TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракометарките на Кометал се простија од европската сцена.

А1 - 19.03.2006

На несфатлив начин, само по своја и по ничија друга вина, ниту на судиите, ниту на делегатот, ниту на мерачот на време, на домашен терен ја прокоцка веројатно најдобрата шанса што воопшто некогаш им се укажала за пласман во полуфиналето.

Кометал не се пласира во полуфиналето

А1 - 18.03.2006

Кометал Ѓорче Петров не успеа да обезбеди ново полуфинале во елитното европско натпреварување, лигата на шампионките. Анулирана е предноста од два гола што од Валенсија ја донесоа незгодните шпанки Астрок Сагунто. Во реваншот во СРЦ Кале во Скопје триумф од 29:27.

Астрок не е некој што не може да се помине

Вест - 18.03.2006

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ГО БРКА ЧЕТВРТОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Победа од најмалку три гола е единственото нешто што ги интересира ѓорчепетровки на денешниот реванш од четврт-финалето на Лигата на шампионите со шпанскиот Астрок сагунто.

Наталија Тодоровска: Сакам ново финале

Време - 18.03.2006

ДЕНЕСКА РЕВАНШ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНКИТЕ Македонскиот женски ракометен шампион Кометал Ѓорче Петров вечерва во салата СРЦ Кале (18 часот) ќе брка два гола негатива во реванш-натпреварот од четврт-финалето во Лигата на шампионките против Астрок Сагунто.

Сагунто вечерва мора да падне!

Утрински - 18.03.2006

Ѓорчепетровки максимално мотивирани за реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампиони За Портној клучот е во подисциплинирана игра од таа во Валенсија РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Кометал Ѓорче Петров нема намера да ја пропушти шансата што му се укажа со надежниот пораз од 24:26 во првиот натпревар со ...

Победата не треба да е "шпанско село"

Дневник - 18.03.2006

РАКОМЕТ - ПРЕД ДЕНЕШНИОТ РЕВАНШ СО АСТРОК САГУНТО во Лигата на шампионките Европскиот женски ракометен вицепрвак Кометал ЃП првпат сезонава ќе "брка" гол-разлика за пласман во следната рунда на Лигата на шампионките. Вечерва (18 ч.

Шпанките да се фрлат на колена

Вечер Прес - 18.03.2006

Ракометарките на Кометал Ѓ.Петров вечерва во "Кале" (18 ч.) ќе ја бијат втората битка од четвртфиналето во Лигата на шампионите со шпанскиот првак Астрок Сагунто (поранешна Мар Валенсија), од кого во првиот натпревар загуби со 26:24.

Кометал Ѓорче Петров пред полуфинале во лигата на шампионките

А1 - 17.03.2006

Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров се наоѓаат пред уште едно полуфинале во лигата на шампионките. За пласман меѓу четирите најдобри екипи на континентот, во утрешниот четвртфинален реванш-натпревар против Астрок Сагунто, во Скопје треба да го надоместат поразот од два гола разлика минатиот ...

Кометалки се убедени во триумф над Шпанките

Време - 17.03.2006

РАКОМЕТ Поквалитетни сме од шпанската екипа и сигурен сум дека нема да ја повториме слабата игра од првиот четвртфинален натпревар во Валенсија, кога загубивме со два гола разлика, рече потпретседателот на македонскиот женски ракометен првак Кометал Ѓорче Петров, Иван Бојков, пред утрешниот (18 ч.

Портној очекува најмалку плус три

Утрински - 17.03.2006

Тренерот на Кометал ЃП за утрешниот реванш со Астрок Сагунто од четврт-финалето во ЛШ Бојков предупредува дека Шпанките годинава подобро играат на гости РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Андреј Портној очекува победа над Астрок Сагунто од најмалку три гола разлика во утрешниот возвратен натпревар од женската ...

Да се покаже сила и амбиција за финалето

Дневник - 17.03.2006

РАКОМЕТ - КОМЕТАЛ ЃП ДОМАЌИН НА ШПАНКИТЕ ВО ЛШ Единствено размислување на ракометарките на Кометал ЃП пред саботниот реванш со Астрок Сагунто во Лигата на шампионките е да се победи со разлика од пет-шест гола. На тој начин ќе се покажат клупските амбиции и сила за влез во финалето, а не само меѓу ...

Кометал Ѓорче Петров оптимистички ќе го пречека Сагунто

А1 - 16.03.2006

На два дена до реваншот со Сагунто, оптимизам со се поголем интензитет кај ракометарките на Кометал Ѓорче Петров. Разликата е достижна, но пласманот во полуфиналето на лигата на шампионките нема да дојде сам по себе, туку треба максимално да се одработи на паркетот во салата Кале.

Дома сме непобедливи

Време - 16.03.2006

РАКОМЕТ Домашниот терен и нашето поголемо меѓународно искуство ќе бидат пресудни во дуелот со шпанскиот тим Астрок Сагунто, кој нема што да бара на реваншот во Скопје, јасна е искусната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ.

Кометалки нема повеќе да бидат „нежни“

Време - 15.03.2006

РАКОМЕТ Ракометарките на Кометал ЃП немаа многу време за одмор по одигрувањето на саботниот меч против Астрок Сагунто и само еден ден по враќањето од Валенсија во неделата тие го одржа првиот тренинг, со кој почнаа да ја коваат тактиката за реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионките в ...

Лопез ја фали публиката во Скопје

Утрински - 15.03.2006

Од таборот на Астрок Сагунто пред реваншот со Кометал ЃП "Знаеме дека ќе биде тешко да се игра пред толку добра публика како таа во Скопје, но ние долго време се подготвувавме за Лигата на шампионите. Мораме да се обидеме да одиграме многу добар натпревар и да го запреме добриот напад на Кометал", ...

Шпанската негатива е достижна

Време - 14.03.2006

ПО ПОРАЗОТ НА КОМЕТАЛ ВО ПРВИОТ ЧЕТВРТФИНАЛЕН МЕЧ ОД ЛШ Поразот од Астрок Сагунто во првиот натпревар од четврт-финалето во женската ракометна Лига на шампионките не ја наруши позитивната атмосфера во редовите на македонскиот првак Кометал Ѓорче Петров.

Два гола му требаат на Кометал за полуфинале

А1 - 13.03.2006

Два гола ќе треба да надомести Кометал Ѓорче Петров против шпанскиот тим Астрок Сагунто, за пласман во полуфиналето од лигата на ракометните шампионки. Негативата е сосема пристојна, ако се имаат предвид претходните искуства гостувањата кај овој ривал.

Кометал е на дофат на ново полуфинале

Време - 13.03.2006

РАКОМЕТ Европскиот вицешампион Кометал Ѓорче Петров претрпе минимален пораз на гостувањето во Валенсија од Астрок Сагунто со 26-24 (15-15) во првиот натпревар од четврт-финалето во ракометната Лига на шампионките. Македонскиот првак одигра две различни полувремиња на првиот меч во Шпанија.

Конечно, добар резултат во Валенсија

Вест - 13.03.2006

РАКОМЕТ, ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ Кометал Ѓорче Петров е на добар пат да обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот првак Астрок сагунто веќе не изгледа така моќно како при претходните дуели со ѓорчепетровки и само бро АСТРОК САГУНТО - КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 26:24 ...

Вардар го стигнува Работнички

Време - 13.03.2006

ЛИГА НА ШАМПИОНКИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ: АСТРОК САГУНТО - КОМЕТАЛ ЃП 26-24ФУДБАЛ Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ја намали на само два бода разликата во однос на шампионот Работнички Кометал, пред нивниот меѓусебен дуел в среда во вонредното коло во Првата македонска лига.

Полуфиналето на дофат за ѓорчепетровки

Утрински - 13.03.2006

Кометал ЃП загуби од Астрок Сагунто со надежни 26:24 во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите Во првиот дел гостинките имаа 11:8, но во средината на вториот губеа со 18:22 Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров од гостувањето во Валенсија кај Астрок Сагунто се враќаат со ветувачки ...

Конечно преодна двојка во Валенсија

Дневник - 13.03.2006

РАКОМЕТ - ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ НА ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ Европскиот женски ракометен вицепрвак, Кометал ЃП, е на добар пат да ја прекине лошата традиција од дуелите со шпански Астрок Сагунто во Лигата на шампионките, откако на првиот четврт-финален меч загуби со 24-26 (15-15).

Надежен пораз за полуфинале

Вечер Прес - 13.03.2006

Кометал Ѓ. Петров не успеа да ја прекине непријатната традиција порази против шпанскиот првак Астрок Сагунто (поранешна Мар Валенсија), но е на добар пат првпат да го елиминира овој противник во Лигата на шампионите. Во првиот четвртфинален натпревар нашиот шампион на гостувањето во Валенсија е ...