TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стотина граѓани се обиделе насилно да ги ослободат приведените

Време - 10.07.2004

ПО ЗАВЧЕРАШНИТЕ ПРОТЕСТИ КАЈ ПОДМОЉЕ Емил Зафировски Повеќе од стотина револтирани охриѓани завчеравечер ја опколиле полициската станица во Охрид, откако претходно четворица нивни сограѓани биле приведени по судирот со полицијата на блокадите кај селото Подмоље.

Употребата на сила без правда е насилство

Утрински - 10.07.2004

Според ВМРО-ДПМНЕ "Употребата на сила без правда е насилство, а гледаме дека насилството е привилегија на оваа власт", обвини вчера ВМРО-ДПМНЕ по повод полициското попречување на блокадите на приврзаниците на оваа партија во врска со исцртвувањето на новата територијална карта на Македонија.

Блокиран само сообраќајот помеѓу власта и опозицијата

Дневник - 10.07.2004

завршиЈа ПРОТЕСТИте Судирот помеѓу полицијата и граѓаните кај Подмоље, на излезот од Охрид, беше најголемиот инцидент во вториот ден од блокадите на патиштата во организација на ВМРО-ДПМНЕ против новата територијална поделба на земјава.

ВМРО-ДПМНЕ: „Полицијата го тепа својот народ“

А1 - 09.07.2004

Пендреци, тупаници, шлаканици, се мерките кои полицијата под раководство на власта ги употребувала врз демонстрантите на блокадите низ повеќе делови од земјава, обвинува организаторот на протестите опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Со полициска камера биле снимани, а потоа и идентифукувани учесниците во ...

Блокадите кај Подмоље засега мирни и без тензии

А1 - 09.07.2004

Со учесниците на блокадата кај Подмоље е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој разговара со нив и го кажува својот став и поддршка на нивните барања. Пред малку тој на новинарите им ја пренесе официјалната најава дека има можност барањата на народот да вродат со плод и Струга да остане во ...

Со непослушна влада - непослушни граѓани

Време - 09.07.2004

НА МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА Емил Зафировски Неколку граѓани беа повредени во судир со полицијата, а десетина беа приведени завчера попладне во масовните протести низ земјава, кога илјадници луѓе ги блокираа патиштата, незадоволни од новата територијална поделба.

МВР: Полицијата не употреби сила на завчерашните блокади

Вест - 09.07.2004

Полицијата во ниту еден случај и на ни едно место не употребила сила врз лицата што учествуваа во завчерашните протести и блокади на повеќе патни правци во Македонија, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи. Ангажманот на полицијата, вели МВР, бил единствено во функција на нормално ...

Блиска средба меѓу полицијата и демонстрантите кај Подмоље

Вест - 09.07.2004

Како и што беше најавено, завчеравечер во 18 часот ВМРО-ДПМНЕ го блокираше патот Охрид - Скопје, кај клучката Подмоље, во знак на револт поради предложената територијална организација на земјава, со која се предвидува менување на општинските граници на Струга.

И денес блокади на влезовите во Скопје и низ Македонијаупотреби сила на завчерашните блокади

Вест - 09.07.2004

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за денес најави продолжување на блокадите против предлогот за децентрализација. Од 18 до 21 часот ќе има блокада на влезовите во Скопје, во Маџари и Ѓорче Петров. Блокади во внатрешноста продолжуваат и денес на истите локации како и изминатите денови.

Вечерни блокади на македонските магистрали

Утрински - 09.07.2004

Прексиноќа на повеќе патни правци во Македонија беа организирани протести поради новата територијална поделба Прексиноќа на повеќе патни правци во Македонија беа организирани протести поради несогласувањата со предлогот за новата територијална поделба.

И тапани и тепани на блокадите

Дневник - 09.07.2004

ОПОЗИЦИЈАТА ПРОТЕСТИРА ПРОТИВ ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА Блокадата на десетина најважни патни правци во земјава, но и полициската акција за нивното ослободување за сообраќај го одбележаа почетокот на протестите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против новата територијална поделба.

ВМРО-ДПМНЕ: „Полицијата го тепа својот народ“

Канал5 - 09.07.2004

Вчерашните блокади што ги организира ВМРО-ДПМНЕ против новата територијална организација на локалната самоуправа што ја предлага Владата повторно го карактеризираше насилство од страна на полицијата, тепање и притисоци, оцени на денешната прес-конферен Вчерашните блокади што ги организира ...

ДПМНЕ „Блокадите беа успешни иако полицијата употреби сила“

А1 - 08.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на вчерашните протести раководството на МВР грубо ја нарушило македонската демократија, затоа што со употреба на сила настојувало да ги спречи граѓаните да протестираат. Многу од граѓаните на барикадите беа малтретирани од полицијата, тврди портпаролот Ѓорчев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги продолжи блокадите низ државава

А1 - 08.07.2004

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги продолжи блокадите низ државава. Во овие моменти во Скопје е блокирана крстосницата кај Судската палата. На блокираната раскрсница кај Бит пазар и Трговскиот центар Мавровка, штотуку пристигна и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој изјави дека ...

МВР демантира дека ги тепала граѓаните на блокадите

А1 - 08.07.2004

Полицијата во ниту еден случај и на ниедно место не употреби сила врз лицата што учествуваа во вчерашните протести и блокади на повеќе патишта во Македонија, соопшти денеска МВР. Според министерството, полицијата се ангажирала за да обезбеди непречено одвивање на сообраќајот.

ВМРО-ДПМНЕ блокира, полицијата поднесува пријави против организаторите

Време - 08.07.2004

НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ТЕРИТОРИЈАЛНАТА РЕОРГАНИЗАЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните масовно да излезат на блокади за да и покажат на власта дека греши што го игнорира нивното противење на владините предлози за територијална реорганизација на општините, рече Андријана Стојановска, заменик-портпаролка ...

МВР ќе прави пат со збор и со ќотек

Дневник - 08.07.2004

ПО НАЈАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА МАСОВНИ БЛОКАДИ МВР ќе преземе и репресивни мерки врз учесниците во блокадите ако претходно со разговор не ги убеди да ги ослободат патиштата. Полицијата ќе ги спречи протестите на патиштата во земјава, кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи не се дозволени блокади на ...

Полицијата ја спречи блокадата во Прилепско

А1 - 07.07.2004

Најавените блокади на магистралните и регионалните патишта во Прилепско не започнаа. Протестантите предводени од ВМРО-ДПМНЕ беа спречени од полицијата да ги блокираат излезите на градот кон Скопје и Македонски брод. Полицијата ја спречи блокадата со оглед на тоа дека не е дозволено организирање на ...

Судир на демонстрантите и полицијата кај Подмоље

А1 - 07.07.2004

Со провокации и инциденти, судири меѓу демонстрантите и полицијата, полесно повредени и приведени демонстранти, со постојано високи тензии мина двочасовната блокада на магистралниот пат Охрид-Скопје кај месноста Подмоље што во знак на револт кон предлогот на новата територијална поделба со која на ...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира Македонија

Време - 07.07.2004

ОД ДЕНЕСКА ДО ПЕТОК ВМРО-ДПМНЕ од денеска ќе почне да ги блокира патиштата и сообраќајниците во земјава во знак на протест поради владиниот план за нова територијална организација на локалната самоуправа. Блокадите ќе траат секој ден до петок, од 18 до 21 часот, најави Александар Бичиклиски, ...

Вечерни блокади на патот Прилеп - Битола - Охрид

Утрински - 07.07.2004

Денеска БИТОЛА - Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола што го собира околу себе членството лојално на лидерот Никола Груевски издаде соопштение за јавноста во кое информира дека од денеска до 9 јули, во интервалот од 18 до 21 часот, ќе реализира целосна блокада на сообраќајот на магистралата ...

Прилепските вмровци ќе го блокираат патот за Скопје

Утрински - 07.07.2004

Најава ПРИЛЕП - Од денес, па во следните три дена, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп ќе почне со блокада на магистралниот пат Прилеп-Скопје и на регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод во знак на протест против донесувањето на новиот закон за територијална поделба на Македонија, со кој, ...

Македонија од денеска исклучена од сообраќај

Дневник - 07.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ организира протест против териториЈалната поделба ВМРО-ДПМНЕ од денеска до петок ќе ги блокира магистралните и регионалните патишта во земјава како протест поради владиниот план за нова територијална поделба. Блокирани ќе бидат и улиците и булеварите во Скопје и во другите градови.

ВМРО-ДПМНЕ од утре на протести поради децентрализацијата

А1 - 06.07.2004

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира патиштата во знак на протест против територијалната организација што ја договараат коалиционите партнери СДСМ и ДУИ. Три дена од 18 до 21 часот ќе биде блокиран сообраќајот на патните правци на излезот од Скопје, автопатот Гостивар-Кичево кај Маврово, ќе биде ...

ВМРО-ДПМНЕ најавува блокади против поделбата на општините

Време - 06.07.2004

ПО ПРИМЕРОТ НА СТРУЖАНИ И НА КИЧЕВЦИ Од утре до петок, од 18 до 22 часот, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира блокади на патните правци во општините што треба да се укинат, бидејќи Владата го игнорира незадоволството на граѓаните од новата територијална организација на општините, соопшти Зоран Петрески, ...

Од утре блокада на патиштата

Дневник - 06.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ од утре до деветти јули ќе блокира повеќе магистрални патишта во земјава за да го сврти вниманието на владејачката коалиција и да им укаже дека се однесуваат неодговорно во врска со пакетот закони за децентрализацијата.

ВМРО-ДПМНЕ најавува блокада на патните правци

А1 - 05.07.2004

Владините преговори за новата територијална поделба можно е да продолжат веќе утре, бидејќи до крајот на оваа недела треба да се заокружи пакетот на најпроблематичните децентрализациски закони, за според владини извори на седницата в понеделник на 12 јули тие да добијат и владина верификација.

ВМРО-ДПМНЕ со рампи на патиштата

Дневник - 05.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа акцијата на жителите на Кичево и на Струга и најави дека од задутре ќе блокира повеќе патишта во државата. - Ја поддржуваме блокадата кај Кичево и Струга, а в среда, четврток и петок ВМРО-ДПМНЕ на повеќе пунктови во Македонија ќе организира блокада на патиштата во знак на ...