TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Погребани десеттемина подмолно убиени македонски војници

Вест - 11.08.2001

ПРИЛЕП ЗАВИЕН ВО ЦРНО Погребите на припадниците на резервниот состав на АРМ беа извршени според верските обичаи и со високи воени почести и почесна стрелба, а од нив се простија нивните претпоставени, оставајќи ги да почиваат во... Прилеп, 10 август. Ден на жалост.

Прилеп вчера во длабока жал

Дневник - 11.08.2001

ПЕЛАГОНИЈА СЕ ПРОСТИ ОД ДЕСЕТТЕ ВОЈНИЦИ Прилепчани, познати како луѓе на непокорот, на моменти # ракоплескаа на поворката, симболично сакајќи да покажат дека ништо нема да ги спречи во одбраната на татковината, но и огорчени зашто ниту еден државник не дојде на погребот, а не присуствуваше ниту ...

Прилеп обвиткан во жалост

А1 - 10.08.2001

Прилепчани во вечен сон ги испратија 10-мината подмолно убиени сограѓани во терористичиот напад на патот Тетово - Скопје. Со воени и црковни почести на новите гробишта во Прилеп беа погребани Наумоски Нане, Китаноски Сашо, Секулоски Бранко и Миноски Горан.

Семејствата ги добија телата на загинатите војници

Вест - 10.08.2001

ПРИЛЕП ЗАВИЕН ВО ЦРНО Револтот за загинувањето на десеттемина војници, завчеравечер се претвори во дивеење по улиците, при што беа запалени џамијата, неколку домови и дуќани на Албанци и муслимани ПРИЛЕП.-Телата на загинатите војници вчера беа испратени до нивните семејства во Прилеп и во Прилепско.

Во Прилеп денеска 10 погреби

Дневник - 10.08.2001

ГРАДОТ ПОД МАРКОВИ КУЛИ ЗАВИЕН ВО ЦРНО Плач и болка го завија вчера Прилепско, кое се подготвуваше за денешните погреби, на кои е најавено дека ќе присуствува и претседателот и врховен командант на вооружените сили, Борис Трајковски Десет Македонци од Прилеп и Прилепско во метални херметички ...

Ревносната толпа ја запали џамијата во Прилеп

А1 - 09.08.2001

Утрово во Прилеп беше мирно, без толпи и палења, без зајакнати полициски сили. Навидум се изгледаше нормално, освен чадот што и по 12 часа се издигаше од џамијата што до утрото беше во пламен. Дуќаните изгореа до темел, сопствениците, макеоднски муслимани не ги видовме утрово овде.

Полициски час во Прилеп

Вест - 09.08.2001

Вчера Министерот за внатрешни работи донесе наредба за ограничување на движењето на граѓаните на подрачјето на Прилеп и околината. Наредбата влегува во сила веднаш, а граѓаните во периодот од 21 часот до 5 часот изутрината не смеат да ги напуштаат домовите освен во случи на итна медицинска помош ...

Прилеп на нозе

Дневник - 09.08.2001

По веста за масакрот врз резервистите Неколку илјади прилепчани, разгневени од веста дека десет војници на АРМ, од кои осум од нивниот град, се убиени во заседа на терористите кај Групчин, ја запалија џамијата во Старата прилепска чаршија.

Полициски час во Прилеп

Дневник - 09.08.2001

Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски вчера издал наредба за ограничување на движењето на граѓаните во општината Прилеп од 21 до 5 часот следниот ден. Во наведеното време граѓаните не треба да ги напуштаат своите домови, освен во случаи на потреба за итна медицинска помош, а во други ...