TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За само една недела од работа се ликвидираа над 5 илјади вработени

А1 - 20.01.2002

Само во една недела владиното тело за структурни реформи за дури три фирми со повеќе од пет илјади вработени реши да се ликвидираат. Процедурите за сите три фирми, „Југохром“, ФАС и „Годел“ ќе бидат исти. Ликвидација и чистење од долговите, а потоа обид, така без долгови и вработени, да се продадат ...

"Југохром" ќе се ликвидира за да се продаде без долгови

Вест - 19.01.2002

ЈУГОХРОМЦИ ЌЕ ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА ВО ВТОРНИК Вицепремиерот Крстевски и министерот за економија Бесник Фетаи им ветиле на штрајкувачите дека на седницата во вторник Владата ќе ги разгледа и нивните барања, но и двајцата објаснуваат дека комбинатот е пр Владата во вторник, кога ќе расправа ...

Вработените во "Југохром" вчера повторно протестираа пред Владата

Дневник - 19.01.2002

НЕЗАДОВОЛНИ ОД ОДЛУКАТА ЗА ЛИКВИДАЦИЈА Единствено решение е ликвидација, со што Комбинатот ќе се исчисти од долгови, а потоа повторно ќе се активира, смета министерот за труд Бедредин Ибраими Повеќе од 300 вработени во ХЕК "Југохром" вчера протестираа пред Владата, револтирани од неодамнешната ...

Југохромци штрајкуваа и денеска

А1 - 18.01.2002

И денеска, но не со седум, туку со девет автобуси, вработените во „Југохром“ дојдоа пред владата барајќи од неа струја, плата и социјален пакет, но се вратија дома само со ветување дека за нивниот комбинат владата ќе расправа во вторник.

Буџетарите издејствуваа договор на владата со ССМ

А1 - 18.01.2002

Владата претставена од министерот за труд и социјална политика Бедредин Ибраими и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Толевски денеска во Скопје потпишаа спогодба за остварување на барањата на синдикатите од јавниот сектор.

Владата има уште четири дена да го спаси "Југохром" од ликвидација

Вест - 18.01.2002

ПРВОТО РОЧИШТЕ ЗА СТЕЧАЈОТ ВО НАЈГОЛЕМИОТ ЗАГУБАР ЗАКАЖАНО ЗА 22 ЈАНУАРИ На прексиноќешната седница, владиното тело за структурни реформи се изјасни дека ќе ја стопира одлуката за стечај само ако заинтересиран инвеститор понуди цена на струјата од 2,2 центи за киловат "Владата има уште четири дена ...

За југохромци плата во висина на испратнина

Утрински - 18.01.2002

Бесник Фетаи Министерот за економија Бесник Фетаи по завчерашниот состанок на Телото за структурни реформи изјави дека е донесена значајна одлука во врска со изменувањето и дополнувањето на Законот за стечај. Како што изјави Фетаи, формирана е работна група чии членови се тој, како министер за ...

Во ликвидација "Југохром", "Годел" и "Македонка" — без работа 6.000 вработени

Дневник - 18.01.2002

ВЛАДАТА ПРЕСЕЧЕ Ако некој инвеститор сака, може да го земе "Југохром" под концесија, се додека не заврши ликвидациската постапка Владиното тело за структурни реформи донесе одлука за ликвидација на ХЕК "Југохром", во кој има околу 2000 вработени.

Фетаи лаже дека за "Југохром" нема заинтерсирани инвеститори

Вест - 17.01.2002

ПО НАЈАВИТЕ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА, ШТРАЈК НА ЈУГОХРОМЦИ ВО СКОПЈЕ Штрајкувачите вчера ги прими директорот на ЕСМ Ламбе Арнаудов и вицепремиерот Зоран Крстевски, кај кој за време на разговорот се јавувале заинтересирани компании за "Југохром" со што се демантира изјавата н Насобраните штрајкувачи од ...

Југохромци се против ликвидацијата на Комбинатот

Утрински - 17.01.2002

Работниците на "Југохром" штрајкуваа пред ЕСМ и пред Владата Повеќе од 400 вработени во тетовски "Југохром" вчера протестираа пред зградата на ЕСМ и пред Владата, барајќи од неа, дефинитивно, да најде некакво решение за идниот статус на Комбинатот.

Повеќе од 300 вработени во Комбинатот ќе останат на улица

Дневник - 17.01.2002

ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУГОХРОМ Хемискиот комбинат од Тетово ќе оди во ликвидација, за да се исчисти од долговите и од вишокот вработени, по што полесно ќе му се продаде на францускиот инвеститор Повеќе од 300 вработени во ХЕК "Југохром" ќе останат на улица ако Владата го затвори комбинатот.

Југохром прво ќе се ликвидира, па ќе се продава?

Капитал - 17.01.2002

Завршува приказната со уште еден загубарЈугохром прво ќе се ликвидира, па ќе се продава?Печката на "Југохром" веќе е згасната. Долговите на комбинатот се околу 80 милиони долари, а Владата планира без долгови и без вработени да ја продава фабриката од Јегуновце Верица МилановаОсвен ликвидирањето, ...

Југохромци излегоа на штрајк

А1 - 16.01.2002

По исклучената струја и владината одлука за ликвидација на „Југохром“, повеќе од 400 вработени во оваа фирма загубар денеска во Скопје протестираа пред зградата на Електростопанство и пред владата, барајќи струја и прифатливо решение за нивниот комбинат.

"Југохром" оди во претприватизациска ликвидација

Утрински - 15.01.2002

Владата смисли ново сценарио за продажба на Комбинатот од Јегуновце ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА "Југохром" оди во ликвидација само за да се исчисти од долгови и полесно да се продаде на стратешки инвеститор". Ова го тврдат извори од кабинетот на премиерот Георгиевски, кои тврдат дека Владата се решила на ...

Французите изненадени од владината одлука за ликвидација на Југохром

А1 - 14.01.2002

Оваа среда, целосно ќе биде во знакот на Југохром. Пред зградата на Електростопанство вработените во Југохром ќе протестираат поради исклучената струја, а во владата, францускиот инвеститор СЦММ ќе преговара за земање на комбинатот под закуп.

"Југохром" ќе биде успешен како "Фени индустри"

Утрински - 14.01.2002

Ова е заеднички француско-германски проект за фабриката "Југохром", подготвен по истата шема според која мошне успешно работи "Фени индустри", изјави за "Утрински весник" францускиот амбасадор Франсоа Терал. "Не можам да навлегувам во детали, бидејќи се разговара на владино и на експертско ниво, но ...

Затворањето на Комбинатот е национално предавство

Утрински - 14.01.2002

Реакции во Тетово по ликвидацијата на "Југохром" ТЕТОВО - Општинските организации на СДСМ и на СПМ- Тетово, во врска со одлуката на Владата за затворање на "Југохром", во своите соопштенија сметаат дека е тоа рамно на национално предавство.

Вработените и менаџментот не го даваат "Југохром"

Утрински - 14.01.2002

И покрај најавата за ликвидација на Комбинатот од Јегуновце ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Приказната за ?Југохром" не е завршена. Ниту се прекинати разговорите со стратегискиот инвеститор, ниту оние за раздолжување за струјата со ЕСМ. Наспроти тоа, министерот за економија и претседател на владиното Тело за ...