TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Трговците бараат државата да ги поевтини касите

Дневник - 21.06.2002

ВОВЕДУВАЊЕ ФИСКАЛНА АПАРАТУРА Сопствениците на мали дуќани од повеќе градови во земјава бараат производителите да ги намалат цените на фискалните апарати оти под овие услови многумина од нив не можат да ги купат. Според нив, реалните цени за најмалите фискални каси што тие треба да ги набават за ...

Ќе има ли ново одлучување за фискализацијата

А1 - 19.06.2002

До крајот на неделава 20-тина регионални занаетчиски и трговски здруженија како што дознава А1 ќе одржат финален состанок на кој ќе пресечат дали без понатамошни опструкции ќе го прифатат законот за регистрирање на готовинските плаќања - онаков каков што е усвоен, а со тоа практично и да ги воведат ...

Власта треба да ги обесштети земјоделците

Утрински - 19.06.2002

Став на ВМРО - Македонска ВМРО-Македонска смета дека моментално владее беззаконие во фискализацијата, а аргумент за тоа е пробиениот законски рок (31 мај) за купување фискални каси во земјава. ?ВМРО - Македонска застанува зад трговците, малите и ситни стопанственици кои во овој момент немаат ...

Владата не може да ги плати фискалните каси со став, туку со измени на законот

Дневник - 17.06.2002

ТРГОВЦИТЕ МУ ПОРАЧАА НА ГРУЕВСКИ Стотина малостопанственици од Прилеп, Битола, Охрид, Скопје и други градови побараа од министерот за финансии Никола Груевски најавеното плаќање на фискалните каси од буџетот да се регулира со измени на законот, а не со владин став.

Трговците разочарани, а калуѓерите задоволни од Груевски

Утрински - 17.06.2002

По посетата на министерот за финансии на Прилеп ПРИЛЕП - Министерот за финансии, Никола Груевски, не успеа да ги смири прилепските малостопанственици и занаетчии, кои се собраа во голем број во саботата за да му ги пренесат своите мислења и ставови околу воведувањето на фискалните машини.