TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

И „Центро табак“ се повлече од откупните пунктови на тутун во Прилеп

А1 - 18.03.2006

Откупното претпријатие „Центро табак“ од Велес ги затвори откупните пунктови за тутун во Прилеп. По „Алијанса 1“ од Кавадарци, која замина минатата недела, во Прилеп откупуваат уште „Сокомак“ од Битола, „Струмица табак“ и „Тутунскиот комбинат“.

Почна судењети на тутунарите за блокадите на патот кон Ново Село

Вест - 17.03.2006

ВЧЕРА ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО СТРУМИЦА Вчера во струмичкиот суд почна судскиот процес против тутунопрозиводителите кои во јануари незадоволни од откупните цени, организираа блокади на патот кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница.

Судење на организаторите на тутунарските протести во Струмица

А1 - 16.03.2006

Не сме виновни, се што правевме беше во согласност со законот. Вака се бранеа обвинетите тутунари во судскиот процес што денеска почна во струмичкиот суд. Осумте обвинети тутунари кои со блокадите бараа повисока откупна цена на тутунот, ги бранат 5 адвокати.

Тутунарите неосновано на суд

Дневник - 16.03.2006

"ЖОЛТО ЗЛАТО" Здружението на тутунарите од Струмица "Жолто злато" смета дека координаторите на неодамнешните протести кај Ново Село без основа се обвинети за загрозување на сообраќајот, јави МИА. - Блокадата ја најавивме 24 часа пред нејзиното одржување - рече вчера претседателот на "Жолто злато" ...

Без пари не го даваме нашиот тутун во Грција

Вест - 16.03.2006

ЧЛЕНОВИТЕ НА "ЖОЛТО ЗЛАТО" И СО ТУЖБИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД БЛОКАДИ Поминаа шеесет дена откако е предаден тутунот, а "Струмица табак" се уште ни ги нема исплатено парите, тврдат земјоделците од струмичкото здружение на тутунопроизводители "Жолто злато".

Тутунарите загрижени по заминувањето на дел од откупните монополи

А1 - 15.03.2006

Прилепските тутунари загрижени по заминувањето на дел од откупните монополи. Тутунарите стравуваат дека монополите тактизираат. Оставајќи ги насреде откуп, сакаат уште повеќе да ја срушат цената со тоа што ќе го преземат дури кога тутунарите, немајќи каде да го предадат, ќе го даваат за бадијала.

„Алијанса 1“ ги напушти двата откупни пункта во Прилеп

А1 - 14.03.2006

„Алијанса 1“ од Кавадарци денеска ги напушти двата откупни пункта во Прилеп. Без никакво образложение, оваа откупна организација си ги собра вагите и ги стави катанците, оставајќи зад себе околу 150 револтирани тутунопроизводители со кои имаат склучено договори.

Цените на тутунот далеку од вложената мака

А1 - 13.03.2006

Раде Соколески од Заполжани годинава предаде 1.600 килограми тутун. Го сработија заедно со снаата, бидејќи другите членови работат и бавча и се зафатени околу стоката. Тежок е тутунот, вели Раде, а цените ни оддалеку не одговараат на маката која тие ја дадоа.

Тутунот целосноќе биде откупен

Дневник - 13.03.2006

СМИРУВАЧКИ ПОРАКИ ОД ПРИЛЕП Ланскиот род на тутунот ќе биде целосно откупен. Вакви ветувања до тутунарите упатија Санде Џамбазовски, заменик-министер за земјоделство, и Димитар Богдан, директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп.