TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Финците и официјално со Ниеминен во Скопје

Утрински - 15.09.2006

Покрај стандардните Магдинчев, Русевски и Грабуловски, првпат во Дејвис куп тимот на Македонија повикан јуниорот Мартиноски РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Јарко Ниеминен и официјално ќе ја предводи тениската репрезентација на Финска во мечот со домаќинот Македонија од полуфиналето во Втората група на ...

Магдинчев и Русевски против двоецот Ниеминен

Дневник - 14.09.2006

Лазар Магдинчев, Предраг Русевски, Илија Мартиноски и Димитар Грабуловски ќе бидат во составот на репрезентацијата на Македонија за финалниот дуел против Финска од втората евроафриканска зона во Дејвис-купот. Селекторот Христо Јанков се одлучи наместо Шендрит Деари да го повика Мартиноски, еден од ...

Финска доаѓа на гости со Јарко

Дневник - 13.09.2006

Јарко Ниеминен ќе гостува во Скопје, како лидер на Дејвис-куп репрезентацијата на Финска. На луѓето од Македонската тениска федерација (МТФ) во текот на вчерашниот ден им било потврдено дека 17. светски играч ќе настапи против Македонија во еден од двата финални меча, од втората евроафриканска ...

Магдинчев и Русевски победија во двојки

Време - 11.09.2006

ТУРНИР ВО РОМАНИЈА Македонските дејвис куп-репрезентативци Лазар Магдинчев и Предраг Русевски победија во игра во двојки на Челинџер-турнирот, кој од 5 до 10 септември се одржа во романскиот град Брашов. Тие во финалето беа поуспешни од чешка-холандската двојка Михаил Навратил и Робин Хасе со 6-4, ...

Магдинчев/ Русевски победници во Брашов

Утрински - 11.09.2006

Најдобрите македонски тенисери Лазар Магдинчев и Предраг Русевски го освоија турнирот во двојки во рамките на АТП-челинџерот во Брашов, Романија, со награден фонд од 25.000 евра. Триумфот им донесе 50 поени за АТП-листата во двојки, како и парична награда од 1.350 евра.