TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Управителите сметаат дека „Македонија табак 2000" има шанси да работи успешно

Утрински - 25.07.2003

Прес Раководството на ?Македонија табак 2000" вчера порача дека се бараат излезни решенија за разединетата фирма во која изминативе денови ескалираа судирите меѓу двете поделени струи- оние што стојат зад новите управители, и другите, кои сметаат дека тие се продолжена рака на Стевче Коцевски и на ...

"Македонија табак 2000" ќе проработи

Дневник - 25.07.2003

НОВИТЕ УПРАВИТЕЛИ КАТЕГОРИЧНИ Има начин двесте вработени во "Македонија табак 2000" да почнат да работат и да добиваат плата по деветмесечниот штрајк, велат новите управители Јован Тодоровски и Илија Пашовски, кои тврдат дека нивната фирма е единствена валидна наследничка на "Македонија табак".

Раководството на Табак со тврдење дека се формира нова „Македонија табак“

А1 - 24.07.2003

Раководството на „Македонија табак 2000“, контра штрајкувачите, денеска тврди дека мала група на вработени поддржани од луѓе однадвор сакаат да го преземат управувањето во фирмата. Прогласивме колективен одмор за да се смират страстите велат директорите, но тие вчера насила влегоа во просториите.

Штрајкувачите влегова во Македонија Табак 2000

Канал5 - 24.07.2003

За едни упад, за други сосема нормално доаѓање на работното место. Две различни толкувања за сабајлешното влегување на штрајкувачите од Mакедонија Tабак 2000, на кои вчера им беше затворена портата, поради одлуката на актуелните управители за колективе За едни упад, за други сосема нормално доаѓање ...

Штрајкувачите од „Македонија табак" останаа надвор од кругот на фирмата

Утрински - 23.07.2003

СЛУЧАЈ Околу четириесет штрајкувачи од ?Македонија табак" вчера останаа пред капијата на фирмата во Скопје. Според нивните кажувања, влезот во деловната зграда каде што штрајкуваат подолго време им бил оневозможен од управителите на фирмата, Јован Тодоровски и Илија Ташевски, под образложение дека ...

Штрајкувачите останаа пред капијата

Дневник - 23.07.2003

МАКЕДОНИЈА ТАБАК 2000 Штрајкувачи од Македонија табак 2000 вчера биле спречени да влезат во фирмата. На луѓето од обезбедувањето им било наредено од новите управители Јован Тодоровски и Илија Ташовски, кои се поставени на местата на Винко Иванчиќ и Стевче Коцевски, да не ги пуштат штрајкувачите ...

Управителите ги истераа штрајкувачите на колективен одмор

Вест - 23.07.2003

НОВОТО РАКОВОДСТВО ЈА ЗАМАНДАЛИ ВРАТАТА НА МАКЕДОНИЈА ТАБАК Штрајкот во "Македонија табак 2000" трае од ноември минатата година, а неодамна, регистрациониот суд во Штип ги регистрирал новите управители на друштвото Илија Пашовски и Јован Тодоровски, кои доаѓаат на местото на притворениот Стевче ...