TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Опозицијата го критикува Премиерот за границата

А1 - 07.05.2006

Опозицијата го критикува Премиерот. Колку повеќе се обидува да го реши прашањето за демаркацијата, толку полошо за Македонија. Народна бара од Бучковски да признае дали се откажал од меѓународно признатата граница од 2001 година.

Роан во Белград и Приштина

Макфакс - 07.05.2006

Белград Претставникот на Обединетите нации (ООН) во преговорите за статусот на Косово Алберт Роан ја започна посетата на Белград и Приштина. Посетата на заменикот на специјалниот пратеник на ООН Роан е во рамките на консултациите пред петтиот круг на преговори меѓу на Белград и Приштина што на 23.

Бучковски и Чеку не ги расчистија дилемите околу границата

А1 - 06.05.2006

И покрај пријателските разговори, Бучковски и Чеку не ги расчистија дилемите околу граница. Чеку не објасни дали претходната административна граница на која се повика Резолуцијата на косовското собрание е онаа од 1948, како што тврдат некои косовски кругови, или се работи за границата по која ...

Белград зачуден од изјавата на Бучковски

А1 - 06.05.2006

Белград е зачуден од изјавата на премиерот Бучковски дека експерти од Македонија и Косово ќе ја потврдат поранешната административна граница меѓу Македонија и Косово во рамките на СФРЈ како реална државна граница, изјави Министерството за надворешни работи на СиЦГ.

Границата е чиста техника, а не политика

Вест - 06.05.2006

КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР АГИМ ЧЕКУ ВЛЕЗЕ ВО КАБИНЕТОТ НА БУЧКОВСКИ Административна граница од поранешна Југославија ќе биде границата која ќе ја обележуваме во моментот кога ќе се создадат сите предуслови од другата страна да имаме партнер со целосен меѓународен кредибилитет, изјави Бучковски по средбата ...

Четвртиот круг од преговорите за Косово заврши без договор

Вест - 06.05.2006

Виена, 6 мај - Во Виена заврши четвртата рунда преговори за децентрализација на Косово, но без договор за спорното прашање. На средбата се разговараше за формирањето на новите општини во Косово. Следните круг на преговорите закажан е за 23 мај, исто така во Виена и ќе биде посветен на заштитата на ...

На бизнисмените им пречи политиката

Дневник - 06.05.2006

Политичарите да бидат што подалеку од бизнисот инаку ќе пропаднеме сите, порачаа македонските и косовските бизнисмени на вчерашниот бизнис-форум Политичарите да бидат што подалеку од бизнисот инаку ќе пропаднеме сите, порачаа македонските и косовските бизнисмени на вчерашниот бизнис-форум што се ...

Косово нема територијални претензии

Дневник - 06.05.2006

Дел од парламентарните опозициски партии вчера се сретна со премиерот на Косово Агим Чеку. На средбата присуствуваа претставници на ВМРО-НП, ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и ЛП. Чеку ги уверил дека Косово нема територијални претензии кон ниедна соседна држава.

Бесими најави автопат меѓу Скопје и Приштина

Утрински - 06.05.2006

Бизнисмените од Македонија и од Косово бараат нови премини и поедноставни гранични процедури Од косовска страна се најавува железничка линија Гнилане -Куманово АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Трговијата меѓу Македонија и Косово оди по нагорна линија, но стопанствениците од двете страни очекуваат вистински ...

Приштина ја призна граница од СФРЈ

Утрински - 06.05.2006

На средбата во Скопје, Бучковски и Чеку го испеглаа ставот за демаркацијата, што според нив е само техничко прашање Премиерот Чеку во Скопје дојде придружуван со владина и стопанска делегација, како и со група од околу 35 новинари.

Скопје и Приштина се за американска граница

Време - 06.05.2006

СРЕДБА БУЧКОВСКИ - ЧЕКУ ВО СКОПЈЕ Иван Блажевски Македонскиот премиер Владо Бучковски и претседателот на косовската влада Агим Чеку вчера изјавија дека обележувањето на македонско-косовската граница ќе биде дел од процесот за решавање на статусот на покраината и оти тоа ќе биде граничната линија од ...

Бучковски го суспендира Белград

Дневник - 06.05.2006

Ако Косово стане независно, со сукцесија ќе ги наследи обврските на СЦГ и ќе мора да ги почитува, се правдаат од кабинетот на Бучковски Поранешната административна граница што ја имавме како дел од СФРЈ ќе биде границата што ќе ја демаркираме во моментот кога ќе се создадат сите услови од другата ...

Белград се лути што Бучковски и Чеку со американска помош ќе ја демаркираат границата

Канал5 - 06.05.2006

Белград повторно му се лути на Бучковски за прашањето за демаркацијата. Српскиот политички врв реагира на вчерашните изјави на македонскиот премиер дека Скопје и Приштина, со американска помош, ќе ја обележуваат поранешната административна, како реална меѓудржавна граница.

Економската соработка е добра, недостигаат нови гранични премини

Време - 06.05.2006

СЕ СРЕТНАА БИЗНИСМЕНИ ОД КОСОВО И ОД МАКЕДОНИЈА Иако властите ја пофалија деловната соработка меѓу Македонија и Косово, бизнисмените од двете земји се пожалија на предолгите гранични и царински процедури, а побараа и нов граничен премин меѓу двете земји, вчера на деловниот форум во Стопанската ...

И Бесими за отворање нови премини со Косово

Вест - 06.05.2006

Во јуни во Приштина ќе се сретнат царинските службеници на Македонија и Косово и претставниците на двете стопански комори, за да се договорат како да го забрзаат протокот на стоки и луѓе преку границата и да ги отстранат бариерите за поуспешна бизнис соработка.Ова го договориле министерот за ...

Белград реагира на изјавите за границата

Канал5 - 06.05.2006

Белград повторно му се лути на Бучковски за прашањето за демаркацијата.. Српскиот политички врв реагира на вчерашните изјави на македонскиот премиер дека Скопје и Приштина, со американска помош, ќе ја обележуваат поранешната административна, како реална меѓудржавна граница..

Контакт групата незадоволна од примена на стандардите на Косово

Макфакс - 06.05.2006

Приштина Претставниците на државите-членки на Контакт групата не се задоволни со ритамот на имплементација на стандардите за демократско општество на Косово, пишува денеска приштинскиот весник “Коха Диторе“. Според весникот, дипломатските претставници на овие држави во Приштина изразиле и ...

СЦГ реагира на изјавата на Бучковски за границата

Макфакс - 06.05.2006

Белград Министерството за надворешни работи на Србија и Црна Гора соопшти дека зачудува вчерашната изјава на македонскиот премиер Владо Бучковски, дека експерти од Македонија и Косово ќе ја "потврдат бившата административна граница меѓу Македонија и Косово во рамките на СФРЈ, како сега реална ...

Белград барал оставка од Ахтисари и директни преговори во Охрид

Макфакс - 06.05.2006

Приштина/Тирана Белград побарал директни преговори со Приштина во Охрид за статусот на Косово и разрешување на посредникот на ООН Марти Ахтисари. Ова денеска го јавуваат медиумите во Тирана, повикувајќи се на своите дописници во Приштина.

За влез во Косово, нашите камиони чекаат по два дена

Вечер Прес - 06.05.2006

Македонските бизнисмени кои извезуваат во Косово вчера се пожалија дека нивните камиони со производи и по два дена чекаат на граничните премини и дека царинските прегледи долго траат поради што непотребно се губи време. На бизнис средбата со косовските стопанственици во Стопанската комора, тие на ...

Останува уште политичарите да се сликаат покрај еден камен

Вечер Прес - 06.05.2006

Демаркацијата на границата е техничко, а не политичко прашање, оценија премиерите на Македонија и на Косово, Владо Бучковски и Агим Чеку по вчерашната средба во Скопје. Бучковски, на средбата со Чеку, поради важноста на прашањето, разговарал за демаркацијата дури две-три минути.

Да се признае идентитетот на Гораните во Косово

А1 - 05.05.2006

Да се признае идентитетот на Гораните во Косово. Да се декларираат како Македонци, а косовските власти да не прават проблем. Ова е барањето што лидерот на ДОМ, Поповска, го упатила до косовскиот премиер Чеку на неговата средба со дел од парламентарната опозиција.

Македонија и Косово ќе ја стимулираат економската соработка

А1 - 05.05.2006

Ќе се гради автопат меѓу Скопје и Приштина и нов граничен премин меѓу Гнилане и Куманово, ветија македонските и косовските власти. Ќе ја стимулираат економска соработка. Бизнисмените и министрите ги лоцираа клучните проблеми: долго чекање на граничните премини, бирократски процедури што траат и до ...

Бучковски се сретна со Чеку

А1 - 05.05.2006

Бучковски и Чеку се договорија. Македонија и Косово се тие што ќе работат на демаркација на границата. На експертските тимови од двете страни ќе им помагаат Американците. Основата ќе биде: административната граница меѓу двете земји, за време на поранешна Југославија.

Средба на косовскиот премиер Чеку со македонските пратеници

Канал5 - 05.05.2006

Агим Чеку на средба со лидери на парламентарните партии. Спокојно се разговарало за границата. Таква атмосфера наметнала декларацијата која ја усвоила косовската влада. Агим Чеку на средба со лидери на парламентарните партии. Спокојно се разговарало за границата.

Административната граница со Македонија е валидна

Време - 05.05.2006

КОСОВСКАТА ВЛАДА ДОНЕСЕ ДЕКЛАРАЦИЈА Косово нема територијални претензии кон ниту една соседна држава и целосно ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, се вели во декларацијата што косовската влада ја усвои вчера, пред денешната посета на тамошниот премиер Агим Чеку на ...

Косово бара статус, па разграничување

Дневник - 05.05.2006

Претходната граница со Македонија, Косово ја смета за валидна, а разграничувањето ќе се реши откако ќе се утврди конечниот статус на Косово Претходната административна граница со Македонија, Косово ја смета за валидна меѓународна граница помеѓу двете земји, а разграничувањето како техничко прашање ...

Бучковски - Чеку: Демаркацијата на границата е техничко прашање

Канал5 - 05.05.2006

Агим Чеку дојде во Скопје со уверување дека Косово не го проблематизира прашањето на границата и нејзината демаркација. Агим Чеку дојде во Скопје со уверување дека Косово не го проблематизира прашањето на границата и нејзината демаркација.

Македонско-косовски бизнис форум

Макфакс - 05.05.2006

Скопје Економска делегација од Косово, предводена од министерот за трговија и индустрија Бујар Дуголи престојува денеска во еднодневна посета на Македонија. Предвидено е министерот Дуголи да оствари средба со македонскиот министер за економија Фатмир Бесими.

Бучковски–Чеку: Границите остануваат, демаркацијата е „техничко прашање“

Макфакс - 05.05.2006

Скопје Македонија и Косово, денеска во Скопје, се согласија дека демаркацијата на границата е техничко, а не политичко прашање, и се заложија за непроменливост на границите, добрососедски односи и економска соработка „Ние не сме за променливост на границите.

Границите остануваат, демаркацијата е „техничко прашање“

Макфакс - 05.05.2006

Скопје Македонија и Косово, денеска во Скопје, се согласија дека демаркацијата на границата е техничко, а не политичко прашање, и се заложија за непроменливост на границите, добрососедски односи и економска соработка. „Ние не сме за променливост на границите.

Агим Чеку во Македонија-разговорите со Бучковски во Владата

Макфакс - 05.05.2006

Скопје Премиерот на Косово Агим Чеку денеска во Скопје треба да разговора со претседателот на македонската влада Владо Бучковски и лидерите на парламентарните опозициони партии во земјата. Ден пред посета на Чеку, косовската влада усвои декларација во која се наведува дека “Косово ја смета ...

Косовската влада го испрати со Декларација

Вечер Прес - 05.05.2006

Косовскиот премиер Агим Чеку, денеска, во Скопје ќе разговара со својот колега Владо Бучковски, за демаркација на границата меѓу Македонија и Србија и Црна Гора, во делот со Косово. Чеку, по негово барање, ќе биде примен во премиерскиот кабинет, откако остро се спротивстави на идејата на Бучковски ...

Закон за православните храмови

Вечер Прес - 05.05.2006

Православните храмови и споменици во Косово ќе бидат заштитени со закон, истакна косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што пренесува МИА, Сејдиу за Велигден бил во манастирот Дечани.

Претходната граница е валидна за Косово

А1 - 04.05.2006

Претходната, а не сегашната граница меѓу Македонија и Косово е валидна за официјална Приштина. Со оваа порака утре во Скопје на средба кај Бучковски доаѓа косовскиот премиер Чеку. Овој став стана јасен по денешното соопштение на косовската Влада, во која, меѓу другото, се вели дека Косово ја смета ...

Сејдиу: Православните храмови на Косово заштитени со закон

А1 - 04.05.2006

Православните храмови и споменици во Косово ќе бидат заштитени со закон, истакна косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што пренесува МИА, Сејдиу за Велгден бил во манастирот Дечани.

Чеку ќе ја стави економијата пред границата

Време - 04.05.2006

КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР ДОАЃА УТРЕ, ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЧЕКА „ВИСТИНСКО ВРЕМЕ“ Агим Чеку утре доаѓа во Скопје со намера да разговара со Владо Бучковски за економската соработка и за трговската размена меѓу Македонија и Косово, наспроти очекувањата на македонската страна главна тема да биде обележувањето на ...

Бучковски за границата, Чеку за трговската размена

Дневник - 04.05.2006

Премиерот ќе го прими Чеку во зградата на Владата, бидејќи и генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и европретставникот Хавиер Солана, го примиле во седиштата на НАТО и на ЕУ во Брисел Македонскиот премиер Владо Бучковски и премиерот на Косово Агим Чеку утре нема да зборуваат за границата, ...

Фатмир Сејдиу: Православните храмови во Косово ќе бидат заштитени со закон

Канал5 - 04.05.2006

Православните храмови и споменици во Косово ќе бидат заштитени со закон, истакна косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА. Како што пренесува МИА, Сејдиу за Велигден бил во манастирот Дечани.

Чеку издејствувал прием во Владата место во кафеана

Утрински - 04.05.2006

Косовскиот премиер со специјален протокол во Македонија Според најавите, Чеку ќе даде поддршка за територијалниот интегритет на Македонија и за неменливоста на границите Слободанка Јовановска Косовскиот премиер Агим Чеку утре ќе дојде со празни раце во Македонија, но ќе има пречек како ниту еден ...

Петерсен за вклучување на Косово во соработката во ЈИЕ

Макфакс - 04.05.2006

Солун Косово да биде вклучено во регионалната соработка, побара шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен во обраќање на Самитот на земјите од Југоисточна Европа што денеска заврши во Солун. „Косово е интегрален дел од овој регион, без оглед каков е неговиот сегашен статус.

Косово ќе отвора канцеларија во Брисел

Макфакс - 04.05.2006

Приштина Косово, набргу, ќе има своја канцеларија во Брисел, седиштето на Европската унија (ЕУ), под мандат на УНМИК и косовските институции. Ова, синоќа, го најавија цивилниот администратор на УНМИК Сорен Јесен Петерсен и косовскиот премиер Агим Чеку.

За Косово да решаваат Белград, Приштина и Меѓународна заедница

Макфакс - 04.05.2006

Подгорица Прашањето за иднината на Косово треба да се реши во триаголникот Белград-Приштина-Меѓународна заедница. Ова го изјави црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, при тоа нагласувајќи дека прашањето на Косово не е само прашање на меѓународното право.

Ахтисари - Првата рунда за статусот во јули

Макфакс - 04.05.2006

Хелсинки Првата рунда со која Белград и Приштина ќе ги отворат преговорите за самиот статус на Косово може да се одржи до крајот на јули. Ова вечерва во Хелсинки го изјави специјалниот пратеник на Обединетите нации за преговорите за косовскиот статус Марти Ахтисари на средба со шефот на ...

Нова рунда преговори околу статусот на Косово

Макфакс - 04.05.2006

Виена Четврта и последна рунда преговори помеѓу Белград и Приштина на тема децентрализација на Косово, ќе се одржат денеска во Виена со неизвесност околу конечниот исход. Главна тема на состанокот, со кој ќе претседава заменикот специјален пратеник на ОН за Косово, Албер Роан, ќе биде формирањето ...

Не треба да брзате со демаркацијата

Дневник - 03.05.2006

Демаркацијата не е прашање што бара итност за да се затвори до крајот на годинава, вели директорот на Институтот за мир Демаркацијата на македонската северна граница во делот кон Косово е техничко прашање, но има политички импликации.

Косовците да решат за статусот на Косово

Време - 03.05.2006

АХМЕТИ ВО ПРИШТИНА Финалниот статус на Косово треба да биде во согласност со волјата на мнозинството народ, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашната средба во Приштина со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, јави Косовапрес.

Вертикален погреб

Утрински - 03.05.2006

Косовскиот премиер Агим Чеку не ја признава македонско-српската спогодба за границата, но ги признава решенијата од тој документ, односно ја признава границата. Посетата на Скопје, сепак, може да почне Неодмерените реакции можат да ја разнишаат македонската позиција повеќе отколку таквите изјави на ...

Бучковски в петок ќе го прими Чеку во владиниот кабинет

Канал5 - 03.05.2006

Два дена пред средбата Бучковски – Чеку во Скопје утврдена е локацијата на состанокот. Бучковски, ќе го прими косовскиот премиер во својот кабинет во владата, со што ќе ја прекине досегашната практика на средби со косовски политичари на неформални места.

Петерсен – Тешко ќе се постигне договор за статусот

Макфакс - 03.05.2006

Белград Преговорите помеѓу Белград и Приштина за статусот на Косово ќе бидат тешки и најверојатно без решение, но е можно да се усогласат некои технички прашања – оцени шефот на Унмик Сорен Јесен Петерсен. „Статусот останува големо прашање и тука мислам дека многу тешко ќе дојде до некој договор“ – ...

Повик за бојкот на српски производи на Косово

Макфакс - 03.05.2006

Приштина Движењето „Ветендосја“ (самоопределување) од Приштина ги повика жителите на Косово да започнат целосен бојкот на купување на српски производи. Лидерот на ова движење, Албин Курти подвлече дека причина за бојкотот се големите штети, кои Србија му ги нанела на Косово.

Продолжуваат директните преговори меѓу Белград и Приштина

Макфакс - 03.05.2006

Приштина Петта рунда директни преговори меѓу Белград и Приштина денеска треба да се одржи во Виена. На средбата, како што е најавено, српската и косовската делегација треба да разговараат за културното и верското наследство на Косово и да ги претстават плановите за заштита на културните и верските ...

Бучковски се премисли, сепак, ќе го прими!

Вечер Прес - 03.05.2006

Косовскиот премиер доаѓа во официјална посета на земјава в петок, откако ги омекна своите ставови за демаркација на границата. Посетата беше потврдена по телефонскиот разговор на Чеку со нашиот премиер Бучковски, остварена деновиве.

Ахмети во Приштина на разговори за демаркацијата

А1 - 02.05.2006

Пред или по статусот, демаркацијата на границата кон Косово е тема на која албанските политички партии во Македонија, се трудат да профитираат во пресрет на изборите. Ако минатата недела во Приштина првите на луѓе на ДПА разговараа на оваа тема со косовските власти во Приштина, денеска на слична ...

Претседателот на ДУИ Ахмети се сретна со косовскиот претседател Сејдиу

Канал5 - 02.05.2006

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) Али Ахмети по денешната средба во Приштина со претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу, изјави дека финалниот статус на Косово треба да биде во согласност со волјата на мнозинството на народот на Косово, јави Косовапрес.

Визнер на Косово

Макфакс - 02.05.2006

Приштина Американскиот пратеник за преговорите за косовскиот статус Марк Визнер, пристигнува на Косово, ден пред новата рунда преговори закажана за 23 мај во Виена. Специјалниот американски пратеник за преговорите за статусот денеска во Приштина ќе разговара со политичкото и институционалното ...

Петерсен:Косово оствари конкретен напредок

Макфакс - 02.05.2006

Приштина Косово оствари значителен конкретен напредок во исполнувањето на меѓународните стандарди чие имплементирање е услов за негова евентуална независност. Ова, како што јави Ројтерс, е оценка на шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен која ќе биде составен дел на неговиот извештајот што во јуни ...

Бучковски: Верувам дека Косовците ќе ги сменат позициите

Време - 01.05.2006

ПРЕМИЕРОТ ОПТИМИСТ ЗА ГРАНИЦАТА Се смируваат тензиите и има предуслови да се решат дилемите меѓу Скопје и Приштина по неколкуте избрзани изјави на косовските власти за непризнавање на договорот за границата, оптимистички најави вчера македонскиот премиер Владо Бучковски, пред очекуваниот телефонски ...

Границата нема да се менува

Време - 01.05.2006

АГИМ ЧЕКУ ЗА „ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“ Нема да има промена на границата со Македонија по излегувањето на Косово од Србија и прогласувањето на формалната независност, изјавил косовскиот премиер Агим Чеку во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Полицијата и судството во надлежност на косовската влада

Макфакс - 01.05.2006

Приштина УНМИК на привремените косовски институции им ги префрли клучните овластувања во полицискиот и судскиот сектор, соопштено е во Приштина. “Мисијата на УНМИК ја намали својата улога во управувањето со полицијата и правосудството со што се комплетира трансферот на овластувања на ...

Албанско движење повика на бојкот на децентрализацијата на Косово

Макфакс - 01.05.2006

Приштина Движењето „Самоопределување“ ги повика жителите на Косово да и се спротивстават на децентрализацијата на покраината, бидејќи во спротивно, според нивни најави, “во косовското поморавје и на северот во Косово ќе се случи крвопролевање“.

Српска платформа за преговорите за Косово

Макфакс - 01.05.2006

Белград Разговорите меѓу Белград и Приштина да завршат со договор што ќе важи 20 години и со кој Косово да остане составен дел на Србија, со висок степен на меѓународно гарантирана автономија. Ова ќе биде позицијата на Србија во претстојните преговори за статусот на Косово, која денеска е објавена ...

Недоразбирања на релација Чеку – Бериша во врска со ујгурите

Макфакс - 01.05.2006

Тирана Албанскиот и косовскиот премиер, Сали Бериша и Агим Чеку, имале недоразбирања по прашањето на ујгурите. Албанските медиуми, како што пренесува Макфакс, пишуваат дека два дена по средбата на Чеку со Бериша во Тирана имало недоразирање во однос на проблемот на ујгурите, кои Албанија ги ...

Продолжуваат преговорите за иднината на Косово

Макфакс - 01.05.2006

Приштина Преговорите за иднината на Косово денеска ќе продолжат во Виена со шестиот состанок на делегациите на Белград и Приштина. Теми на средбата се економски прашања - надворешни и внатрешни долгови, имотни права, пензии и приватизација.

Косово - составен дел на Србија со висока автономија

Макфакс - 01.05.2006

Белград Косово да остане составен дел на Србија со висока автономија која би била меѓународно гарантирана во наредните 20 години. Ова е суштината на српската преговарачка платформа за Косово која денеска беше претставена во Белград од страна на координаторот на белградскиот преговарачки тим и ...

Експертски тим на Ахтисари во Приштина за децентрализацијата

Макфакс - 01.05.2006

Приштина Група меѓународни експерти од канцеларијата на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари треба да допатува денеска од Виена во Приштина. Цел на посетата на експертите е формирање нови општини во рамки на процесот на децентрализација.

Косово ја отфрли српската платформа за широка автономија

Макфакс - 01.05.2006

Приштина Приштина како нереална ја отфрли преговарачката платформа на Белград, според која Косово би било дел од Србија со висок степен на меѓународно призната автономија. „Позицијата на Белград е непроменета и за нас неприфатлива, нереална и против интересите на граѓаните на Косово“, изјави синоќа ...