Aмериканските сили брзо напредуваат кон Tикрит, единствениот град во Ирак кој сеуште не е под контрола на сојузниците. Според американските медиуми, ирачките војници ги напуштиле борбените позиции околу родниот град на Садам Хусеин, од кој што синоќа исчезнале претставниците на ирачките власти.
Во Багдад се појави милиција за самоодбрана што им се спротивставува на ограбувачите, јавуваат агенциите. Руските медиуми информираат дека багдадската полиција соработува со американската војска за воспоставување на ред во градот, каде владеат анархија и грабежи.
Американските маринци го зазедоа градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавуваат западните медиуми. Централната команда на американската војска во Катар не ја потврди информацијата. Според агенциите, при нападот на маринците на градскиот стадион се собрале околу стотина арапски доброволци, кои без ...
Пред багдадскиот хотел „Палестина“, каде се сместени повеќе странски новинари, попладнево се случила интензивна престрелка меѓу американски војници и вооружени Ирачани. Се уште нема информација за идентитетот на вооружените Ирачани и за евентуалните жртви во 12-минутната престрелка.
Судбината на поразениот ирачки претседател Садам Хусеин е се уште непозната, но американските официјални претставници повеќе се склони да веруваат дека тој е веројатно мртов. Ирачкиот национален конгрес тврди дека Хусеин е жив и дека највероватно се крие во североисточен Багдад.
ЖЕНЕВА (АП) - Сега кога Садам веќе не е на власт, почнува трката да се најдат милијардите за кои се верува дека тајно ги скрил некаде надвор од Ирак. Се проценува дека богатството на Садам се движи од 2 до 40 милијарди долари, меѓутоа стручни лица велат дека тие пари се толку успешно скриени во ...
Докторите во Багдад ги изнесуваат мртвите од мртовечницата за погреб. Црвениот крст јави дека болниците речиси и да не работата затоа што се масовно ограбени МОСУЛ, Ирак 12 април (АП) - Цел еден ирачки воен корпус се вчера предаде во Мосул, најголемиот град во северен Ирак по што само уште родниот ...
Анкара, 12 април - Согласно договорот со САД Турција испрати 15-на воени набљудувачи кои ќе ја следат ситуацијата во градовите Киркук и Мосул во северен Ирак, кои се под контрола на американските и курдските војници. Воените набљудувачи ќе останат таму колку што е потребно, изјавил турски дипломат ...
По заземањето на главниот ирачки град од страна на американските трупи БАГДАД - Вооружени лица вчера се сноваа низ улиците на Багдад, грабежите се ширеа низ градот, додека ирачката престолнина падна во анархија. Американските војници, кои во средата ја окончаа власта на Садам Хусеин, главно, стоеја ...
Лондон вели дека се уште не е крај на војната, но се мерат потезите за транзицискиот период Од нашиот известувач Томислав Ивановски ЛОНДОН - Сликите од Багдад за паѓањето на ирачкиот главен град и од прославувањето на заминувањето на стариот режим на багдадските улици се голема сатисфакција за ...
во северен ирак Американски сили и нивните курдски сојузници вчера без борба го зазедоа Мосул, со што режимот на Садам Хусеин повеќе нема упориште во северен Ирак, јави Ројтерс. Откако завчера курдските герилци "пешмарга" парадно влегоа во нафтениот центар Киркук, единствен важен центар што е под ...
ВО ПЕРИОДОТ НА ПОЛИЦИСКИ ВАКУУМ Додека американските сили се уште се концентрираат на разбивање на гнездата на соборениот ирачки режим, багдадските крадци се соочија со ситуација слична на таа на нивниот "колега" Аладин од приказните - пред нив се отворија пештерите со богатство на Садам и другите ...
Турција испрати 15 воени набљудувачи кои ќе ја следат ситуацијата во Киркук и Мосул во северен Ирак, градови под контрола на американските и курдските војници. Воените набљудувачи ќе останат таму колку што е потребно, изјавил турски анонимен дипломат.
Припадниците на ирачката армија во Мосул им се предадоа на сојузничкиите сили, изјави денеска портпаролот на Централната команда на САД во Катар, капетан Френк Торп. „Петтиот корпус во Мосул се согласи на прекин на огнот и во моментов размислуваме дали неговите припадници ќе бидат третирани како ...
Американскиот претседател Џорџ Буш во снимена порака им вети на Ирачаните дека САД и нивните сојузници ќе помогнат во зачувување на редот и законите во Ирак. Буш не најави скоро повлекување на силите на САД од Ирак, но истакна дека ќе измине одреден временски период додека се формира новата ирачка ...
ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Иако судбината на Садам е неизвесна додека неговата власт се распаѓа во Багдад, неговиот лик се стекнува со се поголема популарност како сувенир кој се купува преку аукциите на Интернет. До третата недела од почетокот на војната во Ирак колекционерите извршиле купопродажба на ...
Турција која е против Курдска држава вели Пауел ветил дека американските трупи ќе ги отстранат Курдите од Киркук БАГДАД, 11 април (АП) - Американските сили вчера се бореа со непопустливите борци во Багдад додека продолжува масовното ограбување во градот.
ВАШИНГТОН, 11 април (АП) - Американскиот претседател Џорџ Буш во своите изјави кои беа телевизиски емитувани низ цел Ирак вчера им се обрати на ирачките граѓани со зборовите: "Режимот на Садам Хусеин се симнува од власта". Обраќањето во траење од две и пол минути коешто било снимено завчера при ...
Багдад БАГДАД - Курдските борци го зазедоа северниот ирачки нафтен град Киркук, додека американските војници водеа жестоки борби со тврдокорните приврзаници на Садам Хусеин во Багдад. Нема информации за судбината на Садам, еден ден откако американските сили го зазедоа Багдад, што беше поздравено од ...
Во Белата куќа телевизиски се следи уривањето на режимот во Багдад ВАШИНГТОН - "Тие ја турнаа!", изјави во средата американскиот претседател Џорџ Буш откако големата статуа на Садам Хусеин, конечно, беше соборена од центарот на Багдад.
Изјава ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Ирачкиот амбасадор во ОН, Мохамед Алдури, изјави во средата дека "играта заврши" и се надева дека ирачкиот народ наскоро ќе може да живее во мир. Говорејќи им на новинарите пред неговата резиденција, а потоа и пред ирачката мисија во ОН, тој додаде: "Сега треба да работиме ...
Буш и Блер до Ирачаните ЛОНДОН - Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер вчера испратија телевизиска порака до Ирачаните, истакнувајќи дека тие ќе бидат одговорни за нивната сопствена иднина кога ќе заврши "ноќниот кошмар" на Садам Хусеин.
Реакција КАИРО - Арапскиот свет вчера беше во шок и одбиваше да ја прифати вистината откако Багдад падна речиси без борба, ставајќи крај на 24-годишната власт на претседателот Садам Хусеин. Многумина се чувствуваа изневерени од пропаѓањето на личноста која претставуваше редок извор на арапскиот ...
ГОЛЕМ ЛОВ ПО ДИКТАТОРОТ Садам Хусеин загинал од американски проектил на 20 март, или од четирите бомби во понеделникот, или пак е жив и здрав и побегнал во Сирија, можеби се засолнил во Амбасадата на Русија во Багдад, се крие во супербункер во родниот град Тикрит - никој вчера не можеше со ...
реакции на светските лидери Американскиот претседател Џорџ В. Буш и британскиот премиер Тони Блер вчера преку новата телевизиска станица им порачаа на Ирачани дека кошмарот Садам Хусеин заврши и оти наскоро самите ќе си ја градат својата иднина.
ОТКАКО БАГДАД БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД РЕЖИМОТ НА САДАМ Курдските борци со помош од американските сили вчера речиси без борба воспоставија контрола врз ирачкиот северен нафтен центар Киркук, што, пак, ја вознемири Турција, која бараше гаранции дека Курдите нема да прогласат своја држава во северен Ирак, ...
Киркук, стратешкиот нафтен град во северен Ирак, од денеска е под контрола на курдските борци и американските сили, јави дописникот на „ВСС“, иако курдски претставници тврдат дека состојбата се уште е неизвесна. Портпаролот на Демократската партија на Курдистан Фавзи Харири тврди дека „извештаите ...
Во Ирак има околу 2.350 споменици на Садам Хусеин кои беа поставувани како дел од „монументалната пропаганда“ што ја спроведуваше ирачкиот режим, објавува саудискиот весник „Аш Шарк Ал Аусат“. За изработка на спомениците во близина на Багдад постоела ливница во која работеле 80 вајари и други ...
По тричасовна жестока борба во која загинал еден маринец, а 20 се повредени, американските војници денеска зазеле една од претседателските палати во северен Багдад. Во меѓувреме, во градот и денеска продолжуваат грабежите. Во борбата за палатата Американците побарале помош од воздух и отворале оган ...
Додека повеќето арапски медиуми денеска сметаат дека брзиот пад на Багдад е „нешто неверојатно“, репортерите на арапската телевизија „Ал Џазира“ признаваат дека „никој не ни сонувал дека ќе се случи такво нешто“. Репортерот на „Ал Џазира“ вели дека ако некој претходно му кажел дека Багдад ќе падне ...
Жителите на Садам сити, кварт во северниот дел од Багдад, со овации ги дочекуваат американските трупи БАГДАД, 10 април (АП / Ројтерс) - Ирачаните вчера во толпи масовно провалуваа во владините згради ограбувајќи ги нивните простории што е нов показател дека е изгубена владината контрола над Багдад.
Северен фронт ПЛАНИНАТА МАКЛУБ - Американските и курдските сили вчера ги дислоцираа Ирачаните од планината која ја користеа за одбрана на северниот град Мосул, што претставува нивната најголема победа во досегашниот тек на војната во северен Ирак.
Багдад Големи пљачкосувања низ улиците на Багдад и Басра БАГДАД - Власта на Садам Хусеин вчера пропадна кога среќните Ирачани ги поздравија американските сили во Багдад, а разулавените ограбувачи ги нападнаа симболите на неговата власт.
Анализа: Американските војници влегоа во БагдадАргументите на војнатаВојната во Авганистан и соборувањето на Талибанскиот режим беше првиот предвидлив чекор на Џорџ Буш. Втор на списокот се најде стариот "муштерија" Садам Хусеин кој со децении прави бељи, врши инвазии врз соседните земји и си игра ...
ПО АТЕНТАТОТ СО ЧЕТИРИ МЕГАБОМБИ ВО ВТОРНИКОТ Американската Централна разузнавачка агенција смета дека ирачкиот претседател Садам Хусеин е убиен со четирите мегабомби што бомбардер "Б-1" во вторникот наутро ги фрли врз една зграда во багдадскиот кварт Мансур, јави МИА, пренесувајќи извештај на ...
ПРВА МИРНА НОЌ ВО БАГДАД Откако Багдад вчера ја помина првата мирна ноќ за време на војната, американски функционери оценија дека режимот на Садам Хусеин повеќе не функционира, но оти војната ќе продолжи се додека не бидат разбиени остатоците на силите на Садам, и во Багдад и во внатрешноста.
Новата заливска војна и Курдите во северен ИракКурдското прашање сe уште останува без одговорЗнаејќи дека нивната независност многу ќе ги налути соседните земји, ирачките Курди нагласуваат дека не барат ништо повеќе од автономија во рамките на демократски федерален Ирак Економист (Лондон)Курдите, ...
„Толпа вооружени Ирачани денеска во центарот на Багдад нападнала група од шест португалски и еден бугарски новинар, при што едвај успеале да избегнат линч“, изјави Карлос Фино, еден од нападнатите новинари. Известувачот на Португалската телевизија од Багдад појасни дека новинарите од хотелот ...
„Русија смета дека треба да биде гарантирана целосна безбедност на персоналот на руската амбасада во Багдад и да биде обезбедена зградата на дипломатската мисија“, изјавил рускиот шеф на дипломатијата Игор Иванов во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Колин Пауел.
„Центарот на Багдад е под контрола на американската војска, но борбите во главниот ирачки град и во јужниот дел од Ирак ќе продолжат уште неколку дена“, изјави американскиот генерал Болфорд Блаунт, командант на Третата пешадиска дивизија.
Американски воени авиони денеска нападнале воени позиции околу местото Тикрит, родниот град на ирачкиот претседател Садам Хусеин, соопшти портпаролот на американската војска во Катар, капетан Френк Торп. „Во последните 24 часа стрелавме воени цели и цели на режимот во подрачјето на Тикрит.
Американските и курдските сили заземале клучни позиции во планинските прегледи над Мосул, од каде ирачките сили го бранеа најголемиот град во северен Ирак. Според Хошијар Зебари, политички советник на лидерот на Курдската демократска партија, ова е назначајниот успех на северниот фронт од страна на ...
БАГДАД (АП) - Американската војска ја доведе војната близу до ирачкиот претседател Садам Хусеин - во центарот на Багдад, кај правливите урнатини од неговата раскошна палата, кај неговите топли бањи и просторијата за правење скара.
Багдад под дожд од бомби, се се тресе и секаде има чад БАГДАД, 9 април (Ројтерс / АП) - Американските сили вчера во центарот на Багдад изведоа жестоки напади врз владини цели по обидот да го убијат Садам Хусеин и неговите синови со четири силни бомбашки напади.
По жестокото бомбардирањето на една зграда во центарот на Багдад БАГДАД - Реагирајќи брзо на новодобиените разузнавачки информации, американски воен авион бомбардираше зграда во центарот на Багдад каде што се веруваше дека се состануваат Садам Хусеин, неговите двајца синови и високи ирачки ...
Загуба Ирачка ракета вчера собори американски авион „А-10" кој бомбардираше цели во Багдад. Авионот кој, главно, ниско лета и е наменет за уништување жива сила и оклопни возила, бил соборен во близината на багдадскиот аеродром кој е под контрола на американските сили.
Самит ХИЛСБОРОУ - Сојузниците од ирачката војна Џорџ Буш и Тони Блер вчера прифатија "витална улога" за Обединетите нации откако ќе завршат борбите, но нивните планови можеби нема да ги задоволат европските желби. Двајцата лидери одржаа конференција за печатот во дворецот "Хилсбороу" од 18 век во ...
Багдад БАГДАД - Американски борбени авиони, тенкови и артилерија вчера го нападнаа центарот на Багдад, погодувајќи ги зградите на владата во жестокиот напад кој почна во раните утрински часови, а продолжи и попладнето. "Паѓаат бомби", јави дописникот на Ројтерс.
БУШ и блер разговараа за ПОВОЕНИОТ ИРАК Американскиот претседател Џорџ В. Буш вети дека Обединетите нации ќе добијат клучна улога во повоената обнова на Ирак, но прашање е како конкретно тоа ќе изгледа. Буш изјави дека ОН ќе помагаат во делењето на хуманитарната помош и ќе предлагаат личности за ...
БИТКА ЗА БАГДАД Американски бомбардери вчера со четири мегабомби се обидоа да извршат атентат врз ирачкиот лидер Садам Хусеин, а десетина тенкови продираа во центарот на Багдад, но при демонстрирањето сила и стрелањето по "сопствена волја" погодија новинарски екипи.
БИТКА ЗА БАГДАД Американски бомбардери вчера со четири мегабомби се обидоа да извршат атентат врз ирачкиот лидер Садам Хусеин, а десетина тенкови продираа во центарот на Багдад, но при демонстрирањето сила и стрелањето по "сопствена волја" погодија новинарски екипи.
Американските сили извршиле силен бомбашки напад врз Палатата на Републиката во Багдад во која наводно се наоѓал ирачкиот претседател Садам Хусеин, а остри борби се водат и во центарот на градот, соопштуваат американски официјални лица.
„Обединетите Нации ќе ја имаат клучната улога во обновата на Ирак“, изјавуви американскиот претседател Џорџ Буш по денешната средба со британскиот премиер Тони Блер во Белфаст. Буш додаде дека коалиционите сили, предводени од САД, прават напори за што поскоро време власта во Ирак да ја предадат во ...
Тенковите влегоа длабоко во центарот на градот, ја зазедоа главната претседателска палата на Садам и нападнаа неколку други објекти. Пентагон изјави дека оваа операција беше "демонстрација на сила" ... БАГДАД, 8 април (АП/Ројтерс) - Американските сили вчера влегоа во центарот на Багдад и ја заземаа ...
Пронајден воен склад со можно хемиско оружје БАГДАД - Американските маринци вчера им нанесоа непријателски удари на единиците на Специјалната републиканска гарда на Ирак, која ги брани позициите во источните предградија на Багдад, откако минаа една притока на реката Тигар и покрај штетата што ја ...
БАГДАД - Ирачките снајперисти дејствуваат зад мостовите и артилерискиот оган што одекнува речиси од секоја насока во градот, додека ирачките сили го бранат Багдад од американските војници кои навлегоа во центарот. Урбаната војна за која се подготвуваше ирачкиот претседател Садам Хусеин конечно ...
ЛОНДОН - Анкетата објавена во понеделникот покажа дека британската јавна поддршка за војната во Ирак го достигна највисокото ниво досега, но тешко дека некој во Велика Британија сака Американците да управуваат со земјата откако ќе заврши војната.
Ирачкиот лидер на опозицијата и заменикот на Рамсфелд ги одредуваат рамките на пост Садамовиот Ирак ВАШИНГТОН - Ирачкиот лидер на опозицијата, кој на американските официјални лица им рече да очекуваат лесна победа над Садам Хусеин, во едно интервју изјави дека американската војска можеби ќе треба ...
ЗАВРШНА ОПЕРАЦИЈА НА ВОЈНАТА ВО ИРАК Американските сили вчера сосема го изолираа Багдад, а колона од 65 тенка "абрамс" и 40 борбени возила "бредли" се пробија до центарот на градот и зазедоа две палати на Садам Хусеин. И покрај брзиот и лесен продор на американските сили, ирачките власти вчера ...
Ирачката државна телевизија емитуваше снимка од денешниот состанок на Садам Хусеин со ирачкиот политички и воениот врв што се одвивал за време на борбите меѓу американските и ирачките сили околу познатиот багдадски хотел „Ал-Рашид“.
Борбите за Багдад продолжуваат и откако сојузничките сили изутрината заземаа клучни згради во центарот на градот, меѓу кои и главната претседателска палата, додека информациите за тоа кој го контролира Министерството за информации се различни.
Двајца американски новинари денеска беа убиени, а 15 лица се повредени при ирачки ракетен напад врз американскиот Центар за комуникации во јужните преградија на Багдад, соопштија воени извори. Во нападот загинаа и двајца американски војници, а шестмина се повредени, меѓу кои двајца се наоѓаат во ...
Ирачката опозиција смета дека американската армија по војната ќе мора да остане во Ирак најмалку две години, се додека земјата не биде подговена да избере демократска влада. Лидерот на Ирачкиот национален конгрес Ахмад Чалаби, за американската телевизија Си-Би-Ес, изјави дека иако не може да ја ...
Административните објекти околу претседателската палата во Багдад, меѓу кои и зградите на Министерството за информирање и за надворешни работи, каде од претпладнево се водат жестоки борби, и натаму се под контрола на ирачките власти, јавуваат агенциите.
Британските тенкови вчера влегле во центарот на Басра БАГДАД, 7 април (АП) - Звукот на експлозии, артилериски оган и ракети одекнуваше во Багдад во текот на вчерашното утро додека ирачките сили се бореа против сојузничките сили јужно од градот.
ЛОНДОН, 7 април (АП) - Американски воен авион вчера погодил конвој што пренесувал припадници на американските специјални сили и курдски борци во северен Ирак при што неколку војници загинале. Меу тешко повредените е и братот на лидерот на Курдите.
Загуби на американската армија БАГДАД - Според ирачките претставници, 16 американски тенка се уништени или оштетени во текот на ноќта во близина на багдадскиот аеродром, при што загинале 50 американски војници. "Републиканската гарда го стега обрачот околу американскиот непријател во областа околу ...
Експлозии и силен артилериски оган во предградијата и во населбите на главниот ирачки град БАГДАД - Ирак синоќа им забрани на цивилите да го напуштаат Багдад, откако американските сили се приближија до главниот град по 18 дена од почетокот на војната.
Со "пријателски оган" бомбардиран американско-курдски конвој во Северен Ирак ЛОНДОН - Американски борбен авион вчера бомбардирал конвој од американски специјални сили и Курди, притоа убивајќи 12 Курди и четворица американци, а ранувајќи повеќе од 45 лица, во инцидент со т.н "пријателски оган" кој ...
ОДБРАНАТА НА САДАМ СЕ НИША Во "пријателски оган" американски бомбардер убил најмалку 10 американски и курдски војници Најистурените оклопни единици на американската војска која се групира на аеродромот кај Багдад викендов извршиле упад во ирачкиот главен град испитувајќи ја ирачката одбрана, јави ...
ОДБРАНАТА НА САДАМ СЕ НИША Во саботата тенковска колона на американската армија се пробила речиси до претседателската палата на Садам, а други единици на Третата пешадиска дивизија го стегаат обрачот околу градот Најистурените оклопни единици на американската војска која се групира на аеродромот ...
во северен ирак Американски борбен авион по грешка нападнал конвој со американски специјалци и курдски борци, убивајќи најмалку 10 лица, јави уредникот на "Би-би-си" Џон Симпсон, кој бил очевидец на инцидентот. Ако настанот биде потврден, тоа ќе биде најтежок случај на "пријателски оган" во војната ...