TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За прислушувањето виновни се марсовците

Вест - 27.01.2001

ПРОДОЛЖУВА СОСЛУШУВАЊЕТО ЗА АФЕРАТА ПРИСЛУШУВАЊЕ Од истражниот судија ми беа предочени повеќе разговори отколку што очекував. Тоа не е онаа бројка што беше презентирана во медиумите, изјави Борис Змејковски после неговото сослушување како сведок пред истражниот судија.

Првообвинет сведок!?

Дневник - 27.01.2001

Ѓорѓи Варошлија - Став Деновиве, случајно или намерно, државната информативна агенција МИА лиферуваше вест од прес-конференцијата на републичкиот јавен обвинител, во која, покрај другото, стои дека е отворена истрага против Бранко Црвенковски во својство на сведок.

ВЧЕРА ПРЕД ИСТРАЖНИОТ СУДИЈА СОСЛУШАН ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ СТАВРЕ ЏИКОВ

Вест - 26.01.2001

АФЕРА ПРИСЛУШУВАЊЕ Наштетено ми е мене и на моето семејство Републичкиот јавен обвинител Ставре Џиков, вчера, по сведочењето во Основниот суд Скопје 1, изјави дека ја потврдил веродостојноста на сниманите прислушувани телефонски разговори што тој ги водел.

Да се утврди налогодавачот, намерата и целта

Вест - 26.01.2001

КОМИСИЈА ЗА НАДЗОР НА ДБК И НА АГЕНЦИЈАТА ЗАРАЗУЗНАВАЊЕ Во Македонија прислушување имало и тоа масовно по опфат и содржина. Ова го заклучи собраниската Комисија за надзор на работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање, која вчера го одржа својот прв ...

Трајковски: Агенцијата за разузнавање не прислушувала

Вест - 26.01.2001

АФЕРА ПРИСЛУШУВАЊЕ "Уште од првиот ден кога се отвори случајот прислушкување јас веднаш го повикав директорот на Дирекцијата за разузнавање и разговарав со него за сите можности и она кое беше пласирано во јавноста дека веројатно може да се случи дека и оттука може да биде спроведено сето ова.

Мимикрија

Дневник - 26.01.2001

Колумна-Никола Поповски Колку и да е пишувано за аферата со прислушувањето во Македонија во изминатите десет дена, се чини дека за овој проблем пишувањето никогаш нема да биде доволно. Тоа ќе треба да заврши во оној момент кога премиерот Љупчо Георгиевски ќе поднесе неотповиклива оставка на ...

Сите прислушувани на сослушување

Вест - 25.01.2001

АФЕРА ПРИСЛУШУВАЊЕ: БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ГО ДОСТАВИ ВО СУДОТ ОРИГИНАЛНИОТ ДОКАЗЕН МАТЕРИЈАЛ Оваа мега афера треба по сите правци да биде расчистена, поради иднината на државата, рече Црвенковски, кој и натаму изворот го држи во анонимност "Денес се појавив во својство на сведок и се надевам дека со ...

Опозицијата бара итна седница за прислушувањето

Вест - 25.01.2001

БОЈКОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ Во име на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ВМРО и ДА, вчера координаторот на пратеничката група на СДСМ Никола Поповски, соопшти дека тие нема да учествуваат во работата на вчерашната, но и на следните собраниски седници, с&ицирц; додека Стојан Андов не закаже итна седница за ...

Претседателот Трајковски повикан како сведок

Вест - 24.01.2001

ОТВОРЕНА СУДСКА ИСТРАГА ЗА АФЕРАТА "ПРИСЛУШУВАЊЕ" Во оваа фаза од истрагата повикани се Бранко Црвенковски кој денеска треба да се појави со оригиналот, директорот на Агенцијата за разузнавање Драги Гроздановски, ќе се распитува Бојан Бојановски, директорот на "Телеком" Ден Дончев, Слободан Богоевс ...

Имаме докази дека прислушувале и Трајанов и Димовска

Вест - 24.01.2001

СДСМ ОТКРИВА НОВИ ДЕТАЛИ ВО АФЕРАТА ПРИСЛУШУВАЊЕ Поседуваме во овој момент материјали, односно писмено решение за примена на оперативно-техничка мерка на еден странски државјанин, новинар во една странски медиум. Во овие материјали, телефоните на кои треба да се примени оперативно-техничка мерка ...

Димовска да не мисли само на својата тежина

Вест - 24.01.2001

БОРИС ЗМЕЈКОВСКИ Обвинувањата на сметка на ВМРО преку владиниот весник "Вечер" дека во соработка со фирмата "Техноком", сме набавиле опрема за прислушување и сме обучиле десетина луѓе се инсинуации и произволни обвинувања. До колку постоел таков паралелен ситем за прислушување, власта требала да го ...

Министерот ги следи препораките на ДБК

Вест - 24.01.2001

ТРАЈАНОВ, ДЕМАНТИРА ДЕКА НАРЕДИЛ ПРИСЛУШУВАЊЕ НА НАШИ ДРЖАВЈАНИ "Ако имало предлог од директорот на ДБК за следење на странски државјанин, се разбира, поткрепено од директорот и со образложение дека таквото лице е сомнително и опасно за вршење екстремни активности насочени кон загрозување на ...

Андов од Џиков ја бара целата документација

Вест - 23.01.2001

АФЕРА ПРИСЛУШУВАЊЕ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО УПАТИ ПИСМО ДО ДРЖАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ Ако пак и државниот обвинител не располага со тој материјал, Андов бара тој како надлежен орган да побара од надлежниот суд итно да донесе одлука за одземање на вкупниот материјал од оној кој располага со него ...

СДСМ: Андов ги злоупотреби функцијата и собранискиот печат

Вест - 23.01.2001

Првиот меѓу еднаквите пратеници Стојан Андов, направи скандалозен потег со испраќањето на писмото до јавниот обвинитеј Ставре Џиков. Човекот кој до пред три дена тврдеше дека случајот со прислушување била работа на Обвинителството и дека Собранието не треба да расправа, за да не се прави притисок ...

Денес средба Џиков - Црвенковски

Вест - 23.01.2001

Вчера, во 12 часот, добивме официјално барање од јавниот обвинител Ставре Џиков за средба. Црвенковски прифаќа да се сретне со јавниот обвинител, но вчера не беше можно, поради неговите претходно закажани обврски. Се договорија во текот на денешниот ден да се договорат за времето на средбата.

Карамба!

Дневник - 23.01.2001

Колумна-Љубомир Д. Фрчкоски Македонското граѓанство е соочено со шок: Наличјето на секоја институционална моќ или на која било друга таква што е надвор од контрола на процедурите и правилата на демократијата. "Ноќно", опсцено, первертно задоволство, специфичен начин на "уживање" во прекршување на ...

Кабинетот на Трајковски не коментира изјави на обични граѓани

Вест - 22.01.2001

ПО ОБВИНУВАЊЕТО НА ПОРАНЕШНИОТ ПОТСЕКРЕТАР ВО ДБК СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ, ЗА ВМЕШАНОСТА НА ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ВО АФЕРАТА ПРИСЛУШУВАЊЕ На забелешката дека Богоевски е поранешен функционер во ДБК, во кабинетот велат дека тоа бил порано, а денеска е како и сите граѓани на Македонија, и додаваат дека ...

Џиков инсистира на средба со Црвенковски

Вест - 22.01.2001

"Ја добив документацијата за прислушувањето од Бранко Црвенковски, истата онаа што и вие ја добивте како медиуми. Но, тоа не е доволно. Јас и понатаму инсистирам на средба со Бранко Црвенковски и затоа ќе му испратам уште еден допис, трет по ред, за да се видиме и да разговараме за случајот.

Прислушувањето е вршено од Агенцијата за разузнавање, одговорноста е на Трајковски

Вест - 22.01.2001

АФЕРА ПРИСЛУШУВАЊЕ: ФРАПАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ЕКСПОТСЕКРЕТАРОТ ВО СЛУЖБАТА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ По налог на премиерот Георгиевски и министерката Димовска, прислушувањето е вршено од Агенцијата за разузнавање, ги пропишував стандардите за ваквите извештаи и го ...