TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Напад со автомобил бомба во Бакуба - 18 мртви

Макфакс - 08.05.2005

Багдад Најмалку 18 Ирачани беа убиени, од кои 14 полицајци, во атентат со автомобил бомба што се случи денеска во Бакуба, соопшти локалната полиција. “Автомобилот бомба бил паркиран во непосредна близина на зградата на локалното Министерство за образование и експлодирал во моментот кога полициска ...

Убиен висок полициски генерал во Ирак

Макфакс - 08.05.2005

Багдад Висок претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи беше убиен утринава во јужниот дел на Багдад, соопшти полицијата. Според истите извори, генералот Ибрахим Хамас бил убиен од непознати напаѓачи во моментот кога излегувал од својот дом. Во нападот е ранета и неговата сопруга.

22 загинати во бомбашки напад во Багдад

А1 - 07.05.2005

Дваесет и две лица загинаа, а најмалку 35 се повредени во две експлозии на плоштадот Тахрир во центарот на Багдад, соопштија ирачките власти. Меѓу загинатите лица се и двајца Американци кои работеле во Ирак, соопшти американската Амбасада во Ирак.

14 мртви тела најдени на периферијата на Багдад

Вест - 07.05.2005

ТИКРИТ, 7 мај (Ројтерс) - Тела на 14 мажи, веројатно егзекутирани, беа најдени во плитка гробница во Багдад, информираа претставници на Ирачката власт. Тие имале врзани очи и раце, и рани од куршуми на главите, кога биле откриени во парцела земја која нема сопственик.

Урнат американски хеликоптер, двајца загинати

Макфакс - 07.05.2005

Багдад Двајца американски војници загинаа синоќа, кога нивниот хеликоптер беше урнат во престрелка во близината на Бакуба, североисточно од Багдад, објави денеска американската војска. "Два хеликоптери во мисија на давање поддршка на силите на коалицијата близу Бакуба беа искористени како“, објави ...

7 ирачки полицајци се убиени при самоубиствен напад во Тикрит

А1 - 06.05.2005

Седум ирачки полицајци се убиени утрово при самоубиствен бомбашки напад во северниот ирачки град Тикрит, 180 километри северно од Багдад. При нападот се повредени и најмалку осум лица, од кои шестмина цивили и двајца полицајци.

Откриени 14 застрелани тела во Багдад

А1 - 06.05.2005

Ирачката полиција открила 14 застрелани тела во северниот дел на Багдад, соопштено е од полициски извори. Според информациите, некои од жртвите биле со заврзани очи и биле застрелани во главата. Телата ги открил локален жител.

Нови 24 мртви во бомбашки напади и заседи во Ирак

Вест - 06.05.2005

БАГДАД, 6 мај (Ројтерс) - Бунтовниците вчера убија најмалку 24 луѓе во бран заседи и бомбашки напади во Багдад во последните напади од серијата насилства кои фрлија сенка врз формирањето на новиот кабинет на Ирак. Во најкрвавиот напад досега, самоубиствен бомбаш опашан со експлозиви се разнесе во ...

Во бунтовнички напади убиени 25 Ирачани

Дневник - 06.05.2005

ТЕРОРИЗАМ ВО БАГДАД Најмалку 25 лица загинаа, а повеќе од осум се ранети во вчерашната серија на бомбашки напади врз ирачките сили за безбедност во Багдад, соопшти претставник од Министерството за внатрешни работи на Ирак, јави Ројтерс.

Во еден ден во Багдад загинаа 23 лица

Утрински - 06.05.2005

Неколку напади врз безбедносните сили во Ирак Бомбаш-самоубиец се крена во воздух во регрутниот центар во воздухопловната база ,,Мутхана", при што загинаа најмалку 13 лица БАГДАД - Во неколку напади врз безбедносните сили во ирачкиот главен град, Багдад, загинаа најмалку 23 лица.

Нов бомбашки самоубиствен напад во Ирак, седум загинати

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Најмалку седум ирачки полицајци загинаа, а уште осуммина се повредени во нов самоубиствен бомбашки напад во северниот дел на Ирак, во близина на градот Тикрит, јави телевизијата “Ал Џезеира“. Според првичните информации, поголем број од загинатите се наоѓале во автобус на ирачката полиција ...

Откриени 12 тела на ѓубриште во Багдад

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Ирачката полиција соопшти денеска дека пронашла 12 тела на мажи што биле ликвидирани, а потоа фрлени на една депонија во североисточниот дел на Багдад. Според полициски извори, телата биле пронајдени ноќеска, а од саботата, во Ирак се пронајдени телата на вкупно 46 мажи, на кои им е пукано ...

Над 20 загинати во нов самоубиствен напад во Ирак

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Најмалку 22 лица загинаа денеска кога самоубиец активира автомобил – бомба на пазар во градот Сувара, јужен Ирак, јавија светските агенции. Болнички извори соопштија за најмалку 45 повредени, од кои шест во тешка состојба се пренесени во локалната болница.

Откриени 14 застрелани тела

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Ирачката полиција открила 14 застрелани тела во северниот дел на Багдад, соопштија полициски извори. Некои од жртвите биле со заврзани очи и биле застрелани во главата. Телата ги открил локален жител. Ирачките бунтовници често убиваат луѓе, во повеќето случаи полицајци и лица што им помагаат ...

Труповите во Багдад се тела на Сунити

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Труповите што изутрината беа откриени во Багдад се тела на Сунити, изјави Аднан Салам ал Дулајми, претседателот на УАКФ, партија на сунитската заедница во Ирак, јавија арапските медиуми. Според него, последните два дена на неколку места во Багдад биле пронајдени тела на Сунити, најмногу во ...

Убиени тројца во атентат со автомобил – бомба во Багдад

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Три лица, двајца полицајци и цивил, се убиени, а други шестмина се ранети со самоубиствен атентат што рано утрото беше извршен во Багдад, соопшти ирачкото МВР. “Автомобил управуван од камиказе експлодира утрово пред полициска патрола на автобуска станица во квартот Шола, северозападен ...

Во најголемата операција против бунтовниците 40 илјади војници

Макфакс - 06.05.2005

Багдад Ирачкиот министер за одбрана Садун ал Дулајми најави голема безбедносна операција во текот на која во Багдад ќе бидат распоредени 40 000 членови на силите за безбедност. Целта на операцијата е потрага и откривање на бунтовницитеe и нивнoтo оружје.

Најмалку 25 загинати во серија напади во Ирак

А1 - 05.05.2005

Најмалку 25 загинаа, а над осум лица се ранети во денешната серија напади врз ирачките сили за безбедност во Багдад, соопшти претставник од Министерството за внатрешни работи на Ирак. „Петнаесет лица загинаа утрово во напад на бомбаш-самоубиец врз регрутниот центар на војската на поранешниот ...

Хронологија на самоубиствени бомбашки напади во Ирак

Дневник - 05.05.2005

1 февруари 2004 година - Во два самоубиствени напада врз канцеларијата на Курдистанската партија во Арбил загинаа 117 лица, а 133 се повредени. 10 февруари 2004 - Во експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во Искандрија загинаа 53 лица.

Петмина загинати во напади ширум Ирак

Макфакс - 05.05.2005

Багдад Петмина Ирачани загинаа во одделни напади што денеска се случија во таа земја. Еден цивил загинал, а осум командоси на ирачката полиција се ранети во самоубиствен атентат во Багдад.Нападот бил извршен блиску до училиште во јужниот дел на ирачката престолнина.

Во три одвоени напади во Ирак загинаа 25 лица

Макфакс - 05.05.2005

Багдад Најмалку 25 лица загинаа изутрината во серија напади врз ирачките сили за безбедност во Багдад, јавија ирачките медиуми повикувајќи се на полициски извори. “Во нападот на бомбаш самоубиец врз регрутниот центар на армијата на некогашниот багдадски аеродром Мутана загинале 15 лица, а биле ...

Хронологија на самоубиствени бомбашки напади во Ирак

А1 - 04.05.2005

Хронологија на најтешките самоубиствени бомбашки напади во Ирак во последните 15 месеци: 1 февруари 2004 година - Во два самоубиствени напади врз канцеларијата на Курдистанската партија во Арбил загинаа 117 лица, а 133 се повредени.

45 загинати во самоубиствен напад во Ирак

А1 - 04.05.2005

Четириесет и пет луѓе загинаа, а 95 се ранети во напад на бомбаш-самоубиец во северниот ирачки град Арбил, соопшти гувернерот на провинцијата Арбил Наузад Хади. Атентаторот го активирал експлозивот што го имал на себе во локалното претставништво на Демократската партија на Курдистан кое се користи ...

Нов самоубиствен напад во Ирак, најмалку 45 загинати

Макфакс - 04.05.2005

Багдад Самоубиствен бомбашки напад се случи утринава во ирачкиот град Ербил, при што најмалку 45 лица загинаа, а 90 се повредени. Според полициски извори, атентатот се случил во центарот на градот, а се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да се искачи и до 70 лица.

Петмина Ирачани убиени јужно од Багдад

Макфакс - 04.05.2005

Багдад Петмина Ирачани, меѓу кои и дете се убиени претпладнево од вооружени мажи во селото Хурија, 60 км јужно од Багдад, соопшти локалната болница. Простреланите тела на петмината, кои се од исто племе, беа донесени во нашата болница, изјави лекар од болницата в град ...

Двајца загинати во напад на полициски конвој

Макфакс - 04.05.2005

Багдад Две лица загинале, а осум се ранети при експлозија на автомобил-бомба при минување на полициски конвој во Багдад, соопштија полициски извори “На местото на нападот беа пронајдени две целосно изгорени тела, кои не можат да бидат идентификувани.

Американско-ирачка офанзива во Багдад, уапсени околу 300 лица

Макфакс - 03.05.2005

Багдад Околу 300 лица осомничени за бунт или тероризам, се уапсени во најголемата офанзива на американските и ирачките сили за безбедност, соопшти денеска ирачката војска. Центарот на офанзивата што започна синоќа се наоѓал во западниот дел на Багдад, во Абу Граиб, а цел на нападот биле ...

Деветмина загинати во одвоени инциденти

Макфакс - 03.05.2005

Багдад Најмалку шест цивили, двајца ирачки војници и полицаец загинале во одвоени инциденти во Ирак, а неколку лица се ранети, соопштија денеска ирачки претставници. Во воздушни напади на американските сили доцна синоќа на селото Ширгат, во областа Албуата, загинале пет, а ранети се три лица, ...

Багдад:Над 20 загинати во насилства во Ирак, крај Багдад откриени и 7 тела

Макфакс - 02.05.2005

Багдад Најмалку 15 лица загинале, а 84 се ранети во експлозија на автомобил бомба, што се случи денеска во трговски кварт во Багдад, јавија агенциите. Атентатот е изведен педесетина метри од сунитска џамија. Најмалку осум цивилни автомобили се уништени.

Над 20 загинати во насилства во Ирак, крај Багдад откриени и 7 тела

Макфакс - 02.05.2005

Багдад Најмалку 15 лица загинале, а 84 се ранети во експлозија на автомобил бомба, што се случи денеска во трговски кварт во Багдад, јавија агенциите. "Според првата проценка 15 лица загинаа, а 84 се ранети во атентатот на главната улица во квартот Багдад-Џадида во источниот дел од градот“, наведе ...

Шестмина загинати во нови напади во Ирак

Макфакс - 02.05.2005

Багдад Шест лица, цивили и припадници на безбедносните служби, загинаа денеска во серија напади во Багдад и северно од ирачката престолнина. Непознати лица застрелале еден генерал на новата ирачка војска пред неговиот дом во западен Багдад, а полициски полковник бил убиен додека излегувал од својот ...