TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Забранет уште еден контингент сокови „Фруктал“ во СЦГ

А1 - 17.07.2004

Санитарната инспекција на црногорското Министерство за здравство забрани за продажба уште еден контингент сокови од боровница на „Фруктал“, увезени од Македонија, поради присуство на недозволено количество радиоактивен Цезиум 137.

Радиоактивноста на сокот на „Фруктал" е во границите на дозволеното

Утрински - 17.07.2004

Според анализите на РЗЗЗ Република Српска вчера привремено го забрани увозот на соковите од боровинки на произведувачот "Фруктал", јави МИА. Забраната се однесува на соковите произведени во Словенија и Македонија и тоа поради зголемена радиоактивност, објаснуваат од Министерството на РС.

Сокот на „Фруктал“ забранет за употреба во Република Српска

А1 - 16.07.2004

Министерството за здравство и социјална заштита на Република Српска привремено забрани увоз на соковите од боровинки на произведувачот „Фруктал“. Забраната се однесува на соковите произведени во Словенија и Македонија и тоа поради зголемена радиоактивност, објаснуваат од Министерството на РС.

Сокот на „Фруктал“ кај нас може да се пие слободно

А1 - 15.07.2004

И македонската анализа на сокот на Фруктал од боровинки, произведен во нивната фабрика во Скопје, покажа исто присуство на радиоактивната материја цезиум 137, поради што овој сок беше забранет за пиење во Србија и Црна Гора. Од Заводот за здравствена заштита во Скопје, каде се правеа анализите, ...

Анализите ќе бидат објавени денеска

Време - 15.07.2004

СПОРНИОТ „ФРУКТАЛ“ И ПОНАТАМУ СЕ ПРОДАВА ВО ЗЕМЈАВА Нектарот од боровинка од словенечката фирма „Фруктал“, произведен во Словенија и во Македонија, е повлечен од промет, поради зголемено количество од радиоактивниот елемент цезиум, јавија вчера српските и црногорските медиуми.

Србија го повлече од промет сокот на "Фруктал"

Дневник - 15.07.2004

ДОДЕКА КАЈ НАС СЕ АНАЛИЗИРА Резултатите од вонредните анализи на сокот од боровинки на словенечки "Фруктал" ќе бидат готови денеска , по што веднаш ќе бидат доставени до санитарниот и здравствениот инспекторат. Анализите ги прави Републичкиот завод за здравствена заштита по информациите во ...

РЗЗЗ испитува дали сокот Фруктал е исправен

А1 - 14.07.2004

Републичкиот завод за здравствена заштита испитува дали сокот од боровинка на фирмата Фруктал, што се произведува и продава во Македонија, содржи радиоактивни материи и дали е здравствено исправен. Анализите веќе се прават и како што ни изјави првиот човек на Републичкиот завод Благоја Алексоски, ...

Производите се во согласност со европските прописи

Време - 14.07.2004

РЕАКЦИЈА НА „ФРУКТАЛ“ ЗА СОКОТ ОД БОРОВИНКИ Сите производи на „Фруктал“ се во согласност со важечките словенечки и европски прописи за здрава храна. Тоа важи и за објавените резултати од анализата на нектарот од боровинка, се вели во вчерашното соопштение од таа словенечка фирма.

Сокот од боровинки на "Фруктал" под вонредна лупа

Дневник - 14.07.2004

ЗАВОД ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА Републичкиот завод за здравствена заштита и Санитарниот инспекторат ги испитуваат здравствената и радиолиошката исправност на сокот од боровинки на словенечки "Фруктал". Вонредните анализи се прават по информациите во црногорските медиуми дека Санитарната инспекција ...