TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Стефанов и Вантерпул уште две години во Монтепаски

Утрински - 11.06.2004

Нашиот интернационалец останува во Сиена до крајот на сезоната 2005/06 Македонскиот репрезентативец Врбица Стефанов и Американецот Дејвид Вантерпул потпишаа нови двегодишни договори со новиот италијански првак Монтепаски, според кој ќе го носат дресот на тимот од Сиена до крајот на сезоната 2005/06.

Стефанов меѓу најдобрите десет во Европа за 2004

Вест - 11.06.2004

Според изборот на францускиот "Баскет њуз" Нашиот кошаркарски репрезентативец Врбица Стефанов, кој неодамна со својот тим Монтепаски Сиена ја освои шампионската титула во Италија, се најде меѓу десетте најдобри кошаркари во Европа за изминатата сезона во изборот на француското специјализирано ...

КОШАРКА

Време - 11.06.2004

Стефанов уште две години во Монтепаски Врбица Стефанов, кошаркарот на македонската репрезентација и на италијанскиот шампион Монтепаски Сиена, потпиша нов двегодишен договор со неговиот сегашен клуб. Следната сезона за Стефанов ќе биде четврта во Сиена.

Стефанов: Немам зборови како да ја опишам радоста

Утрински - 08.06.2004

Македонскиот репрезентативец по освојувањето на првото скудето со Монтепаски Сиена "Мило ми е што му се реванширавме на Скипер за поразот на фајнал-форот" Македонскиот репрезентативец Врбица Стефанов го освои вториот голем трофеј со Монтепаски по Купот Рајмондо Сапорта, откако со победата од 3:0 ...

Врбица Стефанов - првак на Италија со Сиена

Дневник - 07.06.2004

КОШАРКА - заврши палаканестрото Би сакал да останам, а и клубот е заинтересиран, но имам страшни понуди од водечки екипи од Италија, Шпанија, Русија и од Грција - вели Стефанов за „Дневник“ Врбица Стефанов не очекувал дека Монтепаски Сиена ќе ја освои титулата во италијанското кошаркарско првенство ...

Врбица ја освои првата титула надвор од Македонија

Време - 07.06.2004

КОШАРКА Самоил Петрески Без ниту еден пораз во финалната серија, Врбица Стефанов со кошаркарите на Монтепаски Сиена стана нов шампион на Италија, откако славеа и во третиот меч од финалето против Скипер Болоња со 92-63. Стефанов беше еден од клучните играчи на „банкарите“, кои на патот до првата ...

Врбица до првата титула со Монтепаски

Вест - 07.06.2004

Кошарка - Наши интернационалци Нашиот репрезентативец Врбица Стефанов ја освои првата шампионска титула во Италија, откако во финалната плејоф серија Монтепаски со 3-0 го декласираше Скипер од Болоња. Во третиот решавачки натпревар, "банкарите" го победија Скипер со 92:63 (18:14, 26:21, 26:18, ...