TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахтисари: Набљудуваната независност е „единствена алтернатива“ за Косово

Канал5 - 08.04.2007

Специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари во интевју за љубљанскиот весник „Дело“ истакна дека надгледуваната независност на Косово е единствена алтернатива и оти Србија еден ден ќе го смени својот став доколку навистина сака да стане членка на Европската унија.

Сенатот на САД идната недела ќе расправа за Косово

Макфакс - 08.04.2007

Приштина Горниот дом на американскиот Конгрес наредната недела ќе започне расправа за предлог резолуцијата за статусот на Косово. Како што јавуваат косовските медиуми, станува збор за нацрт резолуција изгработена од сенаторите Џозеф Либерман, Џозеф Бајден, Џон Мекејн и Гордон Смит, кои ја ...

Канцеларија на косовскиот преговарачки тим во Њујорк без дозвола на УНМИК

А1 - 07.04.2007

Косовскиот преговарачки тим без дозвола на УНМИК отвори канцеларија во Њујорк за лобирање за независноста на Косово, објави денеска приштинскиот дневен весник „Коха диторе“. Координаторот на косовскиот преговарачки тим Блерим Шаља потврди дека е отворена канцеларија во Њујорк.

Косовскиот преговарачки тим без дозвола на УНМИК отвори канцеларија во Њујорк

Канал5 - 07.04.2007

Косовскиот преговарачки тим без дозвола на УНМИК отвори канцеларија во Њујорк за лобирање за независноста на Косово, објави денеска приштинскиот дневен весник „Коха диторе“. Приштина, 7 април (МИА) - Косовскиот преговарачки тим без дозвола на УНМИК отвори канцеларија во Њујорк за лобирање за ...

Косово до мај ќе биде независно

Дневник - 07.04.2007

Косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека до мај Косово ќе биде независно и додаде оти се надева дека Москва наскоро ќе го промени ставот за ова прашање , јави Хина. - Прв пат Советот за безбедност на ОН разговараше за независност за Косово и тоа е голем напредок.

НАТО против пролонгирање на решавањето на статусот на Косово

Макфакс - 07.04.2007

Осло НАТО денеска предупреди дека не смее да дојде до одложување за решавањето на конечниот статус на Косово и го поддржа планот на Обединетите нации (ОН) за надгледувана независност. Портпаролот на Алијансата, Џејмс Апатураи изјави дека сите министри за надворешни работи на НАТО, кои учествуваат ...

Мисијата на ОН во Приштина

Макфакс - 07.04.2007

Белград Мисијата за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации денеска во Приштина треба разговара со косовските власти, УНМИК и со претставниците на малцинствата во покраината. Политичките структури во Приштина изразија очекување дека мисијата ќе биде успешна и дека ќе придонесе за уште ...

Ахтисари најави нова резолуција за Косово во јуни

Макфакс - 07.04.2007

Вашингтон Специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари изрази надеж дека Советот за безбедност (СБ), во јуни, ќе ја усвои новата резолуција за Косово. Тој, во интервју за љубљанскиот весник „Дело“, истакнува дека не сака да шпекулира со точните датуми за прифаќање на резолуцијата, но оти се надева ...

Рикер: Косово е во завршна фаза на создавање на државност

Макфакс - 07.04.2007

Приштина Косово се наоѓа во завршна фаза на создавање на државност, изјави за косовските медиуми цивилниот администратор на УНМИК за Косово, Јоаким Рикер. „Годинава Косово ќе стане независно благодарение на волјата на народот, кој е мнозинство во покраината, како и поради ангажманите на ...

Барнс: САД ќе го признае Косово и без резолуцијата на Советот за безбедност

Макфакс - 07.04.2007

Вашингтон Соединетите Американски Држави (САД) ќе ја поддржат декларацијата за независност на косовскиот народ, дури и доколку Советот за безбедност(СБ) не ја прифати новата резолуција за покраината. Ова денеска во Вашингтон го изјави американскиот државен потсекретар Николас Барнс, кој изрази ...

Сенатот на САД денеска за Косово

Макфакс - 07.04.2007

Њујорк Горниот дом на американскиот Конгрес Сенатот, денеска треба да започне расправа по предлог-резолуцијата за Косово, официјално е соопштено. Предлог-резолуцијата за Косово му советува на американскиот претседател Џорџ Буш да ја поддржи надгледуваната независност на покраината, согласно планот ...

Чеку:Косово подготвено да дејствува како независна држава

Макфакс - 07.04.2007

Приштина Косово е подготвено да дејствува како независна држава и така веќе и функционира, изјави денеска косовскиот премиер Агим Чеку. Чеку, по средбата со делегацијата на Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН), побара признавање на „новата реалност“ на Косово.

Мисија на ОН – Корисни разговори

Макфакс - 07.04.2007

Белград, Разговорите со раководителите на Србија беа корисни – изјави шефот на Мисијата на Обединетите нации за Косово белгискиот амбасадор Јохан Вербеке. Ние не донесуваме решенија, нашата мисија е информативна изјави синоќа на прес конференција во Белград шефот на Мисијата на Обединетите нации.

Членките на ОН ќе одат на своја рака

Вечер Прес - 07.04.2007

Ако до крајот на мај не се донесе резолуција за Косово, во Советот за безбедност на Обединетите нации, дел од земјите-членки ќе го продолжат процесот (за определување на статусот на покраината) самостојно, изјави за Би-Би-Си Даниел Сервер, директор за Балкан во Институтот за мир во Вашингтон.

Американскиот Сенат утре за Косово

Макфакс - 06.04.2007

Вашингтон, Горниот дом на американскиот Конгрес, Сенатот, утре ќе започне расправа за предлог резолуција за Косово во која се поддржува надгледуваната независност на покраината. Резолуцијата ја подготвија сенаторите Џозеф Либерман, Џозеф Бајден, Џон Меккејн и Гордон Смит.

Статусот и невработеноста – најголеми проблеми на косоварите

Макфакс - 06.04.2007

Приштина Идниот статус на Косово и невработеноста се двете најголеми грижи на граѓаните на Косово, додека прашањата за економски развој се пониско рангирани. Ова го покажува истражувањето на Институтот “Индекс Косово“, членка на Галуп Интернешнл од Приштина.

Мисијата на СБ за Косово денеска во Белград

Макфакс - 06.04.2007

Њујорк Српското раководство денеска ќе има средби со мисијата за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН). Задача на мисијата која по Белград ќе отпатува за Приштина е да ја согледа состојбата на Косово, пред Советот за безбедност (СБ) на ОН да продолжи со дебатата за статусот, за ...

Србија му предлага на СБ на ОН надгледувана автономија за Косово

Макфакс - 06.04.2007

Белград Надгледувана автономија за Косово е српскиот предлог до Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН). Ова денеска го изјавил српскиот премиер Восилав Коштуница на разговорите со мисијата на СБ на ОН, составена од амбасадорите на земјите членки на Советот.

Мисијата на СБ за Косово ги почна разговорите во Белград

Макфакс - 06.04.2007

Белград Разговори меѓу српското раководство и делегацијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) се одржуваат денеска зад затворени врати во Белград. Мисијата на ОН, чија цел е да ја согледа состојбата на теренот пред Советот за безбедност да продолжи со дебатата за статусот на Косово, ...

Чеку: Косово ќе биде независно до крајот на мај

Макфакс - 06.04.2007

Сараево Косово ќе биде независна држава до крајот на мај, оцени косовскиот премиер Агим Чеку. „Седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН) е доказ дека процесот на решавање на статусот на Косово се одвива според предвидената динамика.

Роан:Косово независно пред летото

Макфакс - 06.04.2007

Загреб Косово ќе биде независно, со контролирана независност, посебно по прашањето на заштитата на српската заедница. Ова, во интервјуто за загребскиот дневен весник „Јутарњи лист“, го изјави заменикот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово, Алберт Роан.

Србија предлага надгледувана автономија и нови преговори за Косово

Макфакс - 06.04.2007

Белград Планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари не нуди компромис и треба да се продолжи со преговорите. Ова е ставот на српскиот претседател Борис Тадиќ, изнесен на денешниот состанок со мисијата на Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН).

Активисти на „Самоопределување“ повторно протестираа во Приштина

А1 - 05.04.2007

Активисти на косовското екстремистичко движење „Самоопределување“ денеска повторно протестираа пред зградата на Парламентот во Приштина, во време додека пратениците расправаа и ја усвоија Резолуција со која го поддржаа предлогот на Марти Ахтисари за Косово.

Советот за безбедност на ОН до крајот на април очекува нацрт-резолуција за Косово

Канал5 - 05.04.2007

Советот за безбедност на ОН очекува нацрт-резолуција за иднината на Косово до крајот на април, а претходно планира да испрати делегација во Белград и Приштина, изјави претседавачот со Советот за овој месец, британскиот амбасадор во ОН, Емир Џоунс Пари.

Косово се движи кон надгледувана неизвесност

Утрински - 05.04.2007

Секое навестување дека предлогот е отфрлен или дека се трага по нов преговарач е целосно погрешно Димитар Чулев Зад затворени Советот за безбедност на Обединетите нации ја започна расправата по предлогот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косово.

ЕУ нема визија за Косово ни стратегија за регионот

Утрински - 05.04.2007

Дебата Досегашната политика на ЕУ беше горливите прашања да се ставаат „во фрижидер“, вели Гералд Кнаус Димитар Чулев Немањето заеднички став во ЕУ околу прашањето за косовската независност, всушност, најдобро говори за односот на Унијата спрема Балканот, која претпочита решавањето на проблемите да ...

Косовскиот парламент го поддржа планот на Марти Ахтисари

Канал5 - 05.04.2007

Косовскиот Парламент денеска денеска со сто гласови „за“ и еден „против“ изгласа Резолуција со која го поддржува предлогот на Марти Ахтисари - Косово да добие независност под контрола на меѓународната заедница. Приштина, 5 април (МИА) - Косовскиот Парламент денеска денеска со сто гласови за и еден ...

Првата расправа за Косово без победник

Време - 05.04.2007

СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Во Советот за безбедност на Обединетите нации првата седница за Косово заврши без јасен исход во спорот меѓу Русија и западните земји. Меѓународниот пратеник Марти Ахтисари побара од Советот што поскоро да донесе одлука за создавање на нова држава на ...

Малите ги надгласаа големите

Дневник - 05.04.2007

Советот го отфрли предлогот на САД, Британија и на Франција, на седницата да му се даде збор на косовскиот претседател Сејдиу Долгоочекуваната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на Косово, невообичаено, падна во сенка на процедурално прашање во кое „малите“ членки ги ...

НАТО го повика Советот за безбедност да го прифати планот на Ахтисари

Макфакс - 05.04.2007

Брисел НАТО го повика Советот за безбедност на ОН, да го поддржи планот за надгледувана независност на Косово на Марти Ахтисари. НАТО сака „Советот за безбедност да расправа за тоа прашање и да донесе резолуција“ врз основа на предлогот на Ахтисари, кој предвидува независност на Косово под ...

Роан: Отфрлањето на планот на Ахтисари – ризик за дестабилизација

Макфакс - 05.04.2007

Загреб Отфрлањето на планот за Косово на Марти Ахтисари носи ризик од нова дестабилизација на Косово и целиот регион, предупреди неговиот заменик Албер Роан. Заменикот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари ова го соопшти на трибина за статусот на Косово, што ...

Рикер се противи на доаѓањето на посебна мисија на ОН на Косово

Макфакс - 05.04.2007

Приштина Секој член на Советот за безбедност(СБ) има право да дојде на Косово, но нема причина за доаѓање на посебна мисија на Обединетите нации(ОН) во регионот, како што предложи Русија. Ова денеска во Приштина го изјави цивилниот администратор на ОН на Косово, Јоаким Рикер, додавајќи дека УМНИК ...

Спротивни оценки за ставовите на СБ за Косово

Макфакс - 05.04.2007

Белград / Приштина Властите во Белград и Приштина дијаметрално спротивно ја оценуваат седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) посветена на статусот на Косово. Планот на посредникот Марти Ахтисари, со кој се предвидува надгледувана независност на Косово, доживеа неуспех, ...

Мисијата на СБ за Косово во Белград и Приштина

Макфакс - 05.04.2007

Њујорк Мисијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) која треба да ја согледа состојбата на Косово започнува денеска. Мисијата се испраќа во Белград и Приштина пред Советот за безбедност на ОН да продолжи со дебатата за статусот на Косово, за што не постои согласност меѓу државите ...

ОН го прифати рускиот предлог - праќа мисија во Белград и Приштина

Макфакс - 05.04.2007

Њујорк Советот за безбедност(СБ) на Обединетите нации(ОН) го прифати руското барање од првата седница посветена за Косово и ќе испрати мисија во Белград и Приштина за нови проценки. Ова денеска го изјави британскиот амбасадор во ОН Џоунс Пери, кој прецизираше дека мисијата ќе отпатува до крајот на ...

Косовскиот парламент го поддржа планот на Ахтисари

Макфакс - 05.04.2007

Приштина Парламентот во Приштина усвои денеска изјава со која го поддржа планот за решавање на статусот на Косово за кој неделава почна расправа во Советот за безбедност на ОН. „Собранието на Косово го поздравува извештајот на специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово Марти Ахтисари и ...

На Сејдиу не му дадоа да зборува!

Вечер Прес - 05.04.2007

Најдени во небрано, Британија и САД мораат под инто да го повикаат шефот на УНМИК Јоаким Рикер, место косовскиот претседател Фатмир Сејдиу да ја образложи состојбата во Косово Вчераутро, заврши седницата на Советот за Безбедност на ОН, по четиричасовна расправа зад затворени врати, посветена на ...

Завршија првите консултации во СБ на ОН околу планот на Ахтисари

А1 - 04.04.2007

Завршија првите консултации во Советот за безбедност околу планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. На амбасадорите, покрај Ахтисари и шефот на УНМИК Јоаким Рикер, им се обрати и српскиот премиер Воислав Коштуница, кој изразил уверување дека планот нема да ја добие ...

Пролонгирање на статусот за Косово носи дестабилизација

А1 - 04.04.2007

По синоќешниот состанок на Советот за безбедност, на кој Србија преку Русија најверојатно ќе издвојува ново одложување на конечниот статус на Косово, се загрозува стабилноста во Косово и во регионот. Сега во игра се црните сценарија, пред се поделбата на Косово, која ја поддржува Србија.

Косовските Срби ја очекуваат „пресудата“

Дневник - 04.04.2007

Седницата е само вовед во долгиот процес на одредување на статусот на Косово Петнаесеттемина амбасадори во Советот за безбедност на Обединетите нации, низата преговарачи и дипломати, никогаш не слушнале за Босце, Бушинце, Кололеч, Беривојце, Бољевце, Паралово и Церница.

Нова улога за Советот за безбедност

Утрински - 04.04.2007

М-р Јана Лозаноска, Женева, Швајцарија Интересот на прашањето за статусот на покраината Косово никако не стивнува. Посебно паѓа во очи улогата на Русија. Без разлика какви се интересите на Русите околу планот на Ахтисари за Косово, едно е сигурно - во стратегијата на оние кои се спротивставуваат на ...

Ахтисари: На почеток сме на процесот

Канал5 - 04.04.2007

Првите дискусии во Советот за безбедност на ОН за планот за Косово на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари завршија синоќа, пренесува МИА. По првото заседание зад затворени врати, Ахтисари изјави дека Советот почнал процес што нема да заврши брзо.

Косово во Советот за безбедност

Време - 04.04.2007

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ Специјалниот претставник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари вчера требаше да го претстави својот предлог за надгледувана независност на Косово пред Советот за безбедност на ОН. На првиот состанок на Советот за решавање на идниот статус на Косово, „боите на Србија“ треба ...

Титов: Предлогот за независно Косово нема да помине во СБ

Макфакс - 04.04.2007

Москва Предлогот за независно Косово нема да помине во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН), изјави денеска во Москва помошникот министер за надворешни работи на Русија. Според Владимир Титов, предлогот на посредникот на ОН, Марти Ахтисари, за кого единствено независноста е ...

Пери:Евентуална нацрт резолуција на ОН за Косово-овој месец

Макфакс - 04.04.2007

Њујорк Работата врз евентуалната нацрт резолуција на Обединетите нации за Косово ќе започне најверојатно овој месец. Ова денеска го соопшти Емир Џонс Пери, амбасадор на Велика Британија, земја која овој месец претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

Расправата во ОН за статусот на Косово без резултат

Макфакс - 04.04.2007

Њујорк Првиот круг консултации во Советот за безбедност на ОН за решение на статусот на Косово, како што и се очекуваше, заврши без конкретен резултат и со најави дека ќе продолжат уште најмалку неколку недели. Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, по синоќешната седница, изјави дека само три ...

Реакции на Косово по расправата во Советот за безбедност на ОН

Макфакс - 04.04.2007

Приштина Расправата во Советот за безбедност на ОН за предлогот за решавање на статусот на Косово е ударна вест во косовските медиуми, оценувајќи ја како „историски настан“. Во извештаите од дописниците од Њујорк, медиумите наведуваат дека следат „историски настан“ за Косово, напоменувајќи притоа ...

Приштина вознемирена од најавата за руско вето

Макфакс - 04.04.2007

Приштина Косовските власти и опозицијата, денешната изјава на рускиот помошник министер за надворешни работи за можно вето ја оценија како „нов притисок од Русија“. Владимир Титов денеска во Москва изјави дека предлогот за независност на Косово на специјалниот пратеник на ООН, Марти Ахтисари, нема ...

Станишев/Санадер – Ахтисари доби невозможна мисија

Макфакс - 04.04.2007

Загреб Загреб и Софија го поддржуваат планот за Косово на Марти Ахтисари и сметаат дека му е доверена невозможна задача да постигне обострано прифатливо решение. Ова денеска на заедничка прес конференција во Загреб го соопштија премиерите на Хрватска и на Бугарија, Иво Санадер и Сергеј Станишев.

Чуркин: Само три или четири држави во СБ го поддржуваат планот на Ахтисари

Макфакс - 04.04.2007

Њујорк Само три или четири држави, членки на Советот за безбедност(СБ) безусловно го поддржуваат предлогот за Косово на специјалниот пратеник на обединетите нации(ОН), Марти Ахтисари. Ова утринава го изјави рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин, потенцирајќи дека голем број од членките на СБ ...

Роан во Црна Гора за Косово

Макфакс - 04.04.2007

Подгорица Заменикот на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Албер Роан, денеска треба да допатува во официјална посета на Подгорица. Роан во Подгорица, денеска треба да има средби со највисоките раководители на Црна Гора. Централна тема на разговорите треба да биде процесот на решавање на ...

Членки на ЕУ се оградуваат од планот на Ахтисари

Утрински - 03.04.2007

Германија испрати дополнителни 550 војници во Косово поради загриженост од нови насилства Бремен - Словачка, Романија и Грција се оградија од позицијата на ЕУ и на САД кон планот за Косовона специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, кој предвидува „контролирана независност“ за покраината, објави ...

Кој може да направи нови држави?

Дневник - 03.04.2007

ОН немаат надлежност да наметнат решение дури и согласно со Поглавјето 7. Кога веќе Советот на безбедност ќе престане да дејствува ultra vires? Советот на безбедност ниту било кое тело на ОН немаат надлежност да создаваат држави макар и со ограничена независност for the time being.

ЕУ се дели околу Косово

Време - 03.04.2007

СПОРЕД „ЕУ ОБСЕРВЕР“ Грција, Романија и Словачка се оградуваат од ставот на Европската Унија, каде што се членки за Косово, а и Шпанија и Италија изразуваат резерви кон планот на Марти Ахтисари, тврди интернет-изданието „ЕУ обсервер“.

Започнува првата расправа за статусот на Косово во ОН

Макфакс - 03.04.2007

Њујорк Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации(ОН) вечерва за прв пат ќе расправаат за статусот на Косово. На седницата што почнува околу 21 часот по средноевропско време, најпрво на затворен дел, својот план за надгледувана независност на Косово треба да го претстави пратеникот на ...

Советот за безбедност на ОН за Косово

Макфакс - 03.04.2007

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) денеска ќе го разгледа предлогот за решавање на идниот статус на Косово на подготвен од Марти Ахтисари. Специјалниот пратеник Марти Ахтисари Ахтисари предложи Косово да добие независност под надзор на меѓународната заедница.

ЕУ и Русија за планот на Ахтисари

Макфакс - 03.04.2007

Брисел Европската унија(ЕУ) и Русија денеска во Луксембург ќе разговараат за планот на Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косово. Европретставниците, според српските медиуми, ќе се обидат да го убедат министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров дека е потребно Москва да го ...

САД сакаат да го „затворат“ Косово оваа пролет

Макфакс - 03.04.2007

Скопје Соединетите Американски држави се против одлагање на решението за статусот на Косово и сакаат тоа да се затвори за неколку месеци, според планот на Марти Ахтисари. „Цврсто го поддржуваме планот на меѓународниот посредник Ахтисари и силно се надеваме дека прашањето за статусот на Косово ќе се ...

Мисијата на Советот за безбедност на ОН на Косово на крајот на април

Макфакс - 03.04.2007

Њујорк Советот за безбедност на ОН одлучи кон крајот на месецот да ја упати мисијата на Косово, пред донесувањето на конечната одлука за идниот статус за покраината. Ова го соопшти претседавачот на Советот, британскиот амбасадор Емир Џонс Пери.

Заменикот на Ахтисари во Црна Гора

Макфакс - 03.04.2007

Подгорица Заменикот на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Албер Роан, денеска треба да допатува во официјална посета на Подгорица. Во рамки на дводневната посета, заменикот на меѓународниот посредник Марти Ахтисари треба да има средби со највисоките раководители на Црна Гора.

Коштуница очекува нови преговори за Косово по мисијата на ОН

Макфакс - 03.04.2007

Белград Најавената посета на Белград и Приштина на Мисија на Советот за безбедност на ОН ќе отвори нови преговори за Косово, изјави денеска српскиот премиер Воислав Коштуница. На предлог на Русија, Советот за безбедност (СБ) на крајот од овој месец ќе испрати мисија за увид во ситуацијата на Косово ...

Контра од Словачка, Романија и Грција

Вечер Прес - 03.04.2007

На средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Бремен, резерви кон планот на Ахтисари изразиле и Шпанија и Италија Американскиот дипломатски "блицкриг" со цел да обезбеди целосна и единствена поддршка за косовскиот план на Ахтисари, пропадна во Бремен.

ЕУ за нова резолуција за Косово во ОН

Вест - 02.04.2007

БРЕМЕН, 2 април (ДПА) - Шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија поддржаа брзо усвојување на Резолуција во Обединетите нации за статусот на Косово. Одлуката за поддршка следеше по 11-часовната расправа на завчерашниот неформален состанок во Бремен, откако претходно Грција, Шпанија и ...

Протестот на „Самоопределување“ без инциденти

Време - 02.04.2007

ПРИШТИНА Протестот на околу илјада приврзаници на косовското движење „Самоопределување“ што се одржа во саботата во Приштина заврши без инциденти. Симпатизерите на младинското движење протестираа против планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Марти Ахтисари, за идниот статус на ...

ЕУ нема заеднички став за Косово, Милошоски го поддржува Ахтисари

Утрински - 02.04.2007

„Македонија го поддржува предлогот на специјалниот пратеник Ахтисари, како и единствениот став на ЕУ по прашањето за идниот статус на Косово“, изјави министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, на неформалниот состанок на шефови на дипломатии на ЕУ и земјите-кандидати за членство, што се ...

Македонија ја потврди поддршката за планот на Ахтисари

Макфакс - 02.04.2007

Скопје Македонија ја потврди уште еднаш подршката за предлогот на специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, за финалниот статус на Косово. Македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски поддршката за планот ја повтори денеска на средбата во Скопје со Врховниот командант на здружените сили на ...

УНДП:УМНИК со слаба популарност на Косово

Макфакс - 02.04.2007

Белград Популарноста на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК) е на најниска точка последните две години. Ова се вели во најновиот извештај за Косово на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во извештајот за Косово, кој е 14-ти по ред од август 2002 година, се наведува дека ...

Околу 40 отсто од косовските Албанци сакаат да заминат во странство

Макфакс - 02.04.2007

Приштина Најголемиот проблем за сите заедници кои живеат на Косово се сиромаштијата и невработеноста, а дури 40 проценти од Албанците сакаат да си одат од покраината. Ова го покажува истражувањето извршено во рамки на проектот “Косовски систем за рано предупредување“.

"Самоопределување" го бара Курти

Вечер Прес - 02.04.2007

Протестот на 1.000 приврзаници на косовското движење "Самоопределување" што се одржа во саботата попладне во Приштина заврши без инцидент, пренесува МИА. Приврзаниците на движењето протестираа против планот на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Марти Ахтисари за идниот статус на Косово.

Македонија го поддржува предлогот на Ахтисари за Косово

Вечер Прес - 02.04.2007

Македонија го поддржува предлогот на специјалниот пратеник Ахтисари, како и единствениот став на ЕУ по прашањето за идниот статус на Косово, изјави министерот за надворешна политика Антонио Милошоски, на неформалниот состанок на шефови на дипломатии на ЕУ и земјите кандидати за членство што се ...

Србија ќе го прифати губитокот, а косовската влада надзорот

Вечер Прес - 02.04.2007

Русија во СБ на ОН нема да ја поддржи нацрт-резолуцијата на Ахтисари доколку на маса биде ставена истата содржина. "Нема да поддржиме отцепување на дел од Србија, без согласност на таа држава" - истакна рускиот заменик-министер за надворешни работи Владимир Титов Британскиот министер за Европа ...