TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

При судир на автобус и цистерна - 60 мртви

Време - 01.10.2008

Најмалку 60 луѓе вчера го загубија животот во пакистанскиот дел на провинцијата Пенџаб, кога автобусот во кој се возеле удрил во цистерна и се запалил. Според индиските медиуми, во автобусот кој се движел од Карачи кон градот Мансери имало 70 патници.

Судир меѓу автобус и цистерна во Пакистан, најмалку 60 мртви

Н.Македонија - 01.10.2008

Најмалку 60 лица го загубиле животот во пакистанскиот дел на провинцијата Пенџаб, во судир меѓу автобус и камион-цистерна, јави АФП. Автобусот, кој превезувал 70 патници, се движел од Карачи кон градот Мансери, кога автобусот се удрил во паркирана цистерна полна со гориво, по што веднаш се запалил.

Автобус удри во цистерна - најмалку 60 мртви

Канал5 - 30.09.2008

Исламабад, 30 септември (МИА) -  Повеќе од 60 лица загинаа синоќа во пакистанскиот дел на провинцијата Пенџаб, кога автобусот во кој се наоѓале, удрил во камион-цистерна и се запалил.

АВТОБУС УДРИ ВО ЦИСТЕРНА - НАЈМАЛКУ 60 МРТВИ

Сител - 30.09.2008

Автобусот кој се движел од Карачи кон Мансери, ненадејно удрил во паркирана цистерна полна со гориво и веднаш бил зафатен со оган. По несреќата десет патници се хоспитализирани со тешки изгореници.

Се судриле автобус и цистерна во Пакистан, 60 мртви

Нетпрес - 30.09.2008

Најмалку 60 луѓе го изгубија животот во пакистанскиот дел на провинцијата Пенџаб, кога нивниот автобус удрил во камион-цистерна и се запалил. Автобусот во кој имало 70 патници, одеднаш удрил во паркирана цистерна полна со гориво и веднаш се запалил, пренесува индиската агенција ПТИ.

Експлозија на цистерна со гас, едно лице починато и три повредени

Нетпрес - 29.09.2008

При експлозија на цистерна со гас во Берат, Албанија, животот го загубило малолетно девојче, а три други лица се наоѓаат во критична животна опасност, пренесуваат албанските медиуми. Експлозијата на цистерна со гас, се случила во утринските часови, а причините за експлозијата сеуште не се познати.