TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

На скопскиот плоштад се одржа втората скутеријада

Канал5 - 17.06.2007

Безбедност, култура на возење и подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот е мотото на повеќе од 100 учесници на скопската скутеријада. Тие денеска на ревијалниот дел од манифестацијата, групно возеа скутери од градскиот плоштад до Карпош 4.

Скутеријада низ градските улици

Дневник - 16.06.2007

Втората скутеријада, чија цел е едукација и безбедно учество во сообраќајот на лицата што управуваат со скутери, ќе се одржи утре низ градските улици. Манифестацијата ќе се одвива во две фази. Учесниците со моторчињата ќе тргнат во 11.00 часот од плоштадот Македонија, ќе возат до Сарај, па по ...

В недела Втора скутеријада

Вест - 14.06.2007

В недела низ скопските улици ќе се одржи Втората скутеријада во организација на Град Скопје. Стартот ќе биде во 11 часот на плоштад Македонија и ќе се вози до Општина Сарај. По 15-минутна пауза учесниците ќе се вратат на Плоштадот каде што ќе се одржи натпревар во умешно возење.

Скопјани ќе се натпреваруваат на втората скутеријада

Утрински - 14.06.2007

В недела со почеток во 11 часот од плоштадот „Македонија“ ќе започне втората скопска скутеријада. Младите на скутери ќе се натпреваруваат до Општина Сарај, а по кратка пауза ќе се вратат на плоштадот. Во 12 часот ќе започне второто натпреварување во умешно возење меѓу столпчиња, гимкана.

Скутеријада по втор пат

Вечер Прес - 13.06.2007

Низ улиците на Скопје, в недела ќе се одржи втората скутеријада, настан кој стана традиција во нашата метропола. Настанот што ќе се реализира под покровителство на Град Скопје, а во организација на одделението за спорт и Сојузот на спортови на Скопје, ќе започне во 11 часот на плоштадот Македонија.