TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Здравството и пензискиот систем ги загрижија Црвенковски и ММФ

Дневник - 12.11.2005

средба Претседателот Бранко Црвенковски и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, Марк Грифитс и Кевин Рос вчера заклучија дека Македонија треба да стави посебен акцент на реформите во здравствениот и во пензискиот сектор.

Црвенковски се сретна со шефот на мисијата на ММФ

А1 - 11.11.2005

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска оствари средба со шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Марк Грифитс и Кевин Рос, постојаниот претставник на ММФ во земјава. На средбата, како што е наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот, шефот на мисијата ...

Нова опомена за долговите во здравството

Вест - 11.11.2005

И ММФ ГО ПЛАШИ ИЗБОРНАТА 2006 Клучен услов за остварување на програмата за структурни реформи е да се обезбеди буџетски дефицит во 2006 од само 0,6 отсто, но тоа нема да биде лесно бидејќи следи изборна година, изјави шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Марк Грифитс Уште една Мисија на ММФ ...

ММФ препорачува дефицит до 0,6 отсто

Време - 11.11.2005

БУЏЕТ ЗА 2006 Дисциплина во одржувањето на стабилна монетарна и фискална 2006 година со дефицит од 0,6 отсто без притоа да се зголемат долговите е главната препорака што Марк Грифитс, шефот на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, им ја пренесе на членовите на македонскиот тим во разговорите за ...

Буџетот ќе се троши за плати и за социјални давачки

Дневник - 11.11.2005

И В ГОДИНА Повеќе од две третини од буџетот за 2006 година ќе бидат потрошени за плати во јавната администрација и за социјални трансфери, а за капитални инвестиции се планирани само околу два отсто од БДП. Ова е буџетската рамка што неделава ја скроија министерот за финансии Никола Поповски и ...

Договорена е буџетската политика со ММФ

А1 - 10.11.2005

Една милијарда 674 милиони евра изнесува буџетот за наредната година - договорена е буџетската политика со ММФ. Зголемените приходи во буџетот ќе се образложат со поголемо собирање даноци и со ново проектираната стапка на раст.

Грифитс: Долговите кај здравството фрлаат сенка врз резултатите од останатите реформи

Канал5 - 10.11.2005

Ресорот здравство генерира долгови и тоа фрла сенка врз остварените резултати од реформите што се спроведуваат во рамки на аранжманот со ММФ. Иако беа дојдени за Буџетот, разгледувајќи ги постигнувањата од аранжманот монетарците од Вашингтон, пред заминување со нова опомена за овој сектор: Ресорот ...

Контролиран буџет и понизок дефицит, задачи за 2006

Вест - 08.11.2005

ММФ ДАДЕ ВИЗА ЗА ЈАВНИТЕ ПРИХОДИ И РАСХОДИ Доколку се реализира програмата за структурни реформи ММФ предвидува поубави денови за Македпонија Фискалната политика под контрола, не премногу висок дефицит и економски раст како годинава се задачите кои монетарците и ги поставија на Македонија за ...

Со низок дефицит до економски пораст

Време - 08.11.2005

ММФ ПОРАЧУВА Построга контрола на буџетот и ниски дефицити е пораката што од Меѓународниот монетарен фонд до Владата ја носи Марк Грифитс, новиот шеф на Мисијата на ММФ за Македонија. Неговата порака е во пресрет на проекцијата на буџетот за 2006 година, пренесува МИА.

Државата и во 2006 ќе троши исто пари колку и годинава

Утрински - 08.11.2005

Со мисијата на ММФ со стариот и новиот шеф почнаа преговорите на македонските власти Монетарците сметаат дека за Македонија е најбитно да одржува низок буџетски дефицит и да води стабилна фискална политика како и досега НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Државата и в година ќе троши исто толку пари колку што ...

На ви е потребен обемен буџет за 2006 година

Дневник - 08.11.2005

ММФ ПОРАЧА Државниот буџет за 2006 година треба да биде во истиот обем како и тековниот и да нема многу висок дефицит, порача вчера новиот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, Марк Грифитс, пред почетокот на неговите први преговори со министерот за финансии Никола Поповски.

Дефицитот мора да се држи под контрола

Вечер - 08.11.2005

Македонија идната година ќе троши онолку колку што трошела и годинава. За ММФ не е битна големината на буџетот туку дефицитот. Ова е пораката што вчера високите претставници од ММФ ја упатија пред стартот на ноемвриската рунда преговори со македонската Влада.

Нова рунда преговори меѓу Македонија и ММФ

А1 - 07.11.2005

На стартот од новата рунда преговори меѓу Македонија и ММФ монетарците се оптимисти дека нема и во Скопје да им се повтори српското и романското сценарио. Владите на овие две земји го откачија Фондот поради несогласување за економската политика.

Пристигна новиот шеф на мисијата на ММФ

Канал5 - 07.11.2005

Марк Грифитс ја презеде од Франек Розвадовски преговарачката палка како шеф на мисијата на меѓународниот монетарен фонд во земјава. Тој доаѓа од местото член на мисијата на монетарците во Турција, а Розвадовски заминува повторно на шефовска позиција, сега на мисијата во Естонија.