TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Словенците гостуваат со комедијата „Рибарски караници"

Утрински - 25.07.2003

„Охридско лето" Познатата комедија на Карло Голдони, "Рибарски караници" во режија на еден од водечките режисери на словенечката сцена, Вито Тауфер, вечерва, во 21 часот, ќе биде изведена во предворјето на црквата Света Софија во Охрид.

Словенечките "Рибарски караници" и во Охрид

Вест - 25.07.2003

ВИКЕНДОВ НА ОХРИДСКО ЛЕТО Приморско драмско гледалишче од Нова Горица вечерва (21 ч.) гостува и на Охридско лето. Во предворјето на црквата "Св. Софија" ќе ја изведат "Рибарски караници" од Голдони, во режија на Вито Тауфер. Словенците од Нова Горица веќе настапија на "Хераклејски вечери" во ...

"Рибарски караници" и дела од германски уметници

Дневник - 22.07.2003

СКОПСКО ЛЕТО Во рамките на фестивалот "Скопско лето", вечерва во "Куршумли-ан", во 20.30 часот ќе биде одиграна театарската претстава "Рибарски караници" од Карло Голдони, во изведба на "Приморско драмско гледалишче" од Нова Горица, Словенија. Режисер, сценограф и костимограф е Вито Тауфер.

Изложба на германски уметници во Скопје

Вест - 22.07.2003

КУЛТУРНИ ЛЕТА Во КИЦ вечерва (21 ч.) изложба ќе отворат германските уметници Емил Шумахер, Бернард Шулц и Фред Тилер. Тие ќе се претстават со педесетина слики во техниките масло, сериграфија и комбинирана техника. Авторите се студенти на кадемии во Минхен, Дизелдорф и Дортмунд.