TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стружани со песна против децентрализацијата

А1 - 17.07.2004

Продолжуваат активностите на Кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните граници, она што е слично со синоќа е симболично нареченото Струшко протестно корзо. Членовите на Кризниот штаб и сите оние кои се со нив, политичките партии опозиционите и позицијата, НВО и граѓанскиот сектор и вечерва ...

„Нашиот живот не е за тргување!“

Време - 17.07.2004

ПОЧНАА АКЦИИТЕ НА КРИЗНИОТ ШТАБ ЗА СТРУГА Овој град не го даваме, наш е и наш ќе остане. Нека се пазарат на друго место. Нашиот живот не е за тргување - вели стружанецот Веле Пулевски. Повеќе стотици незадоволни стружани вчера два часа стоеја пред вратите на струшкиот Основен суд.

Струга покажа непослушност

Утрински - 17.07.2004

Расте незадоволството меѓу стружани по договорот на коалициските партнери Во Струга расте незадоволството од предлогот за новата територијална поделба кон која се споени руралните општини, со што таа станува општина со доминантно албанско население.

На Струга не # треба кризен штаб, туку развој

Дневник - 17.07.2004

реакциЈа на "ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА" Новата територијална карта не треба да се сфати како поделба на граѓаните на Струга, туку како заедничка шанса за подобар живот и поперспективен живот, оценува Граѓанска иницијатива за вистинска демократија од Струга.

Струшки вечери на отпорот

Дневник - 17.07.2004

КРИЗНИОТ ШТАБ РЕШИ Стружани на вчерашниот протест побараа оставка на Владата, објавија граѓанска непослушност и ја блокираа работата на Основниот суд, а од понеделник најавија отворање на протестна манифестација "Струшки вечери на отпорот".

Стружани протестираат против децентрализацијата

А1 - 16.07.2004

Во Струга се организирани протести од страна на Кризниот штаб заедно со сите политички партии, од позицијата или опозицијата, НВО и граѓанскиот сектор во знак на отпор кон она што се пласира како владин предлог за новата територијална организација со која се менува етничката структура на Струга.

Формиран кризен штаб за спас на Струга

Утрински - 16.07.2004

Големо незадоволство СТРУГА - Граѓанската иницијатива за спас на Струга вчера донесе одлука и се трансформира во кризен штаб за водење на активностите за опстојување на Струга во сегашните граници. Кризниот штаб ќе биде во постојано заседание, а синоќа на посебна средба со политичките партии и ...

Црвенковски, Костов, Пенов и Гештаковски ќе висат

Дневник - 16.07.2004

ОДЛУКА НА КРИЗНИОТ ШТАБ Имињата на Бранко Црвенкоски, Хари Костов, Ристо Пенов и Александар Гештаковски, етикетирани како предавници, ќе бидат испишани на големо платно обесено на општинската зграда во Струга, како јавна пресуда од народот.

Стружани ги дефинираа мерките на граѓански отпор

А1 - 15.07.2004

Кризниот штаб за опстанок на Струга во постојните општински граници, во кој се сите политички партии од македонскиот блок и од позицијата и од опозицијата, невладините организации и граѓанскиот сектор, на итна седница ги утврдија радикалните мерки кои како граѓански отпор ќе бидат превземени против ...

Струга најавуванепослушност

Дневник - 15.07.2004

отпор Ќе повикаме на граѓанска непослушност и ќе се приклучиме на онаа третина од населението што не плаќа даноци, струја и не служи војска, реагираше градоначалникот на Струга, Ромео Деребан. Според договорот на владејачката коалиција, кон градот ќе се припојат општините Луково, Лабуништа, ...

"Стружанка" на тендер

Дневник - 13.07.2004

ЗАГУБАРИ Имотот на Фабриката "Стружанка" АД во стечај од вчера се нуди на продажба преку тендер. Според тендерските правила, фабриката се продава без почетна цена во пет пакети, од кои секој опфаќа градежен објект, машини и инвентар. Заинтересираните купувачи треба да достават инвестициска програма.