TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

По Романија, птичји грип и во Турција

А1 - 09.10.2005

Најмалку две илјади мисирки угинаа од болеста птичји грип во западниот дел од Турција, јави синоќа Си-ен-Ен Турк. Тоа е прв случај на појава на таа болест во Турција. „Во петокот за несреќа, откривме случај на птичји грип. Се е под контрола, преземени се сите заштитни мерки за да се спречи ...

ЕУ се сомнева на постоење птичји грип во Македонија

Макфакс - 09.10.2005

Брисел Европската унија (ЕУ) денеска изрази сомневања дека во Македонија има случај на птичји грип и додава оти Унијата е подготвена да испрати експерти во земјата доколку Македонија го побара тоа. Ова штотуку го јавија западните агенции, повикувајќи се на неименуван висок претставник во Брисел.

Вирусот на птичји грип во Романија и Русија е смртоносен за луѓето

Макфакс - 09.10.2005

Букурешт Вирусот на птичји грип што е откриен во Романија и во Русија е од смртоносниот тип H5N1. Информацијата попладнево ја соопштија романските и руските власти, врз основа на добиените резултати од лабораториските испитувања.

ООН - Секоја држава да именува министер за птичји грип

Макфакс - 09.10.2005

Лондон Владата на секоја држава треба да именува министер кој би ги координирал активностите и одговорите на заканите од птичјиот грип, пишува во денеска објавениот коментар, координаторот на ООН за глобална подготвеност во случај на пандемија на птичји грип Дејвид Набаро.

Унгарија произведе ефикасна вакцина против птичјиот грип

Макфакс - 09.10.2005

Будимпешта Унгарските власти соопштија вечерва дека произвеле прототип на вакцина против птичјиот грип, која освен врз птиците е ефикасна и врз луѓето. Прототипот на вакцина е многу важна етапа од пронаоѓањето вистински лек против смртоносниот вирус H5N1 и спречувањето на евентуална пандемија од ...

Птичји грип - Заострени мерки во Турција, Романија и Бугарија

Макфакс - 09.10.2005

Анкара Турската влада ја зајакна контролата по откривањето на првите случаи на птичји грип на една фарма за мисирки во северозападниот дел на земјата, јавија агенциите. Градоначалникот на Кизикс, каде избувна болеста најави дека ќе ги усмртат сите пилиња, како и кучињата скитници, а фармата веќе е ...

Полска, Чешка и Словачка во паника поради можен птичји грип

Макфакс - 09.10.2005

Варшава Полска, Чешка и Словачка се во паника поради можна епидемија на птичји грип каде масовно се продава антивирусниот лек ’Тамифлу“ и се вршат подготовки за можно ширење на вирусот. Градската полиција во Варшава веќе започна да врши контроли на пазарите за тоа дали се почитува забраната за ...

Птичјиот грип се шири во Русија

Макфакс - 08.10.2005

Москва Помор на домашни птици е регистриран последните четири дена во руското село Јандовка, на 350 километри од Москва, каде угинале една десетина од сите домашни птици, јавуваат локалните гласила. Според регионалниот Центар за епидемиологија и хигиена, причина за угинувањето на птиците е силно ...

Вонредни мерки поради птичјиот грип

Макфакс - 08.10.2005

Атина Вонредни мерки ќе бидат воведени денеска на грчките острови во Егејското море, откако на еден од нив, блиску до границата со Турција, е регистриран вирус на птичји грип. Грчкото Министерство за земјоделство синоќа потврди дека во земјата е регистриран прв случај на птичји грип, откриен кај ...

Могила под карантин поради сомневање за птичји грип

Макфакс - 08.10.2005

Битола Заштитна зона од 3 до 7 километри, како и уништување на сите преостанати пердувести животни во битолското село Могила наредија попладнево македонските власти поради сомневање од појава на птичји грип. Репортерот на Макфакс јави попладнево дека веќе се пристапило кон уништување на живината и ...

Австралија за вакцинација против птичјиот грип

Макфакс - 08.10.2005

Сиднеј Австралија ќе ја разгледа можноста да го вакцинира целокупното 20-милионско население на земјата против птичји грип, ако вакцината за луѓе се покаже за успешна, соопшти локалното Министерство за здравје. Според министерот Тони Ебот, Владата соработува со фармацевтската компанија ЦСЛ за да ...

Поради птичјиот грип во Романија карантин за делтата на Дунав

Макфакс - 08.10.2005

Букурешт Романските власти по откривањето на првите случаи на птичји грип во Европа денеска воведоа карантин на целото подрачје на речната делта на Дунав и округот Тулчеа. Лабораториските тестови во Букурешт синоќа покажаа присуство на антитела на птичји грип кај три угинати пајки во едно село во ...

Птичјиот грип ја уништува продажбата на живина во Грција

Макфакс - 08.10.2005

Атина Продажбата на живинско месо нагло опадна во Грција откако изби стравот поради птичјиот грип, и покрај предупредувањата на властите и објаснувањата на лекарите оти нема место за паника. По една недела возбудувања во јавноста поради појавата на вирусот во Турција и во Романија, птичјиот грип ...

Во фабрика во азискиот дел на Русија откриен вирус на птичјиот грип

А1 - 07.10.2005

Вирусот на птичјиот грип за прв пат е откриен во фабрика за одгледување и преработка на живина, што се наоѓа во Курганска област во азискиот дел на Русија, на границата со Казахстан, соопштија денеска надлежните руски власти.

Балканот во зоната на висок ризик од птичјиот грип

Утрински - 07.10.2005

Според весникот "Имерсија" Атина - На Грција и на другите балкански земји им се заканува епидемија од птичји грип, бидејќи спаѓаат во реонот со висок ризик од појава на смртоносниот вирус, објави вчера грчкиот весник „Имерисија", повикувајќи се на извештај на специјална комисија од експерти од ...

Шпанскиот грип во 1918 уби 50 милиони луѓе го предизвикале птици

Утрински - 07.10.2005

Откритие на американски научници кои се обидуваат да ја спречат пандемијата наречена птичји грип Двете други големи пандемии на грип во 20 век, во 1957 и 1968 година, биле предизвикани од човечки вируси на грип, кои имале два или три клучни гена од вирусот на птичјиот грип Шпанскиот вирус на грип ...

На Балканот му се заканува птичји грип, Македонија нема гајле

Вест - 07.10.2005

РЗЗЗ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ БЕЗ ТЕСТОВИ ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Епидемија од птичји грип му се заканува на целиот Балкан бидејќи спаѓа во реонот со висок ризик од појава на смртоносниот вирус објавува грчкиот весник "Имерисија", повикувајќи се на извештај на специјална ...

Птичјиот грип ќе биде поопасен во Африка и на Блискиот исток

Макфакс - 07.10.2005

Њујорк Птичјиот грип веројатно ќе се прошири и во Африка и Блискиот исток, каде ќе биде многу поопасен отколку во Азија, предупредија ветиринарни експерти. Во извештајот објавен во научното списание “Нејчер“ се посочува дека првите птици преселници веќе пристигнале во источна Африка и можат да го ...

Грција потврди птичји грип !

Макфакс - 07.10.2005

Атина Грчкото Министерство за земјоделство потврди вечерва дека е регистриран прв случај на птичји грип во земјата. Присуството на птичјиот грип е утврдено врз основа на резултатите од лабораториските тестови извршени врз птици од егејскиот остров Хиос.

СЗО: Македонија нема стратегија во случај на пандемија со птичјиот грип

Макфакс - 07.10.2005

Копенхаген Македонија, заедно со Туркменистан и Молдавија, се единствените земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од Европа кои немаат изготвено било каква стратегија во борба со птичјиот грип доколку тој се претвори во пандемија.

Нема птичји грип во Кумановско

Макфакс - 07.10.2005

Куманово Републичкиот ветеринарен инспекторат и ветеринарната управа на Република Македонија по целосно извршените анализи на 13 диви гулаби, 8 кокошки и една шатка, потврдија дека во Куманово и Кумановско нема птичји грип, јавува Макфакс.

САД со војска ќе се бранатод епидемија на птичјиот грип

Дневник - 06.10.2005

БУШ БАРА ПОГОЛЕМА МОЌ ОД КОНГРЕСОТ Американскиот претседател Џорџ Буш побара дозвола да ја користи војската за одржување карантин при евентуална епидемија на птичји грип, јави Ројтерс. Буш ги извести конгресмените дека при случај на таква епидемија, веројатно ќе биде неопходно ангажирање на ...

Птичјиот грип би можел да убие 50 илјади лица во Британија

Макфакс - 06.10.2005

Лондон Пандемија на птичји грип би можела да убие околу 50 илјади лица во Британија, предупреди денеска високиот претставник во локалното Министерство за здравство Лиам Доналдсон. “Луѓето немаат природен имунитет за овој тип на грип, бидејќи ваков вид се уште не се појавил.

Русија пријави вакцина против птичји грип

Макфакс - 06.10.2005

Москва Русија пријави синоќа пронаоѓање вакцина против птичји грип, која е во фаза на прототип. Вакцината ќе биде проверена на 20 доброволци во ноември, соопшти Научно истражувачкиот институт за грип при руската Академија на медицинските науки од Санкт Петерсбург.

Ново жариште на птичји грип во Кина

Макфакс - 06.10.2005

Пекинг Ново, седмо жариште на птичји грип е откриено во Кина во централната покраина Хенан, изјави денеска во Пекинг портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) наведувајќи дека со вирусот се заразени околу 2.500 птици.

Полска издвои 75 милиони евра за одбрана од птичји грип

Макфакс - 06.10.2005

Варшава Полската Влада издвои 75 милиони евра за борба против птичјиот грип и изготви детален план за дејствување на надлежните служби во случај на епидемија на оваа болест. Сите надлежни институции, ветеринарната служба, здравството и државната администрација кон средината на ноември ќе одржат ...

Птичји грип H5N1 и во Хрватска

Макфакс - 06.10.2005

Загреб Вирусот на птичји грип, регистриран во Хрватска, е од типот H5N1, што е смртоносен за луѓето, соопшти денеска претставник на хрватската ветеринарна управа, цитиран од агенцијата Франс прес. Според Владимир Савиќ од хрватската ветеринарна управа, смртоносниот тип на птичјиот грип е откриен ...

Американски експерти со предупредување за можна пандемија

Макфакс - 05.10.2005

Хаипонг Нова пандемија е неминовна и светот мора да се подготви за борба против птичјиот грип и други потенцијално смртоносни вируси, објавија денеска највисоки експерти на американската Влада. Директорот на Националниот институт за алергологија и инфективни болести Антони Фаучи, денеска во ...

Мерките за превенција од птичји грип пред Комисијата за земјоделство

Макфакс - 05.10.2005

Скопје Мерките што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за заштита, спречување и навремено реагирање во случај на појава на птичји грип во Македонија денеска треба да бидат разгледани од ресорната собраниска Комисија.

Словенија со превентивни мерки за птичји грип

Макфакс - 05.10.2005

Љубљана Словенија воведе строги мерки за спречување на ширењето на заразата од птичјиот грип, забранувајќи држење на живината и останатите птици на отворено. Живината мора да биде во затворени простории каде нема да има контакт со дивите птици.

Сомневање за птичји грип и во Германија

Макфакс - 05.10.2005

Берлин Резултатите од пронајдените примероци на мртви гуски и пајки преселници во Германија, се очекуваат денеска, јавија агенциите. Во Германија вчера на едно езеро во близината на градот Нојвид се пронајдени 25 мртви гуски и ...

Русија има вакцина за птичји грип уште од лани

Макфакс - 05.10.2005

Санк Петерсбург Русија има вакцина за птичји грип уште од мај минатата година и сега треба само да се испита, изјави денеска Олег Кисељов, директор на Научно-истражувачкиот институт во Санкт Петерсбург. Според него, засега во Русија нема пандемија од експлозивен карактер, но нагласи дека очекува ...

Бугарија забрани увоз на птици од Македонија

Макфакс - 05.10.2005

Софија Бугарија денеска забрани увоз на живи птици, јајца и пилешко месо од Македонија, откако во земјата е откриен сомнителен случај на птичји грип како и атипичната чума, кај живината. Македонските ветеринарни служби потврдија атипична чума кај живината во битолско и во кумановско, а уште пред ...

ЕУ треба да ги дефинира ризичните области за птичјиот грип

Макфакс - 05.10.2005

Брисел Владите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) мора да ги дефинираат ризичните области за појава на птичјиот грип и да го минимизираат ризикот од ширење на оваа болест, соопшти денеска Комисијата. “Мерките на биолошка безбедност бараат од сите земји-членки на ЕУ да превземат соодветни ...

Нов смртен случај на птичји грип во Индонезија

Макфакс - 05.10.2005

Џакарта Индонезија потврди четврти смртен случај кај човек од последиците од птичјиот грип. Властите во Џакарта, не наведувајќи други детали соопштиja дека станува збор за 23-годишно лице од провинцијата Западна ...

ЕК - засега нема информации за птичји грип во Македонија

Макфакс - 05.10.2005

Брисел Според досегашните сознанија во Македонија нема птичји грип, соопшти денеска Европската комисија, но, додаде дека за конечна потврда треба да се извршат дополнителните анализи. “Колку што ми е познато, резултатите од извршените испитувања не покажуваат присуство на птичји грип, но, и покрај ...

ЕУ забрани увоз на живи птици и пердуви од Хрватска

Макфакс - 05.10.2005

Брисел Европската комисија денеска забрани увоз на живи птици, пердуви, како и на месо од диви птици од Хрватска, откако во земјата е потврдено присуство на птичји грип кај диви лебеди, соопштено е денеска во Брисел. Тестовите за конечно утврдување на видот на вирусот во Хрватска се уште се во тек.

Масовно вакцинирање против птичји грип

Макфакс - 04.10.2005

Лондон Најмалку еден милион деца, возрасни и хронични болни во Велика Британија ќе мора што поскоро да бидат вакцинирани против птичји грип, поради опасноста од појава на пандемија. Приоритет ќе имаат децата кои патат од астма и шеќерна болест, како и лицата постари од 65 години и лицата со тешки ...

Утврдување на заедничка стратегија во борбата против птичјиот грип

Макфакс - 04.10.2005

Отава Претставници на здравствените организации од повеќе од 30 земји денеска се сретнаа во Отава за да ги усогласат меѓународните напори за запирање на ширењето на птичјиот грип, болест од која досега умреле 60 лица. На дводневната конференција организирана од канадското Министерство за здравство, ...

Вонредни мерки против птичјиот грип

Макфакс - 04.10.2005

Пекинг Кина на целата своја територија воведе денеска вонредни мерки за превенција од епидемија на птичји грип. Живината на фармите задолжително се вакцинира, а во поголемите градови воведена е санитарна контрола за сите кои влегуваат.

СЗО: Пандемијата на птичји грип е само прашање на време

Макфакс - 03.10.2005

Сеул Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога светот ќе биде зафатен од пандемија на птичји грип. “Ако се суди според актуелната состојба, само прашање на време е кога ќе избувне пандемија од птичји грип“, изјави во Сеул генералниот директор на ...

Пандемијата на птичји грип е само прашање на време

Макфакс - 03.10.2005

Скопје Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога целиот свет ќе биде зафатен од птичји грип, во истовреме, кога од соседните и блиски земји на Македонија стигнуваат се подраматични вести.

Грција бара од соседите да ја укинат забраната за увоз на нејзини птици

Макфакс - 03.10.2005

Атина Грчкото Министерство за земјоделство денеска ги повика Македонија, Албанија и Бугарија да ја укинат забраната за увоз на грчки птици, откако испитувањата покажаа дека во оваа земја нема птичји грип. Заменик министерот за земјоделство Александрос Контос испратил писмо до заменик министерот за ...

ЕУ забрани увоз на птици од Романија

Макфакс - 03.10.2005

Брисел Европската комисија денеска забрани увоз на живи птици и сите видови птичји продукти од Романија, откако синоќа беше потврдено присуство на вирус на птичји грип во таа земја. “Тројца експерти од европски лаборатории, кои беа испратени во Романија, потврдија дека вирус H5 на птичји грип е ...

Вирусот на птичји грип во Турција е смртоносен за луѓето

Макфакс - 03.10.2005

Брисел Вирусот на птичјиот грип што е регистриран во Турција е од смртоносниот за луѓе тип H5N1, соопшти денеска Европската комисија, додавајќи оти за истиот тип веројатно станува збор и во Романија. “Попладнево добивме потврда дека вирусот, откриен во Турција, е од високо патоген тип H5N1“, изјави ...

Британија ја повика ЕУ да забрани увоз на живи птици од цел свет

Макфакс - 03.10.2005

Лондон Британската влада ја повика Европската унија да забрани увоз на живи птици од целиот свет, откако еден папагал, заразен со вирусот на птичјиот грип, умре во карантин во Британија, јавуваат денеска британските медиуми. Заменик министерот за природна околина Бен Бредшо рече дека очекува ...