TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија ќе ги укине визите за Словенците

Време - 12.06.2004

АНТОН РОП ВО СКОПЈЕ Македонската Влада од понеделник ќе ги укине визите за Словенците, а Љубљана во комуникацијата со нас секаде ќе инсистира да се користи уставното име на Македонија. За ова во Скопје се договорија Хари Костов и Антон Роп, премиерите на Македонија и на Словенија.

„Литострој“ ќе даде 50 милиони евра за изградба на „Матка 2“

Време - 12.06.2004

СЛОВЕНЦИТЕ НАЈАВУВААТ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Мирче Котевски Словенечки „Литострој“ има намера да инвестира 50 милиони евра во изградба на хидроелектричната централа „Матка 2“, најавија словенечките бизнисмени кои веќе два дена престојуваат во земјава.

Словенците бараат европски закони за да инвестираат во Македонија

Дневник - 12.06.2004

БИЗНИС-ФОРУМ Приливот на директни инвестиции од Словенија во земјава лани изнесувал шест милиони долари, а годинава се уште нема нови словенечки инвеститори Словенечките бизнисмени сметаат дека во Македонија нема соодветни закони, државата не гарантира дека инвестициите се трајна сопственост на ...

Скопје ги укинува визите за Словенците

Дневник - 12.06.2004

СОРАБОТКА СО СЛОВЕНИЈА Македонија од наредниот понеделник ќе ги укине визите за Словенците, а Словенија ќе инсистира секаде да се користи уставното име на Македонија. Ова завчера по разговорите во Скопје го најавија премиерите на Македонија и на Словенија , Хари Костов и Антон Роп.

За девет години 900 милиони евра дефицит во размената со Словенија

Утрински - 12.06.2004

Бизнис-форум на македонски и словенечки стопанственици по повод посетата на Антон Роп Македонските фирми ќе имаат поголем пласман на словенечкиот пазар тогаш кога македонското законодавство ќе се усогласи со европското МАЈА ТОМИЌ Кај македонските и словенечките бизнисмени има интересирање за ...

Средба на Црвенковски со Антон Роп

Утрински - 12.06.2004

Поддршка Скопје - Односите меѓу Македонија и Словенија се традиционално одлични и пријателски, констатираа претседателот Бранко Црвенковски и словенечкиот премиер, Антон Роп, кој престојува во посета на земјава. Констатирајќи ја долгорочната решеност на Македонија за спроведување на севкупните ...

Нема визи за Словенците - Уставно име за Македонија

А1 - 11.06.2004

Македонија од наредниот понеделник ќе ги укине визите за Словенците, додека Словенија во комуникацијата со земјата насекаде ќе инсистира да се користи уставното име на Македонија. Ова денеска по разговорите во Скопје го најавија премиерите на Македонија и Словенија, Хари Костов и Антон Роп.

Словенците би инвестирале повеќе ако ги нема административните пречки

А1 - 11.06.2004

Македонските и Словенечките бизнисмени, седнати едни наспроти други, пред премиерите на двете земји, си ги кажаа главните пречки за подобра бизнис соработка. А1 ги праша гостите од Љубљана што ги спречува највеќе за да ги вложат своите пари во Македонија.

Словенечкиот премиер Антон Роп во Скопје

Вест - 11.06.2004

Словенечкиот премиер Антон Роп на покана на претседателот на македонската влада Хари Костов денеска допатува во дводневна официјална посета на Македонија, придружуван од министерот за економија Матеј Лаховник и група бизнисмени од Словенија.

Словенија ќе ги интензивира односите со Македонија

Утрински - 11.06.2004

Словенечкиот премиер Антон Роп во посета на Скопје Словенија го врти фокусот кон Македонија, а потврда за тоа е вчерашната посета на премиерот Антон Роп заедно со министерот за економија, Матеј Лаховник, и многубројна стопанска делегација допатува вчера во Скопје со цел да работи на интензивирање ...

Премиерот Роп дојде со дваесетина бизнисмени

Дневник - 11.06.2004

ПОСЕТА НА СЛОВЕНЕЧКА ДЕЛЕГАЦИЈА Помошта на Словенија за вклучувањето на Македонија во евроатлантските структури, билатералните односи и нивниот развој, особено во економската сфера ќе бидат главни теми на дводневната посета на словенечката деловна делегација предводена од премиерот Антон Роп, кој ...

БИЗНИС ФОРУМ ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СТОПАНСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СЛОВЕНИЈА

Канал5 - 11.06.2004

Има простор и основа за динамизирање на стопанските активности и за зголемување на инвестициите меѓу Македонија и Словенија, констатираа премиерите на двете земји Хари Костов и Антон Роп на денешниот бизнис форум во Скопје. “Улогата на Владата е Има простор и основа за динамизирање на стопанските ...

Словенечкиот премиер во посета на Македонија

А1 - 10.06.2004

Од понеделник на словенските граѓани не им е потреба виза за влез во Македонија. Ова денеска во Скопје на словенечкиот премиер Антон Роп му го соопшти македонскиот домаќин Хари Костов. Првиот странски државник по изборот на новата влада во Скопје допатува со најава за словенечка поддршка на ...