TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Одобрена референтната понуда на ,,Телеком" за интерконекција

Утрински - 03.12.2005

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА "Македонски телекомуникации" соопшти дека од Агенцијата за електронски комуникации завчера добиле решение за одобрување на референтната понуда за интерконекција (МАТЕРИО), со исклучок на два прилога кон главниот текст, кои се ценовно ориентирани.

Опозицијата со различни ставови за акциите на „Телеком“

А1 - 02.12.2005

Едни се противат, на други им пречи тајмингот - вака реагира опозицијата на намерата на Владата да ги продаде државните акциите во „Телеком“. „Ние не сме против продажбата на акциите но во услови и време кои ќе понудат највисока цена на акциите и согласно законот, на берза да се продаваат“, изјави ...

Потврдени отказите за 523 вработени

Време - 02.12.2005

ТЕЛЕКОМ Бордот на директори на телеком донел резолуција за Програмата за оптимизација на вработените, со која се потврдуваат договорите за прекин на работен однос на 523 вработени. На 69 работници што се најдоа на листата за технолошки вишок им е продолжен работниот однос во фирми соработници на ...

Телекомот се продава по политичка процена

Дневник - 02.12.2005

ДРЖАВАТА ИТНО БАРА КУПУВАЧ ЗА АКЦИИТЕ Владата е решена да ги продаде државните акции во "Македонски телекомуникации" без да ја знае нивната реална пазарна цена. Никој во моментов не знае колку вреди капиталот на телекомот бидејќи оваа компанија, која е најпрофитабилна во земјава, не котира на ...

Од вчера почна да тече отказниот рок за 601 лице

Вечер Прес - 02.12.2005

Од вчера почна да тече отказниот рок за 601 вработен во Телеком, кој на први февруари идната година ќе заминат од компанијата. Бордот на директори на Телеком вчера ја донесе Резолуцијата за Програмата за оптимализација на вработените, со која се потврдуваат договорите за прекин на работниот однос ...

„Телеком“ потврди дека отпушти 523 вработени

А1 - 01.12.2005

„Македонски Телекомуникации“ денеска ги потврди договорите за прекин на работниот однос на 523 вработени. Потврдата во форма на „Резолуција за програмата за оптимализација на вработените“, како што соопшти компанијата, е донесена на состанок на бордот на директори на АД „Македонски Телекомуникации“.

Отпуштањето на 600 лица ќе го чини „Телеком“ 8 милиони евра

Утрински - 01.12.2005

Телекомуникациската компанија направи есап за намалување на кадарот Најголем број, односно 524 вработени ќе си заминат со испратнини од 11.000 евра ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Отпуштањето на вработените во "Телеком", планирано за идната година, ќе ја чини компанијата повеќе од 8 милиони евра.

Телеком потврди дека отпушти 523 вработени

Макфакс - 01.12.2005

Скопје Македонски Телекомуникации денеска ги потврди договорите за прекин на работниот однос на 523 вработени. Потврдата во форма на „Резолуција за програмата за оптимализација на вработените“, како што соопшти компанијата, е донесена на состанок на бордот на директори на АД Македонски ...

Владата ќе ги продава акциите во „Телеком“

А1 - 30.11.2005

Владата ќе ги продава акциите во „Телеком“. Следната година. Со парите ќе ги полнела дупките во буџетот и ќе го санирала домашниот и надворешниот долг. Одлуката ја обелодени министерот за финансии Никола Поповски. Во објаснувањата за буџетскиот дефицит вели: „Планираниот буџетски дефицит на ...

Регулаторот допрва ќе ја корегира ценовната понуда на Телеком

Вест - 30.11.2005

ПОПЛАВА ГО ОДЛОЖИ ОБЈАВУВАЊЕТО НА ТЕХНИЧКИОТ ДЕЛ ОД РЕФЕРЕНТНАТА ПОНУДА НА МАКТЕЛ Регулаторот до крајот на неделава ќе ја оддобри понудата на Телеком за поврзување со останатите оператори, ама без цените по кои Телеком ќе ја нуди својата мрежа на конкуренцијата Агенцијата за електронски комуникации ...

Телефонските слушалки “пожешки” за 20 отсто?!

Вечер Прес - 28.11.2005

Идната година Телеком планира да ги зголеми цените на телефонските услуги за 20 насто. Ова го тврдат извори кои имале можност да ѕирнат во бизнис-планот на компанијата кој во средината на идниот месец ќе се најде на усвојување пред бордот на директори.