Денеска во раните утрински часови во Соборната црква во Белград, во присуство на патријархот Павле е хироторисан архимандрит Јоаким Јовчевски во епископски чин. Со оваа постапка архимандрит Јоаким е поставен за епископ велички и за администратор на полошко-кумановската митрополија.
Спротивно на црквните канони е хиротонисувањето на Јоаким Јовчески за владика на полошко - кумановската митрополија од страна на Српската Православна Црква. Тоа преставува формирање на паралелна црква што за луѓе од иста вероисповест е казниво и со законот и Уставот на РМ.
Синодот на МПЦ испрати протестно писмо до православните цркви за агресивната политика на СПЦ Српската православна црква планира да постави бруцош за владика во Република Македонија. Марко Кимев, на 7 декември ќе биде назначен за епископ Дремвицки, иако има положено само неколку испити од прва ...
За релацијата МПЦ СПЦ епископoт на струмичката епархија Владика Наум во интервју за А1. А1: Кој е дефинитивниот став на синодот по ова прашање? Владика Наум: Ставот на синодот е познат уште од минатата година дека ние нема да ги продолжиме разговорите со СПЦ.
мпц Со хиротонијата, односно со именувањето двајца епископи за српски архијереи во Македонија, Српската православна црква повторно се обидува да го подвласти македонскиот народ, соопшти вчера Светиот синод на Македонската православна црква по вонредната седница.
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, најавите од Српската православна црква за скорешна хиротонија на двајца епископи кои се избрани и назначени за српски архиереи во епархиите на МПЦ на територија на Македонија, ги оценува како Светиот архиерејски синод на Македонската ...
Македонските владици остро реагираат против назначувањето српски архијереи во Македонија Македонската православна црква остро реагира на последните најави на Српската црква која планира в недела во Белград да го хиротониса архимандритот Јоаким Јовчевски за епископ велички и за администратор на ...
Одлуките на Српската црква се грубо и дрско мешање во животот на МПЦ, тие се обидуваат со нивните нечесни планови и хиротонија на двајца пулени на расчинетиот Зоран Вранишковски да ја урнат целоста и самостојноста на МПЦ. Тоа е неканонско и нецрковно делување и обид за насилно присвојување.
(НЕ)ОЧЕКУВАН ПОТЕГ НА СРПСКИТЕ ВЛАДИЦИ Владиката Тимотеј смета дека продолжува некоректниот однос на СПЦ СПЦ ја минира иницијатива на Руската православна црква за преговорите со МПЦ откако најави дека в недела ќе го прогласи архимандритот Јоаким Јовчевски за епископ на "Охридска архиепископија", ...
Српската православна црква ја минира иницијативата на Руската православна црква ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Српската православна црква в недела, во Соборниот храм „Свети Архангел Михаел" во Белград, ќе го хиротониса високиот архимандрит Јаоким Јовчевски за епископ велички и администратор на ...
Српската православна црква продолжува со негаторството на македонската црква. И покрај изјавите на дел од српските владици дека се расположени за продолжување на прекинатите разговори по се изгледа дека тоа се само штури изјави.
Српскиот Партијарх Павле в недела ќе го хиротониса архимандритот Јоаким Јовчевски за епископ велички и администратор полошко кумановски на Охридската архиепискпија. Јовчевски инаку е следбеник на Зоран Вранишковски. Како што дознава Канал 5 СПЦ на с Српскиот Партијарх Павле в недела ќе го ...
ЦРКОВНА ДИПЛОМАТИЈА Рускиот амбасадор вчера имал средба со архиепископот Стефан МПЦ примила порака за посредување од Руската православна црква во преговорите со СПЦ на вчерашната средба меѓу амбасадорот Агарон Асатур со македонскиот архиепископ г.г. Стефан, дознава "Дневник" од црковни извори.
Српскиот црковен сабор уште еднаш го искажа својот некоректен однос кон Македонската Православна Црква, заклучи денеска синодот на МПЦ. Поради таквиот однос и во следниов период разговорите меѓу двете цркви ќе бидат замрзнати, изјави владиката Тимотеј.
Синодот на Македонската православна црква не е изненаден што повторно се повторува некоректниот однос на Српската православна црква кон МПЦ, се вели во соопштението, лиферувано по денешната седница на Светиот Архиеријски Синод на МПЦ.