"Коштуница и Милошевиќ телефонски се договорија да се укине потерницата против Мира и Марко Милошевиќ. Тоа беше услов за поддршка на СПС на Владата на Србија", вели за "Блиц" Владан Батиќ. "Шокиран сум од веста дека Окружното обвинителство во Пожаревац ја повлекло тужбата против Марко Милошевиќ.
Завчера на улицата "11 Октомври" бр. 11 во Битола, во куќа непосредно до црквата "Св. Великомаченик Димитриј", во семејна расправија животот го загуби Тодор Дериовски - Кумот, деведесет и едногодишен старец, носител на партизанска споменица.
"Соул рели", култната радио емисија која луѓето ја паметат од 70-тите, од Втората програма на Радио Скопје, повторно е реанимирана од нејзиниот автор, проф. др. Миодраг Врчаковски. "Соул рели" ве буди секоја недела од девет со десет наутро, на брановите на Антена 5.
Пештанци за денеска и утре најавија продолжување на блокадите на автокампот "Градиште" во периодот од 10 до 13 часот. Како што изјави претседателот на Здружението за враќање на одземените имоти Ѓорѓи Танески, причина за повторната блокада е незадоволството од одлуката на Општинскиот суд, со која се ...
Урбанистите од општина Центар завчера на "Мала Богородица" и градежната фирма "Ексико" им го доставија решението за запирање на градежните активности под некогашниот хотел "Панорама". Меѓутоа, багерите не мируваа и ископот на земја продолжи и вчера...
"Заедничка средба со Градот и претставниците на "Пролетер" за решавање на прашањето околу новата локација на ова транспортно претпријатие, нема основ, бидејќи, проблемот, е целосно во надлежност на градските власти", сметаат во Министерството за транспорт и врски.
Новиот руски борбен авион "сухој-34" веќе ги поминува завршните тестови, соопшти завчера командантот на руското воено воздухопловство Владимир Михајлов. "Новиот авион, порано попознат како "су-27иб", во борбената примена е мошне ефикасно летало со ново оружје и модернизирана радиоелектронска ...
Триесет и едногодишниот А.Ј. од тетовското Мала Речица завчеравечер со "шкорпион" пукаше пред селска чајџилница. Заради ваквата негова постапка полицијата против него поднесе две пријави, една кривична за нелегално поседување на оружје и една прекршочна, за нарушување на јавниот ред и мир.
Приближувањето на високото образование до граѓаните, особено со актуелниот процес на децентрализација, добива разни иницијативи. По дисперзирањето на студиските програми на скопските факултети - Правниот, Економскиот, Медицинскиот и Земјоделскиот во Штип и Струмица, што го одобри Владата, најновиот ...
Во МНР не сакаат да ги коментираат написите во медиумите дека претседателот на државата, Бранко Црвенковски, не бил задоволен од предлог-законот за надворешни работи. Според нив, ова е само прва фаза на разгледување, а сите разлики околу текстот допрва ќе бидат усогласувани, преку јавни дебати и, ...
Сите летови на компанијата "Бритиш ервејз" од лондонскиот аеродром Хитроу вчера беа одложени до 18 часот по локално време поради штрајк на аеродромот, соопшти британската авиокомпанија, додавајќи дека неколку илјади патници чекале во зградата.
Лос Анџелес од поодамна му е сон. И сака сонот да му стане стварност. Фрлил око на овој светски град каде што се случуваат чуда, и вели кај и да, здравје Боже, ако добие виза, некаде доцна наесен, ќе оди да си ја проба среќата. И ќе остане ако треба. Деновиве заминува на одмор.
Апаратот за магнетна резонанца, единствен во атарот на Клиничкиот центар - не работи, а прегледите на пациентите се презакажуваат за наредната недела. Причината е дефект во системот што ги поврзува камерата и компјутерот, а сервисерите од Германија веќе работат на "премостување" на проблемот.
Баварскиот премиер и претседател на Христијанско - социјалната унија (ЦСУ) Едмунд Штојбер, деновиве е на удар на критики од јавноста, откако на еден предизборен митинг граѓаните на источна Германија ги нарече "фрустрирани". "Не можам да дозволам повторно истокот да одлучува кој да биде германски ...
Во Фабриката за обувки "Баргала" во Штип се случи грабеж. Но, крадецот, или крадците, останале со кратки ракави. Велат, не им минало "типувањето". Тие го промашиле денот кога во касата има повеќе пари и со нив се исплаќа платата на вработените. Меѓутоа, не излегле ниту со празни раце.
"Фидбек" продукцијата го најавува новиот спот на Геле, некогашен лидер на "Фобија" група која оставила безброј хитови во македонската поп-рок сцена. Песната наречена "Кога сонувам", чиј автор во целост е Геле е снимена во неговото студио.
Немањето пари подолго време е горлив проблем во Министерството за надворешни работи на Србија. Платите на дипломатите во странство - кои постојано "плачат" - се движат од 1 600 до 3 500 евра, но и тие не се секогаш редовни. За илустрација го земаат примерот на Њујорк, каде трошоците во изминатите ...
По повод Меѓународниот ден на младите, денеска Трговскиот центар "Рамстор" во 10 часот, организира настан на кој децата од Домот за деца без родители "11 Октомври" ќе рецитираат песни и ќе играат за старите лица од домот "Мајка Тереза".
Со операта "Дон Пасквале" од Гаетано Доницети, во режија на Цветан Стојановски, закажана за 5 септември, во Битола ќе биде изведена првата опера. За таа цел, завчеравечер во просториите на комплексот "Пелагонка 2", беше отворена првата Дирекција на Битолската опера.
Четриесет и четиригодишниот Зекимурет Демиров од Штип, во средата вечерта загина во сообраќајна несреќа на крстосницата од булеварот "Туристичка" и улицата "Стив Наум" во Охрид . Во него удрил автомобил "опел-вектра" со охридски таблички, зад чиј волан седел Е.Ќ (20).
Според пишувањето на аргентинските весници, Милан Лукиќ бил фатен откако агентите претходно дознале дека неговата жена треба да пристигне на аеродромот во Буенос Аирес. Тие организирале дискретен надзор и ја следеле до пладне, кога со Лукиќ се сретнале во едно кафуле на аеродромот.
Горивата повторно поскапеа. И безоловниот бензин далеку ја помина границата од едно евро, а за суперот и да не збориваме - еден литар е дури 66 денари. Како тргнале работите, употребата на автомобил за голем број семејства во земјава, чиј стандард од ден на ден се повеќе опаѓа, ќе стане луксуз.
Речиси 20 метри долгиот бетонски блок се урна прексиноќа од покривот на зимската градина на хотелот "Родина" во центарот на Софија. Во инцидентот нема повредени. Сите гости на хотелот се евакуирани и пренесени во друг хотел. Како можна причина за паѓање на покривот се посочуваат работниците кои ...
Првите луѓе на некои од здравствените установи во земјава се сетија како да се спасат од блокираните жиро-сметки и да го одложат плаќањето на натрупаните обврски кон фирмите. Упатените велат дека ваквиот нивен лек е со краток здив, а менаџерската тајна е во отворањето на нови жиро-сметки со кои ...
Руската морнарица одлучи од Велика Британија да купи две пловила за спасување од типот "шкорпион". На таа одлука Москва директно ја поттикна несреќата со подморницата АС-28. Поради недостаток на опрема за спасување, руските власти на помош ги повикаа Велика Британија, Јапонија и САД.
Кој вели дека Севе не е "солена"? "Солена" е и тоа како. Кога пред неколку години го одржа првиот концерт во Универзална, на сметката на нејзината тогашна менаџерка Лидија Самарџија наводно беше префрлена сума од 8.000 евра, за тогаш се уште недоволно познатата пејачка кај нас.
Улицата "Македонија" наскоро ќе биде завршена. Ова го ветија надлежните од Општина Центар и најавија дека деновиве, конечно, ќе стартуваат со третата, последна фаза од градежните активности. Таа опфаќа реконструкција на потегот од улицата "Даме Груев" до Музејот на Град Скопје, на површина од 1 300 ...
"Еј, слушна? Имаме нова колешка. Ја видов. Капка. Околу двесет и три-четири години, со руса, долга коса, едно тенко, витко, за мерак. Ах, бре како не сум дваесетина години помлад... Како ти ги немам годините"- се смее и ѓаволски ми поднадмигна колегата.
Естонската женска група "Ванила нинџа", која на Европа и се претстави преку "Евросонг 2005", каде што настапуваше за Швајцарија, издаде двојно CD со нивните најнови хитови, наречено “Blue Tatoo - Limited Edition”. Вклучена е евровизиската “Cool vibes”, со која достигнаа осмо место во финалето.
Податоците во финансиските симулации на Министерството за образование и наука не се поклопуваат со оние со кои располага Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), било констатирано на вчерашните преговори во Владата за конечното изнаоѓање на решение за одредување на најниската плата во ...
Хамди Бајрамовски, викан Бреза, водач на криминална банда по кого има распишано потерница за сторени тешки кривични дела, во средата минатата недела е уапсен во Скопје, во ресторанот "Галија". Десетина минути потоа Дехари дал налог тој да биде пуштен на слобода, дознава "Вечер" од свои извори.
Изградбата на новиот објект на Клиниката за гинекологија и акушерство влегува во завршна фаза, а нејзиното екипирање со апаратура и опрема е неизвесно. Според директорот д-р Марјан Стојовски, градежните работи привршуваат и ако не искрснат некои неочекувани проблеми, се би требало да биде ...
"Златната труба" што ја доделува весникот "Вечерње новости", на традиционалната трубачка манифестација во Гуча, му припадна на семејството Петровиќ. Поточно на Дејан. Милован Петровиќ, таткото на Дејан, бил мајстор над мајсторите за труби.
Некогаш казанџискиот занает во Македонија бил баран и ценет. Казанџиите ги изработувале сите садови за во домаќинството: тенџериња, тепсии, котли, ѓумови, казани..., а прочуени казанџии биле крушевчани. Но, денес за казанџискиот занает никој нема интересирање, а од познатите и многумина крушевски ...
Поради неплатен данок, Управата за јавни приходи по пат на јавно наддавање го продаде хотелот на Тутунскиот комбинат од Прилеп "Бренд" во Охрид. Директорот на регионалната управа за јавни приходи Тошко Биноски рече дека на јавното наддавање на кое учествувале пет компании и едно физичко лице, ...
Прилепската печатница "11 Октомври" го доби тендерот за печатење на најмалата банкнота кај нас - 10 денари. Вака вчера одлучи посебно формираната комисија на Народната банка на Македонија, која оцени дека прилепската фирма, традиционалниот печатар на нашите пари, имала финансиски најповолна понуда, ...
Претставата "Филоктет" од Љубиша Георгиевски, а во режија на Борислав Чакринов, во изведба на Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, ја доби Гран при наградата за најдобра претстава на 4. Фестивал на античка драма "Стоби" 2005.
Околу 10.000 земјоделци од Прилеп се закануваат со штрајк и уништување на речиси 20.000 тони пченица, бидејќи, како што велат, се крајно незадоволни од вчерашната средбата на мелничарите со премиерот Владо Бучковски. "Монополизмот ја победи Владата.
Угостителско-туристичките капацитети на познатиот лечно-рекреативен центар Бања-Банско кај Струмица и оваа сезона, како и во изминатите години, се половично искористени. Искористеноста на капацитетите изнесува 55 отсто, што е далеку под очекувањата и реалните можности.
"Балада за Бабино" е насловот на поетската збирка на авторката Љубица Неделковска. Во оваа нејзина петта стихозбирка, поетесата, всушност, го опишува нејзиното родно место Бабино, Демирхисарско, навраќајќи се на спомените, иако од најраното детство живее во Скопје.
Музичко-издавачката куќа "Сенатор" од Битола летово објави неколку изданија- албум со Вики Костадиновска од Австралија, ДВД и видеокасета со новогодишните програми со речиси цела фолк-естрада, како и нови цедиња со антологиски македонски народни песни (11 и 12 дел), испеани од Сузана Спасовска, ...
Мандолинскиот оркестар "Скопје" од Република Македонија влезе во друштвото на шесте светски оркестри. Младите музичари под водство на двајцата искусни и потврдени диригенти, Рамадан и Ерхан Шухри успеаја да ја пленат француската публика и останатите гости на 16.
Полицијата го најде автомобилот "форд-орион" со кој, во неделата, убијците на Миле Петковиќ - Брус дошле и заминале од местото на злосторството. Најден е кај бензинската пумпа "Давос", во близина на Арачиново, целосно уништен - пеплосан. Изгорено е се во него.
Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Националното движење "Симеон Втори" (НДСВ) се договорија за формирање широка владина коалиција, во која освен нив ќе влезат и турското Движење за права и слободи (ДПС) и блокот Бугарски народен сојуз (БНС), пишуваше софиски "Дневник".
Демократска иднина, Демократска алијанса и Партија за демократска иднина, се трите можни имиња на новата албанска партија, чие промовирање се очекува да се случи деновиве. Основач на партијата е Алајдин Демири, поранешен градоначалник на Тетово и амбасадор на Македонија во Швајцарија, кој беше ...
Пред почетокот на СП во Хелсинки, многумина сметаа дека Џастин Гетлин во овој момент е најдобриот светски спринтер. Американецот, во голем стил ја оправда улогата на фаворит во неделата вечер. Најпрво, во полуфиналето "со половина гас" истрча најдобар резултат, а во финалната трка беше уште ...
Веќе на почетокот на идниот месец Јавното станбено претпријатие, како што се дознава, ќе почне со реконструкција на големата зграда на некогашното Новинско-издавачко претпријатие "Нова Македонија" во што се планира да се вложат околу 2,5 милиони евра.
Во новиот простор за културни дејности на хотелот "Десарет" отворен на празникот Илинден, во тек е изложбата насловена како "Пријатели", а на која изложуваат младите уметници Маја Николовска, Емил Шулајковски, Влатко Чочоровски и Иван Најденовски.
Екипа од професионалци со специјална механизација ги извлекоа сите автомобилски и камионски гуми Акцијата за чистење на падините на Водно, што беше спроведена минатата недела, заврши со успех. Екипа од професионалци со специјална механизација ги извлекоа сите автомобилски и камионски гуми, како и ...
По ангажирањето на селекторската функција во изминатите квалификации на машката репрезентација на Македонија за ЕП 2006 во Швајцарија, на средбите со Унгарија, можно е Србинот Зоран Живковиќ да застане на кормилото на петкратниот државен првак Вардар.
Во бифето "Ла страда", на главната улица во Пештани со порачката на јадења, може да се вкуси природна лимонада по цена од 60 денари. Кафињата овде се најевтини - турско кафе 20 денари, "еспресо" и "макијато" по 30, а "нескафе" по 40 денари.
Во претпретпријатието "Пролетер" се децидни во намерата да се противстават на уривање на старата автобуска станица и покрај тоа што нивната дозвола за стопанисување со овој објект стана неважечка со пуштање во функција на новата зграда кај Транспортниот центар.
ОХРИД. - Музичкиот фестивал "Балкан сквер" по петти пат во Охрид, во организација на продуценската куќа "Трето уво", а во знак на традиционалните и културните вредности на Балканот и годинава со реномирани музички имиња. Првата вечер ја отвори Александра Пилева со "Билјана платно белеше".
Повеќето од илјада жители од кумановската дива населба Средорек и месноста Бавчи се уште не можат да се вратат во нивните опустошени живеалишта. Тие и натаму остануваат во временото сместувалиште во просториите на Основното училиште "Христијан Карпош" во населбата Перо Чичо.
Пензионерите кои еден дел од годината не го минуваат во местото на живееење, веројатно, ќе добијат можност да изберат свој "втор" матичен лекар, кои ќе им ги обезбедува потребните услуги. Формално правно тој би бил замена за вистинскиот избран лекар во периодот кога тие "летуваат".
За Рафаел (22) и Силви Ван дер Варт (27), во Холандија знае речиси секое дете. Тие се убедливо најгламурозната и најславната брачна двојка, чии фотографии и приказни не се симнуваат од првите страници на списанијата. Има и зошто: Силви Мајс е една од најпознатите и најбараните холандски манекенки, ...
Новиот Закон за работни односи кој дава повеќе заштитни мерки за работниците, особено во делот на пречекорувањето на работното време од неделава, веќе е во сила. Со него трудовите инспектори освен што можат да изрекуваат мандатни казни, ќе имаат одврзани раце да издаваат и забрани за вршење на ...
Рускиот милијардер Борис Березовски кој живее во бегство во Велика Британија, соопшти дека го продал рускиот опозиционен весник "Независимаја газета", на човек зад кој стои близок соработник на министерот за економски развој и трговија.