TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Општина Сарај затрупана со ѓубре

Вест - 23.05.2002

Жителите од општина Сарај велат дека се гушат во смет и ѓубре, и бараат од надлежните да преземат поефикасни мерки за негово подигање. Тие објаснуваат дека целата општина е прекриена со ѓубре и диви депонии, и стравуваат од разни зарази, особено во летниот период.

Акција за чистење на зеленилото во Сарај

Вест - 20.05.2002

Во Општина Сарај во тек е акцијата за чистење на зеленилото и јавните површини од ѓубре и смет. Таа е дел од програмата на УНДП за вработување млади лица. Во оваа фаза работат 14 лица. Надлежните во Општината велат дека освен зеленилото и улиците, ќе бидат исчистени и дворовите на училиштата.