Завчерашната експлозија во Приштина, или обид за атентат врз Ибрахим Ругова, по се изгледа, ја оствари својата цел. Пукна и испрати порака на Европа и Америка. Но, каква? Поголемиот дел од балканските аналитичари сметаат дека ваквите експлозии, што ги имаше десетина последниве денови, се само ...

Атентат врз Ругова во Приштина

Време - 16.03.2005

ПРЕД СРЕДБАТА СО ХАВИЕР СОЛАНА ВО ПРИШТИНА Косовскиот претседател Ибрахим Ругова вчера преживеа атентат. Покрај конвојот од возила, во кој бил и неговиот „шевролет“, експлодирала силна бомба скриена во контејнер. Претседателот Ругова не бил повреден, но еден случаен минувач бил ранет од ...

Ругова неповреден при атентат

Дневник - 16.03.2005

БОМБАШКИ НАПАД ВО ПРИШТИНА Претседателот на Косово Ибрахим Ругова вчера наутро преживеа експлозија на бомба активирана кога со службеното возило патувал на средбата со Хавиер Солана во Приштина, јави Ројтерс. Бомбата, скриена во метален контејнер за ѓубре, била активирана со далечински управувач во ...

Во атентат, Ибрахим Ругова остана неповреден

Утрински - 16.03.2005

Напад со бомба врз конвојот на косовскиот претседател во Приштина во моментот кога одел на состанок со Солана Ругова одел утрината на состанок со Солана кога експлодирала бомба поставена во контејнер ПРИШТИНА - Косовскиот претседател Ибрахим Ругова вчера остана неповреден од експлозијата на бомба ...

Ругова избегна атентат

Вест - 16.03.2005

ПРИШТИНА, 16 март (АП) - Косовскиот претседател Ибрахим Ругова го преживеа атентатот што се случи вчера, додека неговиот конвој поминуваше низ центарот на Приштина. Ругова, кој не беше повреден во нападот, одеше на средба со шефот за надворешна полит ПРИШТИНА, 16 март (АП) - Косовскиот претседател ...

Обид за атентат врз Ибрахим Ругова?

Вечер Прес - 16.03.2005

ПРИШТИНА, 16 МАРТ (МИА).-Силна експлозија одекна вчераутро во Приштина ,додека возилата со оебзбедувањето и придружбата на косовскиот претседател Ибрахим Ругова , минувало низ центарот на градот. Колоната одела кон аеродромот каде требало да го пречекаат високиот претставникот на ЕУ , Хавиер Солана ...

Ибрахим Ругова преживеа атентат

А1 - 15.03.2005

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова преживеа денеска обид за атентат, откако беше активирана експлозивна направа додека неговата колона возила минувала низ центарот на Приштина. До експлозијата, како што пренесува Макфакс, дошло во близина на зградата на косовската влада, во 08.20 часот по ...

Солана денеска во Приштина

Дневник - 15.03.2005

БРИСЕЛ НАЈАВИ Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија Хавиер Солана денеска ќе го посети Косово, јави Макфакс. Солана треба да се сретне со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, со косовскиот претседател Ибрахим Ругова и со другите албански лидери и политичките ...

РУГОВА ПРЕЖИВЕА АТЕНТАТ

Канал5 - 15.03.2005

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова најостро го осуди денешниот инцидент во Приштина кога во близина на неговото службено возило беше активирана експлозивна направа. Ругова побара од властите да ги откријат и најостро да ги казнат извршителит Претседателот на Косово Ибрахим Ругова најостро го ...